Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
На 07.08.2026 во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ и ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(18) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки управуван од 17-годишник од с.Стајковци, скопско, при што било удрено и паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. -Во несреќата со тешки телесни повреди се ...
Во време кога модернизацијата, институционалниот интегритет и стратешкиот економски развој се од примарно значење, националниот давател на услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје добива исклучително засилување на своето раководно чело. На 5 август за нова претседателка на Надзорниот одбор на М-НАВ е избрана проф. д-р Татјана Бошков. Проф. Бошков зад себе има импресивна и богата кариера. Како редовна професорка на Универзитетот ...
Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8 Август е еден од тие датуми. Ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи – објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на десетмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската ...
Тежок пожар попладнево изби на територија на Општина Сопиште, зад Водно. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека трите авиони „Ер трактори“ се упатени да интервенираат. Градоначаникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски кој е на лице место во изјава за Курир вели дека пожарот е избувнат во селото Чифлик кон селото Св. Петка. -Гори нискостеблеста шума, нема опасност за селото. Направен е коридор за да се ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска пред Палата Србија, го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во прва официјална посета на Србија. Предвидени со тет- а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а потоа и разговори на делегациите на двете земји. По пристигнувањето во Белград, каде што пристигна синоќа, Зеленски изјави дека со Вучиќ ќе разговара за проширување на економските врски меѓу Србија и Украина, односите ...
Со задоцнување од еден час денеска во Приштина продолжи конститутивната седница на косовското Собрание во Приштина, но по само неколку минути работа седницата повторно беше прекината поради напад врз лидерот на Самоопределување и в.д .премиер, Аљбин Курти. Уставниот рок од 30 дена за конститутивната седница на која се избираат претседател и потпретседател на собранието истече на полноќ. Курти беше гаѓан со јајца, откако претходно од ...
Министерството за внатрешни работи информира дека и во текот на претстојниот викенд ќе продолжат засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL. Како што соопшти МВР, во периодот од 3 до 9 август Секторот за сообраќајни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по повод 25-годишнината од настаните од 2001 година, преку објава на неговиот фејсбук профил се присети на двете заседи кај Карпалак, од кои првата била врз припадници на полициската единица „Тигри“, а втората, на 8 август 2001 година, врз колона армиски резервисти. Ангелов наведува дека на крајот на јули 2001 година, вод од единицата „Тигри“ со четири оклопни возила ...
Во текот на денешниот ден се евидентирани пет пожари на отворен простор, но ниту еден од нив не претставува посериозна закана и се очекува наскоро да бидат ставени под контрола, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава од терен. Како што информираше, во текот на вчерашниот ден биле изгаснати повеќе од 25 пожари на отворен простор, а најкомплексен бил пожарот на територијата на Општина ...
Бујар Османи се обидува да создаде впечаток дека застанал во „одбрана“ на имамот Бекир Халими и активистот Валон Бела, откако двајцата беа прогласени за „персона нон грата“ од Владата на Албанија, барајќи оваа одлука да биде преиспитана, се наведува во соопштението на Вреди кое МИА го пренесува интегрално. Лицемерието на Бујар наликува на народната изрека: „Ноќе те убива, дење те оплакува.“ Тоа е затоа што сите знаат дека токму Бујар и ДУИ се ...
Од 4 до 8 септември Општина Аеродром повторно ќе биде епицентар на добрата храна, македонската музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival годинава пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, атрактивна музичка програма и содржини за посетители од сите генерации – соопшти Општина Аеродром. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во специјалитети ...
Денеска стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички. Сега нè напаѓаат јавно – со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи – изјави денеска на прес конференција на Христијан Ефтимов од СДММ, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. ВМРО на прес-конференција објави податоци од ...
СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик. Тој практично со ...
Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерската одлука за „Определување на државите кои имаат привилегиран ...
Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина. Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните. Венко Филипче смета дека со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги треба да се гради иднина – изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски што МИА ја пренесува интегрално. Христијан Ефтимов внук на ...
Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од почетокот на мандатот се спроведуваат конкретни политики и мерки со кои Македонија се позиционира како се поатрактивна туристичка дестинација, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов. -Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и железничка поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции ...
Црна Гора и Исланд би можеле да влезат во Европската Унија како пакет. Црна Гора веќе има затворено поглавјата и цели членство во 2028 година. Исланд, доколку на референдумот одлучи да ги продолжи преговорите, брзо може да ја стигне. Албанија напредува. Молдавија напредува. Украина напредува. Македонија стои во место. Ова се истакнува во соопштението на СДСМ, партијата која беше на власт и која два пати „доби датум за преговори со ЕУ“, од кои ...
Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот „Лотарија“, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас. На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува? Во ...
Денес, целата јавност е скандализирана од реакцијата на партијата Влен и нивното прозивање на обвинителството. Меѓународната заедница континуирано известува за притисокот на владата врз обвинителството и судовите, додека Влен јавно го потврди ова сомневање денес, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Извештајот на Европската Унија предупредува како никогаш досега за политичко мешање во владеењето на правото. ...
Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак, стои во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално. Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, ...
Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај. – По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...
Денеска се навршуваат 25 години од најголемиот масакр врз припадници на безбедносните сили во 2001 година. На 8 август 2001 година кај Карпалак, во заседа, животот го загубија 10 прилепски бранители, објави пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. За својата татковина Македонија животот го дадоа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска им оддаде почит на македонските бранители кои пред 25 години во заседа беа убиени кај месноста Карпалак. -Денеска се навршуваат 25 години од трагичниот настан кај месноста “Карпалак”, каде што десет македонски херои, припадници на резервниот состав на македонската Армија: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби ...
Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со делегација на Владата на Република Македонија денеска на Карпалак оддаде почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината. -Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Десет имиња кои Македонија нема право да ги ...
Талогот во СДС не знае да стои, да размисли што прави, зошто партијата ја доведоа до ова дереџе, скраја да е да им текне да даваат предлози за доброто на државата и граѓаните или пак да учествуваат во аргументирани дебати. Тие од се во државата прават скандали за да печалат политички поени да го трујат народот, а кога немаат случај, тие си креираат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Таков беше и случајот од ...
Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека денеска ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со ...
По објавувањето на групите организаторот на ракометниот турнир Струга 2026 го објави и распоредот на натпреварите. Екипите кои се поделени во две групи од 12 до 14 август (среда-четврток-петок) ќе играат по два натпревара на ден, а на 15.август – сабота ќе се играат дуелите за пласман. Првиот ден меѓу двата натпревара ќе се одржи и свеченото отворање на турнирот. Распоред на натпревари: 12 август (среда): 18:30 Вардар – Прилеп 20:00 Свечено ...
Собранието на Косово соопшти дека продолжението на конститутивната седница ќе се одржи утре, иако уставниот рок за нејзино завршување истекува вечерва на полноќ. Веднаш по објавувањето на терминот за продолжување на седницата, реагираше опозициската Демократска партија на Косово (ДПК), која изрази загриженост поради, како што наведе, кршењето на уставниот поредок од страна на Движењето Самоопределување, кое, според партијата, денеска одбило ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Италија го отфрла ултиматумот на Шпанија за прекин на граничните проверки по воздушен и поморски пат до 9 август, јави АНСА. Рим ја суспендираше примената на Шенгенскиот договор кон Шпанија по навлегувањето на илјадници мигранти во шпанската енклава Сеута во Северна Африка минатата недела. – Италија не прифаќа ултиматуми или наредби од други држави кога станува збор за нејзината ...