
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



БИТОЛА – Европската делегација со писмо најави суспензија на проектот за изградба на вело патеки во Битола, констатирајќи дека „прекуграничниот углед на проектот е сериозно нарушен“, со предупредување „ЕУ делегацијата размислува за суспендирање на договорот“. Од политички инает се поизвесно е дека пропаѓаат 400 илјади евра за вело патеките и не се само тие, туку и сѐ што остана да се реализира од целокупниот пограничен проект „Smart4You2“. Во ...
Општина Битола, продолжува да работи транспарентно и отворено во интерес на граѓаните, а Претседателката на Советот Габриела Илиевска, настојува преку манипулации да навлегува во области кои се надвор од надлежностите на Советот на општина Битола, обвинува градоначалникот Тони Коњановски. Како претходен советник и сегашен градоначалник, морам да напоменам дека комисиите составени од советници од сите политички партии имаат можност да ...
Европската делегација најавила дека ќе го суспендира целиот прокет Smart4You2 во кој се опфатени и велопатеките за Битола. Денеска на Совет не помина предлогот да се расправа за велопатеките и целиот проекет. За прокетот гласаа 13 советници од ВМРО ДПМНЕ и советничката на ДОМ, додека сите останати СДСМ, ПОИНАКУ, ДУИ и Левица беа воздржани. Градоначалникот Тони Коњановски пред советниците образложи: Уште кога се подготвуваше дневниот ред за ...
Притисоците и заканите кон советниците во Советот на Општина Битола кои десет месеци ги вршат градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски кулминираа во пресрет на седницата на Советот на Општина Битола закажана за утре во 10 часот!, објави СДСМ Битола. Велосипедските патеки Коњановски може да ги почне веднаш!!! Годинава има 5.000.000 денари за таа намена во буџетот на Општина Битола! Поранешен ...
Утрински се будам со писание без автор и потпис, објавено на страната на СДСМ Битола, полно со лаги и барање алиби за чекорите кои СДСМ ги прави последните неколку месеци со проектот Smart4you2, објави Борче Димитровски, секретар на Општина Битола, на својот Фејсбук профил по синоќешните објавувања на СДСМ Битола. Почитувани граѓани, вистината е една: СДСМ како дел од новото мнозинство во Советот после денешната седница ќе биде виновна и ...
На 10.02.2024 во 19.00 часот на паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ ви Битола двајца малолетници од Битола го нарушувале јавниот ред и мир и омаловажувале полициски службеници . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. На 10.02.2024 во СВР Битола е приведен Б.В. од Битола затоа што на ул.„Климент Охридски" во Битола физички нападнал полициски службеници. По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. ...
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со резултат 27:21 го совлада Вардар 1961. Дербито од плеј-офот во македонската ракометна Суперлига се одигра денеска во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Во целосно изедначеното прво полувреме, во кое централни фигури беа Филип Кузмановски на едната и Мартин Томовски на другата страна, предноста во продолжението ја донесоа словенечките интернационалци во домашниот состав. Гедбан на полувремето беше заменет ...
ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ околу поддршката за граѓански здруженија и спортски клубови, СДСМ возврати со контра напад. Од ВМРО-ДПМНЕ објави- -Во интерес на јавноста, а посебно во интерес на спортските клубови и здруженија на граѓани, сакам да ве известам дека петок (09.02.2024) комисијата за финансии и буџет имаше седница, на која како точки на дневен ред се најдоа два повици: 2.ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства од буџетот на ...
ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ околу поддршката за граѓански здруженија и спортски клубови, СДСМ возврати со контра напад. Од ВМРО-ДПМНЕ објави- -Во интерес на јавноста, а посебно во интерес на спортските клубови и здруженија на граѓани, сакам да ве известам дека петок (09.02.2024) комисијата за финансии и буџет имаше седница, на која како точки на дневен ред се најдоа два повици: 2.ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства од буџетот на ...
