
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Сподели Државниот архив како ризница на историското наследство во државата и научно-истражувачка институција во државата зеде учество во одбележувањето на 80 годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. Архивски професионалци во соработка со претставници на Институтот за национална историја-Скопје ја подготвија изложбата „АСНОМ-израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“ ...
Сподели Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Филипче порача дека граѓаните ниту се должни ниту имаат некаков бенефит од плаќање на камати за овој кредит. При тоа, Филипче потенцираше дека повлекувањето на парите од унгарскиот кредит, отвора ...
Сподели Општина Центар и Здружението на пензионери на општината, со хуманитарниот „Фестивал на симит и погача во срцето на Скопје“, го прославија големиот јубилеј – 80 години слободно Скопје. Во чест на 13 Ноември, пред муралот на Горан Стефановски беше организиран добротворен базар со автентичните скопски специјалитети, а настанот го збогатија учениците од ООУ „Коле Неделковски“ со рецитации и песни за својот град. На фестивалот ...
Сподели Во Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп во тек се активностите за одбележување 45 години од формирањето. Во тој контекст, месецов се реализираат голем број културни настани, изложби, концерти и промоции, со кои ќе се одбележи годишнината. Институцијата како дом на културата ја започнува дејноста на 14 ноември 1979 г., со отворање изложба од прилепски автори и со специјално подготвената театарска претстава ...
Сподели Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари возвратна посета на Република Албанија, предводејќи делегација составена од пратеничките Јулија Тушевска и Фериде Хаџиу, членки на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Албанија. На средбата со Елиса Спиропали, претседателка на Собранието на Република Албанија, беше истакната извонредната и динамична соработка на двете држави, со бројни ...
Сподели Денес одбележуваме важен јубилеј, одбележуваме 80 години од ослободувањето на нашето Скопје – момент кој значи не само ослободување од тешкото бреме на војната, туку и почеток на самостојност, независност и непрекината борба за подобро утре. Овој историски ден е симбол на победата на духот, на решителноста и храброста на генерациите што со својата пожртвуваност ја донесоа слободата за сите нас. Тие херои, со неуморната борба за ...
Сподели Вчерашната собраниска Комисија за надзор на тајните служби, е само уште една потврда во каков криминал се навлезени ВМРО ДПМНЕ, со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ., смета лидерот на СДСМ, Венко Филипе. Претседателот на опозицијата на денешната прес-конференција, истакна дека ваквиот начин на дејствување, односно партизација на безбедносниот систем, задушување на слободата на говорот, спречување на новинарите и ...
Сподели Државата е подготвена за претстојната зимска сезона и врнежите од снег, а граѓаните да користат зимска опрема на своите возила и доколку немаат неопходна потреба да не патуваат при најави за обилни врнежи, истакна директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференција по состанокот со претставници на координативното тело. – Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи од она што ...
Сподели По повод одбележувањето на 13 Ноември, 80 години од ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го посети Наце Петрушевски од населено место Бучинци кој има 103 години и е единствениот жив борец од Илинден, кој учествувал во НОБ. При посетата градоначалникот Георгиевски му врачи плакета на дедо Наце за особен придонес и учество во Народно ослободителната борба на Македонија. Во посета ...
Сподели Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка. Нештетно се уништени педесеттина килограми небезбедна храна. За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана храна ( подготовки од месо) на маркет од овој град издадено му е решение и прекршочен платен налог, а како небезбедни уништени се 15, 6 килограми од посочените ...
Сподели Вчера (12.11.) околу 16.40 часот, полициски службеници од ПС за ГН при Граничниот премин Јажинце, на овој граничен премин, при влез во РСМ спречија шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично). Имено, при проверка на патничко моторно возило „тигуан“ со тетовски регистарски таблички, управувано од З.С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички ...
Сподели Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое доказите упатуваат на основано сомнение дека сторил кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот 59-годишник, во временскиот период од јуни 2023 година до средината на ...
Сподели На 12.11.2024 во 16.30 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово – Одделение за општ криминал од слобода бил лишен Ш.Ш.(41) од с.Порој поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство“, извршено на 12.10.2013 на регионалниот пат од с.Пирок кон с. Жеровјане. По наредба на Основен суд Тетово извршен е претрес во домот на ...
Сподели Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитика до граѓаните по повод Денот на ослободувањето на Скопје. Филипче во честитката порача дека исто како пред 80 години кога нашите предци храбро и одлучно се изборија за слободата, така и денес сите имаме обврска да го продолжиме нивниот аманет, да ја зачуваме слободата и да градиме слободно и демократско општество. „Денес оддаваме почит на ...
Сподели Биеналната изложба на графики „Кумановски графичари 2024“ ќе биде отворена в четврток (14.11.2024) во 19:30 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Изложбата содржи 22 графики во повеќе техники, изработени во последните неколку години од академските графичари: Александар Стефановски, Валентина Илијевска, Зоран Јакимовски, Милена Арсовска, Мирослава Цветковиќ, Симона Јакимовска, Стефан Анчевски, Стефан Јакимовски, ...
