Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, се осврна на темата за правосудството за што кажа дека забавувањето на одредени процеси не значи дека правдата нема да биде задоволена, посочувајќи дека Владата презела повеќе чекори за подобрување на состојбите во правосудството. Според неа, нема да има компромиси во борбата против криминалот и корупцијата. „Ако процесот забавува, не значи дека ...
„Приоритет на оваа Влада, уште од самото формирање беше економија и една стабилност и предвидливост која што си ја зададовме како цел. 7 квартали раст на БДП од 3%, континуирано, 7 квартали да се случува тоа, кога во моментот имаме една од најголемите енергетски кризи, која што еве за среќа веќе се гледа крајот, но сепак последиците мислам дека уште малку може да да се прелеваат во делот на економијата“, рече Марија Митева, член на ИК на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Вашингтон наскоро би можел повторно да ги воведе санкциите за извозот на руска нафта, кои беа ублажени со цел да се помогне во стабилизирањето на глобалните енергетски пазари по нарушувањата предизвикани од војната во Иран. – Тоа ќе можеме да го направиме многу побрзо, бидејќи нафтата сега тече – рече Трамп на самитот на Групата седум во Франција, прашан за санкциите. „Во позиција сме ...
Мораме да научиме дека без оглед дали се работи за мултикултурно општество, кога има избори победникот е еден, но со оглед на нашата политичка и партиска структура, победникот дури и кога имал двотретинско мнозинство посегнувал по коалицирање, што е многу одговорен чин, оцени денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на лидерот на опозициската Демократска унија за ...
Израелските медиуми денеска објавија дека Катар, пред околу еден месец со одобрение од САД, склучил финансиски ангажман со Иран за трансфер на повеќе милијарди долари во замена за сигурен премин на катарските танкери низ Ормуска Теснина. „Израел Хајом“ и „Тајмс оф Израел“ наведуваат дека финансискиот ангажман е постигнат со цел да се зачува стабилноста во Персиски Залив и да останат отворени комуникациските канали со Иран. Израелските ...
Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека иницијативите за ограничување на можноста за користење вето во процесот на проширување на Европската Унија претставуваат позитивен исчекор, но нагласи дека е прерано за конечни оценки додека не бидат објавени официјалните документи. Таа смета дека пречките со кои се соочува Северна Македонија на евроинтегративниот пат се „ирационални“ и повика фокусот да биде ставен на ...
Потпишувањето на рамковниот договор помеѓу Иран и САД за завршување на војната на Блиски Исток ќе биде организирано во планинското одморалиште Биргеншток, централна Швајцарија. – Во оваа фаза, потпишувањето е закажано за петок, 19 јуни во Биргеншток, во кантонот Нидвалден. Местото го предложија пакистанските и катарските медијатори, како и САД и Иран, се наведува во соопштението на швајцарското Министерство за надворешни работи. Во ...
Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја разгледувал можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговиот последен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. – Никој не ни се обратил со таков предлог-им рече Ушаков на новинарите. Трамп во неделата разговараше одделно со Путин и со Зеленски. Зеленски вчера изјави дека предложил да се ...
Земјите членки на Европската Унија денеска се договорија за значително поедноставна рамка за следниот долгорочен буџет на блокот за периодот од 2028 до 2034 година. Според плановите, средствата од ЕУ што ќе се трошат за различни проекти и иницијативи, како што се набавките во одбраната или земјоделската политика, треба да бидат структурирани во три главни столбови, што е намалување во споредба со седумте категории на трошоци во сегашната ...
Со европски пари почнува изградба и асфалтирање на патот до селото Туминец, Општина Пустец, каде се наоѓа познатиот манастир „Света Марена“ во рамки на проектот „CrossRoad“, финансиран од Европската Унија преку програмата Interreg VI-A IPA Грција–Албанија 2021–2027 година. – Може да кажам дека ова е долгоочекувана вест, на задоволство на жителите, но и на многубројните посетители. Станува збор за уредување и асфалтирање на делницата од ...
Денеска, Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше потпишување на Декларацијата за намери за спречување на насилството меѓу младите, со цел зголемување на безбедноста и активното учество на младите во Северна Македонија. Пет министерства, заедно со партнерски институции, невладини организации и членови на Националната работна група за превенција на насилството кај ...
Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 ...
Во рамки на активностите за подигнување на јавната свест за значењето на донирањето органи, медицинската сестра Каролина Ѓорѓиовска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) ја истакна важноста на трансплантацијата како чин на врвна хуманост и солидарност во видео обраќањето, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација. -Заедно со колегите од анестезија и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Лондон оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. На средбата беше потврдена заедничката заложба за натамошно унапредување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и за продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен ...
Трите малолетни деца кои вчера беа пронајдени во бессознание биле донесени во Општа болница Куманово каде и биле прегледани од педијатар и од интернист. Во болницата ги донела екипа на Итната медицинска помош во придружба на полициски службеник, откако биле пронајдени вчера на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово. Од болницата информираат дека при приемот децата биле стабилни, но во запуштена состојба, свесни, со проширени зеници и ...
