
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



-Поразена е политиката на градоначалникот Тони Коњановски! Победи Битола и потребите и желбите на граѓаните! Битола доби ребаланс по мерка на граѓаните! Сите наши амандмани се прифатени и обезбедени се средства за изградба на капитални објекти: кружен тек кај Довлеџик, тартан патека, урбанистички планови за Широк Сокак и Стара Чаршија, фекална канализација за Дихово и Нижеполе, поддршка на спортски клубови...Наши заложби и во иднина остануваат ...
Два месеци му требаа на Коњановски за да сфати дека нема играње со парите на битолчани. Благодарение на притисокот и упорноста на СДСМ и коалицијата, ребалансот на буџетот што сега го предлага градоначалникот, откако првичниот не му помина во Министрството за финансии, ги содржи сите амандмани што советничката група на СДСМ и коалицијата ги предложи! Без амандманите на СДСМ и коалицијата, битолчани ниту ќе знаеја што планира да прави Коњановски ...
Објавени се конечните ранг листи после првиот уписен рок на универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, па можеме да направиме кратка анализа на пополнетоста и успехот на запишаните. Накусо, просечната пополнетост на квотите изнесува одвај 27,4%, додека уделот на кандидатите со 93 или повеќе бодови од успех во средното образование, вклучувајќи ја и државната матура изнесува само 8,7%. Границата од 93 бодови не е превисока, таа се постигнува со ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (10.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 51 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 возачи за управување под дејство на алкохол. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за непрописно престигнување.... ...
Битолчани ќе имаат можност да ги гледаат и слушаат :Ламбе Алабаковски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, ДНК, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, Зуица Лазова, Мина Блажев, Марија Спасовска, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска…кои ќе ги исполнат најубавите патриотски песни:”Заветна", "Оган да го гори", "Налеј налеј", "Народе Македонски", "Послушајте патриоти", "Едно име имаме" и многу други. Поканети се сите… ...
Со положување цвеќе пред споменикот на НОАВМ кај Центарот за култура во Битола, од страна на заменик градоначалникот на општина Битола Бојан Бојковски, претставници на Советот на Општина Битола предводени од претседателката Габриела Илиевска, претставници на Сојузот на борци и на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и ПОДЕМ, денес се одбележа 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Пред 32 години, на 8 септември 1991 година, на ...
Вечерва, во пресрет и во чест на големиот државен празник 8 Септември – Денот на независноста, што годинава се одбележува под мотото „Гласник на слободата“, во Филхармонија на Република Северна Македонија се одржа Свечена академија - „32 години независност“. На Свечената академија се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, како и проф. д-р Искра Пановска - Димкова од Филолошкиот факултет„ Блаже ...
Привршува рехабилитацијата на регионалниот пат Битола- грчка граница кој цели 40 години не беше преасфалтиран, преполн дупки, крпеници не беше безбеден за сообраќај. Министерот Благој Бочварски денес изврши увид врз инфраструктурниот зафат и најави дека до октомври ќе биде и официјално пуштен во употреба. Реконструкцијата на12, 7 километри пат чини 3, 27 милиони евра обезбедени од ЕБОР. Бочварски уште најави дека на пролет идната 2024 година ...
Се запира постапката за спорната 26 седница на Советот на Општина Битола за која следеше инспекциски надзор од Државниот инспектор за локална самоуправа. Денес, до градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, доставено било известување од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа, во кое се наведува дека од наодите на извршениот контролен инспекциски надзор, за спорната 26 седница на Советот на Општина Битола, за нив овој ...
За првпат во Општина Битола, токму во мојот мандат како градоначалник, сите присутни советници даваат едногласна поддршка на ребалансот на општинскиот буџет. Ова ми дава надеж дека можеме, заеднички да продлжиме да работиме за интересот на битолчани и за напредокот на Битола. Токму затоа, веднаш по моето враќање од работната посета на САД, ќе ги повикам сите координатори на советничките групи и претставниците на администрацијата во мојот ...
