
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



Тренерот на кошаркарите на Пелистер од Битола, Дарко Радуловиќ, после натпреварите во Купот кој се одигра во Битола продолжува без двајца кошаркари во тимот, кои се преселија во екипата на Вардар. Се работи за доскорешниот младински репрезентативец на Македонија на возраст од 20 години, Апар Хот кој во дресот на Пелистер од Битола, одигра 10 натпревари во АБА2 лигата и просечно бележеше по 2,4 поени и 2,2 скока по натпревар, за нешто помалку од ...
На 22.02.2024 во СВР Битола, 26-годишна битолчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 22.02.2024 во 11.16 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Никола Тесла“ во Битола, товарно возило “фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 60 годишни лице од село Сарај, скопско, удрило во пешакот на возраст од 83 години од Битола. Во несреќата со тешки ...
Денес НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола го одбележа 21 февруари- Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со прекрасно поетско читање на повеќе јазици и изложба на книги на различни светски јазици. -Со поддршка на УНЕСКО, овој ден се празнува се со цел да се прослават повеќето од 6000 различни јазици кои се зборуваат во светот денес. За жал дел од овие јазици изумираат на глобално ниво. Со цел да се зачува еден јазик, истиот треба да се негува и ...
Самото име “Multi brand’s“ означува дека на едно место ќе може да се најде оригинална гардероба од различни светски брендови.Големиот асортиман на женска и машка облека за сечиј вкус. Облека во тренди, елегантен, кежуал, спортски стил… и голем асортиман на зимска облека и ски опрема.Посетете не и изберете парче облека од вашиот омилен бренд, по пристапни цени за празниците кои ни доаѓаат велат од “Multi brand’s“. Бутикот се наоѓа на улица ...
Денес, петок, 23 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени. Утре, сабота, 24 февруари во Битола времето ќе биде променливо облачно и релативно топло во западните делови со услови за повременен дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од југоисточен правец. ...
-Вечерва во Центарот за култура – Битола, Битолскиот дувачки оркестар одржа концерт насловен „FUNK & SOUL”, а како гостинка пред публиката во Битола пееше Ана Петановска. Битолскиот дувачки оркестар има своја долга традиција. На иницијатива на професот Марјан Бакревски оркестарот е возобновен во 2015 година под негова диригентската палка.Од тогаш секоја година веќе девет години, ја слави традицијата на овој тип на музицирање во Битола. ...
Кил – Еурофарм Пелистер 29:23 (19:10) Ракометарите на Еурофаме Пелистер од Битола во рамките на “А“ групата од Лигата на Шампиони забележаа уште еден пораз, се враќаат поразени од германскиот гигант Кил, со резултат 29:23, полувреме “Пелистерци“ лошо го отворија натпреварот и дозволија фаворизираниот противник брзо да се одлепи и да поведе пред својата публика. Македонскиот стратег за првпат ги повика своите ракометари на советувања, а се реши ...
На 21.02.2024 во 17.00 часот во СВР Битола, У.С. (53) од Битола пријавил дека во објект во Новиот пазар во Битола, неговиот малолетен син, по кратка расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 21.02.2024 во 12.50 часот во СВР Битола, А.Н. (65) од Битола пријавил дека на ул. „Широк Сокак” бил каснат од куче скитник. На 21.02.2024 во 13.45 часот во СВР Битола, З.Б. (40) од Битола пријави дека ...
Сколиоза е медицинска состојба каде се забележува искривување на р’бетот од една страна. Ако е сложена деформација на рентгенските снимки, од задна страна сколиозата може да изгледа како буквите “S“ или “C“, отколку на правилната форма на р’бетот. Најчесто сколиоза се појавува кај деца при развој и неправилно развивање на р’бетниот столб (пршлени). Истражувањата покажуваат дека отприлика 20 милиони луѓе годишно се дијагностицирани со овој ...
Денес екипата на Еурофарм Пелистер од Битола игра против уште еден ракометен гигант, германски Кил, кој во моментов е првопласиран во групата “А“ со 16 бодови. “Пелистерци“ веќе го одработија и тренингот на гостинскиот паркет Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски, зборуваше со медиумите на прес-конфренецијата пред гостувањето кај германскиот гигант Кил во рамките на 12. коло од Лигата на шампионите и рече дека е свесен за ...