Во присуство на претседателот на Владата, г. Христијан Мицкоски, денес беше потпишан Договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација на подготвителни активности за когенеративна централа „РЕК Битола 1“, помеѓу АД ЕСМ и Светска банка. Договорот што го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и Карол Межеван, менаџерот на Светска банка за Косово и Македонија, претставува значаен чекор во реализацијата на една од најважните ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на социјалната мрежа на Фејсбук објави видео со споредба „пред и после“, во кое се прикажани промените на повеќе локации во главниот град по неговото преземање на функцијата. Во објавата се наведува дека Скопје предолго време се соочувало со запуштени јавни површини, нарушена хигиена и недоволно одржувана инфраструктура, а преку активностите што се реализираат на терен се работи на подобрување на ...
Лицето Стевчо Јакимовски, кој е дел од црната листа на САД, се уште не може да се помири со фактот дека ги загуби изборите во Карпош, па секојдневно се занимава со ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од владејачката партија на обвинувањата на Јакимовски. Му препорачуваме на Стевчо Јакимовски следен пат да се снима на Бихаќка пред штабот на СДС, затоа што кривичната пријава му е поднесена токму во времето на владеење на СДС. Дополнително, нам ни е чудно ...
Денеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република … Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи. ...
Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, во реакција околу дебатите за проектот за развој во областа Зврнец и Сазан, и загриженоста што ја изразија еколошките организации, наведува дека е во постојан контакт со премиерот Еди Рама и Владата и оти добиле гаранции дека овој проект ригорозно ќе ја почитува правната рамка на Европската Унија, во врска со заштитените подрачја и грижата за животната средина. „Европската комисија е ...
Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе даде изјава дали се согласува или не по неговата смрт да биде дарител на органи и ткива заради лекување, а таа изјава ќе се евидентира во листата во националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин. Законот предвидува и можност граѓанинот во секое време да ја промени својата одлука. Со овие измени, првпат државата ќе има ...
Во периодот што следува, односите меѓу Македонија и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика, истакна премиерот Христијан Мицкоски по билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која се одржа пред три дена, на 13-ти јуни. На средбата, како што наведува, била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. -На средбата беше изразено заедничко задоволство од ...
Познатиот руски сатиричен карикатурист, Семјон Скрепецки (44), кој беше препознатлив по неговите карикатури со кои ги исмејуваше рускиот претседател Владимир Путин и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, е убиен во полскиот град Бјала Подласка, во близина на границата со Белорусија. Полската полиција соопшти дека станува збор за целно убиство извршено вчера наутро на улица, по што напаѓачите побегнале. Локалните медиуми пренесоа дека набрзо по ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин не доби официјална покана од украинскиот претседател Володимир Зеленски да присуствува на Самитот на Г7, изјави портпаролот на Кремљ. – Во моментот нема официјални канали за комуникација помеѓу Киев и Москва, изјави Дмитриј Песков, при тоа повторувајќи дека Зеленски би можел да дојде во Москва на преговори. Тој наведе и дека сè уште не се одредени датуми за посета на Москва од страна на претставникот на ...
Натпросечно топло и посушно лето најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Според анализите, во текот на летото се очекува температурите да достигнат натпросечни вредности на глобално ниво, а не само во југоисточниот дел на Европа. На територијата на Македонија надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува да ...
Упатства за прва помош во случај на повреда од морската риба „Лагоцефалус сцелератус“ (Lagocephalus sceleratus), што е опасна и отровна за консумација, но не и при каснување, објавија од грчкиот Црвен крст, „поради сè поголемото присуство на рибата во грчките мориња“, а со цел граѓаните да бидат информирани за опасностите и за справувањето при евентуално каснување, јави дописничката на МИА од Атина. Објаснија дека конкретната риба содржи ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро го осуди вчерашниот инцидент со палењето возило во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје нагласувајќи дека насилството нема да биде дозволено, ниту толерирано. Во одговор на новинарско прашање на потпишувањето на декларацијата за намери за превенција на насилството кај младите Тошковски истакна дека ваквите настани се неприфатливи и дека институциите реагирале навремено. – Осуда ...
Политиките на омраза, на поделба, единствено до што водат се само трагедии. Ова го изјави денеска во изјава за медиумите, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој присуствуваше на одбележувањето на 83 години од стрелањето на ваташките младинци, во месноста Моклиште, кај кавадаречкото село Ваташа. – Денеска присуствуваме на одбележувањето на 83 годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа, од страна на бугарскиот окупатор. ...
Три спрема еден е резултатот меѓу сегашната и претходната власт во однос на инфлацијата и откупот на тутунот. Тоа е разликата помеѓу економијата на оние што прават лажна хистерија и привид во јавноста и на овие што работат и испорачуваат. Денес се потпишуваат договори за 430 и 450 денари за килограм тутун, а пред 5-6 години килограм тутун беше 150 денари, ако имате среќа. Инфлацијата сега, како резултат на кризата, е 4,5 – 4,7 отсто, а пред ...