
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Вечерва во Свечената сала на Офицерски дом - КИЦ Битола, со почеток во 19.00 чсаот Државното музичко училиште од Битола ќе одржи Свечен концерт во сеќавање на професорот Пеце Митревски, насловен како „Стар, ама на англиски“. Ќе нстапат и уметниците Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Оливер Јосифовски, Сузана Турунџиева, Петар Христов и Камерниот оркестар од Битола. „Пеце Митревски (12.04.1952 Битола - 07.04.2008, Битола) средно музичко ...
Премиерот Димитар Ковачевски во РЕК Битола, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, со генералниот директор на ЕСМ, Васко Стафанов, со вработените со директорите, раководителите на енергетските капацитети и со сите членови на економско енергетски совет го означи крајот на грејната сезона за оваа година. На настанот беа доделени благодарници за вработените кои неуморно работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која ...
Претседателката на Советот во Битола Габрила Илиевска од неависната граѓанска иницијатива Поинаку, која беше дел од советничкото мнозинство, и денес не се појави на продолжениетo на 26 седница, a владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ДОМ остварија кворум и седницата продолжи. Илиевска рече дека таа не закажала никакво продолжение, дека Поинаку нема да учествува на незаконски седници и од Државниот инспекторат за локална самоуправа ...
БИТОЛА – Продолжението на политичкиот циркус во Советот на општина Битола денеска резултираше со одлука која е надвор од општинските работи, туку се враќа на настаните од 27 април 2017. Советот донесе одлука на семејствата на осудените од крвавиот четврток да добијат парична помош од 10 илјади денари. Во образложението на одлуката се користеше формулацијата „неоправдано осудените“. Со продолжението на седницата претседаваше највозрасниот ...
СН Осигурителен брокер АД Битола и оваа година ја подолжува традицијата на поддршка на детскиот фестивал „СИ-ДО“, кој ќе се одржи на 28 април во Центарот за култура во Битола. Како општествено одговорна компанија СН Осигурителен брокер АД Битола за 27-мото издание на фестивалот се јавува како генерален спонзор на истиот. „Еден од најреномираните детски фестивали во земјата, фестивалот „СИ-ДО“, оваа година одбележува 27 години постоење. Фестивал, ...
Вкупно 127 возачи се казнети денеска, од 11:00 до 17:00 часот, на територија на СВР Битола во засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Како што информира МВР, од нив 88 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. – Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните ...
Жена загина на лице место во тешката сообраќајна несреќа која се случи денеска околу 14 часот на патот Битола – Ресен кај превојот Ѓавато во атарот на с.Ѓавато. Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „сеат“ со ресенски регистарски ознаки управувано од И.А.(57) од Ресен и „мерцедес” со ресенски регистарски ознаки управуван од С. Ј.(52) од Ресен. Во незгодата на лице место починала И.А.. Смртта ја констатирал доктор од итна ...
На дел од просторот на поранешната Касарна и зад зградата „Аурум“, беше собрана голема количина отпад, која беше отстранета со 12 тури од камионите на јавните претпријатија и со 3 камиони од приватните фирми, кои покажувајќи ја својата грижа за почиста животна средина, доброволно се вклучија во акцијата. За време на акцијата, на терен присуствуваа и градоначалникот Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и директорите на јавните ...
Навидум непромислен потег на претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од независната листа „Поинаку“ го извади од колосек Битолскиот Совет и сега таа молчи. Вчера Илиевска, иако е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, даде пауза на седницата на Совет, откако советниците на СДСМ си заминаа незадоволни од работата на јавните претпријатија, па ВМРО-ДПМНЕ си избраа нов претседавач и ја продолжија работата. Зошто Илиевска даде пауза на ...
На верскиот празник „Источен петок – Балаклија“, традиционално во Јенимаале, продолжи вековната традиција на одбележување на „Градски – Селски Велигден“. Многу радост, песна и игра го исполнија сретселото на ова битолско маало, каде се одржа и централната манифестација на новиот Детски фолклорен фестивал „Весел Петок“, организиран од КУД „Илинден“. Во рамките на овој фестивал беа одржани голем број манифестации во кои учество зедоа детски ...
