Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Припадници на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка интервенирале при сообраќајна несреќа во која едно лице било повредено и останало заглавено во автомобил. Несреќата се случила вчера, на 9 јули 2026 година, на улицата „Партизанска“ во Крива Паланка. „По добиената дојава за сообраќајната незгода на улицата ‘Партизанска’, интервениравме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Повреденото лице беше извадено од ...
14-годишно девојче од Кавадарци, кое престојувало во Гостивар, починало откако паднало од лулашка во парк во градот. Како што информираат од СВР Тетово, синоќа во 20:20 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14). Според пријавеното, малолетничката претходно паднала од лулашка во парк во Гостивар, по што била итно пренесена во Медицинскиот центар, каде и покрај напорите на ...
Цените на нафтата утрово бележат пад, па така на лондонскиот пазар Брент се тргува по цена од 76,08 долари, а барелот на американскиот пазар чини 71,90 долари за барел. Цените на нафтата паднаа под 77 долари на меѓународните пазари во четврток, бидејќи проценките за испораките преку Ормутскиот теснец го засенија најновиот бран непријателства меѓу САД и Иран. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше попладне за 1,08 долари пониско од ...
Тажна вест соопштија од Синдикалната организација на на СПМ СВР Куманово Со голема тага и неверување ја примивме веста за прераната загуба на нашиот драг колега Виктор Колевски, пријател и голем човек. Тешко е да се најдат зборови кога нè напушта некој што со своето присуство внесуваше мир, сигурност и позитивна енергија. Беше човек со интегритет, чест и достоинство, секогаш подготвен да помогне, да охрабри и да подаде рака без да очекува ...
Кичево е завиено во тага по веста за прераната смрт на полицискиот старешина Генц Арслани, кој почина на 44-годишна возраст. Неговото заминување остави голема празнина кај семејството, колегите, пријателите и сите што имаа чест да го познаваат. Арслани беше дел од првата генерација полициски службеници примени во Министерството за внатрешни работи во 2002 година. Својата професионална кариера ја започна на 1 февруари истата година во ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала ...
Полициската заедница во Кичево е во жалост по веста за смртта на Генц Арслани, долгогодишен полициски старешина, кој почина на 44-годишна возраст. Арслани беше дел од првата генерација полицајци примени во Министерството за внатрешни работи во 2002 година. Својата професионална кариера ја започнал на 1 февруари истата година во Полициската станица Кичево, каде повеќе од две децении работеше посветено и професионално. Во текот на службата ...
Силна експлозија го вознемири тетовското село Добарце, откако рачна бомба била фрлена од возило во движење кон угостителски објект, при што две лица биле повредени. Инцидентот се случил во текот на ноќта, кога непознати лица со патничко возило „Цитроен“ поминале покрај локалниот пат каде што се наоѓал ресторанот и ја фрлиле експлозивната направа кон објектот. Од силната детонација настанала вознемиреност кај присутните, а повредени биле две ...
15-годишник е тешко повреден при судир со возило на крстосница во Гостивар. Несреќата се случила вчеравечер. Како што информираа од МВР, вчера во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Ристо Оџаклиески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(58) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од 15-годишен ...
Охриѓанец проголтал опаковка со дрога пред да биде фатен од полицајци, по што му се влошила здравствената состојба. Според информациите од полицијата, тој починал во болница. Вчера во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, уапсен е И.М.(32) од Охрид. Тој, со автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. ...
Музичкиот свет претрпе огромна и ненадоместлива загуба откако на 75-годишна возраст засекогаш нè напушти легендарната велшка пејачка Бони Тајлер, чиј специфичен глас вечно ќе одекнува преку безвременските хитови кои длабоко одбележаа цели генерации. Оваа тажна вест доаѓа откако Бони Тајлер неодамна претрпе тешки здравствени компликации кои наложија итна хируршка интервенција во Португалија поради сериозна перфорација на цревата, што ...
Тројца функционери на партијата Вреди, координаторот на пратеничката група, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, биле задржани околу еден час на граничниот премин Ќафасан без никакво официјално објаснување, иако сите тројца покажале дипломатски пасоши, објави партијата. „Според информациите што неофицијално ги соопшти граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им ...
Сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен ...
Цените на нафтата денеска пораснаа за околу седум проценти, откако новата ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран предизвика стравувања од нарушување на глобалното снабдување со енергенси. Референтната нафта Брент достигна цена од околу 80 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI се искачи на приближно 75,6 долари за барел. Наглиот раст следуваше по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека примирјето со Иран е ...
Компанијата КАМ соопшти дека годинава ќе им исплати рекорден регрес во износ од 52.000 денари на своите вработени, продолжувајќи ја практиката на вложување во подобри услови за работа и вреднување на трудот на својот тим. Од компанијата истакнуваат дека одлуката е дел од нивната долгорочна стратегија за грижа за вработените и создавање работна средина во која секој член на тимот се чувствува ценет, поддржан и мотивиран. „Со задоволство ...
Општина Гази Баба го објави јавниот повик за субвенционирање на набавка на печки на пелети. „Со оваа мерка се поттикнува користењето на поеколошки и поефикасни системи за затоплување, кои придонесуваат за намалување на загадувањето на воздухот; почиста и поздрава животна средина; поефикасно и поквалитетно затоплување на домовите; намалување на трошоците за греење на долг рок и поттикнување на користење енергенси со помало влијание врз ...
