
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Фатон Ахмети, еден од двајцата генерални директори на Фондот за здравствено осигурување, денеска соопшти дека поднесува оставка за да се посвети на партиските предизвици во ДУИ. „Почитувани граѓани, Почитувани соработници и сопартијци, Ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата Генерален Директор на Фондот за Здравствено Осигурување на Република Северна Македонија. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување ...
Регистриран е нов случај на заразен со конго-кримска хеморагична треска, информираше Институтот за јавно здравје на 14 август. Институтот соопшти дека во доцните вечерни часови на 12 август биле известени за позитивниот резултат. Кримска-конго хеморагична треска е вирусна болест чиј преносител се крлежите. Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес. Тој од Општата болница во Велес, бил донесен на Клиниката за инфективни болести. ...
Пензионер од Неготино којшто се упатил кон денешниот протест за повисоки пензии бил смртно прегазен од возач од Романија. Несреќата, според информациите од МВР, се случила утрово на автопатот Велес-Скопје, кај зимскиот пункт Македонија. „Патничко возило „фолксваген голф“ со романски национални ознаки, управувано од Д.С.Ц.(41) од Романија, удрило во пешакот Д.С.(77) од Неготино“, велат од МВР. Од здобиените повреди пешакот починал на местото, а ...
Со пеење на химната пред зградата на Министерството за труд и социјална политика и со извици „Македонија!, Македонија!“ и „Оставка!“, „Оставка!“ пензионерите денеска побараа министерката Јованка Тренчевска да излезе и да им вети дека ќе ги исполни нивните барања за минимална пензија и линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари. Но и по подолго чекање ниту министерката излезе да се соочи со нив, ниту, пак, ги прими нивните претставници за ...
Едно лице го загубило животот, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во реонот на село Љубанци во Општина Ранковце, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, добиени од Регионалниот центар во Куманово, во несреќата автомобил, од засега непознати причини, удрил во банкина покрај патот. Трите тешко повредени лица, според првичните информации од ЦУК биле пренесени во ...
МВР објави дека мажот кој денеска претпладне се удави во водите на Дојранското Езеро, непосредно пред Градската плажа, е жител на Штип на возраст од 42 години. Настанот се случил во 11.30 часот, било пријавено во полицијата дека едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило,а за настанот бил известен јавен обвинител. Tој ги оставил своите деца на плажа во непосредна близина, а тргнал сам да ја вози педалинката. Илија Бојаровски од ...
Претеседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување на ТВ„Пинк“ коментираше дека вчерашната посета на Албин Курти во Тетово е скандал и дека е промовирана идејата за Голема Албанија. „Она што се случи вчера во Северна Македонија, односно посетата на Курти Тетово е скандал со скандали. Таму беше промовирана идејата за Голема Албанија, беа прикажани симболите на Голема Албанија. Тој е претставен како премиер на сите Албанци и премиер на ...
Еден ден откако Нермин Сулејмановиќ уби три и рани уште три лица, жителите на Градачац се уште се во шок. Во Градачац денеска почнува тридневна жалост, а знамињата се спуштени на половина копје. Екипата N1 разговараше со неколку граѓани од овој град кои велат дека не паметат слични настани. „Градачац е нормално мирен град. Порано немаше такви инциденти“, вели еден случаен минувач. Еден граѓанин вели дека го познавал напаѓачот. „Тој беше лош ...
Регионалниот центар за управување со кризи спроведува интензивна потрага по исчезнат човек од тетовското село Теново. Како што информираат оттаму, денеска во потрагата се вклучени 70 полициски службеници. „Денеска, 12.08.2023 година, како што беше планирано, раководителот на РЦУК Тетово и началникот на СВР Тетово известуваат дека од 10:00 часот во потрагата се вклучени 70 полициски службеници кои ќе го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во ...
Најмалку три лица се убиени а уште тројца повредени во крвавиот пир на маж од босанскиот град Градачац кој денеска претпладне убиствата ги пренесувал во живо на социјалните мрежи. Сега ќе видите како изгледа убиство во живо, вели тој на снимката која брзо по објавувањето беше избришана од социјалните мрежи. Она што медиумите успеаја да го зачуваат е неговото признание дека ги извршил убиствата. Според информациите кои ги објавуваат локалните ...
