
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Сподели Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик. Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше ...
Сподели Во рамки на кампањата „Користи зимска опрема“, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги потсетува возачите на моторни возила на законската обврска за поседување на зимска опрема во возилото (независно на тоа дали се вклучени во сообраќајот во населено место или надвор од населено место) од 15 ноември оваа година до 15 март следната година. Неповолните временски услови на патиштата (влажни коловози, ...
Сподели Пред споменикот на припадникот на македонските безбедносни сили Драго Маневски, со положување свежо цвеќе денеска беше одбележана 23-та годишнина од смртта на нашиот сограѓанин кој го положи животот во борба за татковината. Делегација од Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот бранител и херој од 2001 година. Драго Маневски е роден 1966 година во Марино, ...
Сподели „Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив. Не очекувам дека ќе биде лесна во обвинителството и во судството. Затоа што нивната цел, да дадат сѐ од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина обвинители и судии, да ги заштитат, добива ...
Сподели Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е распишан Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за 2025 година е 1 февруари 2025 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, во согласност со условите и критериумите на јавниот повик. Право на учество ...
Сподели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска го посети Тутунски комбинат АД Прилеп. по што на новинарско прашање, каков е планот за капитални инвестиции за наредната година, изјави дека Владата е фокусирана на вистински капитални инвестиции, пример се вложувањата за општините, реализацијата на Коридорот 10д. За следната година во Буџетот се предвидени 50,5 милијарди денари, тоа значи вложувања во инфраструктура, автопати, ...
Сподели Во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија вечер од 18:30 часот концерт ќе одржи квартет составен од музичари кои членуваат во оркестрите на Филхармонијата и на Националната опера и балет: Марко Виденовиќ (виола, пијано), Марија Јакимовска (флејта), Кристијан Кожумановски (контрабас) и Игор Бакревски (кларинет). Организаторот на настанот најавува атрактивна програма, специфичност на составот и на инструментите и ...
Сподели Во изминатите месеци, здравствениот систем во Северна Македонија доживеа трагични настани кои длабоко ја потресоа јавноста. Необјаснивите загуби на животи на деца во Педијатриската клиника се јасен аларм за сериозната состојба во која се наоѓа нашето здравство. Дополнително, загрижувачки е да се забележи намерната тенденција за маргинализација и замена на албанскиот медицински персонал со македонски кадар, како што е последниот ...
Сподели Во просториите на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, во саботата, пред многубројна публика, беше отворена изложба на Рафаел Ристовски со наслов „Градски рефлексии“. По отворањето на изложбата, публиката имаше ексклузивна можност да го проследи концертот на еден од водечките македонски драмски сопрани, Весна Гиновска-Илкова, која настапи заедно со македонската пијанистка Јасна Аврамовска Костенарова. Концертната ...
Сподели Наградата за најдобра споредна машка улога на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора, жири комисијата во состав Зијах А. Соколовиќ, Весна Чипчиќ и Милош Латиновиќ, му ја доделува на Васил Зафирчев за улогата на Пирс Гејвстон во претставата “Едвард втори” според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, а во копродукција на Teatar Jordan H.K. Dzinot- Veles и Драматичен театър-Пловдив “Васил Зафирчев го креира ...
Сподели “Пред да почнам и да кажам неколку зборови повеќе, сакам уште еднаш да ве потсетам: Сите заедно успеавме, на 8 мај успеавме, соборивме 22-годишен Режим! Ја остваривме промената, нормално со голем број пријатели! Сите треба да се гордееме со оваа Промена, која на почетокот започна на тежок ден, и сигурно ќе биде така бидејќи промените не се лесни”, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на 5-от вонреден ...
Сподели Судијката на Уставниот суд, проф.д-р Ана Павловска-Данева се обрати на Панелот за „Правно советување за современи теми Одлуки на Уставниот суд vis – a – vis Одлуки од редовно судство” на Годишната меѓународна конференција со која се одбележаа 73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први”- Скопје. Во фокусот на нејзиното излагање беше темата за „Кохабитација на Уставниот суд и редовните судови во Република Северна ...
Сподели Денеска (10.11.2024) полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово. Ф.Ј. е осуден на затворска казна во траење од пет години и 10 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, а имал за доиздржување две години, четири месеци ...
Сподели “Ако ненормалноста ни станува неопходна, многу брзо пропаста ќе ни стане неизбежна” – кажа еден познат мислител! Наспроти очекувањата за неизвесност за тоа кој ќе победи, американските демократи претрпеа незапамтен трикратен пораз (за претседател, за сенат, за претставнички дом). Оттука паниката во ЕУ е сосема оправдана. За време на првиот мандат на Трамп, Европа сепак беше во многу посилна кондиција. Тогаш германската канцеларка ...
Сподели Новиот роман од популарниот автор – ќе биде промовиран на 14 ноември (четврток) во 20 часот, во дансинг-салата на Младинскиот културен центар – Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Специјална гостинка, во улога на Сирма ќе биде младата актерка Јована Спасиќ. По промоцијата, забавата ќе ...