Во летните горештини, клима-уредите се најчестото решение за разладување на домовите, но експертите предупредуваат дека една навика на корисниците може значително да ја зголеми потрошувачката на струја и да ги направи сметките драстично повисоки. Имено, многу граѓани се обидуваат да заштедат така што ја вклучуваат климата само повремено – на кратки интервали во текот на денот. Според стручњаците, токму ова често резултира со поголема ...
Иако јули вообичаено важи за еден од најжешките месеци во годината, метеорологот Славчо Попоски најавува дека постои реална можност овој месец да помине без ниту еден изразен топлотен бран. „Според она што можам сега да го кажам, не се исклучува можноста месецов јули да го поминеме без ниту еден изразен топол бран. Состојбата ја следам!“, објави Попоски. Доколку ваквото сценарио се оствари, тоа би претставувало значително отстапување од ...
Заклучоци од денешната седница на ИО на СДСМ. На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ дискутираше за повеќе актуелни теми. ИО изрази сериозна загриженост за лошата економска состојба во земјата и влошениот животен стандард на граѓаните, во Буџетот нема пари, власта трупа нови долгови и со ребалансот состојбата со долговите се влошува. СДСМ ќе продолжи да се бори против погрешните економски и криминални политики на владата на Мицкоски, во ...
Пејачот Андрија Бајиќ, сопруг на познатата пејачка Мала Цана, почина денес на Воено-медицинската академија (ВМА) по тешка болест. Тој беше во деветтата деценија од животот. Пред неколку недели Бајиќ доживеал мозочен удар, по кој првично се опоравил, но подоцна неговата здравствена состојба значително се влошила. Тажната вест ја потврди неговата сопруга Мала Цана, која низ солзи успеа да изговори само неколку зборови. „Рекоа да дојдам утре… ...
Македонската академска заедница остана без едно од своите препознатливи имиња. Почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веста за неговата смрт ја соопшти Филозофскиот факултет, од каде изразија искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите, студентите и сите што имале можност да соработуваат со него. Денко Скаловски е роден во 1956 ...
Лишени од слобода седум лица во Скопје и Битола, кај нив при преглед е пронајдена дрога На 07/08.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.А.(25), М.Р.(23), А.Ф.(36), Љ.М.(18) и 25-годишната С.С., сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава материја, прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. На 07.07.2026 во 23:10 часот, на различни локации ...
Безживотно машко тело е пронајдено во реката Пчиња во близина на Катлановска Бања, а полицијата и Јавното обвинителство работат на утврдување на идентитетот на починатиот и на расчистување на сите околности поврзани со случајот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 7 јули 2026 година, околу 14:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во реката Пчиња, кај Катлановска Бања, било забележано безживотно машко тело. По ...
Полицијата приведе 71-годишен жител на Прилеп по пријава за полово вознемирување, откако настанот, според пријавеното, се случил во домот на 40-годишна жена од истиот град. Од СВР Битола информираат дека на 7 јули околу 19:00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.В. (71) од Прилеп, постапувајќи по пријава поднесена од жена. Според пријавата, мажот пристигнал во нејзиниот дом во момент кога таа била заедно со својата ...
Вчера (7.07.2026) во 12:25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул. „Седек Костоски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Н. (19) од Гостивар и велосипед, управуван од Б.И. (68) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.И., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар, соопшти полицијата. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на ...
Објавена е интерактивна дигитална мапа на Google која го следи појавувањето и ширењето на Lagocephalus sceleratus, познат и како риба-зајак, во грчките мориња. Мапата ги прикажува областите каде што досега е идентификуван овој инвазивен и исклучително опасен вид, овозможувајќи им на граѓаните, рибарите и надлежните органи да го следат неговото понатамошно ширење. Што е рибата-зајак? Lagocephalus sceleratus е риба која природно живее во ...
Првичните резултати од форензичката обдукција на 24-годишната студентка од Македонија, која беше пронајдена почината во стан во областа Сикиес во Солун, покажуваат дека засега нема индиции за насилна смрт. Според информациите што ги објави грчкиот медиум „Thestival.gr“, првите наоди упатуваат на можни патолошки причини, односно дека смртта можела да настапи како последица на здравствен проблем или природен процес во организмот. Од досегашните ...
Несекојдневен инцидент се случил рано утринава во Штип, каде сопственик на семејна куќа пријавил дека дел од неговиот дом бил оштетен откако градежна механизација започнала со уривање додека тој и неговото семејство се наоѓале во објектот. Според неговото сведоштво, настанот се случил околу 4 часот наутро, кога багер пристигнал пред куќата и со корпата двапати удрил во ѕидот од објектот, додека семејството спиело. Од ударите бил оштетен дел ...
Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската покраина Сечуан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на оддалеченост од 19 километри од градот Јибин. Засега нема извештаи за повредени луѓе или за предизвикана материјална штета. Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската ...
Цените на нафтата пораснаа во средата, откако САД извршија нови напади врз Иран како одговор на нападите врз комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец, што повторно ги зголеми тензиите на Блискиот Исток. Американската лесна сурова нафта WTI за испорака во август поскапе за 3,07 проценти, на 72,61 долари за барел, додека меѓународниот репер Брент за испорака во септември порасна за 3,14 проценти, на 76,49 долари за барел. Американската војска ...