Убиен е Трајан БЕЛЕВ-Гоце, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во село Ѓавато, Битолско на 4 јануари 1902 година. Беше печалбар во Франција. Од 1938 година е член на Комунистичката партија на Југославија за Македонија. По окупацијата на Македонија од фашистичките сили активно се вклучи во антиокупаторската борба. Во 1942 ...

Заради сличен проблем во електропреносниот систем, во ноември 2021 година беше тешко оштетен трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола и постројката беше надвор од функција повеќе од една година. Овојпат, за среќа, нема сериозни штети врз опремата на РЕК Битола, а стручни лица од РЕК Битола и АД МЕПСО работат на утврдување на точните причини за денхешниот инцидент. Потребите на потрошувачите за електрична енергија во моментов се задоволуваат од ...

Димитар Кузмановски е новиот претседаел на ОО на ЛДП Битола. Синоќа на деветто изборно собрание на партијата ја доби довербата да раководи со една од најголемите општиски организации на ЛДП. Кузмановски во партијата членува од дете од 17 годишна возраст и се смета за еден од обрите познавачи на политичките состојби не само во својата партија туку и воопшто како познавач на политичкиот живот во државата -Тука пораснав, созреав и учев за политика ...

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска се сретна со Салка Абдуловска, мајка на 17 годишното момче за кое излезе информација дека било несоодветно третирано во Демир Хисар. Министерот Меџити, лично се запозна со случајот, како би можело Министерство да помогне за полесно секојдневние во грижата за момчето. На средбата од страна на Меџити беше изразено жалење за настанатата ситуација и министерот потенцираше дека нема да дозволи никогаш ...

Со парите се изработи проект, негова ревизија, се избра надзор. Потпишан е и договор со градежна фирма „Стентон градба“ за негова обнова. Градоначалникот Коњановски при неговата псоета во јули на Копанки најави дека очекува до почетокот на зимата да биде направен во фаза – карабина, односно покриен. Иницијативата за Општината финансиски да помогне во обновата на „Копанки“ беше на советничката група на Поинаку. Парите се дадени како финансиска ...

Во склоп на фестивалот Roman Nights at the Teatro Marcello -Concerti del Tempietto, Софија Михајловска - ученичка од ДМУ Битола од I клас од класата на проф. Маја Божиновска се претстави со целовечерен пијано рецитал во Рим- Италија. На програмата беа дела од различни епохи: Бах, Бетовен, Шопен, Борткиевич, Рахмањинов. Ова беше една одлична можност да се заокружи досегашното основно образование, каде Софија покрај многуте настапи на меѓународно ...

Битола нема опера, ама го Интерфест-учениците од ОУ Гоце Делчев дадоа пример како треба младите да излезат од стегите на шунд музиката. Вчера, во рамките на воннаставна активност по предметот музичко образование, група на ученици од VI до IXодд. од ООУ.„Гоце Делчев“,заедно со нивната наставничка Марија Арсиќ и директорката на училиштето Наташа Ставревска, беа гости на отворањето на овогодинешниот фестивал на класична музика,, ИНТЕРФЕСТ,, 2023. ...

Заврши 11ото издание на Олимпијадата за англиски јазик, Хипо2023. И годинава исполнета главната цел: промоција на изучувањето на англискиот јазик, зближување на ученици од целиот свет, поттикнување на натпреварувачкиот дух кај децата и соработка на наставници по англиски јазик. Кога започна за првпатво 2013 година, на Олимпијадата учество зедоа околу 5000 ученици, за годинаватој број да надмине 83.000 од кои 223 се пласираа на светското финале ...

На иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски денес се одржа средба со релевантните институции вклучени во изведување на проектот за реконструкција на патниот правец Битола-Грчка граница, на која присуствуваа претставници на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Надзорниот орган ГЕИНГ, СВР Битола, секретарот Борче Димитровски и општинската администрација. Градоначалникот беше информиран дека за овој патен правец е изработен ...

БИТОЛА – Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе го повлече проектот и помошта од 400 илјади евра за Општина Битола за проектот „Smart4You2“ доколку Советот на Општина Битола не најде начин да даде согласност на одлуката за кофинансирање на проектот. Едноставно кажано, ако не се изградат велопатеки нема да се реконструира ни објектот „Парк“. Мнозинството во Советот на вчерашната седница донесе одлука да не се градат велопатеки со европски средства и ...

