Демонстрантите за време на деветтиот ден од протестите во Тирана фрлиле неколку молотови коктели кон кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама, како и кон полицискиот кордон што ја обезбедувал зградата, пренесува албанскиот „Еуроњуз“. Молотовите коктели предизвикале помал пожар, кој дежурната противпожарна екипа брзо го изгаснала. Водените топови биле во готовност, но не интервенирале, ниту, пак, полицајците упатиле каков било повик до ...

Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека неодамнешните протести се користат за дестабилизација на земјата и попречување на преговорите за членство во Европската Унија, порачувајќи дека никој не може насилно да ја урне владата. На состанокот со директорите на средните училишта, одржан во Министерството за образование, на кој се разговарало за учеството на адолесцентите во протестите, насилството врз полицијата и мерките што владата ги ...