Обидите да се формира стабилна влада во Холандија изгледа дека западнаа во ќорсокак, бидејќи посредникот задолжен за собирање на партиите не успеа да предложи коалиција со парламентарно мнозинство. Речиси две недели по неочекуваната изборна победа на центристот Роб Јетен, посредникот смета дека 38-годишниот политичар треба да соработува со партија од десниот центар за да го трасира патот напред. Многу расцепканиот политички пејзаж во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена изјави дека има обврска да ја тужи британската Би-Би-Си за погрешно претставување на неговите коментари пред нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година во документарецот „Панорама“. „Па, мислам дека имам обврска да го направам тоа. Тие ја измамија јавноста и го признаа тоа. Дојде од земја која е наш сојузник“, рече Трамп во интервју со водителката на „Фокс њуз“, Лори Инграм. ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а прептладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер, а претпладне во делови од котлината со ...

Заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во финскиот главен град Хелсинки, каде ќе учествува на Министерскиот состанок на организацијата за Нордиска одбранбена соработка (НОРДЕФКО), како и на Арктичкиот вселенски форум на Алијансата. НОРДЕФКО е регионална организација за соработка меѓу нордиските земји во областа на одбраната, чии членки се Данска, Исланд, Норвешка, Финска и Шведска. Како што соопшти ...

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски, може да се пензионира во летото 2026 година. Според „sport.es“, 37-годишниот Полјак сака да остане во каталонскиот клуб. Доколку Барселона одлучи да не го обнови договорот на напаѓачот, кој истекува во летото 2026 година, а тој не е задоволен од другите понуди, тој е подготвен да се пензионира. Левандовски игра за Барселона од летото 2022 година. Оваа сезона одигра 12 натпревари во сите ...

Словенечките власти најавија референдум за 23 ноември за законот што би го регулирал асистираното (потпомогнато) умирање, објавија денеска словенечките медиуми. Поддржувачите тврдат дека асистираното умирање би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека на овој начин би била нарушена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци, објави ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, го коментираше последниот извештај на Европската комисија, изразувајќи загриженост за долгогодишната „статус кво“ состојба во правниот систем. Тој упати критики кон Собранието за непочитување на одлуките на Уставниот суд и предупреди дека доколку не се преземат неопходни измени, судот ќе донесе конечни одлуки. Костадиновски се осврна на спорните закони за балансерот, измените на Кривичниот ...

Речиси двајца од тројца анкетирани Грци, односно 63 отсто, наспроти 50 проценти лани рекле дека оваа година планираат да купуваат за време на попустите за Блек Фрајдеј и Сајбер Мандеј, покажуваат резултатите од првичната анализа на резултатите од големото истражување на EY Грција, спроведено во соработка со „MRB“ и „Choose Communications“, јави дописничката на МИА од Атина. Интересот на грчките потрошувачи да ги искористат попустите е ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изјави денеска дека Светското првенство во 2026 година ќе биде негово последно, а ќе продолжи да игра фудбал на професионално ниво уште година или две. Роналдо, кој постигна над 950 голови на клупско и репрезентативно ниво, дебитираше како тинејџер во лисабонски Спортинг во 2002 година и во интервјуто најави дека наскоро ќе се пензионира за да поминува повеќе време со своето семејство. На прашањето за ...

Инвестицискиот фонд „Аполо Спортс Капитал (АСК)“ е новиот мнозински акционер на Атлетико Мадрид, објави денеска шпанскиот фудбалски прволигаш. „Атлетико Мадрид и неговите главни акционери, Мигел Анхел Хил, Енрике Серезо, Квантум Пацифик Груп и фондовите управувани од Арес Менаџмент, постигнаа договор глобалната компанија за спортски инвестиции „Аполо Спортс Капитал“ да стане мнозински акционер на нашиот клуб“, објави клубот од Мадрид. ...

репрезентацијата. Деталите станаа познати само од извештајот добиен вчера вечерта кој содржеше медицинска препорака за одмор од 7-10 дена, се вели во соопштението на веб-страницата на Шпанската фудбалска федерација. Во октомври, каталонскиот весник „Спорт“ објави дека 18-годишниот фудбалер страда од пубалгија, но Јамал подоцна ги отфрли гласините за неговата повреда како лаги. На 15 ноември, шпанската репрезентација ќе игра против Грузија, а ...

