LinkSense.mk Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организација од страна на Светската шаховска организација (ФИДЕ) е доделена на Шаховската федерација на Македонија, ќе се одржи од 18 до 29 септември, во хотел Изгрев (Струга). Согласно турнирскиот правилник, на Светското екипно првенство за сениори имаат право да учествуваат репрезентации и шаховски клубови, предуслов е да сите играчи од една екипа бидат во ...

LinkSense.mk Дебарската Територијална противпожарна единица, вчера интервенираше во гаснење на пожар во албанско погранично село. Според Командирот на ТППЕ, Џетан Мифтароски интервенцијата била по дојава од албанска страна од каде е побарана помош. – По барање од нивна страна а во согласност со локалната власт на Дебар нашите пожарникари интервенираа во локализирање и целно гаснење на пожар во пограничното албанско село Војника, кое е на ...

LinkSense.mk Швајцарските историчари идентификувале најмалку 1.002 случаја на сексуална злоупотреба поврзани со Католичката црква од средината на 20. век. Досега се идентификувани 510 обвинети злоставувачи и 921 жртва. Ова е првпат независен истражувачки тим да испитува документи за сексуално насилство од црковните архиви во Швајцарија, пишува Евроњуз. „Случаите што ги идентификувавме се несомнено само врвот на ледениот брег. Претпоставуваме ...

LinkSense.mk Италијанскиот остров Лампедуза мора да се справи со рекорден број чамци полни со мигранти, соопштија денеска локалните власти, оквалификувајќи ја ситуацијата како „драматична“. Повеќето од мигрантите, како што пренесува АНСА, рекле дека дошле од Нигерија, Сиера Леоне, Судан, Чад, Тунис, Гвинеја или Камерун и оти секој од нив на криумчарите платил по околу 5.000 туниски динари (околу 1.500 евра). Бројот на чамци со мигранти што ...

LinkSense.mk Вицепремиерот и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби ги демантира обвинувањата дека измените на Кривичниот законик се направени за политички пазарења за да се обезбедат гласови за уставните измени. Според него, овие измени нема многу да влијаат на обвиненијата покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство. „Ако се анализираат овие два члена и Кривичниот законик во целина, во сите обвиненија на ...

LinkSense.mk Дојче веле – Бон Патување во странство? Кај некои пасоши тоа не е проблем, кај други е. Едните речиси никогаш не треба да се грижат за влез во странска земја, другите се соочуваат со долго чекање за виза. Зошто е тоа така? За имателите на германски пасоши, на пример, влезот во Камбоџа е прилично лесен. 30-дневна туристичка виза може да се побара од амбасадата на Камбоџа во Берлин, со такса за обработка од 40 евра доколку имате пасош ...

LinkSense.mk Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2023 година е 1,1 отсто според проценетите податоци на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од годинава, поголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,6 отсто и Финансиски дејности ...

LinkSense.mk НАТО планира следната година да ја одржи својата најголема вежба од Студената војна. На вежбата треба да учествуваат повеќе од 40.000 војници, кои ќе вежбаат одбрана од руска агресија против една од нејзините земји-членки. Вежбата Steadfast Defender доаѓа како дел од брзиот притисок на НАТО да се трансформира во вистински воен сојуз, поттикнат од инвазијата на Украина. Вежбата ќе почне на пролет следната година и се очекува да ...

LinkSense.mk Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Температурата наутро ќе биде 11, а во текот на денот 33 Целзиусови степени. Времето денеска ќе биде наутро свежо, а преку денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 4 до 13 Целзиусови степени, а попладне од 26 до 33 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 6. ...

LinkSense.mk Денеска, во периодот од 10 до 12 часот, ќе има посебен сообраќаен режим по улиците околу зградата на Владата, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Причина за воведувањето посебен режим на сообраќај е одржување на протест пред Владата. „Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, по сообраќајницата каде ...

