
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, десетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите од 21 до 27 март 2022 година. Годинешнава тема „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“ (Build your future, be smart about ...
НЛБ Банка АД Скопје, една од водечките банки во Република Северна Македонија, има потреба од ангажирање на надворешни проценувачи / консултанти за проценка на пазарна вредност на различни видови на имот лоциран на територијата на државата. Основната задача според договорниот ангажман е изготвување на проценки за пазарната вредност на недвижен имот, подвижен имот, машини, опрема и транспортни средства при воспоставување на заложно право – ...
За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар. Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ...
НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. НЛБ Банка во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Службата за развој на продукти, CRM и ...
Цените на нафтата рано утринава бележат нов висок пораст од шест проценти. Цените се вратија блиску до 110 долари за барел, поради тоа што вестите за мировните преговори меѓу Русија и Украина не се охрабрувачки. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар достигна 109,15 долари, што претставува раст од шест проценти во однос на вчера. Барелот на американската берза поскпе за 2,56 проценти и се тргува за 106,52 долари. Во претходната недела цените ...
Кибернападите се данокот за брзиот глобален технолошки развој. Од друга страна, напредната технологија нуди поразновидни и поевтини услуги во финансискиот сектор. Со цел да се искористат предностите коишто ги носи финтек-секторот, потребно е да му се обрне поголемо внимание на развивањето соодветен систем и механизми за успешен одговор на кибернападите. Денеска, во Народната банка беше организирана работилница со новинарите на тема ...
НЛБ Банка Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпишаа договор за втора кредитна линија од дополнителни два милиони евра за Програмата за финансирање на зелена енергија (GEFF). Станува збор за средства за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, односно кредити кои НЛБ Банка Скопје ќе ги пласира на своите клиенти за инвестиции кои ќе помогнат да се подобри енергетската ефикасност на нивните домови. ...
Годинава прославуваме 30 години од монетарното осамостојување. Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност: беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава. Оттогаш, низ годините, вработените на Народната банка со многу ...
Aмериканските мултинационални корпорации за финансиски услуги „Visa“ и „Mastercard“ објавија дека донеле одлука за престанок на работењето со Русија поради инвазијата на оваа земја врз Украина. Според соопштението, компанијата „Mastercard“ одлучила да ги прекине услугите на својата мрежа во Русија приклучувајќи се на актуелните санкции против Русија. „Со оваа акција, картичките издадени од руските банки ...
УНИБанка ги известува своите клиенти дека во насока на подобрување на корисничкото искуство при користење на банкарските производи и услуги, експозитура Тетово е преселена на нова локација која се наоѓа на ул. Борис Кидрич бр. 1, влез 1, кат ПР, број 6, Тетово, во центарот на градот, на кружниот тек спроти Плоштадот-Комплекс Банки. Работното време на експозитурата е од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот. За сите останати прашања може ...
Комерцијална банка, како банка со врвна корпоративна култура и одговорно деловно работење, е првата компанија во земјава која своето корпоративно управување го усогласи со најновиот Кодекс за корпоративно управување на котираните акционерски друштва на Македонската берза. Прашалниците за усогласеност со Кодексот се објавени на веб-страната на Банката. Новите трендови во финансискиот свет наметнуваат иновации во понудата и интеракцијата со ...
Рејтинг агенцијата „Fitch” објави дека го намалила рејтингот на 31 руска банка на издавачи на долгорочни хартии од вредност во странска валута на „Ц“ од „Б“ и дека ги отстранила од следење на изгледот на неисполнување на долговите, т.н. листа на „следење на негативниот рејтинг“ (Rating Watch Negative – RWN). „Fitch” го намали и краткорочниот рејтинг на руските банки на ...
Музејот на Народната банка на Република Северна Македонија повторно е отворен за посетители од понеделник до петок, помеѓу 9 и 15 часот, а влезот е слободен. Во интервју за независната платформа Умно.мк, раководителката на Музејот, Катерина Христовска вели дека и покрај ограничувањата и протоколите воведени поради коронавирусот, посетителите успеваат да одвојат време и да го посетат Музејот. „Во оваа, јубилејна дваесетта година од ...
Како верен поддржувач на културните дејци и вредности во државава, Комерцијална банка овозможи по 23-ти пат да се избере „Роман на годината“. За 2021 година оваа престижна награда ѝ беше врачена на Симона Јованоска за нејзиното дело „Денот на црвот“ во издание на „Или – или“. Традиционално, оваа значајна награда за домашното културно творештво ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на ...
Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МИА, посочува дека во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, како и дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Ваквото однесување може ...
Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2021 година, Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитира граѓаните, односно домаќинствата. Така, од вкупните кредити на Банката, 51,6 милијарди денари се кредити одобрени на домаќинствата, а 28,2 милијарди денари се кредити одобрени на нефинансискиот сектор односно приватните компании. НЛБ Банка АД Скопје е втората банка по одобрени кредити на ...
Кога се мисли на инвестирање, најчесто станува збор за акции, недвижен имот, или пак странски валути. Сите овие инвестиции нудат одреден долгорочен поврат на средствата, но и одреден степен на ризик, утврдени минимални износи како почетна инвестиција и одредена расположливост на вложените средства. Па, зошто тогаш не размислите да ги инвестирате во производ што има минимален ризик, безбеден е и преку него имате брз и лесен пристап до вашите ...
