Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира серија големи градежни и реконструктивни проекти во комплексот на Белата куќа, чија вкупна вредност би можела да достигне најмалку 927 милиони долари. Според „Вашингтон пост“, значителен дел од средствата бил обезбеден преку пренасочување пари од федерални институции и приватни донации, наместо преку класична постапка за директно одобрување на средствата од Конгресот. Балска ...
Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата. – Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени ...
Криптовалутите утрово се соочуваат со претежно негативно тргување, при што најголемите дигитални средства бележат пад. Биткоинот се тргува околу 63.663,5 долари, што претставува пад од 0,73 отсто. Во последните 24 часа со него е остварен обем на тргување од околу 45,48 илјади единици. Уште поголем пад има кај Ethereum, чија цена се намали за 1,34 отсто, на 1.883,58 долари. Негативното расположение се забележува и кај останатите водечки ...
Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 ...
Американските берзански индекси вчера затворија со претежно позитивни резултати, при што најголем раст забележа технолошкиот сектор. Nasdaq Composite се искачи за 0,54 отсто, достигнувајќи 26.588,49 поени. Индексот во текот на тргувањето достигна максимум од 26.688,24 поени. S&P 500 исто така заврши во плус, со раст од 0,26 отсто, на 7.748,50 поени. Од друга страна, Dow Jones забележа минимален пад од 0,04 отсто и денот го заврши на ...
Европските берзи утрово главно се движат во позитивна насока, при што најголем дел од водечките индекси бележат раст. Инвеститорите покажуваат претежно позитивно расположение, иако тргувањето останува различно по европските пазари. Најголем раст меѓу главните западноевропски индекси има IBEX 35 во Мадрид, кој се зголеми за 0,64 отсто, на 20.333,66 поени. Euro Stoxx 50 порасна за 0,56 отсто, достигнувајќи 6.570,75 поени, додека германскиот ...
Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), полициски службеници од полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот, по што лицето Л.Х. било пронајдено со повреди, додека смрт констатирал лекар од Итна емдицинска помош. – ...
Министерството за внатрешни работи започна постапка за утврдување кој стои зад објавите на социјалните мрежи со кои вчера се ширеа тврдења дека водата за пиење во Скопје е контаминирана со бактеријата Escherichia coli. Од МВР информираат дека Секторот за компјутерски криминал работи на идентификување на профилите од кои биле објавувани спорните информации. Дел од лицата веќе биле повикани на информативен разговор. Од полицијата најавуваат ...
На девизниот пазар утрово се регистрираа претежно мали промени кај главните валутни парови, со благо зајакнување на еврото во однос на американскиот долар. Еврото се тргуваше на ниво од 1,1534 долари, со раст од 0,08 отсто. Во текот на тргувањето курсот се движеше меѓу 1,1511 и 1,1536 долари. Американскиот долар, пак, забележа минимален пад во однос на јапонскиот јен. Курсот долар/јен изнесуваше 159,35 јени, што претставува намалување од ...
Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА), Управата за јавни приходи одржа работилница посветена на проектот е-Фактура, на која присуствуваа околу 50 претставници од банкарскиот сектор. Работилницата претставува уште еден чекор во заедничките напори за дигитализација на процесите поврзани со фактурирањето и јакнење на соработката меѓу институциите и деловниот сектор. Како значаен чинител во дигиталните и безготовинските ...
Граѓаните кои планираат да вложат во подобра изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија, можат да добијат финансиска поддршка и грант до 20% од вредноста на инвестицијата. НЛБ Банка во соработка со Европската банка за обнова и развој обезбеди нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра, наменета за поддршка на домаќинствата кои ...
Под мотото „Lending Reimagined“, на 24 и 25 септември Скопје ќе биде регионална точка за разговор за иднината на микрофинансирањето, кредитирањето, вештачката интелигенција и новите модели на финансирање. Како може да се продлабочи соработката меѓу банките, штедилниците и небанкарските финансиски институции? Зошто небанкарското микрофинансирање е важно за финансиската инклузија и економскиот развој? На кој начин дигитализацијата и вештачката ...
Гренландските власти го блокираа планираниот почеток на нафтено дупчење од американската компанија „Гренланд Енерџи“, поврзана со интересите на американскиот претседател Доналд Трамп. Проектот требаше да започне наскоро, но властите оценија дека не може навреме да се заврши целата регулаторна процедура и да се обезбедат потребните дозволи. Компанијата во јули донела опрема за дупчење на источниот брег на Гренланд без претходно одобрение, по ...
По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, вчера вечер беа доделени Наградите за младинско учество за 2026 година, со кои се оддава признание на младите, младинските организации и поединците кои со својата активност, иницијативи и посветеност придонесуваат за позитивни промени во заедницата. Настанот беше организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Националниот младински совет на ...
