Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки. „Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или Советот. ...

Првите 30 од вкупно 150 електрични автобуси што ги набавува државата се очекува да пристигнат во Северна Македонија во декември годинава или во јануари следната година. Целокупната набавка, според најавите на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, треба да биде реализирана во рок од околу година и половина. Николоски информираше дека во постапката за јавната набавка била поднесена една жалба, но таа денеска била отфрлена ...

Секоја голема промена започнува со еден чекор. Одлуката да започнеш да трчаш, да поставиш нова цел или едноставно да направиш нешто добро за себе може да биде почеток на патување кое ќе те промени. Токму таква можност носи Виз Ер Скопски маратон 2026, кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година, а пријавувањето е во полн ек. Сега е вистинскиот момент да се пријавите и да започнете со подготовките, бидејќи до трката остануваат уште неколку ...

Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог – проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии (МФ) и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата, како што наведува МФ, ги содржи предлог-проектните идеи подготвени и проверени од иницијаторот (институцијата што го има доставено), а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни ...

Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализација, образование, здравство, земјоделство, водостопанство и животна средина ја сочинуваат Првата конечна листа на јавни инвестиции, што ја објави Министерството за финансии, а претходно одобрена од Комитетот за јавните инвестиции и усвоена од Владата. Помеѓу проектите се реконструкцијата и изградбата на Клиничка Болница во Тетово, Клиничка болница во Штип, ...

Студенсткиот филм „Rage“ е прогласен за најдобар во сите натпреварувачки категории на 10. јубилејно издание на фестивалот за краток филм Дрим Шорт. Наградата од публика му е доделена на филмот „The bench“ во режија на Трифун Ситниковски. Тимот на Дрим Шорт соопшти дека за изборот на најдобри филмови одлучувала жири комисија во состав Масимилијано Нардули, сценарист, Верица Недеска, актерка и Гледис Бица, режисер. Специјално признание во ...

Семос Едукација и Импакт Фондација на 13 август го организираат DIGIWORK настанот „Твоја идеја, твои права – Авторски права за креативни фриленсери“, наменет за фриленсери, претприемачи и професионалци од креативните и дигиталните индустрии. Настанот е прва заедничка активност по неодамнешното потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу двете организации, со кој се поставуваат основите за соработка во областа на развојот на дигиталните ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот. Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е евидентирана соодветна уплата на ...

Прекршувањето на законските одредби за минималната заработка во Германија резултирало со финансиски загуби проценети на 64 милијарди евра (74 милијарди американски долари) од моментот на воведување на законската минимална плата во 2015 година, според извештајот на Конфедерацијата на германските синдикати (ДГБ). Анализата на ДГБ, во која имаше увид и германската новинска агенција ДПА, покажа дека од 2015 година наваму, околу два милиони ...

Македонија се наоѓа во групата земји со висока стапка на дневни корисници на тутун и сродни производи во Европа, при што речиси еден од четворица граѓани над 16 години (22,5% во 2022 година) е секојдневен консумент. Иако стапката на Македонија е под просекот на водечките земји од регионот како Турција (29,6%), Србија (26,6%) и Бугарија (26,3%), таа е значително повисока од просекот на Европската Унија, кој во 2025 година изнесува 16,5%. ...

Првиот рок за упис на кандидати во прва година додипломски студии за академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип започнува идната недела, и ќе трае три дена, на 19, 20 и 21 август, најави на денешната прес-конференција ректорот на УГД, Дејан Мираковски. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 26 август, конечните решенија за прием на 31 август, а запишувањето на примените ...

Во периодот јануари – јуни 2026 година вкупниот број на туристи е намален за 0,5 отсто во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето е за 3,1 процент, а кај странските има зголемување за 0,3 отсто. Намален е и вкупниот број ноќевања за 1,5 отсто – кај домашните туристи е забележан пад за 3,3, а кај странските за 0,7 проценти. Во јуни 2026 година 113 436 туристи оствариле 221 608 ноќевања. Од вкупниот број туристи 22,8 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец тајно ја напуштил Турција со воено-транспортен авион, додека Белата куќа тврдела дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс 1“ (Air Force One), а воената операција за измама била преземена поради веродостојна иранска закана за атентат, објави ексклузивно „Вашингтон пост“. Трамп на самитот на НАТО во Анкара допатувал со неодамна преуредениот авион што Катар им го донираше на САД. ...