На територија на СВР Битола санкционирани се 88 возачи, меѓу кои 24 мерки за возење повеќе од дозволената брзина (12 во населено место и 12 надвор од населено место), 21 мерка за возење без возачка дозвола, 20 санкции за непрописно паркирање. Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, две мерки за некористење на сигурносен појас, две санкции за управување под дејство на алкохол.... -Сообраќајните контроли ...
Таа додаде дека сите дезинформации што се пласираат од почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, дека ќе ги загубиме идентитетот, македонскиот јазик, нашите културни обележја, доаѓаат од структури на кои не им е до реформи и не сакаат позитивна трансформација на македонското општество. – ЕУ го негува мотото „Обединети во различностите“, и тоа не е случајно. Тоа значи дека ЕУ ги чува и ги негува културите на народите на своите држави ...
По два месеци политички натегања и кавги, денес советниците на Општина Битола едногласно со 27 гласови „за“ го изгласаа ребалансот на буџетот. За време на гласањето во салата не беа советниците на Левица. Се гласаше всушност за ребалансот проширен со амандманите од 11 јули кој беше вратен од Министерството за финансии затоа што ја надминуваше финансиската рамка. Работните групи составени од советници од различни политички парии во изминатите ...
Во чест на Денот на независноста, 8 Септември, Музејот на македонската борба за самостојност подготвува посебна мултимедијална програма со слободен влез за сите посетители. Од 10 до 14 часот на повеќе локации во Музејот ќе бидат презентирани „Видеоприказни од музејската архива“, коишто, меѓу другото, вклучуваат музејски стории за седум исклучителни жени од македонската историја, меѓу кои и: Оливера Вера Јоциќ, Роса Плавева и Калипсо Налча; ...
Уредувањето на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“, влегува во завршна фаза. Денес, започна асфалтирањето на просторот, како дел од проектот кој се реализира на површина од 7632 метри квадратни и вклучува фаза реконструкција на атмосферска канализација, коловоз и електротехника, односно соодветно осветлување на просторот. За реализација на овој проект, локалната самоуправа, од општинскиот буџет инвестира 18.301.800 денари. ...
По завршувањето на првата и втората група студенти практиканти кои беа дел од проектот „Универзитетска летна пракса“, во текот на вчерашниот ден уште 10 студенти од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ https://uklo.edu.mk/, започнаа со практикантска работа во општинските установи. Шест од студентите во текот на месец септември ќе извршуваат работни задачи во општина Битола, еден студент во ЈП „Жабени“ и тројца во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“. ...
Деновиве, активно се одвиваат градежни работи на просторот зад зградата кај поранешниот ЈАТ. Предвидените градежни активности опфаќаат одводнување (поставување на соодветен канализационен систем), поплочување на просторот и осветлување на ул. Рузвелтова бб, на површина од 2500 м2, во вредност од 6.951.952 денари. Времето предвидено за изведба на градежните активности е 40 работни дена, со што на оваа локација ќе се добие една заокружена ...
Министерството за образование и наука да ги одземе ингеренциите на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски заради непочитување на одлуките на второстепената комисија за трансформација на работниот однос на 50тина наставници во битолските училишта! Согласно член 166 од Кривичниот Законик, свесно прекршување на правата од работен однос е кривично дело заради што СДСМ ќе покрене постапка против градоначалникот Тони Коњановски, против ...
Општина Битола, мора да работи законски и транспарентно, јасно, разбирливо за јавноста, без шпекулации и обиди за манипулација на граѓаните. Токму затоа, почитувајќи ги амандманите на сите советнички групи на кои сакам да им се заблагодарам за посветената работа во овој период, како предлагач, изготвив нов ребаланс на буџетот, во кој се вклопени најголемиот дел од предлозите на советниците. Но и покрај моето инсистирање да се пристапи кон ...
Во просториите на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола денес беше пуштена во употреба Дневна соба за сите читатели која ќе успее на едно место да ги поврзи локалната заедница, науката, културата и библиотеката. Дневната соба им овозможува на читаталите да го поминат времето во Библиоетката во пријатен амбиент, сличен на домашниот, опремен со книги, бестселери, сликовници, странска популарна литература, дневен печат, ...
Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски го објави добитникот на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 44. Фестивалско издание што ќе се одржи од 23 до 29 септември. Кинематограферот, чиј ракопис стои зад долгогодишната тандемска соработка со Џо Рајт („Покајание“, „Ана Каренина“, „Сирано“), зад „Ноќни животни“ (режија Том Форд), „Треба да разговараме за Кевин“ (Лин Ремзи), „Светски ...
– Во денешниов свет не е возможно да останете настрана од глобалните процеси каде што нашиот најголем национален и државен интерес е да градиме партнерство со сите оние за кои Европа е домот кој нѐ интегрира и нѐповрзува. Република Северна Македонија е држава која сигурно чекори кон својата иднина при што, убедена сум, нејзини најголеми поддржувачи кон европскиот пат се токму младите – порача министерката за култура Бисера ...
Денеска (02.09.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.М(19) од Битола. Тој се сомничи дека денеска одзел накит од Е.В од Австралија, со престој во Битола. Лицето било приведено во Полициската станица Битола и во службен разговор го признало делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против И.М. ќе биде поднесена соодветна ...
Битола – Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола на бизнисменот Цветан Панделески, сепак успеа да ја блокира сметката на државното претпријатие Хидросистем „Стрежево“ – Битола за 26 милиони денари, неисплатена камата. Вака одлучил Апелацискиот суд во Битола на 21 август годинава, по жалбата на ЗК „Пелагонија“ откако претходно Основниот суд во Битола донесе решение да го пролонгира извршувањето на блокадата за 90 дена, до ноември годинава. ...
Europe House Битола ќе го започне месец септември со автентична изложба на графички симболи. Во рамките на оваа изложба во просторот на Офицерски дом ќе бидат прикажани 460 дела во мал формат. Станува збор за проектот yugo.logo на младиот белградски графички дизајнер Огнен Ранковиќ, кој вели дека симболите кои ќе ги видиме се создадени пред повеќе од половина век, но стандардите по кои се креирани, концептот и естетиката ги прават безвременски. ...
Од денес учениците се враќаат во училишните клупи. Денес, новата учебна година започна и за 799 првачиња во Битола. По тој повод, основните училишта во Битола организираа приредби за пречекување на првачињата. - Денес е еден од оние денови кои нè потсетуваат на значењето на заедницата, на значењето на образованието и инвестирањето во нашата најголемо богатство, нашите деца - изјави Дијана Толевска Христовска, директорка на ОУ „Коле Канински“. ...
„Верувајте, нема поубав момент за мене, за родителите и наставниците, да го започнете денот со најмладите. Во мое име, во име на општина Битола и граѓаните на општина Битола, на најмладите, родителите и наставниците им посакувам многу трпение, многу успеси, многу смеа и радост, затоа што ако се потсетиме на моментите кога ние бевме на нивно место, тоа беа моменти на радост, но и на понекоја пуштена солза. Ќе кажам еден статистички податок: од ...
Во интерес на граѓаните и спречување на ширењето лаги, со кое се занимаваат СДСМ и Поинаку изминатите денови, денес јавно и траснпарентно, сакам да ја известам јавноста за неколку работи: Пари има почитувани граѓани, изработивме и проекти, но сега на ред е Советот, преку усвојување на новиот ребаланс на буџетот да овозможи реализација на проектите и поддршка за напредок на Битола во сите области, кои се во надлежност на локалната самоуправа. Јас ...
Europe House Битола ќе го започне месец септември со автентична изложба на графички симболи. Во рамките на оваа изложба во просторот на Офицерски дом ќе бидат прикажани 460 дела во мал формат. Станува збор за проектот yugo.logo на младиот белградски графички дизајнер Огнен Ранковиќ, кој вели дека симболите кои ќе ги видиме се создадени пред повеќе од половина век, но стандардите по кои се креирани, концептот и естетиката ги прават безвременски. ...
Индивидуални земјоделци кои добија решенија за набавка на трактори од Програмата за рурален развој за 2022 година се жалат дека цените на тракторите отишле во вис и дека на грбот на земјоделците некој се обидува да ќари. Дистрибутерите на земјоделска механизација ги отфрлаат обвинувањата и велат дека поскапувањето на тракторите е незначително и се должи на глобалните движења на пазарот за земјоделска механизација, и дека во време на инфлација ...