Пронајдена е македонската државјанка за која семеjството бараше помoш на социјалните мрежи да се пронајде. 68-годишната Милица на 09.08.2023 год. тргнала накај Македонија, со автобус требало да патува од Агростоље до Василики во Лефкада, од каде требало да продолжи со брод, но никогаш не стасала, што ги загрижило нејзините блиски. „Jас требаше да ја чекам во Македонија, но ја немаше“ – изјави нејзината братучетка. Таа не пристигнала кога ...
Исчезнала македонска државјанка во Грција. Нејзини блиски на фејсбук објавија дека таа на 9 овој месец со автобусот од Агростоли се упатила до Фискардо, каде што требало да пристигне во 10 часот и да се качи на бродот во 11.30 часот за да пристигне во Василики на Лефкада. „Таму чекале други луѓе со кои требало да отпатува во Македонија. Милица не стигна ниту со бродот во 13 часот, ниту со следниот во 15.15 часот. Си заминуваш и се губи секаква ...
На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра. Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во ...
Двајца починати и тројца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на патот Росоман – Прилеп во близина на Камен дол. Во сообраќајката учествувале четири возила. Интервенираа три екипи на итната медицинска помош Кавадарци ни потврди д-р Ратко Грков, началник на брзата помош. „Кај две лица лекарите констатираа смрт на самото место, а тројца повредени беа транспортирани во Општа болница Кавадарци, од каде се ...
Четириесет и еден мигрант загина, а четворица ја преживеаја несреќата кај италијанскиот остров Лампедуза, кога бродот со кој патуваа од Африка беше целосно уништен, велат преживеаните. Преживеаните – тројца мажи и една жена – им кажале на спасувачите дека биле на брод што го напуштил Сфакс, Тунис, во четвртокот, но потонал за неколку часа. Во него имало 45 лица, меѓу кои и три деца, велат тие. По потекло се од Брегот на Слоновата Коска и ...
„Без спроведување на потребните реформи, Република Северна Македонија не може реално да ги започне преговорите за влез во ЕУ и ризикува да се одвои од Албанија. Ова го коментира бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е копретседател на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија. „Без промена на Уставот, Република Северна Македонија навистина не може да почне да преговара ...
Од 18 на 8 години се намали затворската казна за младиот Ангелче Николов кој во алкохолизирана состојба ја прегази и ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова и избега од местото на сообраќајката без да ѝ пружи помош. Апелацискиот суд ја објави пресудата на својата веб страница во која е образложена нивната одлука. Пресудата ја донеле судиите Ѓоко Ристов, Лирие Елези Ајрулау, Лидија Зимбовска, Енвер Беџети и Енвер Амзаи. Од пресудата се гледа ...
Болничарката од Клиниката за инфективнои болести која се зарази со конго-кримска хеморагична треска, носела ракавици и заштитна опрема при третманот на 27-годишната пациентка од штипско која почина од оваа болест, велат од Клиниката за инфективни болести. „Точно дека ние како инфектолози сме добро упатени какви се заштити треба да се носат посебно кај вакви болести, независно што е конго-кримска треска. Додека ги добивме резултатите за болеста ...
Пресудата на Апелациониот суд Скопје со која се намалува затворската казна на велешанецот Ангелче Николов, од 18 на 8 години, била донесена на 10 јули, годинава, потврди Зоран Димитриевски судија одговорен за прашања во врска со предметите од Кривичен отсек на овој суд. Судијата Димитриевски немаше информации зошто пресудата не е „анонимизирана“ поточно објавена јавно на веб страницата на Апелациски суд Скопје но објасни дека денеска превземени ...
Собирајќи ги минималните дневни трошоци на едно четиричлено семејство, на одмор на црногорското приморје – за сите три оброци, сладоледи, две кафиња, лежалки, чадор, педалинка – потребни се меѓу 70 и 100 евра на ден. По 17 часот, гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори на плажите на будванската ривиера, освен ако, се разбира, не му припаѓаат на некој хотел. Сепак, за оние кои се седум или 10 дена на море и кои целиот ден го ...
Филмот „Барби“ по само две и пол недели прикажувања во кината ширум светот, донесе заработка од над 1 милијарда долари (повеќе од 900 милиони евра), соопшти „Ворнер Брос Пикчрс“. Според продукциската фирма, само во САД и Канада досега се продадени билети во вредност од 549 милиони долари, а од почетокот на прикажувањето на филмот на 21 јули во светот се продадени билети во вредност од 572,1 милиони долари. „Како шефови на дистрибуција, ние не ...