Вечерва во свечената сала на Офицерски дом во Битола се одржа свечен концерт на Државното музичко училиште од Битола со кој ја одбележа 77 годишнината од постоењето.Овој начин на прослава на денот на формирање на Државното средно училиште започна минатата година. Настапуваат професорите на Државното средно училиште, а како беше речено вечерва на концертот, свечениот концеет веќе прераснува во традиција.На концертот насловен “Нека е бесконечно ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на динамиката на два важни проекти од кои едниот се однесува на адаптација на простор за нова детска градинка во поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, а другиот проект има за цел подобрување на патната инфраструктура во населбата Недопирливи во должина од над 2 километри. И двата проекти се реализираат со зголемена динамика и имаат за цел подобрување на инфраструктурните ...
Екипата на Еурофарм Пелистер од Битолаутре ќе го игра натпреварот од Лигата на Шампионите против првакот на Германија. На задолжителната прес-конференција која се одржа во прес-центарот на клубот зборуваше голманот Урбан Лесјак. Лесјак за тешкиот предизвик наречен Кил верува дека тимот може да извлече позитивен резултат. -Играме во најракометната земја во Европа. Имаат најдобра лига, екипите се силни, салите им се секогаш полни, па така ќе биде ...
-Признание за животно дело на Битола за спорт, за ракомет – Атанас Нашоку – Саку, за фудбал – Коќо Баљари и постхумно за Силјан Мицевски – почесниот претседател на Сојузот на спортови. -За општествено одговорни кимпании признанија добиија “Таскфорс“, “Кромберт и Шуберт“ и синдикатот на РЕК Битола, а посебни признанија за поединци, планинари, боксери, репрезентативки.. -Доделени младински награди, награди од училишниот спорт и за победниците на ...
На 19.02.2024 во 18.20 часот во СВР Битола, Д.В. (25) од Битола пријавил дека на ул.„Генерал Васко Карангелевски” бил физички нападнат од Д.У.(18). Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 19.02.2024 во 10.50 часот во СВР Битола, З.С.(52) од с.Живојно, битолско, пријавил дека на ул.„Широк Сокак” во Битола неговиот малолетен син било каснат од куче скитник. На 19.02.2024 во 11.00 часот во СВР Битола, Д.С.(49) од с.Буково, битолско, ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на повеќе локации каде што се изведуваат градежни активности, со што во тек е реализацијата на повеќе планирани проекти. Во делот на прифатилиштето за бездомни животни, општината е во завршна фаза на постапување согласно добиените насоки од Агенцијата за храна и ветеринарство.Активно се работи на изградбата на детската градинка во АРМ, продолжува реконструкцијата на улицата ...
Во посета на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола беше амбасадорот на Република Полска во Скопје Кшиштоф Гжелчик во рамки на проектот „Полска полица – книги од полски автори на полиците од македонските библиотеки“. Амбасадорот Гжелчик придружуван од сопругата Јоланта Гжелчик беше пречекан од директорот м-р Бојан Стефановски, м-р Јелена Петровска и м-р Фатма Бајрам Аземовска.Целта на посетата беше донацијата над 50 наслови како од класичната, ...
Пелистер Волеј – Вардар Ем 3:0 (25:13; 25:10; 25:17) После младинките и кадетките и пионерките се пласираа меѓу најдобрите 8 во Македонија односно во 1/4 финалето од пионерската државна лига и со тоа продолжува доминацијата на младинските категории во македонската одбојка. Пионерките ја совладаа екипата на Вардар Ем од Скопје во една маестрална и апсолутно доминантна игра и ја израдуваа својата верна публика која цело време ги бодреше од ...
Денес во бар “Манаки“ прес конференција одржа Сојуз на спортови на Битола, по повод големиот јубиле, 60 години традиција на Битола во прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола. По тој повод претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски рече:-Нам како сегашно раководство на Сојузот на спортови на Битола ни е посебно мило што по 60. пат ќе го извршиме прогласувањето на најдобрите спортисти и екипи за изминатата ...
Фотоволтаичната централа за создавање обновлива енергија, eнергетските постројки за користење природен гас како гориво, како и имплементација на стандардот ISO50001 наменет за менаџирање со енергија, се чекорите што ги презеде Бимилк за постигнување целосна енергетска трансформација. Напредокот и примената на активностите за заштита на животната средина во процесот на работа во Бимилк, беа предмет на посетата од учесниците на New Energy Academy ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (16/17/18.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 208 возачи, меѓу кои 145 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 15 санкциии за управување без возачка дозвола, седум санкции за користење на мобилен телефон… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме ...
