Американскиот претседател Доналд Трамп одобри нови трговски мерки со кои Вашингтон значително ги зголемува царините за увоз на одредени категории дронови и нивната опрема. Највисоката царинска стапка ќе достигнува 100 отсто, а од американската администрација велат дека мерката е мотивирана пред сè од националната безбедност и потребата САД да ја намалат зависноста од странски производители. Царина од 100 отсто ќе се применува на дронови кои, ...

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и пол се воведени 28 нови ...

„Skopje is calling!“ – со елеганцијата на балетот, ритамот на македонската традиција и препознатливите пејзажи на главниот град, објавено е промотивното видео за IDO European Championship 2026 во класичен балет, џез, модерен и современ танц. Од 21 до 29 септември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови случувања во Европа. Повеќе од 3.000 врвни танчери од 26 европски земји ќе настапат во Спортскиот центар ...

Девизниот пазар утрово бележи претежно позитивно движење на европските и австралиско-новозеландските валути во однос на американскиот долар. Најзначајно движење има кај еврото, кое во однос на американската валута порасна за 0,22 отсто. Курсот на парот EUR/USD се движи околу 1,1553 долари за евро, со дневен максимум од 1,1557 и минимум од 1,1526. Британската фунта бележи уште посилен раст. Парот GBP/USD е на ниво од 1,3521 долар, што ...

На пазарот на криптовалути утрово преовладува негативно расположение, при што најголемите дигитални средства бележат пад. Биткоинот се спушти под границата од 63.000 долари, додека загуби се забележуваат и кај етериумот, XRP, BNB и солана. Според последните достапни податоци, биткоинот се тргува по цена од 62.878,7 долари, што претставува пад од 894,1 долар, односно 1,40 отсто. Обемот на тргување со биткоин изнесува околу 45,42 илјади ...

САД продолжуваат да го засилуваат вложувањето во критичните минерали. Доналд Трамп најави три милијарди долари нови инвестиции во рударски проекти насочени кон намалување на зависноста од Кина, при што една милијарда долари ќе биде насочена кон проект за бакар. Овој потег е уште еден показател дека најголемите светски економии го третираат бакарот како стратешки ресурс, особено во услови на растечка побарувачка и неизвесност во глобалните ...

Поради големиот пожар во Сивири на првиот крак на Халкидики, туристите, но и жителите на малото грчко приморско место, ноќта ја поминаа во привремен престој, по евакуацијата и по копно и по море, а иако ситуацијата утрово е значително подобрена, пожарот е ставен под контрола и има само мали расфрлани жаришта, сепак патот до Сивири останува затворен и не е дозволен пристап, јави дописничката на МИА од Атина. Од општина Касандра информираа ...

Превозниците од Западен Балкан најавуваат можност за нови блокади на граничните премини кон Европската унија доколку до почетокот на септември не се најде решение за проблемите со кои се соочуваат професионалните возачи при влез и престој во Шенген-зоната. Одлуката, според претседателот на Здружението на превозници на Црна Гора, Ѓорѓије Љешњак, била донесена на регионален состанок во Скопје, на кој учествувале претставници на превозниците од ...

Вчерашниот ден бил меѓу најкритичните во годинашната сезона на пожари во земјава, особено поради опасноста што огнените стихии ја претставувале за населените места. Во текот на денот биле регистрирани повеќе од 40 пожари на отворен простор, а шест од нив и натаму се активни. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека активните пожари во моментов не претставуваат директна опасност за населените места, ...

Политичката партија Левица бара институционална и лична одговорност за начинот на кој била проценувана исправноста на водата за пиење во Гостивар, откако, според партијата, во два наврати било потврдено дека водата е безбедна, а потоа се појавила сериозна здравствена состојба кај голем број граѓани. Од Левица посочуваат дека Центарот за јавно здравје Тетово на 29 јуни издал стручно мислење дека водата ги исполнува законските и стручните ...

ДУИ реагира на кадровската политика во Министерството за внатрешни работи, тврдејќи дека во последниот период е забележано намалување на застапеноста на Албанците меѓу новопримените и наградените полициски службеници. Во партиското соопштение се наведуваат податоци според кои, од 549 новопримени полицајци, помалку од 40 се Албанци, што според пресметките на ДУИ претставува околу седум проценти од вкупниот број нови припадници на полицијата. ...

Во Куманово ќе се спроведе четвртиот терестички третман против возрасната форма на комарци, а во наредните денови ќе се изврши и вториот третман против крлежи на зелените градски површини и градскиот кеј, информираат од Општина Куманово. Четвртиот терестички третман против комарци ќе се спроведе на 18 август, со почеток во 00:00 часот и ќе трае до раните утрински часови. Дезинсекцијата ќе опфати повеќе локации во Куманово и околината, меѓу ...

Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната роденденска прослава. ...

Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото EHF EURO 2034. Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција заеднички да бидат домаќини на еден од најголемите настани во европскиот ракомет. – За мене претставува посебна чест и задоволство што Ракометната федерација на Македонија прави уште еден значаен чекор напред и што, заедно со ...

Цената на златото денес бележи умерено намалување на светските пазари, но и покрај дневниот пад, благородниот метал останува значително повисоко во однос на нивото од пред еден месец. Според последните податоци, златото се тргува по цена од 4.345,11 долари за унца, што претставува дневен пад од 18,08 долари, односно 0,41 отсто. Иако денешното тргување е во црвено, пошироката слика покажува значително посилен раст. Во последните 30 дена ...

Плаќањето со банкноти и монети сè уште е широко распространето во еврозоната, но начинот на кој потрошувачите ги плаќаат производите и услугите забрзано се менува. Новото истражување на Европската централна банка покажува дека дигиталните начини на плаќање сè повеќе навлегуваат во продавниците, рестораните и хотелите, додека на дел од продажните места готовината станува сè помалку практична. Според податоците на ЕЦБ, 92 отсто од компаниите ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на М-НАВ. Како што соопшти Министерството за транспорт, тој ќе изврши увид во инсталираниот нов АТМ-систем и новиот радарски систем на Контролна кула Скопје. Од Министерството додаваат дека се предвидени изјави за медиуми во 10 часот пред М-НАВ (Контрола на летање на Меѓународниот аеродром Скопје). Заменик-претседателот на Владата ...

На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила кон Грција, при што времето на чекање за излез од земјава е околу 30 минути. Поради зголемениот број патници во текот на летната сезона, возачите се повикуваат на трпеливост и внимателно да ги следат сообраќајните информации. Во останатиот дел од патната мрежа сообраќајот се одвива без поголеми застои. На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила ...

САД во моментов ја преиспитуваат својата нуклеарна стратегија, изјави синоќа заменик-министерот за одбрана на САД, Елбриџ Колби, пренесува ДПА. Колби оцени дека станува збор за „релативно мало преиспитување“ што главно се однесува на специфична, потенцијална употреба на нуклеарно оружје. „Очигледно целта овде, нагласувам, е да се зачуваат одвраќањето и стабилноста“, рече Колби. Тој посочи дека американската војска досега била организирана на ...

Состојбата со големиот шумски пожар што избувна кај Сивири на Халкидики вечерва е подобрена, но пожарникарите и натаму остануваат на терен и ќе продолжат со интервенциите во текот на ноќта, соопштија грчките противпожарни власти. Огнената стихија предизвика сериозни проблеми во туристичкото подрачје, при што беа зафатени шумски површини, објекти и возила. Во интервенцијата полесно се повредени двајца пожарникари. Особено голема операција ...

Американскиот министер за финансии Скот Бесант синоќа изјави дека САД ќе преземат „невидени“ мерки против Иран. „Очекувајте повеќе најави следната недела, бидејќи ќе преземеме мерки што никогаш порано во историјата не се видени за економска изолација на една земја“, рече Бесант во интервју за Њузмакс. „Ова ќе биде комбинација од економска изолација каква што светот никогаш порано не видел и континуирана блокада на Ормуската Теснина“, додаде ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на ...

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година ...

Магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село од полноќ е во прекин во двата правца поради случена сообраќајна незгода, соопшти Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај. АМСМ информира дека собраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и ...

Американските држави Кентаки, Илиноис, Индијана, Ајова, Тенеси и Охајо се соочуваат со најголемо дневно количество на врнежи од дожд што е некогаш забележано во тие области, што предизвика поплави на стотици локации. Повеќе од 36 милиони луѓе се под предупредувања за поплави, соопштија локалните власти. Гувернерот на Индијана, Мајк Браун, прогласи вонредна состојба бидејќи 250.000 луѓе во неговата држава и Илиноис останаа без електрична ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до нашите државјани кои се наоѓаат во подрачја зафатени со пожари во Грција и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. -Воедно, ги потсетуваме ...

Денешниот ден носи променливо облачно време со сончеви периоди, но атмосферата попладне ќе биде нестабилна. На места се очекуваат пороен дожд и грмежи, а локално временските услови може накратко да се влошат и да донесат силен ветер и град. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во текот на денот повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне 28 до 34 ...

По повеќе од три децении најави и застои, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза во која проектот добива и конкретна финансиска конструкција и јасен план за реализација. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја промени позицијата на земјата во регионалниот транспорт. Делницата е долга 22 километри, но нејзината изградба ...

Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа. -Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Албанија е на второ место, по Романија, каде што овој процент ...

Вкупно 13 пожари на отворен простор низ државата се регистрирани денеска до 13 часот. Од нив, девет се сè уште активни, два се под контрола, а останатите два се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, во општина Студеничани гори мешана шума. Ниска вегетација гори во општините Велес, Прилеп, Струга, Новаци, Македонски Брод, Могила. Ниска вегетација и багреми горат во регионот на село Муждивњак, ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Злато

130856.75