Само 18 отсто од германските гласачи би го поддржале Фридрих Мерц повторно да се кандидира за канцелар, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета на Институтот Форса, на барање на радиодифузерот РТЛ. Дури 73 отсто од испитаниците, наведува ДПА, не би го подржале лидерот на конзервативните христијански демократи (ЦДУ) за кандидатура за канцелар на изборите во 2029 година. Анкетата е спроведена на почетокот на овој месец врз ...

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) соопшти дека се приведени пет осомничени и идентификувала уште двајца поврзани со заговорот за контрола на јавните набавки во државните претпријатија, особено нуклеарната агенција Енергоатом. Во големата корупциска шема во енергетскиот сектор, според НАБУ, испрани се речиси 100 милиони долари. НАБУ Во соопштението на НАБУ не се именувани ниту еден од обвинетите учесници во ...

Европската комисија го поздравува регулираното и инклузивно спроведување на локалните изборите во Косово во неделата и повикува на брзо потврдување и спроведување на изборните резултати, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер. Во однос на санкциите воведени кон Приштина поради ескалацијата на состојбите на северот од Косово, Хипер истакна дека Комисијата веќе презеде некои чекори за ...

Ширум американската сојузна држава Масачусетс приведени се една жена и 55 мажи поради производство и делење на материјали за сексуална злоупотреба на деца и нивно подведување. Осомничените се на возраст од 18 до 75 години. Дваесет и пет лица се обвинети за поседување на детска порнографија, а 19 за подведување на деца – Уапсивме успешни бизнисмени, сопружници и родители. Некои склучија договори со полициски информатори и дојдоа на локацијата ...

Владата на Велика Британија откри план за постепено укинување на тестирањето врз животни, што вклучува замена на тестовите врз животни со алтернативни методи за безбедност до крајот на годината, како и намалување на употребата на кучиња и мајмуни во тестовите за дрога врз луѓе за најмалку 35 посто до 2030 година. Министерот за наука, Патрик Валанс, изјави за Би-Би-Си дека целта е да се заменат животните со напредни лабораториски техники ...

Учениците од неколку средни училишта во Нови Сад најавија за утре еднодневен бојкот на наставата во поддршка на Дијана Хрка и Миломир Јаќимовиќ и неговиот малолетен син кои штрајкуваат со глад. „Во земја каде што мајка го ризикува својот живот, затоа што и е одземено правото на вистината за убиството на нејзиниот син, а татко и неговиот малолетен син исто така штрајкуваат со глад, затоа што им е одземено правото на слобода на мислење, ...

Во септември годинава во земјава се евидентирани 132 999 туристи кои оствариле 262 686 ноќевања, соопшти Државниот завод . Од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски. Од вкупно 262 686 ноќевања, 31.8 % ги оствариле домашните туристи, а 68.2 % странските. Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %. Кај домашните туристи има ...

Европската унија ќе го финансира создавањето на Специјалниот суд за злосторства извршени при агресијата врз Украина и ќе обезбедува годишна финансиска поддршка за неговата работа кога тој ќе стане оперативен, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за правда и владеење на правото Маркус Ламерт. Тој посочи дека Судот ќе биде финансиран и раководен од потписничките на проширениот делумен договор со кој се предвидува неговото ...

Бугарија има залихи на бензин за 35 дена, а дизел за повеќе од 50 дена, изјави денеска претседателот на бугарската Агенција за државни резерви и воени залихи, Асен Асенов. – Во случај на кризна ситуација, горивото од резервите може да се дистрибуира без био-компоненти за да стигне побрзо на пазарот, додека цените ќе го следат пазарното ниво за да се избегнат шпекулации и шокови, додаде тој. Американските и британските санкции против руската ...

Турски воен транспортен авион од типот Ц-130, кој полетал од Азербејџан кон Турција, денеска се урна во Грузија, при што загинаа сите 20 војници кои беа во него, соопшти денеска турската Влада. Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и бил на пат назад кон Турција кога се урнал, објави турското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Х. Видео снимките емитувани од медиумите покажуваат како авионот паѓа спирално, оставајќи трага од бел чад. ...