Пелистер Волеј – Универзитет Тетово 3:0 (25:04; 25:13; 25:15) Сениорките на Пелистер Волеј во рамките на 13. коло од Втората Државна Лига на Македонија, во Битола во салата на Медицинското училиште ја совладаа екипата на Универзитет од Тетово со максимални 3:0. Со оваа победа и нови бодови одбојкарките ја задржаа втората позиција на табелата и се чекот поблиску до зацртаната цел, Првата лига.Поените денес ги освоија: Меланија Каралиоска 13, ...
Бутел – Еурофарм Пелистер 24:28 Ракометарите на Еурофарм Пелистер победија на гостувањето во Скопје кај Бутел со 24:28 (12:15), во второто коло од плеј-офот на Суперлигата, во натпревар во кој избраниците на Бранислав Ангеловски не притискаа и не бркаа убедлива победа.Во дуелот се влезе целосно израмнето, “бутелчани“ први поведоа, меѓутоа гостите диктираа темпо во остатокот од полувремето. По егал надигрувањето, “пелистерци“заминаа на пауза со ...
На 18.02.2024 во 02.30 часот во СВР Битола, Г.С. (48) од Битола пријавил дека на работното место како обезбедување на ноќен клуб бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 17.02.2024 во 04.00 часот на ул. “Ѓорги Наумов“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 19 годишник од Битола затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било задржано во полициска ...
Се случи она што сите го очекувавме, дека во Битола во финалето од Купот ќе игра Пелистер, а атмосферата која се погреваше изминатите два дена, денес да биде на највисоко ниво.Љубителите на спортот во Битола денес уште пред повеќе од еден час во голем број пристигнаа во салата “Боро Чурлевски“, која пред почетокот на натпреварот беше исполнета во целиот капацитет.Тука беа и градоначаниците на Битола – Тони Коњановски и на Аеродаром Тимчо ...
-Останува тагата што сиот овој заеднички труд, на сите битолчани, не беше крунисан и со трофеј, за Битола, за “Чкембари“ и за сите 4.000 битолчани кои ја наполнија салата “Боро Чурлевски“. -Ви благодариме на сите од срце, КК Пелистер. Колку што боли поразот во самиот финиш од финалето, толку е голема гордоста на сето она што го направивме сите заедно во последните денови, за Битола да биде центар на кошарката, но и да постави пример за ...
Пелистер – МЗТ 60:62 -МЗТ Скопје Аеродром во драматична завршница го совлада Пелистер со резултат (62:60) и го одбрани пехарот во националниот Куп.Големото финале на националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, донесе доста неизвесни 40.минути, маскимална борба и драматична завршница. Повеќе нерви имаа кошаркарите на МЗТ Скопје, со кошот на Ворку на 2.7 секунди пред крајот, го освоија 12. трофеј.На стартот на финалето МЗТ поведе со 5:11, а ...
Пелистер – Беласица 3:0 (3:0) Денес во Битола на отворањето на пролетниот дел од Втората фудбалка лига на Македонија екипата на Пелистер ја победи Беласица со 3:0, полувреме 3:0. “Пелистерци“ во првото пролетно коло пред својата публика во Битола, го надиграа составот на Брегалница и извојуваа убедлива победа од 3:0.Пелистер како и најави доминираа на терен против младите фудбалери на Беласица и бодовите ги обезбедија уште по првите 45 ...
По два напорни дена и одиграни и забележани две победи, во рамките на кошаркарскиот куп во Битола, тренерот на Пелистер, Дарко Радуловиќ на кошаркарите им даде неколку часа одмор, пред денешното финале кое се игра вечерва во Битола со почеток во 18 часот, во спортската сала “Боро Чурлевски“ против екипата на МЗТ Скопје. А, каде би се поминало слободното време ако не на саботно кафе на Широк Сока, а овој пат се одлучија за кафулето “Јагода“ каде ...
Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола во пресрет на стартот на пролетната полусезона во Втората македонска лига во своите клубски простории на стадионот под Тумбекафе во Битола одржа прес-конференција. На средбата со медиумите се обратија спортскиот директор Ванчо Мицевски кој зборуваше за амбициите и техничките работи:-Кога ќе кажам Пелистер, мислам на Битола, кога ќе кажам Пелистер мислам на „Чкембарите“. Сите знаеме колку Пелистер значеше во ...