
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Руската воздушна одбрана уништи 42 украински беспилотни летала над полуостровот Крим рано утрово, соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм. „Во текот на ноќта на Крим беа соборени 42 украински беспилотни летала, од кои 33 беа потиснати со електронско војување, а 9 беа соборени со противвоздушна одбрана“, соопшти руското Министерство за одбрана. „Во текот на ноќта беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напади со ...
Во престрелката што ноќеска околу полноќ се случила пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Футог во Војводина, убиени се две млади момчиња, а во полициска акција уапсени се четри лица. Според српските медиуми во престрелката што се случила ноќеска убиен е Н.Ш. (19), а денес починал уште еден млад човек М.М. (20) кој бил ранет. Д-р Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад, изјави дека првиот повик бил примен 17 минути по полноќ ...
Косовската полиција во соработка со македонската полиција го приведе Алил Демири Денеска полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири. Врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје I, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај ...
Зградата на Вагнер во Санкт Петербург е осветлена во форма на крст откако авион на Евгениј Пригожин се урна денеска во Тверската област. Во авионот кој летал на релација Москва – Санкт Петербург имало седум патници и тројца членови на екипажот. Никој од нив не преживеа. Руската управа за цивилно воздухопловство потврди дека на летот биле Евгениј Пригожин и командантот на Вагнер, Дмитриј Уткин. Меѓу загинатите е и Валериј Чекалов, кој беше ...
Рано утрово беспилотно летало удрило во зграда во изградба во центарот на Москва, соопшти градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, објави новинската агенција АФП. Како што пренесува агенцијата, станува збор за шеста по ред ноќ како регионот на главниот град на Русија е цел на воздушни напади со беспилотни летала. Градоначалникот на Москва на својот канал на Телеграм соопштил дека руската војска соборила уште две беспилотни ...
Српските туристи на Халкидики, Тасос и другите популарни летувалишта во Грција утрово беа пречекани со грозоморни сцени. Станува збор за последиците од пожарот кој со денови беснее во близина на Александрополис, главниот град на областа Еврос, на североистокот на Грција, а кој утринава стана видлив низ целата земја во вид на крваво сонце, џиновски облак од чад што го затскрива и дожд од пепел што паѓа врз луѓето и автомобилите. Фотографијата од ...
Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска, објави „Слободен печат“. Пациентот починал неколку дена по транспортoт. Бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга. Во екипата која била задолжена да го транспортира пациентот имало лекар, медицинска сестра и возач. Снимката од бензинската пумпа е направена на денот на транспортот, во понеделникот на 14 август. Вчера министерот за ...
Блиц објави дека мајката на Коста се обратила до институциите со барање да се реши прашањето за дообразување на нејзините две деца. Во писмото мајката не го спомнала масакрот во училиштето, туку апелирала за помош и вели дека ситуацијата во која се наоѓа нејзиното семејство е сложена. Мајката забележува дека нејзината помала ќерка, која учела во истото училиште со Коста К., не може да го продолжи образованието во Рибникар, а нејзиниот син е на ...
Двајцата претседатели, на социјалните мрежи, ја оценија средбата како отворена, искрена и плодна за сите важни прашања кои се од заеднички интерес Вучиќ, по средбата со Зеленски, рече дека претстои „жешка есен“ и дека ситуацијата во Украина не е лесна и едноставна, дека ништо не оди брзо и нема брзо да се реши и, како што рече, претстојат уште многу проблеми Имавме добар и отворен разговор за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и ...
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи рече дека нема да има казни за граѓаните кои нема да ги сменат документите со Северна Македонија до кога истекува рокот – февруари 2024 година. Тој дополни дека старите документи нема да важат по овој рок на измена. Во моментов граѓаните имаат проблеми за закажување за процедурата за патни исправи, со оглед дека следен слободен термин е во декември, а Спасовски најавува дека во следниот период се ...
