Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар поради поврзување на нова водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на активностите. Од РЦУК информираат и за планирани прекини во снабдувањето со ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...
Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи свечена седница по повод одбележувањето на 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Настанот ќе се пренесува во живо на профилите на Владата на „Фејсбук“ и „Јутјуб“. Рамковниот договор беше потпишан пред 25 години, на 13 август ...
Собранието треба да одлучува за именување на Арлинда Хасани Синани за нов вицегувернер на Народната банка. Нејзината кандидатура ја предлага гувернерот Трајко Славески по спроведениот јавен оглас. Предлогот следува по истекот на седумгодишниот мандат на актуелниот вицегувернер Фадил Бајрами, кој на функцијата беше именуван со собраниска одлука од 31 август 2019 година. Неговиот мандат истекува на 14 септември 2026 година. Во образложението ...
Цената на златото продолжува со силен раст на светските пазари, потврдувајќи го статусот на благородниот метал како едно од најатрактивните средства во услови на економска неизвесност. Според најновите пазарни податоци, една унца злато се тргува по цена од 4.407,43 американски долари, што претставува дневен раст од 26,12 долари, односно 0,60 проценти. Уште позначаен е растот измерен на подолг период. Во изминатите 30 дена, цената на златото ...
Криптовалутите денеска бележат претежно позитивно движење, при што дел од најпознатите дигитални средства остваруваат солиден раст. Bitcoin, иако останува над нивото од 64.000 долари, бележи минимален пад. Bitcoin се тргува по цена од 64.277,2 долари, што е намалување од 44,5 долари, односно 0,07 отсто. Со ова, најголемата криптовалута според пазарната вредност засега се движи релативно стабилно. Посилен раст бележи Ethereum, кој достигна ...
Екстремните горештини и огромната потрошувачка на струја предизвикаа силен ценовен удар на електроенергетските берзи во Југоисточна Европа. Во најкритичните часови цената на електричната енергија надмина 500 евра за мегават-час. Најголем притисок врз системите создава масовното користење климатизери, додека сушата и ниските водостоји дополнително го ограничуваат производството од хидроелектраните. Во Грција, Бугарија, Унгарија и Србија, ...
Полскиот вицепремиер и министер за дигитализација, Кшиштоф Гавковски, денеска побара од компанијата „СпејсИкс“ итно да ја врати Полска во европскиот роаминг на сателитската мрежа „Старлинк“, откако полските корисници останаа единствените исклучени од оваа услуга во Европа, со што од 17 август за нив стапуваат во сила значително поскапи пакети и дополнителни административни проверки. „Одбивам глобална технолошка компанија да ги третира ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за ...
Долговите на Американците на кредитни картички достигнаа 1,26 билиони долари во вториот квартал од годината, приближувајќи се до рекордните 1,28 билиони долари регистрирани на крајот од минатата година, покажаа податоците од Федералните резерви на Њујорк. Долгот се зголемил за 21 милијарда долари за три месеци, а економистите го припишуваат растот на високата потрошувачка и зголемувањето на цените на храната, горивото и другите основни ...
Стрип центарот на Македонија – Велес официјално ја најавува претстојната, 8. Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, која ќе се одржи во периодот од 20 до 23 август 2026 година. Годинава, оваа престижна манифестација носи еден сосема уникатен концепт на поврзување — учесничките ќе бидат исклучиво авторки од женскиот пол, кои доаѓаат од пет држави со што се создава моќна балканска женска уметничка соработка. По соборувањето на досегашните ...
АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје. Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ го официјализираше рамковниот договор за стратешкото партнерство со ЕФПА Луксембург, преку кое Скопје се позиционира како регионален центар ...
Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека веќе 95 институции се поврзани преку Платформата за интероперабилност. Посочува дека за 130 отсто e зголемен бројот на трансакции споредено со лани, на 3,5 милиони трансакции во јули. -Податоците треба да се движат, не граѓаните. Ако државата веќе има одреден податок, нема причина повторно да го бара од вас на шалтер – посочува Андоновски на објавата на Фејсбук. Целта, ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Пријавените кандидати денеска ќе го полагаат тестот по изборниот екстерен испит – математика или ...
Македонското рударство постепено останува без работници, а без нови инвестиции ризикува овој тренд да продолжи. Најновите статистички податоци покажуваат дека бројот на работниците во индустријата во јуни 2026 година се намалил за 2,3% во споредба со јуни 2025 година. Најголем пад е забележан во рударството и вадењето камен, каде што бројот на работници е намален за 7,7%. „Бројот на работниците во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер, како што наведува, вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра. -Ова е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот ...
