На Европската Унија и е потребна политичка волја за да продолжи напред со заедничките напори на сите институции, земји членки, граѓани и индустријата за зајакнување на нејзината конкурентност, бидејќи неактивноста едноставно не е опција, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќање во Европскиот парламент во Стразбур. – На сите ни се потребни побрзи одлуки, бидејќи трката по чиста индустрија само ќе ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани CIVIL Today Оваа недела насловите жестоко ги повторуваат тврдењата дека Доналд Трамп „го повикал Володимир Зеленски да ги прифати условите на Владимир Путин или да биде ‘уништен’ од Русија“. Објавите експлодираа на социјалните мрежи и беа коментирани во медиумите ширум светот. Иако тие објави делумно се потпираат на веродостојни извештаи, нивната поедноставена форма ...

Европскиот парламент го усогласи за текстот на резолуцијата, како што се наведува – за поларизацијата и растечката репресија во Србија, една година по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, јави Н1. Во текстот се нагласува дека дури и една година по трагедијата во Нови Сад, истрагата не е завршена. Се посочува дека влијанието на Кина во Србија значително се зголемило во изминатите години преку големи инвестиции ...

Интензивните руски напади со дронови и ракети врз градовите во Украина однесоа најмалку шест жртви, вклучувајќи две деца. Уште 21 лице беше рането, во уште една ноќ на напади кои дојдоа откако, неколку часа претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите планови за претстојниот самит во Будимпешта со рускиот претседател Владимир Путин се одложени бидејќи не сака „залуден состанок“. „Не сакам да имам залуден состанок“, ...

На 23 октомври, лидерите на ЕУ ќе ѝ дадат задача на Европската комисија да изготви законски предлог за користење на приходите од 176 милијарди евра замрзнати руски средства, со цел финансирање на Украина преку т.н. „заем за репарација“. Средствата, што се чуваат во белгискиот Евроклир, нема да бидат конфискувани, туку привремено искористени за издавање обврзници, кои ќе го поддржат буџетот на Украина во периодот 2026–2028 година, пишува РСЕ. ...

Газа доживува здравствена катастрофа што ќе трае со генерации, предупреди д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО). Тој смета дека е потребно масовно зголемување на помошта за да се започне со решавање на сложените потреби на населението на Појасот Газа. Израел дозволи повеќе медицински материјали и друга помош да влезат во Газа откако на 10 октомври стапи на сила прекинот на огнот со Хамас, ...

Според анализата на тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ) забележливо е зголемено руско влијание врз локалните избори 2025 година, како во предизборните активности, така и на самите избори, кое се движи по три канали – директно преку учество на проруски партии во изборната трка, нетранспарентно финансирање на политички партии кои учествуваат во изборите од страна на олигарси кои имаат тесни врски со Русија преку разработени ...

По новите жестоки руски ноќни напади врз повеќе украински градови, претседателот Володимир Зеленски изјави дека Москва „не чувствува доволен притисок за пролонгирање на војната“. Во објава на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), украинскиот лидер соопшти дека руските сили таргетирале не само енергетска инфраструктура, туку и станбени објекти во повеќе региони низ земјата, вклучувајќи ги Кијив, Одеса, Чернихив, Днипро, Кировоград, Полтава, ...

СДСМ истакна дека ја продолжува битката за победа во уште 17 општини, повикувајќи ги граѓаните масовно да излезат и да гласаат во вториот изборен круг за, како што велат, „докажани и чесни кандидати кои веќе во првиот круг покажаа дека имаат што да понудат“. „ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот, бројките се јасни и немилосрдни. Анализата на пратенички места според освоените гласови покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници, а СДСМ ...

Фондацијата Ричард Никсон вчера во Белата куќа му ја врачи наградата на претседателот на САД, Доналд Трамп „Архитект на мирот“. – Надворешната политика на претседателот Трамп „Америка на прво место“ се заснова на проактивна лична дипломатија во комбинација со филозофија на мир преку сила. Резултатите беа неверојатни во однос на бројот на прекини на огнот и мировни договори што ги постигна низ целиот свет, истакна Фондацијата. Меѓу ...

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ Две важни работи се случија со малата Алта банка од Србија по последното објавување на текстот за неа во ЦИВИЛ. Поводот го знаеме – Комисијата за хартии од вредност не ја прифати понудата на оваа банка во првиот обид да ја преземе Стопанска банка – Битола. А според објавата во ЦИВИЛ – од втор пат – истото тело не нашло причина да не ја прифати истата, откако за таа солуција се ...

Во 43 општини во државата, на 19 октомври заврши гласањето во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноста на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат 854.620 граѓани, ги објави вечерва Државната изборна комисија првичните официјални резултати од Локалните избори одржани на 19 октомври. Претседателот на ДИК, ...

Локалните избори одржани на 19 октомври беа конкурентни и на гласачите им овозможија вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација, соопштија меѓународните набљудувачи во денешната изјава за прелиминарните наоди и заклучоци. Според заедничката набљудувачка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ...

Николас Саркози стана првиот француски поранешен претседател кој оди во затвор, откако почнува да отслужува петгодишна казна за заговор за финансирање на својата изборна кампања со пари од починатиот либиски диктатор Моамер Гадафи, пренесува Би-би-си. Откако нацистичкиот колаборационистски лидер од Втората светска војна, Филип Петен, беше затворен за предавство во 1945 година, ниту еден поранешен француски лидер не бил зад решетки. Саркози, ...

За време на кампањата за локалните избори 2025 во Северна Македонија се забележа висок степен на говор на омраза и прекршување на изборниот молк, особено на социјалните мрежи. Кампањите се водеа со навреди, провокации и дезинформации, што го нарушува изборниот процес и влијае врз јавниот дискурс. Ден пред главните избори (сабота) гласаа болни и изнемоштени лица на домашна адреса, лицата во притвор или затвор, како и оние сместени во домови за ...

