
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Најмалку девет лица загинаа, а 882 се повредени во силниот земјотрес што рано утринава го погоди Тајван. По земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала кој утрово го погоди источниот брег на Тајван, во урнатините останаа заробени над 120 луѓе, за кои се верува дека се живи. Епицентарот беше на 18 километри јужно од градот Хуалиен, а досега се регистрирани најмалку 100 последователни потреси. Земјотресот предизвика лизгање на ...
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на синоќешниот предизборниот митинг во Мичиген ги нарече илегалните имигранти во САД „животни и нелуѓе“. Тој наведе неколку злосторства извршени од илегални мигранти и предупреди дека САД ќе биде зафатена од насилство и хаос доколку тој не биде избран за претседател на 5 ноември. Зборувајќи за Лејкен Рајли, 22-годишна студентка од Џорџија за чие убиство е осомничен мигрант од Венецуела, Трамп ...
Коалициите предводени од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, коалицијата „Македонска ера трета сувереност“, „Европски фронт“ предводен од ДУИ, партијата ЗНАМ и Работничка партија поднеле кандидатски листи за изборите за пратеници на 8 мај. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), до синоќа до 22 часот, кога беше и последниот ден за поднесување кандидати, листи поднеле и партиите Родина, потоа Аваја за ...
Сезоната на крлежи трае од април до септември, па важно е однапред да се знае како правилно да ги отстраните од кожата доколку е потребно тоа. Од заразните болести, менингоенцефалитис, меѓу другите, се пренесува преку крлеж. Тоа е воспалително заболување на централниот нервен систем, чијашто клиничка слика може да се движи од настинка до тешко воспаление на мозокот. Натаму, тука спаѓа и конго-кримска хеморагична треска што се јавува многу ретко ...
Идната недела ќе биде една од потоплите која сме ја имале во овој период од пролетта. Синоптичарите најавуваат вистинско лето уште на почетокот на април со температури кои ќе достигнат и до 34 степени во одредени делови на земјава и до 32 во Скопје. До крајот на оваа недела ќе имаме генерално стабилно време со прилично високи температури. Како што ќе се наближува викендот температурите ќе растат. Веќе во петок ќе имаме 25 степени а во сабота ...
Европското јавно обвинителство соопшти дека неговата канцеларија во Софија започнала истрага со цел да собере евентуални докази во врска со сомнежите за проневера и злоупотреба на средства од фондови на ЕУ и за перење пари поврзани со изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во Бугарија, тунелот „Железница“ на автопатот „Струма“ во реонот на Благоевград. Обвинителството информира дека истрагата е покрената по сознанија добиени од ...
Три лица загинаа, а уште едно е повредено во лавината што вчера попладне се спушти од планина во Рифелберг, во близина на швајцарскиот алпски ски-центар Цермат, соопшти полицијата. Портпаролот на полицијата во јужниот кантон Вале немаше детали за идентитетот на луѓето зафатени во лавината. Исто така, не е јасно дали има уште исчезнати. Полицијата во кусо соопштение соопшти дека акцијата за пребарување е прекината затоа што бил отежнат пристапот ...
Од утрово од 6 часот трите гранични премини кон Грција, Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники, се затворени за сите видови сообраќај. Причина за затворањето на премините е штрајкот на грчките цариници што почна денеска во 6 часот и ќе трае до истото време задутре. Според началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, на трите гранични премини нема влез и излез од Грција, а товарниот и патаничкиот ...
Коалицијата што ја предводи СДСМ прва ги достави листите за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај. Како што информираат од ДИК, доставени се листи за пратеници за сите шест изборни единици. Рокот за доставување на изборните листи за пратеници истекува вечерва на полноќ, а денеска исто така се очекува ДИК да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори. Собранието вчера ...
Три деца се ранети во пукање кое утрово се случило во училиште во градот Вантаа во Финска, соопштила полицијата, јавуваат светските медиуми. Според соопштението, полицијата интервенирала во училиштето „Виертола“ нешто пред 9 часот според локално, односно 7 часот според средноевропско време, повикувајќи ги локалниоте жители да останат во своите домови, пренесува Би-би-си. Училиштето во кое се случил вооружениот инцидент, како штоп наведува ...
