Три лица се повредени во сообраќајката што утринава се случи на клучката кон аеродромот во Скопје. Според информациите од МВР, возило со српски таблички управувано од 34 годишен возач се превртело. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 05:30 часот, кога патничко возило „нисан“ со српски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ. (34) од Република Србија, удрило во метална ограда и се превртело ...

Авалон продукција, која го организираше последниот концерт на Владо Јаневски, а кој се одржа на 14 февруари во Скопје (заедно со Бајага), објави детали за погребот на починатиот пејач, а кој ќе се одржи во среда, 1 јули. Во нивната објава пишува: „Почитувани, добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 22.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,243%, кај дизелот ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен маж, осомничен за кривично дело убиство извршено при семејно насилство, и побара определување мерка притвор. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека на 25 јуни во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата сопруга. Тој, како што се наведува, вечерта ја зел жената од ...

Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот од неговиот дом во скопската населба Карпош. Јованов беше познат бизнисмен и дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија, а во јавноста беше познат и како еден од обвинетите во предметот „Шпански скали“. Тој доби ослободителна пресуда. „На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден ...

Поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане, почина во Скопје на 58-годишна возраст. Јованов ја предводеше Одбојкарската федерација во периодот од 2007 до 2009 година, оставајќи значаен белег во развојот на македонската одбојка. За време на неговиот мандат беа поставени темелите за идните успеси на машката сениорска репрезентација, која во наредните години забележа историски резултати на ...

Од 1 јули компаниите во приватниот сектор можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15. Според актуелните пресметки, минималниот износ би изнесувал околу 19.116 денари. Сумата е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година, кои изнесувале 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просекот е околу 47.790 денари, а минималниот К-15 согласно колективниот договор изнесува 40 проценти ...

Тешка сообраќајна несреќа – овој патен правец е затворен за сообраќај Поради сообраќајна незгода, од 06:06 часот утринава во прекин е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, поточно на исклучокот од Скопје кон аеродромот. Од ЈП Македонија пат информираат дека сообраќајот се пренасочува преку клучка Рафинерија. Тешка сообраќајна несреќа – овој патен правец е затворен за сообраќај Поради ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на бензините и на дизелот. Минатата недела беа намалени цените на сите видови горива. Еуросуперот БС-95 поевтини за 3,5 денари и се продава за 84 денари за литар, 98-цата се намали за 4 денари, и чини 86 денари за литар. Најголема промена имаше кај дизелот, кој поевтини за 7 денари по литар и чини 80,5 денари. Од Владата велат дека земјава има најниска цена на ...

Утринава на автопатот, на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно возило се преврте. Според сведоштва на очевидци, повредени се повеќе лица. Полициски екипи се на местото на настанот и вршат увид. Причините за несреќата засега не се познати. Се очекуваат дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи. Утринава на автопатот, на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром, ...

Утринава на автопатот, на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно возило се преврте. Според сведоштва на очевидци, повредени се повеќе лица. Полициски екипи се на местото на настанот и вршат увид. Причините за несреќата засега не се познати. Се очекуваат дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи. Утринава на автопатот, на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром, ...

Почина режисерот Сашо Миленковски, потврдија од Драмски театар Скопје. Имаше 63 години. Неговата професионална кариера започнува уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, преку ангажманот во мултинационалниот проект КПГТ во Суботица (1988–1991), кој се разви во значајна сцена за современи театарски експерименти и меѓународна соработка. Во својата богата кариера Миленковски има реализирано повеќе од педесет режии на ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ, денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со максимални температури од 31 до 39 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 38 степени, а топло ќе биде и во текот на ноќта. Според прогнозата, топлотниот бран ќе се задржи до утре, кога попладне се очекува промена на времето со повремени врнежи од дожд. Од среда ќе има пад на температурите и локална нестабилност проследена ...

Земјотрес доцна синоќа стресе делови од Македонија. Земјотрес со магнитуда од 3.0 степени според Рихтеровата скала ноќеска е регистриран ноќеска во 00:06 во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците со кои располага Опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од жителите на Гостивар, Тетово и околните населени места, со интензитет од III ...

Слаб земјотрес го стресе западното подрачје на Република Северна Македонија кратко по полноќ. Според податоците прикажани на сеизмолошката мапа потресот бил со јачина од 2,90 степени според Рихтеровата скала. Сеизмичкиот настан е регистриран точно во 00:06 часот (00:06:54) по локално време. Основни податоци за сеизмичкиот настан: Локација: Република Северна Македонија (западен регион) Координати: 41890° СГШ, 20.760° ИГД Време: 29 јуни 2026 ...

Иако ретко откриваше што го инспирирало при создавањето на своите песни, Владо Јаневски еднаш призна дека постои композиција која секогаш му буди силни емоции. Станува збор за „Што и да е ќе помине“, песна што ја напишал во чест на својот покоен татко. „Немам навика да ги објаснувам моите песни, но секогаш ми е тешко кога ја пеам „Што и да е ќе помине“, бидејќи е посветена на татко ми“, изјави пејачот на еден од своите концерти. По смртта на ...

Почина археологот Методија Ѓуровски – Мето, кој целиот работен век го мина во истражување на локалитетот Стоби. Од неговото дипломирање на археологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1979 година, па до пензионирањето беше на терен во Стоби. И додека локалитеетот беше дел од Народен музеј Велес и од 2008 кога стана самостоен субјект. Мето таму работеше до 2012 година. Ќе остане запомнет по неговата стручност, ведар дух и посветеност. ...

