Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Цените на горивата повторно би можеле да пораснат поради растот на цената на нафтата и доларот. Македонските граѓани утре ќе дознаат по која цена ќе ги точат горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ја објави новата одлука за малопродажните цени. Според актуелните движења на светските берзи, повеќе е веројатно дека ќе има ново поскапување, главно поради растот на цената на нафтата и зајакнувањето на американскиот долар. ...
Силниот нестабилен бран што во изминатите часови донесе поројни дождови, град, поплавени улици и бурен ветер во Словенија, Хрватска и Србија се движи кон југоисток, а од понеделник попладне ќе почне да влијае и врз времето во Македонија. Најпрво ќе се задржи многу топлото време, но локално ќе се создаваат услови за краткотрајни бури со грмежи, силен ветер и интензивен дожд. Промената доаѓа по невремињата што го погодија северниот и западниот ...
Летото за многумина е време за одмор и нови доживувања, но според астролозите, три хороскопски знаци оваа сезона ќе имаат особено многу причини за радост. Љубов, патувања и нови можности се само дел од изненадувањата што ги очекуваат. Лав За Лавовите претстои едно од највозбудливите лета во последните години. Нивната харизма и самодоверба ќе бидат во полн сјај, па лесно ќе го привлекуваат вниманието и ќе бидат во центарот на случувањата. На ...
Вечерва Делчево беше зафатено од силно невреме проследено со пороен дожд и интензивни грмежи. Невремето траеше околу половина час, при што во краток временски период наврна значително количество дожд. Граѓаните сведочеа за силни врнежи и чести електрични празнења, а на повеќе улици се забележа задржување на дождовница поради интензитетот на врнежите. Граѓаните на социјалните мрежи споделија бројни видеа и фотографии од невремето, на кои може ...
Според најновите информации, силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи во моментов ја зафаќа Македонска Каменица. Нестабилниот облачен систем се движи кон Делчево, каде во наредниот период се очекуваат врнежи од дожд, засилена грмежлива активност и локално засилен ветер. Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат престој на отворено за време на грмежите и редовно да ги следат најновите информации за временската ...
Невреме во повеќе делови од Македонија – силни грмежи, пороен дожд и интензивни електрични празнења Според најновата радарска слика на УХМР, силно невреме проследено со пороен дожд и интензивни електрични празнења е регистрирано северозападно од Велес. Невремето се движи во правец исток-југоисток, при што се очекува да зафати нови подрачја долж својата траекторија. Во меѓувреме, нестабилна облачност со дожд и грмежи се приближува кон ...
Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен тетовец. Според пријавата, во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма во Тетово. При увидот, полициска екипа пронашла 11 чаури, а биле констатирани оштетувања на објектот и на возила. Полицијата презема ...
Според најновите информации од УХМР, нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи се движи во правец кон Кумановскиот регион. Во наредниот период се очекува влошување на временските услови со интензивни врнежи, честа појава на грмежи, а локално е можно и засилување на ветерот. На поединечни места не е исклучена ниту појава на краткотрајно невреме. Се препорачува граѓаните да бидат внимателни и редовно да ги следат најновите ...
Во СВР Скопје, денеска, некаде 20 минути по полноќ, е пријавено силување жена во скопско Лисиче. Жртвата била обљубена од две лица, од кои едното е уапсено. На 18.07.2026 во 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Лисиче, две лица извршиле обљуба врз 32-годишна жена. Од МВР инфмормираа дека во врска со случајот од слобода е лишен А.М.(41) од Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Во СВР Скопје, ...
Невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град во централните планински предели – се движи кон југоисток Според најновата објава и радарската мапа на УХМР, силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град е регистрирано во централните планински делови на Македонија. Нестабилниот облачен систем се движи кон југоисток, при што во наредниот период се очекува да зафати и други подрачја долж неговата ...
Триесет и деветгодишна мотоциклистка се здобила со тешки телесни повреди, а нејзината сопатничка со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Битола. Според Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 17 јули во 18:25 часот на крстосницата на улиците „Филип Втори Македонски“ и „Благојче Силјановски“, каде што се судриле патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Л. (29) од ...
На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и главен уредник на ТВ2 и правник по професија. Информацијата ја соопшти неговиот син Арианит Бајрами. Бајрами од 2019 до февруари 2024 година беше дел од ДКСК. Тој речиси една деценија работеше како новинар и главен уредник во ТВ2. Во текот на кариерата работел и во Генералниот секретаријат на ...
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава ...
Македонската православна црква – Охридска архиепископија заедно со своите верници на овој ден го слави основачот на заедничкиот монашки живот на Света Гора и заштитникот од силни бури и непогоди МПЦ-ОА и верниците денеска го одбележуваат празникот на Преподобниот Атанасиј Атонски, светец кој во народот се смета за голем заштитник од невреме, бури и природни непогоди. Воедно, денешниот ден е поврзан со необични народни верувања и легенди за ...