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти, соопшти денеска Министерството за дигитална ...
Европското земјоделство се соочува со сè посериозни последици од климатските промени, а екстремните горештини и сушите можат драматично да ги зголемат финансиските загуби во секторот. Според анализа на „Хауден“, изработена за Европската инвестициска банка, годишните загуби во земјоделството на ЕУ до 2050 година би можеле да надминат 40 милијарди евра, а во особено неповолни климатски услови да достигнат и повеќе од 90 милијарди евра. ...
На шест различни локации, во подрачјата на Мола Калива, Неа Скиони, во Калитеа, Ханиоти, како и во крајбрежната зона меѓу Криопиги и Полихроно, општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, досега спроведе организирани акции за отстранување на нелегално поставената опрема на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. халкидики плажи чистење Од општината информираа дека ваквите акции се спроведуваат од средината на јули, по поднесени ...
На 13 август 2001 година во Скопје беше потпишан Охридскиот рамковен договор, документ со кој требаше да се стави крај на вооружената криза во Република Македонија и да се создадат услови за политичко решение. Договорот го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и лидерите на четирите најголеми политички партии: Љубчо Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски од СДСМ, Арбен Џафери од ДПА и Имер Имери од ...
Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Општина Центар поради дефект на водоводната мрежа. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“ број 20. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот. Без вода денеска од 8:30 часот ...
Соединетите Американски Држави планираат до 30 септември да ги повлечат сите свои војници од Ирак, со што ќе биде ставен крај на американското воено присуство во земјата што започна со инвазијата во 2003 година и соборувањето на режимот на Садам Хусеин. Ирачкиот премиер, Али ел Заиди, денеска се сретнал со адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД, по што било соопштено дека 30 септември е „фиксен и конечен датум за ...
Две американски медиумски организации покренаа судски спор против американскиот претседател Доналд Трамп, оспорувајќи ја новата платена услуга на неговата социјална мрежа „Truth Social“. Станува збор за модел со кој корисниците можат да платат значителни суми за приоритетен пристап до објавите на претседателот, а најскапиот пакет достигнува дури 100.000 долари месечно. Тужбата ја поднеле „The Intercept“ и „Freedom of the Press Foundation“ ...
На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска ...
Македонија вчера се соочи со еден од најтешките пожарни денови во летото. До 17 часот биле евидентирани 21 активен пожар на различни локации низ земјата, што е највисока дневна бројка досега оваа сезона. Иако дел од пожарите биле ставени под контрола, нови жаришта се појавувале, а некои повторно се активирале. Најсериозна останала состојбата во Општина Студеничани, каде огнот над Моране, Вртекица и Рамни Габер продолжил да гори и во текот на ...
Иран го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД воспоставиле „целосна контрола“ врз Ормуската Теснина, наведувајќи дека стратешкиот поморски пат и натаму е „блокиран“, јави ДПА. Повеќекратните објави на американски претставници на социјалните мрежи за укинување на блокадата не ја менуваат ситуацијата, соопшти на мрежата „Икс“ новата иранска служба за контрола на поморскиот сообраќај во Персискиот Залив. „Ормуската ...
Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк “Лура”, кои се вон контрола. Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на ноќта, ангажирани се оперативни сили за спречување на понатамошното ширење на пожарот. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ќе ја напушти својата позиција на крајот на август и додаде дека таа ќе остане „влијателен глас“ во рамките на Републиканската партија пред среднорочните избори во САД во ноември. Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека Ливит одлучила да ја напушти прес-службата на Белата куќа за да „поминува повеќе време со децата и семејството“ ...
На 13 август 1961 година започна еден од најпознатите настани од периодот на Студената војна. Во раните утрински часови, границата меѓу Источен и Западен Берлин беше затворена, а преминот кај Бранденбуршката капија беше блокиран. Мерката беше преземена од властите на Источна Германија, кои започнаа со поставување бодликава жица и бариери долж границата. Тоа беше почетокот на изградбата на Берлинскиот ѕид, кој подоцна стана симбол на ...
Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од САД да и продадат на Украина најмалку пет отсто од ракетите-пресретнувачи што ги имаат на залиха за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, со цел да се спротивстави на зачестените руски напади со балистички ракети. Во интервју за американската телевизија„ Си-Ен-Ен“ Зеленски изјави дека Украина во моментов добива само еден отсто од американските ракети-пресретнувачи за „Патриот“. ...
Претставниците на венецуелската влада и опозицијата се согласија да започнат процес што води кон судска реформа и да ги здружат силите за враќање на замрзнатите средства на земјата во Банката на Англија, објавија двете страни во заедничка изјава доцна синоќа по рундата разговори како дел од нивниот национален дијалог. Владата и опозицијата – кои се состанаа под покровителство на Вашингтон седум месеци по апсењето на претседателот Николас ...