Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
На 14.12.2023 во 18.50 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп, на ул.„Ѓорѓи Абаџиев" во Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лишен од слобода е С.Б.(51) од Прилеп. При преглед кај него, пронајдени и одземени биле 1620 парчиња пиротехнички средства. По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, на 14.12.2023 од страна на полициски ...
„Сега имаме видливи точки каде што може да се види влегувањето на Топлификација во градот и работиме со огромна динамика, според предвидениот план. Моментално минуваме под железничката линија со бушење, нема сечење, нема копање. Ова е една од трите точки кои што досега се изработија, со врвењето под реката Црна и под патот Новаци и оваа точка тука, останува врвењето под реката Драгор, кое ќе се случи за многу бргу време. “ рече Козаров. ...
Во рамки на програмата за одбележување на „Св. Матеј“ – Ден на даночните работници, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска додели донација во Дом за доенчиња и мали деца-Битола. Донацијата е обезбедена преку синдикалната организација „Солидарност“, односно сите средства се обезбедени од вработените, посочи Лукаревска. -Како општествено одговорни граѓани, но и како даночници секогаш помагаме таму каде што е најпотребно. ...
Полициски службеници од СВР Битола денеска (13.12) заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ ги лишиле од слобода П.Ј.(68) од Битола и Т.Г.(61) од с.Канино,битолско. Имено, при извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на П.Ј.(68) од Битола беа пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар. При претрес во с.Канино, ...
Годинешниот добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело, Димче Миновски, ја продолжи традицијата со засадување дрвце во Алејата на добитниците на наградите за животно дело. На настанот присуствуваа пријатели на добитникот, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и дел од советниците од општинскиот Совет. Градоначалникот Коњановски, посочи дека претставува посебна чест да се биде со добитникот на наградата за животно дело кој ...
Денеска ( 13.12.2023) во 03.50 часот во Битола полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво" казниво по член 237 ст.1 од КЗ. Имено, малолетникот на 13.12.2023 во 03.20 часот на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот. Малолетникот во присуство на ...
Општина Битола, бележи подобрување на буџетската транспарентност и претставува добар пример на државно ниво за отчетност кон граѓаните. Ова го потврдува извештајот за фискална – буџетска и даночна транспарентност, изготвен од УСАИД во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ кој им помага на партнер општините во унапредување на транспарентноста и отчетноста во процесите на прибирање, трошење и контрола ...
соседот точно пред скалите. Одите понатаму, раскопана улица без никакви предупредувања. И ни малку адекватно ограничена и заштитена. Не дај Боже да паднете, а сте сами, прво ќе речат: ’Кај одиш ко си сама, знајш дека не гледаш’. За да излезем од дома треба да имаме бело стапче. Ај што нема каде да го купиме нема ни обука кој да ни направи како да го користиме“, рече Софрониевска. Се осврна на задолжителното образование каде нема брајови ...
Поради потик и стимул на учениците за во иднина да продолжат да постигнуваат поголеми успеси и да ја претставуваат нашата општина на државни и меѓународни натпревари, комисијата одлучи до искористување на средствата од предвидениот буџет за оваа намена да ги награди пријавените ученици од основните и средните училишта кои имаат награди од државни натпревари на прво, второ и трето место, а истите не се прво рангирани. Доделувањето на ...
Градоначалникот Тони Коњановски објави дека обезбедени се средства за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп. Информацијата ви ја пренесуваме во целост На вчерашната комисиска расправа во Собранието на буџетот за 2024 година прифатен е амандман наменет за капитален проект за Општина Битола. Поконкретно, овие средства ќе бидат предвидени за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп. Ова е само почеток на нашата ...
Денеска (11.12.) полициските службеници на целото подрачје на СВР Битола, денеска ги отворија вратите за најмладите и им одржаа предавање во делот на сообраќајот како и им ја прикажаа и опремата која ја користат. Имено, во соработка и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ по завршувањето на обуката на првите инспектори за превенција, при доделување на сертификати за нивна стручност во оваа област на 9 декември 2008 година, истиот ден е прогласен за ...
Неделна програма на Кино Браќа Манаки од 11-ти до 16-ти декември 11.12.2023, понеделник 18:00 „Ден на благодарноста“ 20:00 „Наполеон“ **** 12.12.2023, вторник 18:00 „Ден на благодарноста“ -За двајца добитници со по две влезници доделува АПЛА за: 12.12.2023, вторник 20:00 „Наполеон“ **** 13.12.2023, среда 18:00 „Пет ноќи кај Фреди“ 20:00 „Te dua, жими мене“ **** 14.12.2023, четврток 18:00 „Пет ноќи кај Фреди“ 20:00 „Te dua, жими мене“ **** ...
На 10.12.2023 во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола на подрачјето на Битола за присуство на малолетни лица во угостителските објекти во Битола. При контролата во угостителски објект лоциран на Градското шеталиште биле затекнати две малолетни лица после 24 часот, од кои едното било под дејство на алкохол. Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случајот ќе ...
Во текот на изминатата вечер (09/10.12.2023)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 22 возачи.Од нив по 8 на територија на Прилеп и Битола по 2 во Ресен ,Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 14 други видови прекршоци. Засилените сообраќајни ...
Вчера во спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници привеле 9 лица поради дрога. „Кај И.К.(41) од Скопје, Н.Ј.(29) од Пробиштип, П.В.(26) од Битола, С.Г.(31) од Скопје, Н.К. од Косово, Г.Г.Р.(31) од Мексико, Д.М.(23) од Скопје, Ф.П.(30) од Скопје и Н.И.(22) од Куманово биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја“, велат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Снег врне во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека, каде има и магла со видливост до 30 м. Врнежи со послаб интезитет има на Попова Шапка, Маврово,Стража, Страцин,Македонски Брод,Буково и Ѓавато. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на ...
