
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 31:22 (15:12) Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во Битола го совладаа тимот на Прилеп со резултат 31:22 во натпревар од 7. коло на суперлигашкиот плеј-аут и се делба на првото место по комплетирањето на првата половина, заедно со Прилеп, со кој имаат по 18 бода. Со овој пласман “двојката“ го обезбеди опстанокот во Супер лигата.Екипата на Еурофарм Пелистер 2 кој ги предводи Михаил Петровски, против тимот од Прилеп ...
Со културно – забавна програма, во организација на Здружението „Ромска ѕвезда“, денеска на плоштадот Магнолија во Битола, се одбележа Меѓународниот ден на Ромите.На настанот, присуствуваа голем број гости, пратеничките од Битола, Силвана Ангелевска и Олга Лозановска, а во име на Советот на општина Битола, пред присутните се обрати советничката Лидија Павловска, изразувајќи искрени честитки за континуираната соработка и заедничката заложба за ...
Синоќа ви Битола екипата на Пелистер го одигра првиот натпревар во четвртфиналето од плеј-офот, во кој ја извојува победа и поведе со 1:0 против екипата на Еуро Никел. По натпреварот тренерот Дарко Радуловиќ им честиташе на своите избраници за победата но напомена дека победата веќе е заборавена и со мирни глави и спуштени на земја го очекуваат вториот натпревар во среда попладне, повторно во „Боро Чурлевски“.-Честитки за играчите за нивниот ...
Новата песна “Не Признавај” на Никола Зацевски деновиве е промовирана на неговиот “YouTube“ канал, и повикува да уживаме во ова музичко дело кое произлезе од претпознатливи и преубави македонски звуци, а за неа тој вели:-Со големо задоволство сакам да ја споделам мојата нова песна “Не Признавај” што промотивно ја објавив на мојот YouTube канал. Ова е уште едно парче музика кое го надополнува на албумот “Срцето Мое Тука Чука”. Зад оваа песна ...
На 06.04.2024 околу 23.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола. Тој бил фатен при обид за извршување „тешка кражба“ на ул. „Бонде Скерлевски“ во Битола. По документирање на настанот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 06.04.2024 во 19.20 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, во правец кон село Долно Српци, полициски службеници од Полициската станица за ...
Синоќа во свечената сала на Офицерски дом во Битола се одржа завршниот концерт синоќа на гостите од Вуковар, Хрватска од основното училиште “Драгутин Тадијановиќ“ – музичкиот оддел и учениците на Државното музичко училиште Битола.Присутни на завршниот концерт од проектот “Вујоварска голубица“ беа градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заменикот Бојан Бојкоски, претседателот на Хрватскиот центар Марко Марулиќ – Бранко Маретиќ, бугарскиот ...
Скопје – Пелистер 0:1 (0:0) На гостувањето во Скопје, на стадионот во “Автокоманда“ во рамките на 23. коло од Втората фудбаласка лига, екипата на Пелистер го победи Скопје, минимално со 0:1. По првото полувреме кое заврши без голови, победничкиот погодок го постигна Талевски. Со оваа победа и новите три бода екипата на Пелистер уште повеќе се зацврсти на второто место на табелата, кое носи и директен пласман во Првата лига. Лидер на тбелата ...
Во пресрет на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера.Традиционално, на вечерата присуствуваа, битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со претставници на битолското муфтиство, пратеничките во Собранието на Република Македонија, Силвана Ангелевска и Олга Лозановска, директорите на јавните претпријатија, претставници на советничките групи од општинскиот Совет, ...
Пелистер – Еуро Никел 94:60 Вечерва во Битола се одигра првиот натпревар од предвидените пет, во рамки на четвртфиналето од плеј-офот, кошаркатите на Пелистет го победија Еуро Никел од Кавадарци и го најавија полуфиналето.Пелистер по овој натопревар поведе со 1:0 преку победа од 34 поени разлика (94:60), пред околу 1.000 љубителите на кошаркарита. Еден од најдобрите кошаркарски натпревари на Пелистер започна со одличен почеток, а по десет ...