За период од јануари до септември 2023 година 414 тешки кражби помалку на подрачје на Битола во споредба со истиот период минатата година. Во првите девет месеци од 2023 година, според извештаите и во евиденциите на СВР Битола, Секторот за внатрешни работи Битола во Битола бележи намалување на извршените тешки кражби ,тешки кражби во обид и тешките кражби на дрзок начин. Позитивните резултати се должат на низата преземени мерки и активности од ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција во Владата соопшти дека од денеска (3 октомври) во 12 часот е отворен системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година. Системот за пријавување ќе биде затворен на 6 ноември во 12 часот. На прес-конференцијата беше кажано дека и оваа година електронското пријавување целосно ќе се спроведува преку ...

Со операта „Рита“, во изведба на Националната установа „Опера и балет“, започна 32 издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“, во Народниот театар во Битола. Годинава, на фестивалот, како што образложи уметничкиот директор на „Интерфест“, Милица Шперовиќ Рибарски, ќе настапат врвни уметници од 8 држави и тоа од Јапонија, Шпанија, Русија, Португалија, Италија, Австрија, Украина и Македонија. Фестивалот го отвори ...

Голем број вработени во СН Мото Центарот имаат афинитет кон трчањето и здравиот начин на живот, така што со задоволство годинава учестуваа на скопскиот маратон и се закитија со медали по успешно истрчаните патеки на кои беа пријавени. „Тимот на СН Мото Центар годинава успешно финишираше на скопскиот маратон. Нашите честитки до нив. И секако честитки до организаторите за успешно организирана трка, како и до сите учесници кои покажаа дека ...

Им посакуваме успешен старт на академската година на сите студенти запишани на државните и приватните универзитети ширум државата. Ве убедуваме дека само со голем труд и напорна работа може да се добие знаење кое ќе допринесе за развој на нашата држава. Денес Градоначалникот Тони Коњановски присуствуваше на првиот академски час, но заборави да признае пред студентите дека сеуште не ја има реализирано Иницијативата за еднократна финансиска ...

Како градоначалник, морам да повикам на разумност и конструктивност од страна на советнички групи: СДСМ, Поинаку, Левица, ДОМ и ДУИ, затоа што со денешното неусвојување на одлуката за изградба на велопатеки, загубивме сите како граѓани на Битола, а со тоа на Битола и се заканува опасноста под знак прашалник да биде доведена и идната сериозност на општината за добивање на европски средства за реализација на нови проекти. Тоа што пред неколку ...

Иницијативата „Битола на Точак“ со реакција на денешната одлука на Советот на Општина Битола да не се изгласа точката на дневен ред за изградба на велопатеки со европски средства. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост -Жално, но вистинито. Предизборно ветување во програмите на СИТЕ советнички групи кое не може да биде испорачано. Слично како за Плоштадот „Гоце Делчев“ кога со консензус сите советници го изгласаа. Порано отворено изјавуваа дека ...

Велосиспедските патеки се неопходни за урбаниот равој на Битола, но тие треба да се вметнат во развојната програма на гардот и за нив Општината има средства да ги изгради, а објектот Парк да се реконструира како што беше првично предвидено со прокетот „Smart4you2“ за да не остане руина, рече Анастасија Трајковска, советничка на ДОМ која од говорницата денес половина час аргументирано зборуваше што треба да се направи за градот да добие и ...

За период од јануари до септември 2023 година 414 тешки кражби помалку на подрачје на Битола во споредба со истиот период минатата година. Во првите девет месеци од 2023 година, според извештаите и во евиденциите на СВР Битола, Секторот за внатрешни работи Битола во Битола бележи намалување на извршените тешки кражби ,тешки кражби во обид и тешките кражби на дрзок начин. Позитивните резултати се должат на низата преземени мерки и активности од ...

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес ги посети новите паркчиња и се сретна со локалното население, кое во тоа време заедно со нивните деца, беа во паркчињата. Жителите на населбите изразија задоволство од новите катчиња за најмладите, кои освен новите реквизити, располагаат и со урбана опрема, а пред се обезбедуваат сигурност за децата во регулиран заграден простор. Проектот во вредност од 4.600.000 денари, средства од Бирото ...

