Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс“. Во судницата беа ...
Со презентација на доказите за инспекциските надзори на општинските инспектори продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште обвинителот продолжи со прикажување на материјалните докази кои се однесуваат на инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и ...
На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, го разоличи лицемерието на власта, додека функционерите на ВМРО и нивните семејства си обезбедиле европска иднина, на граѓаните и нивните деца им нудат изолација, чекање со децении и откажување од европската перспектива. „Додека пола Влада, пратеници, функционери на ВМРО имаат бугарски односно европски пасоши во џебовите, сите други во државата и нивните деца сега треба ...
Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт со лаги, ветуваа подобрување на нашата преговарачка позиција, но нема подобри услови, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција. Филипче посочи дека по две години од мандатот на Владата на ВМРО, јасно е дека ниту едно ветувањe не е исполнија. „Христијан Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт со лаги. Ветуваа подобрување на нашата преговарачка позиција, ветуваа менување на ...
На 10 јуни Собранието ќе расправа за Предлог-законот за игри на среќа, закон кој според проценките може да предизвика една од најголемите загуби на работни места во последните години. На удар се повеќе од 10.000 вработени во легалната индустрија. Тоа значи дека повеќе од 10.000 македонски граѓани ризикуваат да останат без својата работа и без основниот извор на приходи за своите семејства доколку предложените законски измени бидат усвоени во ...
Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство. Двајцата пациенти се во стабилна состојба. -Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес конференција обвини дека целата кампања на ВМРО против уставните измени и европската интеграција не е заради грижа за македонскиот идентитет, туку од страв од одговорност затоа што со европско обвинителство е загрозена криминалната власт. „И тие кампањи преку ботови, скапо платени наративи и агенда практично копирана на нашиот северен сосед е да се спречи внесувањето на малцинствата ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, а кои попладнево беа спроведени во судот, по нивно ...
Македонската фудбалска репрезентација синоќа доживеа пораз од Турција со 4:0 на пријателскиот натпревар одигран во Истанбул. Избраниците на Гоце Седлоски не успеаја да му се спротивстават на квалитетниот противник, кој рутински стигна до победата. – Му честитам на противникот за заслужената победа. Турција е одлична селекција со голем број квалитетни фудбалери. Поразот е моја одговорност, бидејќи јас ги носам одлуките и го составувам тимот. ...
Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка синоќа избори пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос откако со 2:0 во сетови ја совлада Наоми Осака. Иако според резултатот изгледа лесна победа сепак Осака пружи силен отпор особено во првиот сет, кој и припадна на Сабаленка со 7:5 во гемови. И во вториот сет се водеше голема борба, а фаворитката Сабаленка го доби сетот со 6:3 во гемови. Во следното коло Сабаленка ќе игра против Дијана Шнајдер, ...
Репрезентација на Хрватска без поголеми измени ќе се појави на претстојното Светско првенство, а секако прво име во составот на селекторот Златко Далиќ е ветеранот Лука Модриќ. Хрватска на последните две Светски првенства освојуваше медал во Катар 2022 беше третопласирана, а во Русија 2018 го освои второто место. Далиќ за Мундијалот ги повика следниве играчи: Голмани: Доминик Ливаковиќ, Доминик Котарски, Ивор Пандур Одбрана: Јошко Гвардиол, ...
Украинската тенисерка Марта Костјук прв пат во кариерата се пласираше во грен слем полуфинале, откако попладнево ја победи сонародничката Елина Свитолина со 6-3, 2-6, 6-2 во четвртфиналето на Ролан Гарос. Костјук (ВТА – 15.) до триумфот над седморангираната светска тенисерка дојде по еден час и 51 минута игра. Костјук шест пати ѝ го одзеде сервисот на противничката, која направи пет брејка. Во полуфиналето, Костјук ќе игра против Русинката ...
Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос сака да го врати на својата клупа трофејниот тренер Жељко Обрадовиќ и подготвен е да му понуди рекордна плата, јавија денеска српските медиуми. Иако Турчинот Ергин Атаман е сè уште на клупата на Панатинаикос, се погласни се шпекулациите дека неговата позиција е под закана. Според Меридијан спорт, Обрадовиќ е прв избор на сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, а атинскиот гигант е подготвен ...
Вкусен и брз оброк за подготовка, може да биде појадок или главно јадење. Состојки: 1 тиквичка 2 пиперки 3 домати (може и шери домати) 4 јајца 4 дл павлака за готвење сол, масло, бибер масло за пржење 100 грама рендано сирење сецкан магдонос Подготовка: Добро измијте го целиот зеленчук и исечете го на тенки парчиња, прстени или по должина. Пржете кратко во масло од двете страни. Ставете го зеленчукот во огноотпорен сад. Изматете ги јајцата со ...
Според туристички експерти и инфлуенсери од целиот свет, пет хрватски плажи се најдоа на листата за 50 најубави плажи во Европа за 2026 година. „Ранг-листата е објавена од страна на организацијата „50 најдобри плажи во светот“ (World’s 50 Best Beaches), составена повеќе од илјада туристички експерти и амбасадори за патувања од различни земји, напиша, напиша КликсБа. Плажите биле оценувани според повеќе критериуми, меѓу кои зачуваноста на ...