Македонската јавност вечерва ја потресе вест што со брзина на светлината се прошири низ социјалните мрежи и медиумите – почина популарниот пејач Владо Јаневски, еден од најпрепознатливите гласови на македонската поп-музика. Иако тажната информација првично се појави неофицијално, дополнително доби силна тежина по емотивната објава на негова блиска пријателка, која со потресни зборови се прости од него, опишувајќи ги децениите пријателство, ...

Македонската јавност вечерва ја потресе вест што со брзина на светлината се прошири низ социјалните мрежи и медиумите – почина популарниот пејач Владо Јаневски, еден од најпрепознатливите гласови на македонската поп-музика. Во текот на денешниот ден, на повеќе онлајн-платформи и неофицијални објави, се прошири информација дека Владо Јаневски наводно починал во приватна здравствена установа во Скопје, по борба со тешка болест. Засега, овие ...

Македонската музичка сцена остана без едно од своите најголеми имиња. На 66-годишна возраст почина пејачот Владо Јаневски, јавуваат повеќе домашни медиуми. Според објавените информации, Јаневски починал вечерва на една од клиниките во Скопје, по кратко боледување. Во последните години од животот, тој живееше во Гевгелија, каде што водеше повлечен и мирен живот. Во едно од своите интервјуа откри дека ја продал семејната куќа во Чаир, како и ...

Македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски почина вечерва по кратко боледување на една од скопските клиники, на 66-годишна возраст. Веста предизвика голема тага кај неговите бројни обожаватели, кои со децении ги следеа неговите песни и настапи. Јаневски беше еден од најпознатите македонски поп-изведувачи, со богата музичка кариера и шест студиски албуми зад себе.Зад себе остави голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома ...

– До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Куманово, во населбата Перо Чичо, каде гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде е зафатена ниска вегетација и садници. Активен е и пожарот на депонијата во ...

Лишени од слобода двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, следуваат кривични пријави На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на ...

Според астролошките прогнози, 2026 година нема на сите да им донесе финансиска стабилност. Напротив, некои знаци би можеле да се соочат со сериозни предизвици кога станува збор за парите. На листата на оние кои би можеле да имаат најмногу проблеми се издвојуваат три хороскопски знаци: Риби Може да западнат во проблем поради непланирани трошоци и импулсивно трошење. Неочекувани издадоци лесно би можеле да им го нарушат буџетот, па затоа ќе ...

Српската пејачка Маријана Томиќ од Зрењанин почина на 39-годишна возраст по тешка болест. Тажната вест е објавена на фејсбук-страницата „Музички легенди на Зрењанин“. Веста за смртта на Марија ги потресе сите што ја познаваа, кои се збогуваат со неа на социјалните мрежи. Маријана починала вчера, само еден ден пред нејзиниот 40-ти роденден. На фејсбук-страницата „Музички легенди на Зрењанин“ истакнале дека таа починала прерано бидејќи, за жал, ...

Градоначалничката на Каменица објави тажна вест: Денес нашата Македонска Каменица е потивка. Тешко е кога си заминува млад живот – прерано, оставајќи тага, неверување и многу неодговорени прашања. Нека почива во мир, а на неговото семејство, најблиските и пријателите им посакувам сила да ја издржат оваа неизмерна болка. Вечен спомен Марио. Градоначалничката на Каменица објави тажна вест: Денес нашата Македонска Каменица е потивка. Тешко е ...

Обдукцијата покажала дека жената кој синоќа била пронајдена мртва во близина на селото Латвица починала од насилна смрт, по што биле уапсени нејзиниот поранешен сопруг и негови тројца пријатели, појаснуваат од скопското обвинителство. -Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од ...

Педесет и едногодишник со иницијали С.Г., со престојувалиште во скопско Таор, е лишен од слобода денеска од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје поради постоење основи на сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г., соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – На 26 јуни 2026, С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а следниот ден ...

Од СВР Охрид информираат дека е поднесена кривична пријава против стружанка која ги оставила своите деца ноќе да спијат во кола додека таа била на работа. -ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила на една од најпрометните скопски сообраќајници, при што 28-годишен мотоциклист се здобил со сериозни повреди и бил итно пренесен на лекување. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 26 јуни околу 16:40 часот. Во судирот учествувале патнички автомобил „Мерцедес“, управуван од 66-годишен возач, и мотоцикл „Априлија“, кој го управувал 28-годишен скопјанец. По ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
43%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
7.6
48%
1018
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
55%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
55%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.19
48%
1020
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
69%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
54%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
41%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
30%
1014
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
54%
1022
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
1.03
41%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
9.26
53%
1016
Currency

61.5217

Currency

53.2218

Currency

72.0205

Currency

37.6714

Currency

38.2876

Currency

65.5025

Currency

7.90796

Currency

0.64188

Currency

0.33454

Currency

0.52437

Currency

1.11367

Currency

0.55893

Алуминиум

3.24

Иридиум

252383.36

Сребро

2051.41

Злато

138910.52

Цинк

0.00

Паладиум

41281.56

Родиум

282926.57

Бакар

13.19

Платина

54720.57

Калај

56.21

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29