Шумскиот пожар во Александрополис беснее веќе трет ден и покрај напорите на грчките противпожарни служби, војската и доброволците кои продолжија да се борат со пожарот во текот на ноќта. Како што јави ЕРТ, седуммина пожарникари се повредени и сега се во добра состојба по укажаната прва помош. Како што се раздени, во гаснењето на пожарот се вклучија и авиони – четири авиони и четири хеликоптери, кои гаснат активни пожари од воздух, пренесува ...
Се молат родителите да внимаваат на игрите што ги играат нивните деца, оти тоа се игри во кои нема емпатија и децата не се свесни што може да се случи од играта – ова е апел што се шири на социјалните мрежи. Децата лудуваат по уште еден бизарен тренд на социјалната мрежа Тик-ток. Родителите предупредуваат дека новиот предизвик, кој може да се нарече „газење до бесвест“, може да ги загрози малите деца и тинејџерите и да ги доведе во опасност ...
Руското вселенско летало Луна-25 се урна на површината на Месечината еден ден откако беше објавена абнормалната ситуација, објави Би-Би-Си и додаде дека комуникацијата со леталото е изгубена. Руската државна агенција „Тас“ напиша дека „според прелиминарните пресметки, Луна-25 влегла во непредвидена орбита и се срушила на површината на Месечината“. Вчера Роскосмос објави дека бил испратен сигнал од Земјата по кој леталото требало да го започне ...
На 22-ри и 23-ти септември во Штип ќе се одржи традиционалната манифестација Штипска пастрмајлијада. За настанот, чија цел е промоција на кулинарскиот специјалитет пастрмајлија, годинава биле одвоени 2,5 милиони денари, пари од општинскиот буџет и од спонзори. Во петок главна музичка ѕвезда која ќе настапи пред присутните ќе биде Саша Ковачевиќ, а најавени се настапи и на Пајак и Лара. Во сабота концерт ќе одржи Данијела Мартиновиќ, а ќе ...
Украинско беспилотно летало го нападна западниот руски град Курск, при што е погодена железничка станица и ранети се пет лица, изјави гувернерот на регионот. „Украински дрон го нападна Курск“, објави Роман Старовоит на Телеграм. Според првичните информации, дронот удрил во покрив на зградата на станицата, а потоа избувнал пожар. -Пет лица се полесно повредени – додаде гувернерот. Градот Курск се наоѓа на само околу 90 километри од границата меѓу ...
Полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” денеска спасиле пет лица од едрилица на Охридското Езеро. -По пријава дoбиена околу 19 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор„Охридско ...
Денес од пладневните часови атмосферата позначително ќе се дестабилизира во западните и во југозападните предели од Македонија, каде ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради енергијата во Атмосферата локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси (невреме), проследено со интензивен пороен дожд, олуен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен. Токму поради ...
Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова ги критикува уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот. Таа им рече на премиерот Димитар Ковачевски и на гостите од Владата присутни во салата со 61 пратеник да ги донесат измените, како што тоа го направиле кога гласаа заклучоци наместо преговарачката рамка. Според неа, ова што се бара од Македонија е спротивно на европските вредности, без кои Европската Унија нема да биде политички систем, ...
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека Западот не го интересира приказната за „Голема Албанија“. „Тоа е лошо за нив, но тие лоши момци се нашите момци. Овие другите треба да ги газиме додека не прифатат независно Косово и да водиме кампања против Србија“ , го парафразира Вучиќ односот на Западот кон ова прашање. Тој вели дека очекува голем и тежок притисок врз Србија во однос на санкциите кон Руската Федерација, ...
САД им одобри на Данска и Холандија да испратат свои борбени авиони Ф-16 во Украина, но откако ќе заврши обуката за пилоти. Ова засега го изјавува неименуван американски претставник. – Вашингтон ги увери данските и холандските власти дека САД ќе го забрзаат одобрувањето на барањето за трансфер на Ф-16 во Украина откако пилотите ќе бидат обучени, открива изворот кој е официјален претставник. Според дадените информации,државниот секретар Ентони ...