На Филипини бројот на жртвите од тајфунот Фунон се искачи на 25, додека 29 се повредени, а двајца се водат како исчезнати, соопшти Националната служба за цивилна заштита. Најголем број – 19 загинаа во административниот регион Кордилера, тројца во Кагајан, додека по еден се пријавен во Бикол, Западен Висајас и Источен Висајас. Супер тајфунот погоди повеќе од 2,4 милиони луѓе. Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос помладиот нареди ...

Директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева изјави дека Албанија е земјите со најбрзорастечки економски раст во Европа. Преку видеообраќање за време на настанот организиран денеска по повод 100-годишнината од формирањето на Централна банка на Албанија, шефицата на ММФ нагласи дека „оваа годишнина на Банката не е само повод за прослава на долговечноста на институцијата, туку и доказ за одржливата реформа на институцијата и ...

Економските експерти предупредуваат дека доколку минималната плата во Македонија не достигне 850 евра во следните две години, а просечната не се движи меѓу 1.200 и 1.500 евра, земјата ќе се соочи со сериозен недостиг од работна сила. Ваквите проценки се резултат на континуираниот одлив на работници во странство, растечката инфлација и нискиот стандард кој веќе ја прави Македонија неконкурентна во регионот. Македонија на дното во регионот по ...

Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и предистраги за пожарот во дискотеката ...

Главното обвинителство во Истанбул изготви обвинение во случајот за создавање и раководење организирана криминална група од страна на поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, при што наведе вкупно 402 обвинети, од кои 105 се во притвор, и побара казна за Имамоглу од 828 до 2.352 години затвор, објави весникот „Хуриет“. Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција, а неколку дена подоцна општинскиот совет во ...

Земјоделски субвенции добија луѓе што немаат никаква врска со производство, а ние уште ја чекаме помошта, велат за МИА дел од земјоделците кои од цела Грција денеска се во Атина на протест и пред Министерството за земјоделство и пред Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ). Протестот е организиран од Националниот сојуз на земјоделски задруги, со барање итно да се исплатат обесштетувањата ...

Косовската Централна изборна комисија (ЦИК) соопшти дека нема буџет за организирање евентуални предвремени парламентарни избори поради парламентарните и локалните избори што се одржаа оваа година, објави весникот „Коха Диторе“. Двата изборни процеси, кои се одржаа на 9 февруари (парламентарни), 12 октомври (прв круг локални) и 9 ноември (втор круг локални), го чинеа косовскиот буџет речиси 18 милиони евра, забележува изданието. Од ЦИК ...

Обвинителството на Босна и Херцеговина преку институциите на Молдавија побарало податоци за наводни руски кампови на територијата на ентитетот Република Српска, пренесуваат локалните медиуми. Од Обвинителството на БиХ за „Детектор“ потврдија дека нивни службеници продолжуваат да ја истражуваат аферата во која, како што се тврди, руски инструктори обучувале државјани на Молдавија во Република Српска. „Обвинителството на БиХ пред неколку ...

Британскиот министер за труд и пензии, Патрик Мекфаден, денеска изјави дека британскиот јавен сервис Би-Би-Си треба да се извини доколку направил грешки во врска со прилогот за американскиот претседател Доналд Трамп. – Би-Би-Си ќе мора да одговори на коментарите што ги изнесоа претседателот (Трамп) и неговите адвокати. Она што би го рекол е дека, кога Би-Би-Си прави грешки, треба да ги признае и да ги исправи, рече Мекфаден, пренесе „Скај ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
66%
1009
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
69%
1012
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
54%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
57%
1009
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
5.96
56%
1009
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
2.24
40%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.92
54%
1007
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
41%
1004
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
36%
1006
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
85%
1008
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
81%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1009
Currency

61.6317

Currency

53.7916

Currency

70.9319

Currency

36.8772

Currency

38.6441

Currency

67.2372

Currency

7.78293

Currency

0.66168

Currency

0.33727

Currency

0.52497

Currency

1.20986

Currency

0.57012

Сребро

2840.84

Родиум

347228.06

Рутениум

56199.51

Калај

45.04

Злато

166450.52

Кобалт

964.52

Цинк

3.07

Платина

61632.98

Иридиум

256711.96

Паладиум

44152.21

Алуминиум

3.44

Бакар

11.05