Пунктот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје во општина Шуто Оризари е повторно ставен во функција, соопштија денеска од јавното претпријатие. – Во насока на поголема достапност и олеснување на услугите за граѓаните, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје повторно го стави во функција наплатниот пункт во општина Шуто Оризари, со што жителите на општината добиваат полесен и поефикасен пристап до услугите за наплата. По тој ...

Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија. Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и останат прибор неопходен за почетокот на наставата. Градоначалничката на Општина Кисела ...

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локални врнежи од дожд, а на места се очекуваат и пороен дожд и грмежи. Според прогнозата, во четврток и петок ќе има пад на дневните температури, поради што времето ќе биде посвежо во однос на деновите претходно. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и појава на локални нестабилности, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни ...

Во рамките на активностите за подготовка за воведување на системот е-Фактура, Управата за јавни приходи (УЈП) во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) организираше обука на која учествуваа 80 претставници од општините и јавните претпријатија (ЈКП). На обуката беа презентирани функционалностите на овој систем и начинот на неговото користење, како и обврските и придобивките од електронското фактурирање. Тимот на ...

Американскиот долар утрово бележи мешани движења во однос на главните светски валути, покажуваат податоците од валутните пазари. Еврото се тргува на ниво од 1,1533 долари, при што доларот во однос на европската валута бележи раст од 0,10 отсто. Во текот на денот, курсот на еврото се движеше меѓу 1,1531 и 1,1550 долари. Во однос на јапонскиот јен, доларот бележи раст од 0,09 отсто и се тргува на ниво од 159,34 јени. Дневниот максимум достигна ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. ...

Полициската статистика покажува дека во Албанија има речиси 40 илјади регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Поточно, според податоците од Државната полиција до 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните на Косово со 7.302 дозволи, што претставува околу 19 ...

Од намалување на сметките за енергија до поедноставување на секојдневните обврски, домашните апарати со вештачка интелигенција Bespoke на Самсунг („Samsung“) го прават интелигентниот живот навистина достапен и освежително едноставен. Домот отсекогаш бил место на удобност. Но, тој исто така е извор на неуморни мали задачи; циклуси на перење што треба да се запомнат, апарати што се оставени да работат по грешка; сметки за енергија што се ...

Научниот труд на Бојан Москов нуди нови насоки за справување со инфлацијата во Европската Унија Македонскиот истражувач и финансиски експерт Бојан Москов се вклучува во креирањето на новите научни насоки за европската монетарна и фискална политика, преку истражување кое отвора значајни прашања за начинот на кој Европската Унија треба да се справува со инфлацијата и идните економски кризи. Неговиот научен труд „Monetary and fiscal policy ...

Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче – под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје, изјави на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ, се вели во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Во Гостивар, повеќе од месец дена граѓаните немаат безбедна вода за пиење. Над 50 населени места се со загадена вода. А овде, на север, во околината на изворот за вода Рашче, тлее нова еколошка ...

ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани. За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари. ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 денари Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача повеќе, за секој пензионер ...

Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%). Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра. И покрај тоа што девизните ...

Зборот е збор – за скоро од денес започнуваме со асфалтирање на булеварот „Борис Трајковски“. По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани, информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Денес трасата е целосно ослободена, изградена е ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот ...

Цената на златото на светските пазари повторно бележи раст, продолжувајќи го позитивното движење во последниот период. Според достапните податоци, една унца злато се тргува по цена од 4.384,93 американски долари, што претставува дневен пораст од 23,90 долари, односно 0,55 проценти. Растот е уште позабележителен ако се гледа движењето во последниот месец. Во изминатите 30 дена цената на благородниот метал е зголемена за 362,15 долари, што ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25