Афоризми Си ги продадовме фабриките, ни останаа само маките. Некои лидери, почна никаде да не ги бери. И во нашите стратешки објекти, има полно дефекти. Хумореска ПОЛИТИЧКА РАБОТА Времето беше прекрасно и затоа цело друштво решивме вечерта да ја поминиме на терасата на еден голем ресторан. Одбравме маса подалеку од оркестарот, не затоа што не сме мераклии на музика, туку затоа што пејачката ем стара, само да ја слушаш, а да не ја гледаш, туку ...
Пишува професор м-р Даниела Петровска Да се изложи љубовта на ризик и да се доживее како авантура во траење, и да се спротивстави на сигурноста и комфорот на културата на комодификација, значи да се застане во нејзина одбрана со бескомпромисна филозофска задача par excellence. Ако се „фрли“ око врз поимот за љубовта како поим што се симплифицира во парадигмата дека таа има романтична концепција, дека таа гори, се троши и се исцрпува во ...
Во интерес на граѓаните и вистината и само заради функционирањето на општина Битола, сметаме дека на јавноста треба да и се предочат следниве факти: - останатите присутни 16 советници по констатацијата од службите, дека Советот има кворум за работа, според Деловникот избраа преседавач, кој што исклучиво преседаваше со започната седница. - сметаме дека одговорноста пред граѓаните е примарна и ние и натаму остануваме дефинитивно во силно ...
На сатиричен начин координаторот на советничката група на СДСМ Методија Илиевски денес им додели пофалници на сите директори на јавните претпријатија од Битола за како што речЕ, со иронија да ги пофали за постигнатиот успех што дел од нив имаат завршни сметки со загуби. Ова се случуваше за време на денешната седница на Совет на која на дневн ред беа извештаите за финансиското работење на деветте општински јавни претпијатија. Тој даде пофалници и ...
Несогласувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Поинаку кои се дел од советничкото мнозинство во Советот на Општина Битола достигнаа кулминација. Претседателката на Советот Габриела Илиевска која доаѓа од редовите на Поинаку денес ја прекина седницата на Совет, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Дуи останаа на седница и беше избран друг претседавач. По ова беше обезбеден кворум таа да продолжи, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги изгласаа завршните сметки на ...
Досегашниот директор, актерот Симеон Мони Дамевски на денешното свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), со мнозинство гласови од присутните членови, повторно е избран за директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Дамевски ја извршуваше директорската функција од јуни 2021 година, а според статутот на ДФРМ, неговиот нов мандат ќе важи за следните две изданија на фестивалот во Битола. Мони Дамевски ...
Денеска тие беа еа во посета на АМД ,,Ѓорѓи Наумов"-Битола,а за работата на друштвото, ги запозна секретарот Јонче Лајмановски. Претседателот на ОО на СБМ-Битола, Стефан Бошков ги запозна учениците со животниот пат на првиот командант на одредот Ѓорѓи Наумов. Учениците прочитаа свој рецитал. Присутните положија цвеќе пред спомен-бистата на Ѓорѓи Наумов. Учениците имаа пригодна програма пред спомен бистата на Елпида Карамнди по повод нивниот ...
Криминалистичката полиција при СВР Битола на 18.04.2023 го лиши од слобода Н.Д.(43)од Битола поради сомнение за извршени разбојништва на подрачјето на Битола. Имено, на 11.04.2022 околу 08.00 часот, пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист, во аптека на ул.„Солунска“ во Битола, со закана со пиштол кон вработената, од магацинскиот простор одзел пари. На 16.05.2022 во 08.40 часот, пријавениот во обложувалница во комплекс ...
Офицерскиот дом во Битола нема да се заградува со никакви огради и ѕидови, посочуваат наделжените. На одредени места, според проектот, ќе бидат поставени потпорни ѕидчиња во висина од околу 30 сантиметри кои се дел од партерното уредување и за кои е добиено конзерваторско одобрение. Тие се подигаат со цел да биде заштитено земјиштето, а парцелата останува отворена за целата јавност. Во тек е партерно уредување на просторот околу објектот за што ...