Од денеска СВР Битола има нов началник, Сашо Мирчески, кој речиси 25 години е дел од битолската полиција. Мирчески е избор на министер за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, и доаѓа на местото на Бенито Јошевски, кој сега ќе ја извршува функцијата заменик началник на СВР Битола. Сашо Мирчески има 49 години, роден е и живее во Битола, каде завршил основно и средно образование, а дипломирал “криминалистика“ на Факултетот за ...
Повторно соочени со дезинформации изнесени од страна портпаролот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски, Државна лотарија смета дека е од огромна важност да ја информира пошироката јавност како и играчите на игрите на среќа за вистинитоста на фактичката состојба. Оваа манипулација со неточна информација на опозициската ВМРО ДПМНЕ ја демантираме и побиваме во целост како невистинита и паушално изнесена. Државна лотарија во ниту еден момент ...
Демант на градоначалникот Тони Коњановски на обвинувањата на СДСМ Општина Битола, во континуитет, над 10 години спроведува постапки за јавни набавки на хотелски, угостителски и ресторански услуги, за кои, градоначалниците се обврзани предвидените средства да ги користат само за потребите на општината и реализација на проектни активности, согласно општинските програми. Во интерес на јавноста и мојата транспарентност, а пред се одговорност пред ...
Од денот кога стана градоначалник до денес, Тони Коњановски има потрошено над 10.000.000 денари за јадење и пиење по битолските ресторани и хотели. За ручеци и вечери на сметка на општината, Коњановски склучил 4 договори за хотелски и угостителски услуги. - 2.900.000 денари, договор склучен на 22.03.2022 година, - 2.800.000 денари, договор склучен на 28.04.2022 година, - 3.000.000 денари, договор склучен на 08.06.2022 година, - 1.600.000 ...
Од денот кога стана градоначалник до денес, Тони Коњановски има потрошено над 10.000.000 денари за јадење и пиење по битолските ресторани и хотели. За ручеци и вечери на сметка на општината, Коњановски склучил 4 договори за хотелски и угостителски услуги. - 2.900.000 денари, договор склучен на 22.03.2022 година, - 2.800.000 денари, договор склучен на 28.04.2022 година, - 3.000.000 денари, договор склучен на 08.06.2022 година, - 1.600.000 ...
Претседателката на Совет, Габриела Илиевска не одговори на поставеното прашање - Зошто точките за проектите за велопатеките и за „Парк“ предложени од градоначалникот Тони Коњановски не се поставени на дневен ред на најавената седница на Совет? На вчера испратените прашања на мајл од наша страна, Илиевска не одговори и ја потврди нејзината нетранспарентност и селективност кон новинарите. Новата 37 седница на Советот е закажана за 12 февруари, а ...
На 06.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.И.(46) од Битола. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана за продажба и пари во различни апоени. На ул.„Дебарска" во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода и Е.А.(33) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од М.И.. Двајцата биле приведени во ...
При контрола на сообраќајот во Битола кај возач констатирано присуство на 4.03 промили алкохол Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден (06.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. На територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 упатени на технички преглед. При контрола кај возач од Битола констатирано било присуство на 4.03 промили алкохол. Сообраќајните контроли ...
Пред Вас е дневниот ред на 37-мата седница на Советот на општина Битола, закажана за 12 февруари, во кој, за жал, не се најдоа предложените точки од моја страна, по поднесената иницијатива за седница на Советот, за два квалитетни и значајни проекти за граѓаните на Битола реконструкција на објектот Парк и велосипедските патеки. Во името на континуираната транспарентност и отчетност на работењето на оваа локална самоуправа, постојано до ...
Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ е важен и урбан дел од градското јадро на Битола. На денешен ден, 6 февруари, 1945 година започна наставата на Македонски јазик и оттогаш, 79 години исправено се носи со сите воспитно-образовни предзивици кои ги носи текот на времето. Библиотеката не е место само каде што се складираат книги – туку и место каде се споделуваат големи идеи, па така настана кусиот филм „Старецот на сите генерации“, токму во ...