Православната црква го чествува Свети Атанасиј Атонски, великанот кој не само што го основаше првиот голем манастир на Света Гора, туку ја постави и темелната структура на монашкото живеење каков што го познаваме денес. Животот како небесна лекција Роден во Трапезант, Атанасиј уште како дете покажал дека е „роден за духовно старешинство“. Додека неговите врсници во игра избирале цареви и војводи, него го избирале за – игумен. Овој детски ...
Македонија ја очекува значително затоплување за време на викендот, со температури кои на повеќе места ќе достигнат и до 39 степени Целзиусови. Според прогнозите, времето ќе биде претежно сончево и многу топло, а целата држава е ставена во жолта предупредувачка фаза поради високите температури. Метеоролозите најавуваат дека, иако не станува збор за изразен топлотен бран, интензитетот на жештината ќе биде значително поголем во споредба со ...
Компанијата КАМ соопшти дека годинава ќе им исплати рекорден регрес во износ од 52.000 денари на своите вработени, продолжувајќи ја практиката на вложување во подобри услови за работа и вреднување на трудот на својот тим. Од компанијата истакнуваат дека одлуката е дел од нивната долгорочна стратегија за грижа за вработените и создавање работна средина во која секој член на тимот се чувствува ценет, поддржан и мотивиран. „Со задоволство ...
На 81-годишна возраст почина добитничката на „Оскар“ Бренда Фрикер, позната по улогите во „Сам дома 2“ и „Мојата лева нога“. Веста беше соопштена на 17 јули 2026 година. Меѓу бројните нејзини улоги, Бренда Фрикер најмногу ќе остане запаметена по ликот на Жената со гулабите во култниот филм „Сам дома 2“ од 1992 година, каде што ѝ партнер е Макаули Калкин. Во касовниот хит таа го толкува ликот на затворена и бездомна жителка на Сентрал Парк, ...
Универзитетот во Тетово со длабока тага ја соопшти веста за трагичната смрт на својот студент Емре Назиф од Крушево, кој го загубил животот во Германија, оставајќи во жалост семејство, пријатели, колеги и академската заедница. По повод трагичниот настан, ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Куштрим Ахмети, упати телеграма со сочувство до семејството на починатиот студент, истакнувајќи дека неговата прерана смрт претставува голема ...
Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т.(54) од с.Канатларци. Од здобиените повреди, М.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било ...
Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени – еве каде е епицентарот Земјотрес од 7,3 степени го погоди јужниот брег на Мексико во петокот, 17 јули, во близина на границата со Гватемала, предизвикувајќи силно тресење во повеќе држави од Централна Америка и предупредување за можни опасни бранови долж пацифичкиот брег. Според првичните информации, нема жртви ниту поголеми материјални штети. Епицентарот бил лоциран на околу 48 километри југозападно ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчераутро на крстосницата меѓу улиците „Благоја Стефковски“ и „Петре Филиповски-Гарката“ во Скопје, при што тешко е повреден 22-годишен мотоциклист. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 8:30 часот и во неа учествувале патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот М.П. од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, кој го ...
Две млади лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на скопска раскрсница. Се судриле мотоцикл и автомобил. – На 16.07.2026 во 08:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Стефковски“ и ул. „Петре Филиповски-Гарката“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(71) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, ...
-На 16.07.2026 во 20:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т.(54) од с.Канатларци. Од здобиените повреди, М.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР. -На 16.07.2026 во ...
Над илјада граѓани во Гостивар, меѓу кои и деца, со гадење, повраќање и дијареа, побарале лекарска помош во изминативе денови. Постојат сомневања дека водата од Вруток е загадена со отпадни води. – Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена заради која имаме голем број на пациенти на кои им е дадена медицинска помош во нашата установа, заради која сме направиле и зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде ...
Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, случај кој ја потресе јавноста. Од Судот информираат дека Станковски е прогласен за виновен за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“. Обвинетиот на судењето признал вина, а притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена. Настанот се случи на 11. јануари 2026 ...
Пензионерите повторно се во центарот на вниманието, откако во јавноста се отвори прашањето за следното покачување на пензиите. По претходните линеарни зголемувања, новото усогласување треба да се направи во септември, а точниот износ ќе зависи од законската пресметка и економските параметри. Според последното зголемување беше линеарно и тоа од 1.000 денари, додека за септември се најавува законско усогласување кое допрва треба да се пресмета ...
Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека се превземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), кај граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена. По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање ...
Тешка сообраќајна несреќа го потресе источниот дел на Уганда, каде најмалку 21 лице, меѓу кои 20 ученици од основно училиште и едно возрасно лице, го загубија животот откако училишен автобус излетал од патот и се превртел. Според информациите што ги соопшти локалната полиција, трагедијата се случила додека автобусот се враќал од училишен излет. Според првичните сознанија, возачот најверојатно ја загубил контролата над возилото, по што ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има ...