Сподели Тридневен настан со филмски проекции од врвни македонски автори, збогатени со музички и уметнички програми кои ќе бидат дел од ревијата посветена на македонскиот филм, ќе се одржи од 14 до 16 ноември во УК „Пароброд“ во Белград. Ревијата на македонскиот филм ќе се одржи во три дела: филмски, музички и културно-деловен сегмент. Филмскиот дел вклучува: документарни, краткометражни и долгометражни играни филмови, како и македонски ...
Сподели Во одговор на последните изјави кои ја адресираат ДУИ како фактор на дестабилизација, загрижувачка е леснотијата во користењето на разделувачката реторика и обвинувањата кои во реалноста го удираат мултиетничкиот карактер и еднаквоста во нашата земја. Затоа, поставуваме неколку прашања за да ја осветлиме вистината: Кој ја дестабилизира државата? Тие што велат “да ја вратиме земјата на Македонците” или тие што го бранат мултиетничкиот ...
Сподели Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан. Во разговорот кој траеше еден час и се одвиваше во конструктивна атмосфера се разговараше за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и ...
Сподели Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како на политички, така и на економски план, и за македонските аспирации за членство во Европската Унија. На средбата беше констатирано дека Унгарија останува силен поддржувач на ...
Сподели Делегација составена од поранешни конгресмени, претставници на службата на Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД), како и претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од Вашингтон и од Канцеларијата во Скопје се во посета на Собранието на Република Северна Македонија, каде што денеска остварија средби со претставници на раководството на законодавниот дом. Поранешните конгресмени Дејвид Скагс и Бил Флорс, како ...
Сподели Министерот за внатрешни работи денеска (12.11.2024) е во посета на Будимпешта каде учествува на 7 Министерска конференција во рамки на Будимпештанскиот процес. Министерот Тошковски се обрати во рамки на сесијата на која министрите го усвоија Планот за акција на Будимпештанскиот процес 2025-2030 кој во себе содржи шест приоритетни цели како спречување на нерегуларна миграција и борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе и ...
Сподели Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува непрофесионалното и недолично однесување на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој денеска ја попречувал новинарката од онлајн медиумот СакамДаКажам.мк, Соња Делевска, додека ја вршела нејзината професионална работа во Собранието. Новинарката Делевска, како што известува во дописот до ЗНМ, ја извршувала својата професионална должност и поставувала легитимни прашања до ...
Сподели Експертите и јавните лица се едногласни во однос на ставовите дека родителството е посебна животна улога која носи голема одговорност и која подразбира безусловна љубов, силна грижа, огромна храброст и безброј компромиси. Водителот Жарко Димитриоски и хрватската актерка и амбасадор на УНИЦЕФ Мирна Медаковиќ-Степинац ја отворија првата регионална конференција на Becutan, која броеше близу 200 посетители од Македонија и од регионот. ...
Сподели Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 302/20 и 122/21), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на ...
Сподели Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб во неделата се одржа музејско-музичкиот перформанс „Тоше во срцето на Хрватска“. Настанот се реализираше во соработка со НУ ,,Спомен-куќа на Тодор Проески“ од Крушево. Стотици граѓани во текот на целиот ден ја посетија музејската поставка со верба да се продолжи споменот за Тоше Проески – човекот, уметникот, пејачот, гласот кој ги пречекори и ги премости физичките граници меѓу ...
Сподели Во рамки на прославата на Денот на град Куманово (11.11.2024), Општина Куманово организираше специјален настан на кој беше одбележан и стартот на одбројувањето од 250 дена до почетокот Европскиот Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ) 2025, што ќе се одржи од 19 до 26 јули во Македонија. Во присуство на бројни граѓани, свечено беше откриена и официјалната маскота на фестивалот, Shiny, која јавноста ја избра преку онлајн гласање што ...
Сподели Во објектот „Мала станица“ при Националната галерија, на 13 ноември (среда) со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена Годишната изложба на членовите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). Годишната изложба на ДЛУМ претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ. Според ДЛУМ, изложбата има цел да ги прикаже актуелните ликовни стилови и техники, како и да им овозможи на сите ...
Сподели Самостојна изложба на Горан Панов под наслов: Инспирација од Големите Мајстори, на 14 Ноември, 19 часот, во Синдикална Култура (поранешен Џубокс). Горан Панов е роден во 1966 година. Уште од почетоците на школска возраст покажува склоност кон сликање и цртање. Самоук уметник, под влијание на реализам и пост-импресионизам, посебно воодушевен од ремек делата на Ван Гог и другите големи мајстори на сликарството. Изработува целосно рачни ...
Сподели Општина Центар продолжува со својата посветеност за создавање поинклузивно општество за сите граѓани. И оваа година, општината запишува 20 дечиња од ромска националност кои доаѓаат од згрижувачки семејства или приматели на социјална помош на возраст од 3 до 6 години во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“. Како дел од проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“ градоначалникот на Општина Центар ...
Сподели Со почетокот на грејната сезона и промента на временските услови се создаваат услови за зголемување на загадувачките честички на воздухот што влијаат врз здравјето на луѓето. Министерството за животна средина и просторно планирање работи во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, но оваа година проектираше низа дополнителни конкретни активности и ги насочи сите расположиви ресурси во ...