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 25:35 (12:16) Актуелниот ракометен шампион Еурофарм Пелистер победи во значајниот натпревар за доближување кон нова титула, и останување на пехарот во Битола, со +10 гола повеќе од Алкалоид 25:35, полувреме 12:16 и имаат +6 бода во однос на Вардар кој сега е второпласиран. Еден словенечки репрезентативец Цехте постигна дванаесет гола, додека искусниот голман Лесјак, во клучните моменти беше на висината на задачата и ...
Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за хемангиом на црн дроб, за што вели: -Емангион на црниот дроб – hemangioma hepatis е гроздовидно модифициран и дилатиран сплет на крвни садови кои ...
Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува Метаболен синдром, за што вели: -Метаболен синдром или Синдром Х се нарушувања во метаболизмот кои го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и ...
Меѓу пршленските тела на р’бетот постојат меки и еластични, дисковидни тела кои имаат улога на амортизери, перничиња кои понекогаш знаат да попуштат под дејство на различни фактори. Кај младите луѓе овие меѓупршленски тела (дискуси) се меки и еластични, но како и кај многу структури во телото, со возраста тие ја губат својата еластичност и стануваат подложни на повреди. Најновите иследувања покажуваат дека кај 30% од луѓето на триесетгодишна ...
Денес, сабота, 6 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температатурата во Битола до 26 степени. Утре, недела, 7 април во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. На ...
На втората фестивалска вечер на 7. по ред “Џез фактори фестивал“ кој се одржува во Битола, сцената на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ беше резервирана за настапот на “Гоце Митанов трио“ од Македонија и “Unleashed coopreration“ од Полска.Вечерашните настапи ги најави и кратко се обрати кон публиката директорот на “Џез фактори фестивал“, Сашо Поповски.Живата легенда на македонскиот џез, Гоце Мицанов, кој го паметиме по историските џез ...
Општина Битола е една од општините кои со својата ангажираност во изминатата година и половина забележаа значително подобрување во работењето во повеќе области, што беше потврдено и со сертификатот, кој од страна на УСАИД му беше врачен на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.Во рамките на настанот „Партнерство за поефикасно управување во општините“, директорот на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ...
Пелистер минува уште една успешна сезона и со оптимизам гледа на почетокот на плеј-офот, кој започнува уте во Битола каде ќе се играат двете по ред први средби, како оредвидуваат пропозициите. На прес конференција пред стартот на плеј-офот зборуваше тренерот Дарко Радуловиќ кој нагласи дела во клубот се свесни за растот на организациски план и големи се очекувањата и во ова разигрување, и дека може слободна да каже дека Пелистер е на прав пат. ...
На 04.04.2024 во 22.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во Битола, 59 годишно лице од Битола, префрлувајќи се преку балконот, изгубил рамнотежа и паднал. Со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош. На 04.04.2024 во 18.00 часот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 26 годишник од Охрид затоа што кај него бил ...
Во старата чаршија во Битола свечено беше отворен Еразмус+ инфо центарот во Битола, кој ќе работи во рамките на кое ќе работи во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и ќе биде одлично место за информирање, презентирање на можности, претставување на идеи од страна на младите.На свеченото отворање присуствуваше Марко Георгиевски директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, директорот на ...
-Вечерва во Битола доделена наградата која го носи името на џез доајенот во Битола “Гоце Димитровски“ за прв пат на битолчанец Давид Скерлевски, а ја додели сестрата на Гоце, Ленче.Годинешното 7. издание на “Џез фактори фестивал“ вечерва во Битола започна со одличен концерт, на радост и за уживање на битолските љубители на џезот на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во Народниот театар Битола.На свеченото отворање беше присутен ...
