Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Еден притвореник почина, а двајца други се критично повредени откако снајперист од покрив отвори оган во центарот на Службата за имиграција и царина (ICE) во Далас, Тексас, велат официјални лица. Како што пренесува Би-би-си, вооружениот човек пукал неселективно во објектот на ICE и во блиското необележано комбе, велат официјални лица за спроведување на законот, пред да умре од самонанесена рана од огнено оружје. Нема повредени припадници на ...
Претседателот Володимир Зеленски нема да се кандидира за втор мандат откако ќе заврши целосната војна во Русија, рече тој во интервју за Аксиос објавено на 25 септември, пренесува Кијив Медиа. Коментарите на Зеленски доаѓаат во време на тековните мировни напори за завршување на војната, иако Русија одбива да се согласи на прекин на огнот и продолжува со нападите врз Украина. „Ако ја завршиме војната со Русите, подготвен сум да не се кандидирам ...
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изрази целосна солидарност со нас и целосна поддршка и обете ги врза за нашите демократски чекори, особено за способноста за менаџирање на меѓуетничките односи, изјави претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по средбата со Гутереш, што се одржа синоќа (по македонско време) во Њујорк, во рамки на учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН. – Тој рече дека стои зад нас и ...
Околу 50% од бензинските пумпи во окупираниот Крим и Севастопол престанаа да продаваат бензин поради прекини во снабдувањето со гориво, објави рускиот провладин медиум „Комерсант“ на 24 септември, пренесува Кијив Индипендент. Изданието, повикувајќи се на податоци од мониторинг од 17.000 руски бензински пумпи, соопшти дека недостиг е забележан и во други региони, но ситуацијата е најостра на полуостровот. Јужниот федерален округ, за кој Русија ...
Во контекст на растечкиот тренд на антизападни наративи во јавната комуникација, како во изјавите на дел од политичките актери во земјата, така и во дел од медиумите и социјалните мрежи, важно е да се истакне дека поддршката на граѓанките и граѓаните на Северна Македонија за интеграција во ЕУ останува висока. Дури и расте споредено со претходните години. Ова го покажува анкетата што неодамна ја спроведе Меѓународниот републикански институт (IRI) ...
Спасувачите велат дека најмалку 20 лица се повредени во јужен Израел како резултат нанапад со дронови лансирани од Јемен, соопшти израелската војска, пренесува Би-би-си. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека беспилотното летало го погодило одморалиштето Еилат на брегот на Црвеното Море, при што се направени обиди за негово пресретнување. Службата за итна медицинска помош „Маген Давид Адом“ соопшти дека 20 лица се однесени во болницата ...
Движењето „Ниту една повеќе!“ за денеска во 18 часот најавува блокада пред паркот „Жена Борец“ во Скопје. Акцијата има за цел гласно да се зборува за еднаквост и живот без насилство врз жените. Движењето ги истакнува стравовите и гневот поради недостатокот на заштита за жените во земјата, како и потребата за правда и промени во системот. „Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме дека нема да има ниту една повеќе! Ве ...
Во Трубарево денеска продолжува дводневниот лекарски скрининг на населението, што го спрроведува Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија. Според првичните податоци од терен, на двата пункта, вчера во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2. Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, поради ...
Повеќе од 80 Палестинци беа убиени од израелски оган низ Појасот Газа во среда, повеќето од нив во градот Газа, соопштија локалните болници, пренесува Би-би-си. Жени и деца беа меѓу најмалку 20-те кои загинаа кога нападот погоди зграда и шатори во кои се засолнуваа раселени семејства во близина на пазарот Фирас во централната населба Дараџ во градот Газа преку ноќ, според првите реагирачи. Израелската војска соопшти дека погодила двајца борци на ...
До 7 часот утрово на територијата на Македонија има вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево и Липково, селата Малино, Танушевци и Лукаре, каде со пожар е зафатена мешана шума. ...
🎙️ Светот изгледа како мапа на настани што се надоврзуваат еден на друг без ред и логика. Деновите се долги, а секој нов настан ја засилува перцепцијата дека живееме во глобален хаос – мешавина од дипломатски пресврти, војни, страдања, воени закани и историски парадокси. Велика Британија, Канада, Франција, Австралија, Португалија и уште неколку се приклучија на земјите што ја признаа државата Палестина. За едни ова е чекор кон правда и мир, за ...
Министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен вели дека се чини дека зад беспилотните летала стојат „професионалци“, нарекувајќи го хибриден напад, пренесува Би-би-си. Поулсен изјавата ја даде на прес-конференција на данската влада откако беспилотни летала го нарушија воздушниот простор низ целата земја. Министерот додаде дека за сега нема докази дека зад инцидентот стои Русија. Аеродромот Алборг на северот од земјата беше привремено затворен кога ...
На вонредна седница одржана вчера, Општинскиот совет на Тирана со 51 глас „за“ гласаше за разрешување на Ерион Велиај од функцијата градоначалник. Одлуката доаѓа како резултат на предлогот што го даде јавно премиерот Еди Рама за време на Собранието на Социјалистичката партија, пишуваат албанските медиуми. Две години од нападот во Бањска и убиството на наредникот Африм Буњаку, косовските власти бараат од Србија да ги предаде обвинетите за ...
Државната изборна комисија денеска во рамки на својата редовна 136. седница донесе План за спроведување на обуките за членовите на избирачките одбори со распоред по кој тие ќе се одржуваат, а ќе почнат следната недела, во врска со претстојните локални избори. Комисијата, исто така, усвои Одлука за објавување описи на сите 3480 избирачки места во земјава. По донесувањето на одлуката Комисијата овие описи ќе го објави на својата веб-страница. Како ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржува 137-та седница на која со жрепка се утврдува единствена листа на кандидати за локалните избори 2025, во три дела, за парламентарни политички партии и коалиции, од 1 до 9, за партии и коалиции кои не се дел од парламентарниот состав од 10 до 33 и за група избирачки од 34 до 153. Влечењето се одвиваше по азбучен редослед. Претставници од парламентарните политички партии, коалиции учествуваа на ...
Италијанските обвинители соопштија дека разбиле мрежа предводена од Сиријци, осомничени за перење пари од трговија со дрога во Италија и Франција, претворајќи ги парите во златни прачки. Златото потоа било транспортирано во различни земји, вклучително и во Косово и во Северна Македонија, објавија албанските медиуми повикувајќи се на РЕЛ. Италијанската полиција уапси пет лица во северните региони Пиемонт и Ломбардија и запленила 17 милиони евра. ...
Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, по неодамнешниот пожар во објект за електронски отпад. Скринингот ќе се реализира во текот на денов и утре – 24 и 25 септември, информираа вчера во видео изјава за МИА, министерот Азир Алиу и директорот на Клиниката, Оливер Зафировски. – Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за ...
Уставниот суд на денешната 20. седница ќе ги разгледува предметите за Одлуката на Владата со која се утврдува бројот на членовите на советите на општините. За оваа точка се поднесени три инцијативи. Првата е поднесена од Скендер Реџепи кој наведува дека оспорената одлука создава правна несигурност, бидејќи според него, Владата без законско овластување ја донела Одлуката со која е утврден бројот на членовите на советите во општините. Во ...
Политичките партии, коалиции, учесници во изборниот процес, да покажат суштинска волја за инклузивност, да се консултираат со лицата со попреченост, со нивните семејства, да им овозможат вклучување во носењето на локалните политики, повикаа денеска од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ Куманово. Според податоците на здружението, во Куманово, Струмица и Ресен учесници во изборниот процес имаат лица со ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова, додека е на работни средби во ОН во САД, на својот Фејсбук профил го „честиташе“ Меѓународниот ден на знаковниот јазик со старо видео од минатата година. Наместо нова порака, повторно беше објавена рециклирана честитка. Иако има цел ПР тим во својот кабинет, очигледно никој не се потруди да подготви ново кратко и автентично обраќање за лицата со оштетен слух и говор. Резултатот – честитка со ...
