Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Во мај годинава во однос на мај претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 9.1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3.6 проценти, а реално е зголемена за 1.6 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6 проценти, а реално за 6.2 проценти и ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе престојува во работна посета на Струмица, каде ќе присуствува на почетокот на реализацијата на една од најавените странски инвестиции во регионот. Во рамки на посетата ќе биде поставен камен-темелникот на новиот продажен објект на компанијата „Лидл“, а на свеченоста ќе присуствуваат и претставници на компанијата, меѓу кои оперативниот директор за Северна Македонија, ...
Со години наназад, општините со албанско население беа оставени на маргините на инвестициите, додека развојните проекти зависеа од партиски интереси, а не од реалните потреби на граѓаните. Денес, оваа логика се заменува со нов пристап, пишува во денешното соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Благодарение на ангажманот на ВЛЕН во Владата, 306 проекти ја менуваат сликата на општините со албанско население. Ова не е само бројка. Тоа е ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата година пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестициите на неговото семејство, што покажува дека сега поголемиот дел од својот приход го остварува од дигиталниот имот што имал корист од неговите политики, објавуваат британските медиуми. Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до американската Канцеларија за владина етика откриваат дека неговите компании добиле ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
„При мерење на финансиската писменост се оценува способноста за ефикасно управување со личните финансии, коешто, меѓу другото, подразбира знаење и способност за планирање на буџетот, рационално трошење, како и разбирање на основните финансиски концепти за штедење и инвестирање средства“. Ова го истакна главната економистка на Народната банка Анета Крстевска во интервју за „Слободен печат“, при што нагласи дека финансиската писменост во ...
Лидерката на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, денеска изјави дека Германија треба да го прекине бојкотот на руска нафта и гас и дека евтината енергија од Русија е клучна за силата на германската индустрија. Во интервју за Ројтерс, Вајдел оцени дека прекинувањето на енергетските врски со Русија по воведувањето на санкциите во 2022 година „ја врати Германија назад за наредните години“ и доведе до губење на стотици ...
По долго одложување, Велика Британија денеска ќе го открие својот план за инвестиции во одбраната (DIP), со кој ќе се обезбедат пет милијарди фунти за дронови и ќе се фокусира на автономни системи како дел од обидот за модернизација на вооружените сили во услови на растечки закани, објавија британските меидуми. Планот наиде на тешкотии откако поранешниот министер за одбрана Џон Хили поднесе оставка претходно овој месец, критикувајќи ја ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов“, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината. За реализација на оваа инвестиција ...
Над 60.000.000 денари вложуваме во големи и значајни проекти во населеното место Скопје Север. Големата градежна офанзива се одвива со силна динамика. Она што беше барање на граѓаните на Скопје Север – го реализираме, соопшти попладнево градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, на неговата Фејсбук-страница. – Денес ја завршивме реконструкцијата на вториот крак на улицата Боро Менков. Реконструкцијата ги опфати и тротоарите, како и ...
Од денеска граѓаните на Општина Чешиново-Облешево имаат на располагање бесплатен јавен Wi-Fi, поставен во рамки на иницијативата WiFi4WB, која е финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital. Градоначалникот Јорданчо Костадинов за МИА изјави дека целта на иницијативата е да се обезбеди бесплатен јавен интернет за граѓаните во државите од Западен Балкан, меѓу ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги предупреди продавачите на гориво веднаш да ги намалат цените или да се соочат со „сериозни проблеми“. „Продавачите на гориво мора да ги намалат своите цени, СЕГА“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. „Нема да има зголемување на цените, што е целосно нелегално. Ако продавачите не го сторат тоа, тие се во голема неволја! Започнете да се стремите кон околу 2,50 долари за галон (3,785 ...
Усвоен новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори , со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетиката во последните децении. За првпат обновливите извори на енергија се уредуваат со посебен закон (Lex specialis), со кој се воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија. Со донесувањето на Законот, државата испраќа јасна порака дека ...
Најновите податоци на Народната банка за каматните стапки покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесува 4,69 проценти и бележи пад од 0,37 процентни поени. Според објавените податоци, пад е забележан и кај просечната каматна стапка на вкупните депозити за 0,04 проценти поенти, односно таа изнесува 2,17 проценти. Намалување на годишно и месечно ниво има и кај новопримените кредити и кај новопримените депозити. ...
Претставниците на САД и на Иран пристигнаа во Доха на разговори за клучните регионални прашања, соопшти медијаторот Катар. Но, Иран демантира дека се согласил на состанок со американскиот пратеник за Блиски Исток, Стив Виткоф и високиот советник Џаред Кушнер. Техеран наведе дека нивните преговарачи ќе имаат консултации со претставниците на Катар за деталите на рамковниот договор, при што приоритет ќе биде одмрзнувањето на иранскиот имот и ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (УКЛО) информира дека е рангиран во THE Impact Rankings на реномираната британска куќа Times Higher Education (THE), единственото глобално рангирање што го мери придонесот на универзитетите кон 17-те Цели за одржлив развој на Обединетите нации (SDG17). Според објавените резултати, УКЛО е рангиран во опфатот од 1001–1500 место на глобално ниво, со особено истакнати резултати, кај целите на одржлив ...