Бугарската „Фондација Македонија“ после влезот во македонскиот фудбал, планира да инвестира голема сума на средства во пет нови медиуми во Македонија. Првиот човек на фондацијата, Виктор Стојанов за „А1он“ открива дека со помош на донации од активисти во организацијата собрале средства за да отворат пет македонски онлајн медиуми во нашата земја кои според него ќе бидат мост на пријателство помеѓу двата народи. – Донациите се од активисти граѓани ...
Вчера во Грција се одвивала вистинска драма! На социјалните мрежи се појави објава за алармантна потрага по тригодишното момче од Србија кое се изгубило во Неи Пори! За среќа, потрагата вродила со плод, а момчето Михајло набрзо било пронајдено живо и здраво и вратено кај родителите. – Денеска во Неи Пори се изгуби тригодишното дете по име Михајло. Сите станавме на нозе да го бараме детето. Агонијата траела половина час, за среќа детето било ...
Молскавично се рашири веста дека во Македонија поточно покрај Мавровското езеро во близина на село Леуново, се собрале неколку стотини лица, главно странци од повеќе држави да кампираат во земјава, палејќи логорски огнови и изведувајќи свои ритуали. Станува збор за групата „собири на виножитото“ (Rainbow gatherings), неформална организација основана во САД уште во шеесеттите години од минатиот век. „Лабаво организирана трупа од нудисти, хипици и ...
Руската армија изврши напад со прецизно оружје врз воздушните бази на украинската армија во регионите Хмелницки и Ровињската област, соопшти Министерството за одбрана на Русија. „Вооружените сили на Руската Федерација извршија групен напад со прецизно оружје со долг дострел, воздух и море, врз воздухопловните бази на вооружените сили на Украина во областите Староконстантинов, Хмелницкиската област, Дубно и Ровињската област“, изјави на брифинг ...
Откажале сопирачките на службениот автомобил Мерцедес на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на пат кон Тиват каде одел службено, пишува „Вијести“. Системот за сопирање на службеното возило наеднаш престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред познатата голема удолница. Инцидентот се случил во понеделникот на 31 јули кога премиерот на Црна Гора бил во официјална посета на Тиват. Според неофицијални информации, на ...
Откако ноќеска екипите на штипската противпожарна бригада успеале да го локализираат и стават под контрола пожарот кон вчера избувна покрај патот Штип – Радовиш, утрово повторно се активира и се шири кон селото Драгоево. „Пожарот кој избувна вчера помеѓу штипскиот затвор и селото Драгоево, кој ноќеска беше локализиран и ставен под контрола, во 8:30 часот повторно се активира и се шири кон селото Драгоево. ТППЕ Штип веќе се тргнати кон местото на ...
Силното невреме што ноќеска ја зафати Словенија и големите поплави кои ги предизвика однесоа најмалку три човечки животи. Информацијата ја објави словенечката новинската агенција СТА (STA), повикувајќи се на полицијата. Од словенечката полиција за агенцијата изјавиле дека едно лице – словенечки држвјанин загинал кај Камник, додека двајца државјани на Холандија ги загубиле животите во планините во областа Крањ. Точните околности за нивната смрт, ...
Пороен дожд почна синоќа во некои делови на Словенија, а словенечката агенција за животна средина (Арсо) издаде црвено предупредување за северниот дел на земјата. Најмногу дожд наврна на југот од подножјето на Јулијанските Алпи и во областа кон Горењска и Корушка. Во тие региони во текот на ноќта наврнале меѓу 100 и 200 литри дожд на метар квадратен, што е еднакво на месечната количина на врнежи, изјави метеорологот Бране Грегорчич за Радио ...
Вчера на големиот национален празник, Илинден била исчкртана со спреј бистата на полицаецот Горан Стојменовиќ кој загина во Диво Насеље, којашто се наоѓа во Инџиково, од каде е тој. Пречкртана била и плочата со неговото име и пораката „Хероите живеат вечно“. Осквернавен е и комплексот во кој се наоѓа бистата и во кој има и 9-метарски крст, а оштетени се повеќе икони во овој парк посветен на загинатиот полицаец. Паркот се наоѓа во близина на ...