Може ли концерт и илјадници луѓе на исто место да предизвикаат вибрации еднакви на земјотрес?, на ова прашање (позитивен) одговор дава истражувањето на Геодинамичкиот Институт при Националната опсерваторија во Атина, по мерењата извршени за време на концертите на Металика и Ајрон Мејден и Фајналфорот во Атина, со помош на специјални сеизмографи поставени на олимпискиот стадион, јави дописничката на МИА од Атина. Вибрациите на Металика, на ...
Повеќе лица се приведени од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција како дел од акција која произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица и други лица кои го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рамковен договор со Иран може да се постигне „во текот на следната недела“, објави синоќа американскиот радиодифузер Еј-би-си Њуз (ABC News). Трамп во телефонско интервју за Еј-би-си рече дека меморандумот за разбирање за повторно отворање на Ормуската Теснина и продолжувањето на сегашниот прекин на огнот може да биде завршен и договорен „во текот на следната недела“, пренесе ДПА. „Треба да ...
Силен земјотрес рано изутринава го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувствуван дури до Неапол, јавуваат италијанските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија магнитудата на потресот изнесувала 6,1, со епицентар на длабочина од околу 250 ...
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе избере нов претседател, на гласање што е предвидено да се одржи во 16 часот по средноевропско време. Земјите-членки на Обединети нации избираат наследник на досегашната претседателка Аналена Бербок, а кандидатот овојпат доаѓа како претставник на државите од азиско-тихоокеанската група. Во трка за функцијата се двајца кандидати – актуелниот министер за надворешни работи на Бангладеш, Халилур ...
Поправките на лансирната рампа во вселенскиот комплекс Кејп Канаверал што беше оштетена минатата седмица при експлозија на ракетата „Њу Глен“ ќе потраат, а не е исклучено работите да се пролонгираат и до 2028 година, изјави директорот на НАСА, Џеред Исакман. Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше при статички тест на погонските мотори на лансирната рампа. Според извори од индустријата, лансирната рампа во експлозијата била речиси ...
Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од шенген-зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници. ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на 12 јуни. Законодавството на ЕУ ...
Летовите кон и од Белгија денеска ќе биде прекинат од 14 часот по локално време поради штрајк на вработените во компанијата за контрола на воздушниот сообраќај „Скајс“. Штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај синоќа веќе предизвика сериозни нарушувања во воздушниот транспорт. На аеродромот Шарлроа беа откажани 30 патнички летови, а на аеродромот во Лиеж беа погодени околу 40 товарни летови. „Скајс“ потврди дека воздушниот сообраќај ...
Претседателот на Чешка, Петр Павел, пред кадетите од Средното воздухопловно училиште во Куновице, изјави дека е илузија оти Русија ќе се откаже од хибридните напади врз европските земји. – Русија, нас, како држави и членка на НАТО, нè означува како непријател и би било наивно да се преправаме дека тоа не е случај. Русија е земја, која за жал се однесува како империја и се обидува да владее и да ги контролира земјите околу неа, истакна Павел. ...
Тропска бура Џангами денеска ја погоди Јапонија, при што се повредени 16 луѓе, а речиси 48.000 домаќинства во префектурите Окинава и Кагошима се без електрична енергија. Железничкиот и патниот сообраќај во погодените области е во прекин. Се претпоставува дека сообраќајот во Токио ќе биде отежнат до утре наутро. Во префектурите Кагошима и Окинава, најмалку 15 згради се делумно оштетени а патиштата се поплавени, вкупно 331 лет се откажани, а ...
Албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) започна истрага за проектот за луксузно одморалиште на островот Сазан во Јадранското Море и заштитеното крајбрежно подрачје Вјоса-Нарта, поврзано со компанијата на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. -Истрагата главно е поврзана со постапките околу контроверзните промени во заштитениот статус на подрачјето и промените во сопственоста ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за Блумберг дека „Европа ја губи економската конкурентност и оди кон пропаст“ поради протекционизмот, додека Србија останува на патот кон ЕУ, но во исто време ја зајакнува соработката со Кина и САД и „не може да чека засекогаш“ за членство. Вучиќ во интервјуто истакна дека Србија стана една од клучните влезни точки за кинески инвестиции во Европа. Според него, во последните години во Србија се ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој денеска престојува во Тирана, на заедничка прес – конференција со премиерот Еди Рама, изјави дека Европската унија е најдоверлив партнер на Западен Балкан, и во овие неизвесни времиња, проширувањето на ЕУ, според него, е геополитичка неопходност. – ЕУ е најдоверливиот партнер на Западен Балкан и на Албанија. Во овие времиња на нестабилност, проширувањето е геостратешка неопходност за ...
Во првите четири месеци од годинава во Грција биле поднесени 6.500 пријави за семејно насилство и се извршени 3.850 апсења, според министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис, кој додаде дека стотици од уапсените веќе се во притвор, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за грчката телевизија „Скај“, Хрисохоидис посочи дека оваа година имало намалување за 12 отсто на пријавите на случаи на семејно насилство, што според ...
Стопанската комора на северо-западна Македонија со свечен настан во Филхармонија, вечер одбележува 20 години од нејзиното основање. Како што се истакнува, овој настан одбележува две децении континуирана посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на бизнис-заедницата, како и создавање на поповолна економска средина. Според најавата, настанот ќе обедини претставници на институции, бизнис-заедницата, како и локални и меѓународни ...