Колку јавноста навистина е запознаена со сите факти поврзани со случајот „Мазут“, кој со месеци е една од главните теми во македонските медиуми? За да се добие целосна слика, потребно е случувањата да се разгледаат хронолошки, преку официјалните извештаи, вештачењата, исказите на сослушаните лица и економските показатели од периодот кој беше предмет на истрагата. На 9 ноември 2021 година Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со ...
Заедничката европска валута, еврото, продолжува да бележи ниски нивоа во однос на албанската валута-лек, достигнувајќи историски најниска вредност на домашниот пазар од неговото пуштање во оптек како физичка валута. На девизниот пазар денеска се купува за 92,4 леки, а се продава за 93,3 леки. Од почетокот на 2026 година, еврото изгуби околу 3,8% од својата вредност во однос на албанската валута, додека во споредба со највисокото историско ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, поради зголемената фреквенција на возила. На граничниот премин Табановце, за излез од државата, времето на чекање е околу еден час. Приближно еден час се чека и на Богородица, исто така за излез од земјава. На останатите ...
Во 2026 година, Албанија ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри, што претставува раст од над 10 проценти на годишно ниво, јави АТА, повикувајќи се на изјава на албанскиот министер за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја. Според него, во текот на тековната летна сезона, површината на јавните плажи во Албанија достигна 3,18 милиони квадратни метри, што претставува зголемување од 10,5 проценти (или нешто ...
Донацијата на „Матица македонска“ во рамките на програмата „Зад датумот: Овој Илинден, Македонија се чита“ ќе им биде достапна на околу 500 средношколци Близу 90 библиотеки се пријавија на јавниот повик на „Матица македонска“ „Каде недостигаат книги за Македонија?“, објавен во рамките на програмата „Зад датумот: Овој Илинден, Македонија се чита“, а и по повод 35 години самостојна Македонија и од основањето на издавачката куќа. По ...
Федерална судијка ја прошири на целата територија на САД забраната за спроведување на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, која ја обврзува Американската поштенска служба (USPS) да има построги правила за ракување со гласачки ливчиња испратени по пошта. Одлуката беше донесена во пресрет на конгресните избори во ноември. Судијката Индира Талвани од Федералниот окружен суд во Масачусетс пресуди во корист на тужителите, меѓу кои е и ...
Без електрична енергија денеска во периодот од 08.30 до 13.00 часот ќе останат корисниците во населба Момин Поток, поточно на ул.Калош Дани, фирмите Стил Железо, Синтекс, Европа 92, сооптши РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе нема објектот на ОУ Кочо Рацин во Петровец, а од 09.00 до 14.00 часот, главниот објект на ЈП Паркови и зеленило во општина Карпош. Без електрична енергија денеска во периодот од 08.30 до 13.00 часот ќе ...
Украина испрати нови предлози до американската страна во обид да се придвижат разговорите за ставање крај на војната со Русија, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето видеообраќање, Зеленски рече дека Киев очекува САД да помогнат и во зајакнувањето на украинската воздушна одбрана, но и преку притисок врз Москва да се насочи кон прекин на конфликтот наместо кон негово продолжување. „Ги пренесовме нашите предлози до ...
Украина ги прекинала нападите врз руското црноморско пристаниште Новоросијск по барање на американскиот потпретседател Џејмс Дејвид Венс до Киев кон крајот на минатиот месец, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на украински претставници. Според медиумот, Вашингтон е загрижен дека Киев дополнително ги дестабилизира нафтените пазари и им штети на американските компании со напаѓање врз танкери што превезуваат нафта што доаѓа преку нафтовод ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
На 12 август 2026 година се навршуваат шест години од затворањето на Еуростандард банка – денот кога илјадници граѓани, пензионери, фирми и здруженија останаа без пристап до своите пари и беа втурнати во долга правна, финансиска и институционална неизвесност, известуваат од Здржението на оштетени штедачи на ЕСБ. По години молк, бавно постапување и незадоволство кај оштетените штедачи, случајот конечно добива нова тежина со поднесеното ...
Под покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Од Министерството за односи меѓу заедниците информираат дека денеска во Клубот на пратеници ќе се одржат неколку панел-дискусии, а утре ќе се одржи главниот настан во 19:30 часот на Камениот мост – Скопје. На ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...