Успешни третмани на лице и видливи промени на израмнување на брчките се одлика на професионалната работа на салонот за убавина и лична нега BE BEAUTY BU ALEKSANDRA во Битола, чии сопственик е Александра Даскалова од Битола. Посетете го салонот и уверете се во квалитетот и професионалноста на тимот на BE BEAUTY BU ALEKSANDRA. -Видлива промена, по само еден третман кај клиентка со изразени назолабијални брчки. Krx Premium HA, Прашокот за полнење ...
По повод 18 април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, утре, сите музеи и локалитети во земјава ќе бидат отворени со бесплатен влез за посетителите. Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, прогласен од ИКОМОС, а прифатен од УНЕСКО се одбележува во целиот свет, како и кај нас. Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигање на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, на ...
Поради транспарент со вулгарна порака за Црквата на Осмо мартовскиот марш во Скопје пред повќе од еден месец, Владиката Петар, во Велигденското послание жестоко го нападна феминизмот и рече дека родовата еднаквост е изопачена. Митрополитот смета дека пред појавата на ова движење жените биле домаќинки, а сега се еманципирани но се почесто разведени. Додава дека покрај правата за кои се борат жените, имаат и должност да бидат етични и морални. -Во ...
Прв пат имаме шанса директно од Ерусалим да го однесеме дома Благодатниот оган, во нашата држава, да го предадеме во МПЦ, и потоа, тој оган ќе продолжи да ни ги осветлува и домовите и храмовите во текот на целата година“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска пред денешната церемонија на „Преземање на Благодатниот оган“ во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел. Ова е историски чин за ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 61-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални искази на две девојчиња на возраст под 14 години, пред кои ...
Дечињата од Детската градинка „Кокиче“ од Битола заедно со восипувачките Кика и Јасмина имаа чест да другаруваат со Велчо Петровски-Папал и заедно да реализираат Велигденска работилница и трпеза пропратена со звуците на староградската песна. Тој на дечињата им го испеа и хитот по кој е препознатлив во Битола „Точаче“.Дечињата можeа да научат како да прават празнични изработки од Петровски кој ги има уредено и украсено најдобрите излози во Битола ...
Дечињата од Детската градинка „Кокиче“ од Битола заедно со восипувачките Кика и Јасмина имаа чест да другаруваат со Велчо Петровски-Папал и заедно да реализираат Велигденска работилница и трпеза пропратена со звуците на староградската песна. Тој на дечињата им го испеа и хитот по кој е препознатлив во Битола „Точаче“. Дечињата имаа можност да научат како да прават празнични изработки од Петровски кој во градот ги има уредено најубавите излози. ...
Инспекцискиот надозр од ДЗСИ констaтирал недостатоци во врска со лекувањето и третманот на родилката В.К. чие машко бебе почина по породувањето во Клиничката болница во Битола. Од Инспекторатот соопштија дека за константираните недостатоци ќе бидат изречени прекршочни мерки за д-р М. В за правното лице и за одговорното лице во правното лице врз основа на чл.48-а ст.1 т.1 и 2 и ст.2 и 3, а во врска со чл.6 од Законот за евиденции во областа на ...
Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Француската Алијанса од Битола и ООУ “Даме Груев“ – Битола заеднички го одбележаа празнувањето на католичкиот и православниот Велигден. Следната недела ќе се одбележи и празникот Бајрам. Следната недела следува нова работилница за празникот Бајрам. „Мултикултурализмот и адресирањето на меѓуетничките односи во нашето општество претставуваат основа за меѓусебното ...
Нов директор на Битолската клиничка болница е д-р Елизабета Ивановска, специјалист интернист, субспецијалист пулмолог. Лекарката Ивановска доаѓа на местото на д-р Александар Обедников, кој денеска од морални причини, поради смртта на две деца и едно новороденче во болницата, трагедии што се случија во последниот период, официјално си поднесе оставка од директор на болницата. Пулмологот Ивановска е добро позната на битолската јавност како личност ...
На 10.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле претреси на повеќе локации во Битола и прегледи на повеќе лица, при што биле пронајдени хероин, марихуана и други предмети. При претрес со судска наредба во домот на Л.Н.(39) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети. При претрес во дом и други простории кои ги користи О.П.(44) од Битола, извршен со ...