Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Цените на суровата нафта повторно забележаа раст на светските пазари, откако инвеститорите повторно се загрижија за безбедноста на транспортот низ Ормускиот теснец, една од најважните рути за глобалното снабдување со енергенси. На лондонскиот пазар барел сурова нафта достигна 72,97 долари, што е зголемување од 98 центи во споредба со претходното затворање. На американскиот пазар, пак, цената порасна за 1,14 долари и достигна 70,73 долари за ...
Дел од жителите на Скопје денес ќе останат без вода поради реконструкција на пумпниот дел во Хидрофор Бардовци и санација на дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради реконструкција на пумпниот дел во Хидрофор Бардовци и поставување нова пумпа, без вода ќе биде населеното место Бардовци во периодот од 01:00 до 10:00 часот, односно девет часа. Дополнително, поради дефект на затворач Ф-150 ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на двете комисии се Предлог измените на Законот за испитување и жигосување односно одбележување на огненото оружје и муницијата и Предлог-законот за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Република Северна Македонија. Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за ...
Денеска се очекува да станат познати деталите за најавената реконструкција на Владата, по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Иако во изминатите денови се појавија информации за можни промени во повеќе министерства, премиерот Христијан Мицкоски не откри имиња, посочувајќи дека договорот со коалициските партнери е постигнат на принципиелно ниво. „Не разговаравме за персонални решенија, туку за ресорите. По седницата јавноста ќе ги ...
Цените на суровата нафта повторно се искачија на светските берзи, откако инвеститорите изразија загриженост поради безбедносната состојба во регионот на Персискиот Залив и можните проблеми со транспортот низ Ормускиот теснец. На лондонскиот пазар барелот нафта достигна близу 73 долари, додека на американскиот пазар цената исто така забележа раст. Зголемувањето доаѓа во период на засилена неизвесност околу стабилноста на еден од најважните ...
Голем интерес за трите јавни повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации. Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде заменик-министерот за економија и труд, ...
Реконструкцијата на Владата продолжува да ги менува односите меѓу коалициските партнери, а според најавите, партијата Вреди ќе добие управување со шест министерства. Вицепремиерот и министер за европски интеграции Беким Сали информираше дека во новиот состав Вреди ќе ги има ресорите за животна средина, економија, правда, култура, европски интеграции и односи меѓу заедниците. Дел од министерските позиции ќе добијат нови лица. Сали посочи дека ...
Додека глобалната побарувачка за критични минерали постојано расте, Македонија сè уште не ги користи сопствените ресурси. Анализата на UNCTAD покажува дека бакарот ќе биде меѓу најбараните суровини во наредните децении, поттикнат од инвестициите во обновливи извори на енергија, електрични возила и дигитална инфраструктура. Иако земјата располага со значајни резерви на бакар, особено во локалитетот Иловица, инвестицијата и понатаму останува ...
По повеќе од една деценија запоставеност, подната фонтана во центарот на Скопје повторно ќе биде ставена во функција и ќе го врати својот препознатлив изглед. Местото кое некогаш беше омилена точка за собирање на скопјани, гости и туристи, повторно треба да стане простор за прошетки, фотографии и уживање. Наместо запуштен дел од градот, локацијата ќе добие нова функција и ќе биде дел од урбаниот лик на главниот град. Во рамки на обновата се ...
Разочарани сме што пратениците на најголемите македонски партии не ги прифатија нашите апели. Изгласувањето на законот за игри на среќа и покрај нашите предупредувања и забелешки е јасна и сурова порака за нас вработените. Веројатно не сме подобни за вниманието кое го бараме од надлежните институции. Мнозинството пратеници озаконија политичко – етнички инженеринг. За задоволување на политички поени во наредните две години 10 илјади работни ...
Банкарското кредитирање за претпријатијата во еврозоната се забрза во мај, според денеска објавени најновите податоци од Европската централна банка. Обемот на кредитите за нефинансиски корпорации се зголемија за четири проценти на годишно ниво по зголемувањето од 3,4 проценти во април. Тоа е највисоката стапка на раст во последните неколку години и сигнализира зајакнување на кредитирањето и покрај повисоките каматни стапки. Кредитирањето на ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека контролата и анализата на цените на основните прехранбени производи остануваат меѓу главните приоритети на Владата. Тој посочи дека детално се разгледува состојбата на пазарот и дека, доколку биде потребно, ќе се анализираат цените „фактура по фактура“ со цел да се утврди каде настануваат зголемувањата. „Лично тоа го имам како врвен приоритет“, изјави Мицкоски, додавајќи дека се работи на ...
Европската инвестициска банка ќе обезбеди заем од три милијарди евра (3,42 милијарди долари) за европскиот производител на авиони „Ербас“, со цел да ја зајакне индустриската база на Европа во услови на глобална конкуренција од земји како што се САД и Кина. Во заедничка изјава на Европската инвестициска банка и „Ербас“ се вели дека банката првично ќе обезбеди заем од една милијарда евра на производителот, дел од поширок пакет за финансирање ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека американскa делегациja утре во Доха ќе разговара со ирански претставници. „Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут Соушл. Претходно денеска извор запознаен со разговорите изјави дека иранските и американските технички тимови кои работат на спроведување на меморандумот за разбирање во наредните денови ќе се сретнат во ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на голем број на капитални проекти најавени во наредните години, до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата со оглед на тоа дека и министерот Љутков спомна дека буџетот за културата во овој дел е зголемен, изјави: „Да, благодарам на прашањето, тоа е така. Оваа година ...
Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ објави на неговиот фејсбук профил дека, како што вели, пред веќе извесното заминување од функцијата остава „средено и организирано“ Министерство, со буџет намален за повеќе од три пати во споредба со 2021 година и целосно укината програмата К-5. -Пред веќе извесното заминување од Министерството за односи меѓу заедниците, нека остане забележано дека од „сива зона” на системот ...
Утрово сообраќајот кон Меѓународниот аеродром Скопје беше целосно прекинат по сериозна сообраќајна несреќа на автопатот кај надвозникот на пристапот кон аеродромот. Според првичните информации, во несреќата учествувало патничко возило кое се превртело, а на местото веднаш пристигнале полициски и итни екипи. Поради тежината на инцидентот, дел од возилата биле задржани, а движењето во овој дел од патот било запрено. Од надлежните служби ...
Директорот на израелската Национална управа за кибербезбедност, Јоси Карди изјави дека е зголемен бројот на ирански хакерски напади од почетокот на војната во февруари. Тој наведе дека во јуни 2025 година, за време на првата војна со Иран, израелските власти регистрирала околу 1.600 непријателски кибернапади, додека овој месец нападите се искачила на околу 4.800. – Некои групи се многу вешти. Можеме да се справиме со нив, но мора да ги ...
Логистиката е дел од малопродажбата што е ретко видлива за потрошувачите, но има клучна улога во секојдневното функционирање на маркетите. Од организацијата на транспортот и складирањето, до контролата на квалитетот и навремената испорака, станува збор за процес кој бара високо ниво на координација и прецизност. Токму затоа, логистичкиот центар на Lidl во Куманово, кој е најголемиот логистички центар на Lidl на Балканот е многу значаен дел од ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Комисијата за политички систем ќе расправа по Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, додека пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдувања на три предлог одлуки – за изменување на Одлуката за разрешување и ...
Во Музејот на Општина Радовиш денеска ќе се одржи Регионален форум на Југоисточниот плански регион посветен на одржливиот третман на биоотпадот, во рамки на проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Проектот го спроведува Здружението за еколошко одржлив развој Зелен институт, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, а ...
Цената на златото продолжува да се намалува на светските берзи, откако благородниот метал се спушти под границата од 4.000 долари за унца – ниво што не беше забележано во последните седум месеци. Според актуелниот курс на еврото, оваа вредност изнесува околу 114 евра за грам 24-каратно злато. Во текот на тргувањето имаше моменти кога цената падна и на околу 112 до 113 евра за грам, но вредноста постојано се менува во зависност од движењето ...
Земјотрес со помал интензитет беше почувствуван во текот на ноќта во западниот дел на Македонија. Според сеизмолошките податоци, потресот бил регистриран во 00:06 часот, со магнитуда од 2,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓал во планинскиот регион на западниот дел од земјата, на координати 41.890 степени северна географска ширина и 20.760 степени источна географска должина. Земјотресот бил на длабочина од околу 10 ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска ќе потпише грант во вредност од 2 милиони долари со директорката на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Карол Межеван. Потпишувањето на грантот, како што информираат од МЗШВ, ќе се одржи во 12:00 часот во Свечена сала во Владата. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска ќе потпише грант во вредност од 2 ...
Програмата на годинашното издание на Галичка свадба денеска официјално ќе биде претставена на прес-конференција во Скопје. На настанот ќе бидат претставени и годинашните младенци, облечени во традиционалните галички свадбарски носии. Пред присутните ќе се обратат генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, претседателот на месната заедница ...
Европската Унија предупреди дека ќе преземе брзи и одлучни мерки доколку САД реализираат закани за воведување високи царини поради европските даноци за дигитални услуги. Од Европската комисија порачаа дека даноците за дигиталните компании се применуваат еднакво за сите големи компании, без разлика од која земја потекнуваат, и дека не се насочени против американските фирми. Реакцијата следува по изјавата на американскиот претседател Доналд ...
Инфо-караванот за презентација на мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, денеска продолжува со посети во општините Ресен, Охрид и Кичево, информираат од Министерството за економија и труд. На презентацијата на мерките ќе присуствуваат заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, претставници на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, ...
По лратко боледување денеска на 65-годишна возраст почина Владо Јаневски. Познатиот македонски поп-пејач и композитор, починал на една од скопските клиники. На социјалните мрежи фановите и македонската естрада со изрази на сочувство се збогуваат со Јаневски, кој важеше за една од нашите најголеми музички ѕвезди. Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје. Има издадено шест студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, ...
Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, напиша утрово вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговата Фејсбук-страница. – На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој – додава Николоски. Тој истакнува дека со овој автопат, патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3 – 3,5 ...
Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека греењето останува најголемиот енергетски трошок во македонските домаќинства, при што дури 62% од вкупната енергија се користи токму за затоплување на домовите. Анализата на потрошувачката за 2024 година открива дека најголем дел од граѓаните и понатаму се потпираат на огревно дрво како примарен енергенс. Електричната енергија останува најзастапена за останатите потреби – од ...