Проектот „Македонијо во срце те носиме“ беше збогатен за уште една нова изведба на стара македонска песна. Овојпат, станува збор за „Ми заплакало селото Ваташа“ во изведба на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов. „Ми заплакало селото Ваташа“ е македонска песна оригинално напишана и изведена во 60-те години. Текстописец е Лазар Манчевски – Пинџур, кој инспирацијата ја добил од масакрот во Ваташа што се случил за време на Втората светска војна, кога ...
Премиерот Димитар Ковачевски, без да каже име, обвини пратеник од Собранието дека бил дел од југословенска тајна разузнавачка служба и полиција УДБА, а кои не сака да ја види Македонија како дел од Европската Унија. Тој кажа дека само младите политичари можат да ја однесат државата кон прозападниот свет. „Мене не ме зачудува кога ќе видам 80 годишни политичари во нашата држава и соседните, кои уште го застапуваат тој концепт да не се градат ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи им испрати писмо на пратениците во Собранието во кое им сугерира да гласаат за отворање на Уставот потенцирајќи им дека ќе одлучуваат за најважното прашање во историјата нз земјата по независноста и после менувањето на највисокиот државен акт за да се промени името со што земјава стана членка на НАТО. „Во петок започнува дискусија по која ќе следи гласање за второто најважно прашање кое било кој ...
Осум лица, меѓу кои и двајца македонски војници, се затруле со јаглерод моноксид додека црпеле вода од подрум во Домот на култура во Чрна на Корошкем, во Словенија. Главниот лекар на Армијата на Словенија Роберт Карота, соопшти дека меѓу затруените се пет припадници на словенечката војска, двајца македонски војници и еден пожарникар. Инцидентот се случил додека работеле на отстранување на последиците од неодамнешните поплави во Чрна. Вкупно 32 ...
Американскиот амбасадор Џефри Ховениер денеска изјави дека Косово нема да може да стане членка на ЕУ, да влезе во Партнерството за мир и НАТО без напредок во дијалогот со посредство на ЕУ, повикувајќи ги властите во Приштина да се вклучат во процесот на формирање на Сојуз на српски општини. Ховениер истакна дека она што САД го бараат од Косово не се притисоци, туку легитимни барања. Како американски амбасадор во Косово, јас сум многу задоволен ...
Првиот вицепремиер Артан Груби смета дека градоначалниците на Чаир и Тетово, Висар Ганиу и Биљал Касами ја злоупотребиле посетата на косовскиот премиер Албин Курти за нивна политичко-партиска дневна агенда. „Посетата на премиерот Курти е секако добредојдена. Тој често доаѓа многу често, доаѓа во Македонија, да не речам, пречесто, но доаѓа на многу настани. Ова беа локални настани организирани од две општини и одговорноста за организацијата е на ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година. Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, и прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено ...
С Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколу сака да започне преговори за влез во Европската Унија (ЕУ). Ова во изјава за бугарската новинска агенција БГНЕС го вели заменик-претседателката на ГЕРБ, Екатерина Захариева, која е заменик-претседател на комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на источниот сосед, во периодот од 2017 до 2021 година. Повод ...
За денеска во 12 часот е најавен протестен собир пред Основен суд Тетово за модуларната болница во која животите ги загубија 14 луѓе при пожар на 8 септември 2021. Повикот за протест по социјалните мрежи се споделува од граѓани и невладини организации. Протестот следува по емитување на документарен филм во неделата, изработен од медиумската организација Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) насловен „Убиство во Тетово“ а посветен на оваа ...
Одговорност за виновниците кои ги амнестираат одговорните за пожарот во модуларната болница во Тетово, побара на 15 август поранешниот министер за здравство Беким Сали по емитувањето на документарниот филм на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Документарецот насловен „Убиство во Тетово“, емитуван на 13- ти август на националната телевизија МТВ, се повикува на документи и сведоштва од истрагата и трага по одговорите за пропустите во ...