Неколку ученици од Државното музичко училиште од Битола на настапија на циклусот “Слободна среда“ во Музејот на македонската борба во Скопје.Овој настан е во организација на “Музичка младина на Македонија“, а се реализира преку неколку концерти за учениците од музичките училишта од Државата, а секако и од Битола.Оваа среда настапија Дафина Момироска, Анастасија Петреска и Димитриј Стојчевски во класата по пијано на проф. Татјана Божиновска.Лина ...
Десното крило на Еурофарм Пелистер од Битола денеска во градската болница “8-ми Септември“ во Скопје беше успешно опериран во текот на вчерашниот ден во Скопје, по повредата по која медицински е утврдено дека има скинат преден вкрстен лигамент на десното колено и фрактура. Членот на шампионот Еурофарм Пелистер од денеска го започнува долгиот процес на рехабилитација и се очекува да се врати на терените за најмалку шест месеци. Костевски се ...
Поетесите Даниела Андоновска-Трајковска и Весна Мундишевска-Велјановска од Битола деновиве учествуваа на книжевна вечер и трибина со наслов „Жени, живот, книжевност“ во Смедерево, Република Србија. Двете авторки се претставија со избор од нивното творештво, додека реномираната српска писателка Билјана Миловановиќ Живак, која беше модератор на вечерта и автор на проектот, прочита преводи на нивната поезија на српски јазик. Андоновска-Трајковска ...
Пред музичкиот дел на 7. издание на “Џез фактори фестивалот“ во Битола, се одржа промоција на книгите на новинарот и публицист Љупчо Јолевски, “Радио“ и “Неправилен ритам- Приказни од современата македонска музичка сцена“, во Центарот за култура.Авторот заедно со повеќе уметници направија мултимедијална промоција. За музичкиот дел се погрижија Јордан Костов и Глигор Кондовски, а водител беше актерот Игор Трпчески.Дел од промоцијата беа и видео ...
Кошаркарите на Пелистер од Битола регуларниот дел од сезоната во Првата македонска лига завршија на третото место, а тоа е Еуро Никел од Кавардарци, со кој ќе ги започнат натпреварите од четврт финалето во сабота во спортската сала во Битола, каде ќе играа два натпревари по ред. Во пресрет на серијата со кавадарчани Јуре Планиниќ го анализира противникот, а се осврна и на самиот плеј-оф, за што вели: -Ни следи Еуро Никел и серија против нив. ...
Денес, четврток, 4 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите наУправата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 22 степени. Утре, петок, 5 април, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 22 ...
Пред започнувањето на годинешното 7. издание на “Џез фактори фестивал“ во Битола во малата сала на Центарот за култура во Битола се одржа прес конференција на која зборуваа Иван Јерчиќ директорот на Народниот Театар од Битола, која се јавува како кодомаќин на Фестивалот и професор Сашо Поповски – директорот и основач на “Џез фактори фестивалот“.На сите ние е посебно драго што овој фестивал “Џез фактори фестивалот“ од година во година при ...
Денес, среда, 3 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометоролошки работи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 20 степени. Утре, четврток, 4 април, во Битола времето че биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. ...
Самото име “Multi brand’s“ означува дека на едно место ќе може да се најде оригинална гардероба од различни светски брендови. Големиот асортиман на женска и машка облека за сечиј вкус. Облека во тренди, елегантен, кежуал, спортски стил… и голем асортиман на зимска облека и ски опрема. Посетете не и изберете парче облека од вашиот омилен бренд, по пристапни цени за празниците кои ни доаѓаат велат од “Multi brand’s“. Бутикот се наоѓа на улица ...
Вечерва во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола се одржи вечер на музика и поезија насловен “Гороцвет“, на кој настапија професорките од Државното музичко училиште од Битола Маја Митровска (сопран) и Јана Четелева Белевска (пијано), а гостин им беше актерката Соња Михајлова.На вечерта на музика и поезија беа изведени дела од Ф. Шопен – аранжам за глас и пијано, Прелудиуму, од В. Белини – арија на Норма од истоимената опера, од С. ...