Во Битола се одржа јавен форум за инклузивна подготовка на програмата за работа на општинскиот Младински центар Битола за 2024 година. Настанот беше во организација на МКЦ-Битола во рамки на проектот „Младите во центар’’, финансиран од ЕУ. Овој јавен форум имаше за цел да се претстават специфичните цели на иницијативата, Законот за младинско учество и младински политики, специфичните обврски кои произлегуваат од Законот, моменталната состојба и ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот(02/03/04.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 226 возачи, меѓу кои 124 мерки за возење повеќе од дозволената брзина ,31 мерки за возење под дејство на алкохол,21 санкција за управување без возачка дозвола ... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните ...
На 03.02.2024 во 14.20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.М.(48) од Битола. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната. На 03.02.2024 во 16.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.К.(26) од Битола. Тој се сомничи дека околу 07.00 часот со остар предмет го ...
Градоначалник без визија каков град сака да биде Битола! Градоначалник без компас што ќе изгради во Битола во мандатот кој граѓаните му го доверија! Градоначалник кој приоритетите ново училиште, нов спортски комплекс, стационар за бездомни животни...ги замени со рушење гаражи и трафики. Градоначалник кој паркингот кај ЈАТ цела година не можи да го заврши, а паркчето во Нова Битола го прави 20 месеци! Градоначалник кој за две години потроши ...
Во текот на изминатата вечер (02/03.01.2024)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 14 возачи од кои (9 во Битола,4 во Прилеп,еден Македонски Брод),а откриени биле и 13 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните ...
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес поднесе иницијатива за свикување на седница на Советот, за објектот „Парк“ и велосипедските патеки. Во продолжение, Ви го доставуваме интегрално барањето до советниците во Советот на општина Битола. „Почитувани советници, Новите можности, кои што општина Битола ги има за нејзин развој и напредок, наметнуваат потреба од одржување на седница на Советот на општина Битола, на која треба да се ...
U.S. Embassy North Macedoniа Целта на оваа обука се одвива преку методот на искуствено учење и претставува практична симулација на микро бизнис игри каде учесниците ги учат основните финансиски поими, преку игра. Обуката ја водеа професорките Фани Наумовска од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Мирјана Лозановска од СЕОУ „Јане Сандански“ Битола. На неа присуствуваа 16 млади учесници од двете училишта. Целта на оваа обука е зајакнување на ...
Велопатеките беа, а верувам и остануваат неопходност и за сите политички партии, кои граѓанскиот интерес ќе го издигнат над партискиот и ќе дадат целосна поддршка за практична реализација на изготвената документација, објави градоначалникот Тони Коњановски. Со поднесената апликација во Министерството за култура за реконструкција на објектот „Парк“ и денешното потпишување на договорот, потврдив дека, како градоначалник на сите граѓани, ги ...
На 31.01.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.К.(39) од Битола. При претрес во домот и просториите, кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја, додека при претрес во неговото патничко моторно возило било пронајдено пакување со грутчеста материја. А.К. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде ...
Импресивни бројки и на реализирани настани и на посетители на културни настани во Битола во текот на 2023 година, објави директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска Илијевски. -Ни требаше цел јануари за да се преброиме, оти ова е бројка - не е играчка ! НУ Центар за култура Битола во 2023 година реализираше 645 манифестации, фестивали,концерти, настани, изложби, промоции, филмски проекции вкупно, а во нашите сали влегле ...
Во интерес на јавноста и за информирање на советникот Чулакоски од ПОИНАКУ во врска со пишувањата за кружниот тек кај поранешната ветеринарна станица ситуацијата е следна. Од страна на општинската администрација и надзорот се константирани забелешки при изведбата на завршниот слој не само на оваа локација и на уште една и истите ќе бидат отстранети на сметка на изведувачите. Општина Битола додека јас сум градоначалник како и во минатото и во ...