На ден 07.12.2023година со почеток во 10.00час. во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Македонска спортска стрелачка федерација со клубовите ГСК „Пелистер“ и СК „РЕК БИТОЛА“ во Битола се одржа државно првенство во стрелаштво од Основните и Средните училишта, во машка и женска категорија на кое зедоја учество ученици од повеќе градови од Македонија. ОСНОВНИ УЧИЛИШТА КАТЕГОРИЈА ЖЕНСКИ 1-место, ЕВА ИЛИЕСКА ...
Министерството за образование ѝ ги одзеде ингеренциите на Општина Битола да назначи директори уште за две училишта, и тоа Средното технишко училиште „Ѓорги Наумов“ и Основното училиште „Климент Охридски“. Со ова станаа три училишта каде општинската власт не може да го избере првиот човек што ќе управува со школите. Пред две недели тоа беше случај и со основното училиште „Александар Турунџев“ во битолското село Кукуречани. Коњановски вели дека ...
Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.К.(38) од Битола под сомнение дека извршил тешка кражба. Како што соопшти МВР, Т.К. бил лишен од слобода на петти овој месец. Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба“ во куќа во Битола и одзел накит и други предмети. Со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ...
Градоначланикот на Битола Тони Коњановски денеска даде отчет пред медиумите за сработеното во изминатите две години локална власт. Отчетот е сместен и во артиена форма за секој еден проект што локалната власт успеа да го релизира досега или е во тек на реализација. Меѓу бројните проекти од инфраструкатурата, коловоз во вкупната должина од 20 км, 6 детски градинки, игралишта паркинзи, помагање за реализација на Авантуристичкиот парк на ...
Кога технологијата се повеќе го одзема слободното време на младите, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола пронајде уште еден интересен начин како дел од слободното време младите да го заменат со книга, наместо со телефоните во рака. Таа организираше „Дегустација на книги“, креативен и привлечен начин да се запознаат читателите со различни жанрови на книги, особено во образовни или библиотечни поставки. Тоа беше ...
Во организација на Локалниот економско социјален совет на Општина Битола, а во соработка со Младинскиот културен центар од Битола, денес се одржа јавна дискусија на тема: „Слободните индустриски зони и нивното значење за економскиот развој на Битола“. На јавната дискусија беа отворени прашањата поврзани со подобрување на инфраструктурните услови во Старата индустриска зона во Битола, како и во Индустриската зона Жабени, на што општината, ...
Под мотото "Сите зрачиме на различен начин", основното училиште "Коле Канински" го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост, при што беа отворени две простории за деца со атипичен развој и деца со потешкотии. -Денес со се отвораат две катчиња за индивидуална поддршка на учениците со атипичен развој и потешкотии, кои ќе служат како платформа за развој и инклузивно образование на учениците со попреченост. Ќе бидат место на ...
Денес во рамки на кампањата „ 16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“, со поддршка на ЕУ/Совет на Европа Ромактед програмата втора фаза, во салата на Советот на Општина Битола се одржа работилница на тема „ Обединето против насилство врз жените и девојчињата “. На работилницата со свои излагања зедоа учество институции кои се директно вклучени во процесот за постапување по пријави за насилство: Центарот за ...
Општина Битола, објави оглас за прибирање на понуди за користење на урбана опрема – куќарки за продажба на храна, пијалаци и други производи кај Офицерски дом и пред “Мал битолски монмартр” во Старата битолска чаршија и простор за поставување на опрема за забава на деца до платото на Офицерски дом, за периодот од 23 до 31 декември 2023 година. Јавниот оглас со наведените услови и образецот на понуда се достапни на веб страната на Општина ...
На речиси еден месец пред крајот на првото полугодие, од непостапувањето и недавањето согласност од МОН се заканува опасност битолското образование да остане без 301 наставник, во одделенска и предметна настава. Ставајќи го интересот на учениците и правото на образование над се, повторно испративме барање до Министерството за образование и наука за одобрување на бараните согласности, во кое потенциравме: „Имајќи во предвид дека договорите на ...
Одлично се вклопија лицата со интелектуална попреченост и децата од одделенска настава од редовните училишта играјќи ја театарската претстава „Бегалка“ од Васил Иљоски. На сцената на Народниот театар од Битола тие без едно, се надополнуваа меѓусебе и си помага. Ликовите на Ленче, Бошко, Велика, Трајко, Евра беа распределени меѓу двете групи. Ова беше голем чекор за секоја од нив зашто на сцена беше поставена скоро цела драма, а претставата ...
- Континуираното вложување во професионален кадар и испорачувањето на врвна услуга за клиентите се основните постулати на нашето работење, велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола, посочувајќи дека досегашниот раст и развој се должат на експертизата и балансираното менаџирање, како и на придонесот на целиот тим во чиј фокус е секогаш клиентот. Заокружувајќи ја деветтата година од основањето, овој 4-ти декември најголемото брокерско друштво ...
„Главната цел на иницијативата е обновување на опожарениот зелен појас што ќе води кон подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, ублажување на ефектите од климатските промени. Дополнително значење на акцијата е едукацијата на најмладите кои од мали нозе се учат за природата и заштита на животната средина“, изјавија организаторите. Покровител и спонзор и на оваа петта акција за пошумување беа BV Business Group кои како општествено ...
Службата за дермато-венеролошки заболувања позната како Кожно одделение при Клиничката болница во Битола, една од најстарите во државата, го започна чествувањето на едновековниот јубилеј постоење со објавување на електронски алманах со фотографии. Во него на сликовит начин е прикажана историјата и смената на генерациите во оваа служба која за првпат како државна амбуланта започнала со работа во 1925 година. Во 2025 ќе слават сто години ...