Одлука за изменување на Одлуката за согласност и кофинансирање на проектот “Smart4You2”, по втор пат не доби зелено светло во Советот на Општина Битола. Се однесуваше на пренамена на средствата од европски проект, наместо реконструкција на објектот „Парк“ кој се наоѓа во близина на обновениот со европски пари Офицерски дом во Битола, парите (во висина од 400 илјади евра) со амин на Европската делегација во Скопје беа пренаменети за изградба на ...

Салка Абдуловска, мајка на 17-годишно момче со аутузам, се жали дека нејзиниот син бил врзуван во Психијатриската болница во Демир Хисар и дека од тоа има рани на рацете и нозете. Таа низ солзи кажува дека пред еден месец, поради агресивното однесување на момчето побарале помош од здравствената установа да го опсервираат, а кога вечера го зеле дома имал рани по телото. „Го однесовме таму пред еден месец за да го опсервираат и да му се погоди ...

Ова денеска го соопштија министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на прес-конференција во Владата. Костадиновска-Стојчевска потсети дека Владата и Министерството за култура обезбедија нова адреса и простор за трајно користење за новата Национална установа Оркестар за џез-музика на Република Северна ...

Одреден е притвор за битолчанецот кој со стол нападнал гостин в кафетерија во новиот пазар во Битола, без причина. И двајцата и напаѓачот и нападнатиот пред истрагата изјавиле дека претходно не се познавале, а нападот дошол неочекувано и предизвикал чувство на страв кај присутните гости. „Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.Ј.(37) од Битола поради постоење основи ...

Покрај земјоделското осигурување, СН Осигурителен брокер, преку професионален кадар во континуитет ги едуцира земјоделците на терен, ги следи актуелните состојби во агро секторoт и воведува новитети соодветни на потребите на земјоделците. Во рамките на изборот на најуспешните од областа на земјоделството за 2023 година, здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ му додели признание на СН Осигурителен Брокер АД Битола како лидер во ...

Битолчанка во пратка со храна му испратила хероин на затвореник во КПУ Затвор Битола. СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(42) од Битола и Е.К.(30) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информира МВР. - На 11.01.2023 во Казнено-поправната установа Затвор Битола, при претрес на пратка со прехранбени ...

Советникот од независната советничка група „Поинаку“ Алмир Адемовски покрена лавина коментари на социјалната мрежа Фејсбук и предизвика реакции и од граѓани и од политички субјекти откако во „пресметка“ со поранешен поддржувач на „Поинаку“ го симна нивото на комуникација на најниско ниво, или како што коментираат дел од нив го допре дното со вулгарности и ниски страсти. Така на коментар на нивен доскорешен поддржувач, дека независните од ...

Ученичките Горната гимназија од Битола, Андреа Нешковска и Тамара Николовска кои ќе учествуваат на меѓународни олимпијади добија финансиска поддршка од градоначалникот Тони Коњановски и општина Битола, откако Апла.мк објави дека е потребна поддршка со цел да се покријат трошоците на ученичките за учеството на олимпијадите. Со голема благодарност за нејзината посветеност и трудољубивост и посакувам многу среќа и високи резултати, за што како ...

На 17.09.2023 год.во Брвеница се одржаа XXVII Републички спртски игри на пензионерите организирани од СЗПМ. Домаќин беше Здружението на пензионери од Тетово.Учествуваа сите здуженија членки на СЗПМ кои освоија први места во сите дисциплини на регионалните спортски игри. Здружението на пензионери од Битола учествуваше со 18 спортисти и три судии. Успесите на пензионерите беа големи. Честитки за нашите пензионери - спортисти кои зедоа учество на ...

БИТОЛА – Битола нема хотели од рангот на „Хилтон“, ниту „Мериот“, ама го има кафето на Широк Сокак, Пелистер, и срдечното добредојде за светските и домашните филмаџии од ИФФК „Браќа Манаки“. На еден ден пред почетокот на 44. издание на фестивалот, Битола се подготвува за еден од значајните културни збиднувања во градот што го прави значаен и на културната и на туристичката мапа во државата, пренесува nezavisen.mk Во градот како никогаш досега за ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
48%
1012
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
62%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1011
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
63%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.88
56%
1011
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
76%
1012
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
71%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
63%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
51%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
1.07
61%
1010
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
4.63
48%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52