Со загриженост ги следиме јавните повици на дел од активистите државата намерно да го турка случајот „Иловица – Штука“ кон меѓународна арбитража. Таквите повици не се во интерес ниту на државата, ниту на граѓаните. Напротив, тие се правно ризични и можат Македонија да ја чинат десетици милиони евра особено имајќи предвид дека домашните судови веќе донесоа одлуки со кои укажаа на пропусти. Меѓународната арбитража не е место каде што се водат ...
Одговорно тврдиме дека новиот изгласан Закон за игри на среќа и забавни игри содржи одредби кои се во спротивност со темелните вредности, но и со членот 55 од македонскиот Устав со кој уставотворците предвиделе гаранции за слободата на пазарот и претприемништвото. Доколку предлагачите на законот навистина сметаа дека игрите на среќа се штетни по здравјето на луѓето, тогаш тоа мораше прво да го докажат во соодветна правосудна постапка, а потоа ...
Денеска, 30 јуни, од 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир во чест на Владо Јаневски, кој неодамна почина во Скопје по кусо боледување. Настанот е организиран од продукцијата „Прагма“, со цел пријателите, колегите и сите љубители на неговата музика заеднички да му оддадат последна почит на еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската сцена. „Ќе се собереме уште еднаш за да му се поклониме на ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која се менуваат малопродажните цени на нафтените деривати во земјава. Според пресметката, горивата во просек поевтинуваат за 0,27 отсто во однос на претходната одлука. На светските берзи се забележува намалување на референтните цени на нафтените деривати. Најголемо намалување има кај мазутот, потоа кај дизелот и екстра лесното масло, додека кај бензините промената е минимална. ...
Комората за интегрирано приватно здравство (КИПЗ) стана дел од Сојузот на стопански комори. Со тоа, оценуваат од КИПЗ, приватното здравство добива свој организиран, легитимен и кредибилен глас во рамки на бизнис заедницата во Македонија. – Денес, ја отвораме првата страница од институционалниот живот на Комората за Интегрирано Приватно Здравство. Пред нас е обврската да ја оправдаме довербата што ни е укажана и да покажеме дека приватното ...
Транспортниот сектор од Западен Балкан бара итни мерки за решавање на проблемот со професионалните возачи кои секојдневно работат на релации низ земјите од Шенген зоната. Здруженијата на превозници реагираат дека примената на правилото за престој од најмногу 90 дена во период од 180 дена создава сериозни ограничувања за возачите кои поради природата на работата мора постојано да минуваат низ границите на Европската унија. Според нив, ...
Поради уличен дефект ф-150 мм на ул. „Тодор Александров“ бб, исутринава од 08:15 часот прекинато е водоснабдувањето на корисниците на дел од улиците „Тодор Александров“, „Партение Зографски“ и „Ацо Караманов“ во општина Центар. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. Поради уличен дефект ф-150 мм на ул. „Тодор Александров“ бб, исутринава од 08:15 часот ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, презентираше вчера пакет нови мерки што ги оквалификува „за подобрување на животниот стандард на граѓаните“. Вучиќ најави значително зголемување на платите и пензиите, но не сакаше да ги наведе прецизните проценти, наведувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за тоа. Според него, 377 милиони евра ќе бидат издвоени за помош на пензионерите. Пензионерите со минимални приходи, како и оние ...
Собранието денеска треба да ја продолжи 109. седница на која останати точки се Предлог измените на Законот за испитување и жигосување односно одбележување на огненото оружје и муницијата и Предлог-законот за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Република Северна Македонија. Двете предлог-законски решенија претходно треба да бидат разгледани на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и на ...
Цените на суровата нафта повторно забележаа раст на светските пазари, откако инвеститорите повторно се загрижија за безбедноста на транспортот низ Ормускиот теснец, една од најважните рути за глобалното снабдување со енергенси. На лондонскиот пазар барел сурова нафта достигна 72,97 долари, што е зголемување од 98 центи во споредба со претходното затворање. На американскиот пазар, пак, цената порасна за 1,14 долари и достигна 70,73 долари за ...
Дел од жителите на Скопје денес ќе останат без вода поради реконструкција на пумпниот дел во Хидрофор Бардовци и санација на дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради реконструкција на пумпниот дел во Хидрофор Бардовци и поставување нова пумпа, без вода ќе биде населеното место Бардовци во периодот од 01:00 до 10:00 часот, односно девет часа. Дополнително, поради дефект на затворач Ф-150 ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на двете комисии се Предлог измените на Законот за испитување и жигосување односно одбележување на огненото оружје и муницијата и Предлог-законот за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Република Северна Македонија. Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за ...
Денеска се очекува да станат познати деталите за најавената реконструкција на Владата, по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Иако во изминатите денови се појавија информации за можни промени во повеќе министерства, премиерот Христијан Мицкоски не откри имиња, посочувајќи дека договорот со коалициските партнери е постигнат на принципиелно ниво. „Не разговаравме за персонални решенија, туку за ресорите. По седницата јавноста ќе ги ...