LinkSense.mk Во село Горна Бањица денеска ќе се изврши минирање со што стартуваат градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани (30,1 километар) на Коридорот 8. На настанот е најавено присуство на првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д Артан Груби, министерот за транспорт и врски г-дин Благој Бочварски и директорот на ЈП за ...

LinkSense.mk Шведска има намера да го зголеми буџетот за одбрана до 2 отсто од БДП од следната година за да ја исполни целта за воени трошоци поставени од западната одбранбена алијанса, јави ДПА. Зголемувањето денеска го најави шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон. Шведскиот буџет за одбрана ќе се зголеми за вкупно околу 2,2 милијарди евра. Околу 58 милиони евра од тоа ќе бидат издвоени за административни такси на алијансата, рече Јонсон, ...

LinkSense.mk На руските државјани во иднина ќе им биде забрането да влегуваат на територијата на ЕУ со своите возила, а доколку го сторат тоа, земјата членка во која влегле треба да им го конфискува возилото, ова, како што наведува „Еурактив“, се предвидува со последните измени на политиката за санкции на Унијата. Според порталот, на прашањето „Дали руските државјани можат привремено да внесуваат лични стоки и возила во ЕУ под наметнатиот режим ...

LinkSense.mk Шест лица вчера попладнето биле пронајдени смртно повредени од огнено оружје во атинското предградие Артемида во источниот дел на градот, јави дописничката на МИА од Атина. Од убиените, петмина биле застрелани во автомобил, а шестиот бил пронајден во непосредна близина на возилото. Според првичните неофицијални информации, автомобилот бил со германски регистарски таблици, а веројатно станува збор за расчистување сметки. МИА ...

LinkSense.mk Тајфунот „Хаикуи“ го зафати Тајван со обилни дождови и силни ветрови, оставајќи најмалку 226.000 домаќинства без струја и многу повредени, соопштија властите. Според тајванскиот Оперативен центар за итни операции, Хаикуи поминал птрку јужниот дел на Тајван и влегол во Тајванскиот теснец рано утринава. Ослабената бура продолжи кон јужните делови на Кина. Силните ветришта корнеле дрва во источниот и јужниот дел на Тајван и го прекинаа ...

LinkSense.mk Германската полиција покрена истрага против маж на возраст од 40-тина години, откако тој, наводно, фрлил 10-годишно момче од Украина од мост затоа што зборувало на неговиот мајчин јазик. Инспекторите се сомневаат дека осомничениот е Русин и дека нападот бил политички мотивиран, пишува британски Телеграф. Од почетокот на руската инвазија, во Германија пристигнаа повеќе од милион украински бегалци кои во последно време се соочуваат со ...

LinkSense.mk Во изминатите три години имаме сериозен дисбаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во Европската Унија и надминување на билатералните спорови, бидејќи билатералниот спор со Бугарија за жал ја покри целокупната традиционална агенда за пристапување, порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски, на заедничката прес-конференција во Скопје со неговите колеги од Словенија и Хрватска, Наташа Пирц – Мусар и Зоран ...

LinkSense.mk Македонија ризикува многу ако не ги усвои уставните измени, особено поради можноста ЕУ да ги отвори преговорите со Украина во декември оваа година. Тогаш Македонија би влегла во ризик да биде одвоена од другите држави на нејзиниот пат кон Унијата.Оваа забелешка ја изнесе денеска специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, при разговорите со претседателот на Собранието Талат Џафери. Во соопштението од ...

LinkSense.mk Министерките за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска и на Португалија, Марија Хелена Кареирас денеска во Министерството го потпишаа првиот Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу двете земји со што ќе се интензивира македонско-португалската одбранбена соработка. Министерките Петровска и Кареирас на заедничка прес-конференција порачаа дека Договорот е камен-темелник на развојот на билатералните односи и ...