Сподели Со изведба на операта во четири чина „Боеми“ од Џакомо Пучини во режија на Дејан Прошев, во Националната опера и балет започна одбележувањето на 100-годишнината од смртта на Џакомо Пучини. Изведбата е дел од проектот „Месец на Пучини“ во кој ќе бидат изведени и други негови дела. Претставата е доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица ...
Сподели На 82 години почина Јанис Бутарис, некогашниот градоначалник на Солун по потекло од Крушево. Тој беше 60-ти градоначалник на општината Солун, а пред 11 години првпат како градоначалник дојде во официјална посета на Македонија. Екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ја објави трагичната вест за смртта на поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис. „Вечерва загубив добар пријател, голем човек, космополит, визионер. Со луѓе ...
Сподели Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан од 02.10.2024, кога на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје беше пронајдено патничко моторно возило „мини“ и при извршен претрес на 02.10.2024 околу 01 часот, по претходно обезбедена судска наредба, во возилото се пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 ...
Сподели Околу две илјади бездомни кучиња од девет општини во Вардарскиот регион ќе бидат хумано третирани во наредниот период во новоизградениот регионален центар во Кавадарци, што се очекува да почне со работа при крајот на овој месец. Од новоформираното јавно претпријатие – Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство Стационар Шепа Кавадарци за МИА велат дека на тој начин се очекува да се реши долгогодишниот ...
Сподели Судијката на Уставниот суд, м-р Татјана Васиќ Бозаџиева се обрати на Панелот за „Правно советување за современи теми ‘одлуки на Уставниот суд vis – a – vis одлуки од редовно судство” на Годишната меѓународна конференција со која се одбележаа 73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први”- Скопје. Во своето излагање истакна дека дебатата за надлежноста на уставните судови да укинуваат/поништуваат неуставни одлуки на ...
Сподели Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот Миле Цеков, го пуштија во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. Имено, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата ја усвои информацијата за ставање во функција на овој хидросистем и после ...
Сподели На 28 ноември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ Куратори на поставката се: Ивана Васева, Благоја Варошанец, Софиа Григориаду, Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Нада Прља. Генерална идеја за изложбата е преку контекстуален и критички пристап кон делата во колекцијата да се преиспитаат историски и критички теми, како што ...
Сподели На конкурсот за идејно решение за новата управна зграда на Општина Центар – Скопје, стручната комисија составена од претставници на релевантни институции од струката, образовни институции од областа, како и стручни лица од општинската администрација, избра три најуспешни идејни архитектонски решенија од вкупно 13 пристигнати трудови: Првата награда е доделена за идејното решение под шифрата „НАМАТ“ на: Нина Карангелеска-Тодоровска, ...
Сподели Денеска 8-ми ноември 2024 година, се одржа првата седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Република Северна Македонија во НАТО, во новиот состав на Владата. Седницата ја водеше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во својство на претседавач на Советот, на која присуствуваа сите членови на Советот, како и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјата на негова покана. Претседателот на ...
Сподели „Денеска овде во Будимпешта во присуство на европската политичка заедница имавме навистина квалитетен работен ден којшто изобилуваше со многу работни средби со европските државници. Бев придружуван од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и делегацијата којашто ја сочинуваат членови на мојот кабинет, мојот советник за надворешни работи, ...
Сподели На последниот ден од Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, кое се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство се одржаа избори за позициите потпретседатели на ИНТЕРПОЛ за Америка и Африка, како и делегати на извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ за Европа, Америка и Азија. Македонската делегација предводена од Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше во процесот на изборите за наведените позиции. Од страна на нашата делегација беа ...
Сподели Во борбата со подземјето на Бугарија и Србија, длабоко вкоренето во индустријата на игрите на среќа од страна на Артан Груби и неговите пиони, не можат да се спречат со неосновани обвинувања и клевети,“ реагираше првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, по обвинувањата од ДУИ дека токму Меџити и Таравари целосно се ставиле во служба на монополот на српско-бугарската приватна компанија и директорот на Лотаријата Александар ...
Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни полициски службеници коишто издавале службени тајни на една од групите од подземјето, истакна дека преку ЕУРОЏАСТ, МВР и Обвинителството имаат добиено голем број докази поврзани со организиран криминал и корупција добиени преку апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи и нивните доушници за ...
Сподели Изложбата „Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан“ на Музејот на македонската борба за самостојност утре (8.11.2024 г.) ќе гостува во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул. Ќе бидат изложени 15 изложбени паноа, со текстови и фотографии од предмети на семејството Шабан, драгоцена донација на музејскиот фонд. Автор на изложбата е Елизабета Марковска, кустос етнолог, а соработници за ...
Сподели Новото национално координативно тело, за прв пат формирано во мандатот на една Влада, започна со работа и ќе има задача да работи на подигнување на девастираниот високообразовен систем и да обезбеди понатаму одржливост на квалитетот, како и да ги подобро вложувањата во науката и условите за научно истражувачка работа во државата. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска по одржувањето на ...