Светската програма за храна на ОН во вторник соопшти дека залихите во Газа се зголемуваат по прекинот на огнот постигнат со посредство на САД, но сепак се далеку од дневната цел од 2.000 тони, бидејќи само два премина се отворени, а ниту еден кон северниот дел од енклавата погоден од глад, објави Ројтерс. Според Светската програма за храна, околу 750 метрички тони храна сега влегуваат дневно во Појасот Газа, но ова е сепак далеку под скалата ...

Државната изборна комисија (ДИК)ги објави синоќа првичните официјални резултати од Локалните избори одржани на 19 октомври. Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноса на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат 854.620 граѓани. Претседателот на ДИК, Борис ...

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки. – Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на ...

Нападите со беспилотни летала врз Русија во текот на ноќта на 21 октомври предизвикаа штета и повредија еден човек во руската Брјанска област и друг во Ростовската област, тврдат властите, пренесува Кијив Индипендент. Три автомобили беа оштетени, покрај надворешноста на две станбени згради во рускиот град Клинци како резултат на напад со украински беспилотни летала, изјави гувернерот на Брјанската област, Александар Богомаз, во објава на ...

Претседателот Трамп во понеделникот го критикуваше австралискиот амбасадор во САД додека седеше спроти него, откако еден новинар го праша американскиот дали претходните коментари на амбасадорот во Вашингтон влијаеле врз неговите ставови за администрацијата на премиерот Ентони Албанезе. Се чинеше дека Трамп не го препозна австралискиот амбасадор на масата, но откако се претстави, Трамп брзо ги кажамшто мисли за него. „И јас не те сакам и ...

Санае Такаичи победи на историски избори и стана првата жена премиер на Јапонија. Како што пренесува Би-би-си, ова е нејзин трет обид да стане лидер на Јапонија и е четвртиот премиер за пет години од нејзината партија ЛДП погодена од скандали. Таа припаѓа на тврдокорното крило на ЛДП и е штитеник на починатиот поранешен премиер Шинзо Абе. 64-годишната конзервативка е позната како „Железната дама“ на Јапонија e позната како обожавателка на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил подготвен да им се придружи на Доналд Трамп и Владимир Путин на предложениот самит во Унгарија доколку биде поканет, пренесува Би-би-си. Претседателите на САД и Русија објавија во четврток дека планираат да одржат разговори за војната во Украина во Будимпешта, евентуално во наредните недели. Во коментарите објавени во понеделник, Зеленски им рече на новинарите: „Ако станува збор за ...

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 15 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Како што појаснуваат оотаму, двете телевизии на 19 октомври при известувањето за време на ...

Локалните избори во Република Северна Македонија, кои се одржуваат на секои четири години, се клучна алатка за мерење на актуелниот политички моментум и довербата на граѓаните не во оние кои би требало да им бидат локални лидери туку во централната власт. Споредбата на резултатите од првиот круг во трите последователни изборни циклуси – 2017, 2021 и 2025 – не е само статистичка вежба, туку претставува јасен приказ на длабоките промени на ...

Според веб страната на Државната изборна комисија (ДИК), од обработени 99,94 отсто од гласовите на избирачите, на вчерашните локални избори во првиот круг избрани се градоначалници во 44 општини, од кои најмногу има ВМРО-ДПМНЕ со освоени 32 градоначалнички места. Во оваа бројка не влегува општина Старо Нагоричане, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на границата со 50 отсто освоени гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг имаат ...

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори 2025 во Северна Македонија гласале вкупно 884.851 избирач, од кои 53.713 гласачки ливчиња се неважечки – што претставува речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови. Само во Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња, што е повеќе од една петтина од сите неважечки гласови на ниво на држава. Високиот број повторно го отвора прашањето за ...

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори 2025 во Северна Македонија гласале вкупно 884.851 избирачи, од кои 53.713 гласачки ливчиња се неважечки – што претставува речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови. Само за Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња, што е повеќе од една петтина од сите неважечки гласови на ниво на држава. Високиот број неважечки ливчиња повторно го отвора ...

Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК), владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови за советници на вчерашните локални избори. Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.472 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,94 отсто од вкупниот број. ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови. На третото место е ...

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, пред новинарите во заедничката база Ендрус, изјави дека администрацијата на Трамп ќе продолжи да го следи патот кон мир во Украина, без разлика колку време ќе трае, според дописникот на Укринформ. „Ќе продолжиме да одиме по патот на мирот, без разлика дали ќе ни требаат уште неколку месеци, уште неколку недели или, не дај Боже, подолго од тоа, ќе продолжиме да работиме на тоа“, рече Венс. Тој додаде дека ...

Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права за одлучување, вклучително и право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување, дознава Политико од дипломатски извори. Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им овозможил на новите држави да ги користат повеќето од придобивките од членството, а целосни права да добијат подоцна, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
31%
1016
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
34%
1018
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
56%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.09
58%
1016
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
37%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
6.69
70%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
34%
1011
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
10.29
30%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 14ᴼ
4.63
39%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
33%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
81%
1010
Currency

61.6417

Currency

53.1915

Currency

71.2324

Currency

36.9682

Currency

38.6869

Currency

67.3099

Currency

7.73117

Currency

0.65765

Currency

0.33472

Currency

0.5249

Currency

1.19947

Currency

0.56705

Платина

61343.62

Иридиум

258288.78

Злато

141731.52

Кобалт

964.52

Бакар

10.81

Рутениум

56199.51

Родиум

340797.91

Паладиум

45107.50

Алуминиум

3.21

Калај

43.61

Сребро

2840.84

Цинк

3.04