„Во понеделник требаше да се одржи дебата во емисијата „Само Вистина“, соочување на кандидатите за градоначалници на Град Скопје. Јас бев поканета и целосно подготвена да се појавам, затоа што граѓаните заслужуваат отворена расправа за иднината на градот. Но, емисијата беше откажана затоа што Орце Ѓорѓиевски одби да учествува. Ова е уште еден доказ дека кога треба да се соочи со аргументи, тој избира бегство и изговори. Јас сум подготвена за ...
Гасна централа во Астрахан во јужна Русија го прекина производството по пожарот во објектот предизвикан од напад со беспилотни летала, објави Ројтерс на 23 септември, повикувајќи се на три индустриски извори. Се очекува објектот да го продолжи производството за неколку месеци или недели по пожарот што ја зафати единицата за производство на кондензат на 22 септември, соопштија три индустриски извори. Оштетената единица произведуваше гас и дизел и ...
Вознемирувачко видео се појави од Газа за време на окупациската офанзива на израелската армија, на кое наводно се гледаат борци на Хамас како егзекутираат тројца Палестинци обвинети за соработка со израелските сили. Со заврзани очи и клекнати, мажите биле застрелани јавно, сцена наводно поздравена од толпата, што ја истакнува бруталноста и хаосот што ја зафати Газа за време на тековниот конфликт. Снимката се појави во време на растечкото ...
„Не може секој да биде новинар. Новинар е оној што има дигнитет и знае да каже ‘не’ на главниот уредник. Тоа е карактерна категорија“, вели новинарот Зоран Иванов и уредник во НОВА ТВ. Според него, секое време е погодно за новинарство, но секогаш ќе постојат и новинари асови и „не-новинари“. Професијата е постојана борба, особено во редакциите, каде денес ретко се разговара за новинарството и дневните теми. Во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА, Иванов ...
Европска комисија ќе предложи царини за руската нафта што сè уште се увезува на европскиот пазар, изјави портпаролот на Комисијата, Олоф Гил. И претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на вчерашната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека ќе предложи царини за увоз на руска нафта. Не станува збор за санкции, за кои е потребна едногласност, туку за трговска мерка за која земјите-членки одлучуваат со квалификувано ...
Случајот со студентот Богдан Јовичиќ доби меѓународна димензија – Европскиот суд за човекови права во Стразбур прифати да ја разгледа петицијата поднесена од неговиот адвокат, објави белградски „Данас“. Тој весник на својата веб-страница објави дека се очекува судот многу брзо да одлучи за привремената мерка. Весникот објави дека судијата во случајот „Јовичиќ против Србија“ денеска му испратил писмо на Јовичиќ, во кое го повикува да го прекине ...
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (АВМУ) денеска на седница усвои Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025, за кое е отворена јавна консултација. Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни да учествуваат во јавната консултација и своите мислења и предлози за Нацрт-упатството да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk, најдоцна до утре (25 септември 2025 година, четврток) ...
Политичката ситуација во земјава, застојот во евроинтегративниот процес, падот на животниот стандард и институционалната криза што се поврзува со нефункционирањето на Бадинтеровиот механизам во Собранието, создадоа услови за појава на нови иницијативи, мали партии и независни кандидати кои сакаат да претставуваат одредени групи интереси. Поранешниот пратеник и политички аналитичар Зуди Џелили во изјава за „Фронтлајн“ смета дека ова е одраз на сè ...
Џими Кимел се врати во етерот и зборуваше за луѓето што го контактирале во последните шест дена, вклучувајќи ги колегите водители на доцноноќни ток-шоуа, обожавателите на емисијата и оние кои не го поддржуваат она во што тој верува, но сепак го поддржуваат неговото право да ги споделува тие верувања. Во првата емисија по враќањето, Кимел ја бранеше слободата на говорот и се осврна на своите коментари за убиството на Чарли Кирк во емотивно ...
Рајан Рут е прогласен за виновен за обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп на голф терен во Флорида во септември минатата година, пренесува Би-би-си. Поротата го прогласи 59-годишниот Рут за виновен по сите обвиненија, вклучувајќи го и обидот за атентат врз еден од главните претседателски кандидати и низа прекршоци поврзани со огнено оружје. Инцидентот се случил на 15 септември 2024 година, додека Трамп, тогашен претседателски кандидат, ...