LinkSense.mk „Податоците и информациите што ги продуцираат институциите им припаѓаат на граѓаните, јавната администрација е сервис на граѓаните кој е неопходно да биде целосно транспарентен, а истовремено носителите на функциите и институциите да бидат свесни и одговорни за потребата од транспарентност и отчетност пред граѓаните“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на ...

LinkSense.mk „Втора недела учениците немаат учебници, власта осакати цели генерации. Секоја година со СДС и ДУИ на власт нема учебници и по неколку месеци.“-велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение. -Учениците наместо книги како материјал за учење добиваат скрипти, како што беше примерот минатата година. Основните работи кои власта треба да ги обезбеди во образованието како учебници и свидетелства со СДС и ДУИ станаа луксуз. Нејасно е што прави ...

LinkSense.mk Соопштение за јавност Истрагата за грозоморниот случај на Онкологија ја водат надлежни институции. Министерството за внатрешни работи и обвинителството, за прв пат во 20 години влегоа на Онкологија и започна расчистување. ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува болни а со своето делување се обидува да и наштети на целата постапка. Истрагата не смее да бидат предмет на политички манипулации, но толкав е капацитетот на ДПМНЕ. ...

LinkSense.mk Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањето дали новите измени во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на функцијата и за злосторничко криминално здружување ќе ги отежнат напорите на САД да помогнат во борбата против корупцијата во државата. -Ја охрабруваме Северна ...

LinkSense.mk Времето утрово ќе биде свежо, а преку ден сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 15, а максималната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 31 степен. Според УХМР, и во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со ...

LinkSense.mk Водата во грчката област Тесалија полека се повлекува, со што се открива и големината на катастрофата предизвикана од поплавите, меѓутоа продолжуваат проблемите за жителите на регионот, додека пак делови од автопатот Солун- Атина и понатаму се затворени за ообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно постојат предупредувања за опасност за јавното здравје во поплавените подрачја, а на граѓаните им се ...

LinkSense.mk Претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен претседател и премиер на Русија, Дмитриј Медведев, вчера во објава на својот канал Телеграм рече дека САД наскоро би можеле да доживеат напад како оној на 11 септември 2001 година, но со нуклеарно или биолошко оружје. Медведев ги упати своите закани само еден ден пред годишнината од терористичките напади во кои загинаа 2.996 луѓе. Медведев, кој беше претседател на Русија ...

LinkSense.mk Дваесет и две години од најразорните терористички напади во историјата, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. Исламистичка терористичка мрежа Ал Каеда изврши напади во Њујорк и во Вашингтон. На денешен ден во 2001 година припадници на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони со намера да ги извршат нападу врз симболите на САД. Ден два авиони во рок од 16 минути се урнаа во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк. Авион на ...

LinkSense.mk Едно се чини јасно: иднината ќе биде дигитална. Вештачката интелигенција има ризици, но нуди и огромни можности, а клучното прашање е како да се искористи технологијата која брзо се менува, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на третата сесија на Самитот на Г20, насловена „Една иднина“, што се одржува во Њу Делхи. – Она што го прави светот сега ќе ја обликува нашата иднина. ...

LinkSense.mk Европската Унија и нејзините земји членки ви искажуваат целосна солидарност во овој тежок момент, се наведува во писмото што лидерите на ЕУ го упатија до мароканскиот крал Мохамед Шести, изразувајќи сочувство до него и до Владата и народот на Мароко за жртвите од катастрофалниот земјотрес што ноќта меѓу петокот и саботата го погоди централниот дел на земјата. – Ваше височество, ние, членовите на Европскиот совет, сакаме да го ...

LinkSense.mk Претседателот Стево Пендаровски денеска во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. На состанокот, како што е најавено, ќе учествуваат претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
53%
1013
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
91%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
3.09
48%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
60%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
5.15
59%
1011
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
86%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.54
54%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
56%
1011
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
50%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.81
59%
1010
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
52%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
69%
1010
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.4012

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048