УНИБанка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. „Со решениe бр.15-1165/4 од 9ти март 2022 година, Гувернерката на НБРСМ издаде претходна согласност за именување на г-дин Николај Сергеевич Драгомирецки за независен член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје. Согласноста е издадена за период од 4 (четири) години, ...
Највисоката пензија во земјава изнесува 725 евра, најниската 186 евра. Зголемување за 1.000 денари како “ад-хок” решение ќе добијат сите пензионери за период од три месеци. Дополнително се промени и моделот за пресметка на зголемувањето – во однос на два параметри, трошоци на живот и раст на просечна плата. Во меѓувреме, во земјава соодност на вработен-пензионер е подобрен, но и натаму “ранлив” од аспект на ...
Aмериканскаат инвестициска групација „Goldman Sachs” најави целосен прекин на работењето во Русија. Тоа е прва голема банка од Волстрит која најави ваков потег откако Русија започна инвазија на Украина. Како и други банки од Волстрит, „Goldman Sachs” води мало инвестициско банкарство и наведе дека има околу 588 милиони во руски долг. Банкарството е најновата индустрија која поради војната е под притисок да ги прекине ...
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) им препорача на сите осигурителни компании да се воздржат од исплата на дивиденда за успешното работење во 2021 година, одлучи Советот на експерти (раководен орган) на АСО на последната седница одржана на 10ти март. АСО препорачува на сите осигурителни друштва кои минатата година ја завршиле со добивка тие средства да ги искористат за реинвестирање во дејноста осигурување или за зголемување на ...
На Волстрит синоќа цените на акциите паднаа бидејќи инфлацијата во САД достигна нови највисоки нивоа во изминатите 40 години, па инвеститорите стравуваат дека американската централна банка ќе мора да ја заостри монетарната политика поагресивно од очекуваното. „Dow Jones” падна за 112 поени, или 0,34%, на 33.174 поени, додека „S&P 500″ се лизна за 0,43% на 4.259 поени, а индексот „Nasdaq” падна за 0,95 ...
Комерцијална банка и Европската банка за обнова и развој ќе ги поддржат еколошките инвестиции на граѓаните во Северна Македонија со нови еден милион евра, кредит обезбеден преку Програмата на ЕБОР за финансирање зелена економија – GEFF. Средствата ќе бидат достапни за физички лица за инвестиции во домот со цел заштеда на енергија, како што се изолација, прозорци, топлотни пумпи, соларни панели и други решенија. По успешна реализација на ...
Следниот приказ ја одразува медиумската присутност на 10-те Акционерски Друштва кои се дел од МБИ10 индексот на Македонската Берза. Мониторингот на ПИКАСА АНАЛИТИКС презентира резултати од 400 мониторирани дигитални медиуми, кои вкупно во текот на Февруари објавиле над 300.000 вести (политика, економија, спорт, култура, технологија, хроника итн). Еден дел од тие вести се однесуваат на активностите на најголемите и најуспешните акционерски ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми проценките за инфлација во еврозоната, најавувајќи дека може да ги прекине монетарните стимулации во третиот квартал, и покрај проценките дека руско-украинскиот конфликт негативно ќе влијае на економијата. ЕЦБ сега проценува дека инфлацијата ќе биде повеќе од двојно повеќе од овогодишната цел од два отсто и би требало да остане над тоа ниво следната година, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард ...
Народната банка води приспособлива монетарната политика во изминатиот период, заради ублажување на ефектите од здравствената криза врз економијата. Во последниот период сите се соочуваме со нови макроекономски услови коишто се карактеризираат со значително зголемено ниво на цените на енергентите и прехранбените продукти, што се нагласува дополнително со тековната безбедносна криза. Во такви околности, Народната банка внимателно ги следи ...
Министерството за финансии има успешна соработка со Европската инвестициска банка која е подготовена да ја продолжи поддршката на Република Северна Македонија во финансирањето на клучните проекти за развојот на државата во областа на енергетиката, инфраструктурното поврзување, зелената транзиција, како и зголемување на конкуреноста на домашните компании. Како што соопшти Министерството за финансии, ова беше констатирано на денешната средба на ...
Светската банка одобри околу 720 милиони долари заеми и помош за поддршка на украинската Влада во исполнување на основните потреби на нејзините граѓани погодени од војна. Извршниот одбор на Светска банка одобри дополнителен пакет за поддршка кој вклучува дополнителен заем од 350 милиони американски долари и гаранции од 139 милиони долари. Банката, исто така, започна мобилизација на грант од 134 милиони американски долари и паралелно финансирање ...
Од 01.03.2022 сите клиенти кои ќе аплицираат за една од наведените кредитни картички на Халкбанк за физички лица: Visa Gold; Visa Classic и Visa Credit PayWave имаат можност да добијат 1000 бонус поени на самата картичка. Бонус поени ќе добијат првите 500 клиенти кои ќе ја активираат картичката со направена минимум 1 трансакција на ПОС/АТМ. Бонус поените можат да се искористат при идни плаќања на ПОС терминалите на Халкбанк. 1 Бонус Поен = 1 ...
Вооружени лица денеска на пладне извршија обид за кражба во УНИБанка во близина на трговскиот центар Беверли Хилс во скопската населба Капиштец, пренесува „Нова ТВ“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. „На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од ...