Според Евростат, статистичката агенција на Европската унија, речиси четвртина од сите жители на Германија не можат да си дозволат дури ни неколку дена одење од дома, а најтешко се погодени семејствата со еден родител и поголемите семејства. Податоците кои ги побара левичарската пратеничка Сара Вагенкнехт откриваат дека 22,6% немале средства за еднонеделно патување во 2023 година. Кај семејствата со самохрани родители, уделот пораснал на 43,2%, а ...
Политичките партии кои учествуваат на изборите во среда, ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза. Потпишувањето на Декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори. Декларацијата ќе ја потпишат претседателите и подмладоците на политичките партии. Потпишувањето на оваа ...
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 807 возачи. Од нив 53 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 399 возила ја ...
Некое време го оставија на мир, затоа што шок и национално единство следеа по нападот на Хамас на 7 октомври – но шест месеци подоцна, илјадници демонстранти се вратија на израелските улици. Војната ја зајакна нивната решеност да го соборат од власт израелскиот премиер со најдолг мандат, Бенјамин Нетанјаху. Десетици илјади луѓе протестираа вчера во Ерусалим против неговата влада, како и против ослободувањето на ултраортодоксните Евреи од воена ...
Активен шумски пожар од вчера попладне има меѓу селата Барово, Бесвица и Вешје во општина Демир Капија. Од утринава на терен интервенираат осум пожарникари со две возила од Територијалната противпожарна единица од Неготино заедно со вработени од јавното претпријатие „Национални шуми“. Како што информира утринава Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од Регионалниот ЦУК Велес, зафатена е површина од нискостеблеста ...
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне ...
Регулаторната Комисија за Енергетика денеска на редовната седница напладне се очекува да утврди нови цени на горивата во земјава. Новите цени ќе важат од полноќ. Моментално максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар) ...
Турскиот претседател Таип Ердоган рано утрово изјави дека неговата владејачка партија не го постигнала посакуваниот резултат на вчера одржаните локални избори, додавајќи дека ќе се самокритикува и ќе се позанимава со недостатоците. Турците ги казнија Ердоган и партија АКП ширум земјата, рушејќи ги надежите на претседателот дека ќе ги врати општините во Истанбул и Анкара, кои опозицијата ги освои во 2019 година. Обраќајќи им се на поддржувачите ...
Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер изјави дека е против повторното воведување на задолжителна воена служба за зајакнување на армијата на нацијата, Бундесверот, јави ДПА. -Економските трошоци за задолжителната воена служба би биле многу високи со оглед на недостигот на работна сила во општеството што старее, рече Линднер за ДПА. Наместо тоа, тој повика на посилна воена резерва за Бундесверот. Министерот за одбрана, Борис ...
Дваесет и пет лица се пренесени во болница по истекување на гас за време на црковна служба во близина на северниот италијански град Торино. Несреќата се случила за време на велигденското бдение во црква во општината Понт Канавезе на Велика Сабота, кога околу 50 луѓе изјавиле дека им се гади, јавуваат денеска локалните медиуми. Се испостави дека има истекување на плин. Пожарникарите ја евакуирале црквата. Повеќето луѓе прво биле прегледани од ...
Во морскиот дел на 10 наутички милји југоисточно од грчкиот остров Гавдос, крајбрежната служба на Грција, рано утрово спасила 74 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Мигрантите со брод на крајбрежната служба биле пренесени на Крит и се во добра здравствена состојба, а според грчките медиуми мнозинството од спасените се од Египет, а меѓу мигрантите има и деца. Локалните медиуми од Крит коментираат дека спасувачката акција е кусо пред ...
Градот Минхен ја извести јавноста за ризикот од енцефалитис (ТБЕ), вирусна болест која се пренесува преку крлежи. Како што соопшти Градскиот завод за здравство, крлежите сега се активни речиси цела година, а не само во пролет и лето, а нивните каснувања можат да доведат до инфекции, особено кога зимата е блага. Според информациите од Институтот „Роберт Кох“, Минхен е една од 178-те урбани и рурални области во Германија кои се сметаат за подрачја ...
„Ибупрофен“ се користи за ублажување на болки, за него не бара рецепт, а многу луѓе го користат.Неодамна направени испитувања покажуваат дека лековите против болки можат да имаат сериозни несакани ефекти кога се земаат редовно. Нестероидните антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), како што се аспирин, напроксен или ибупрофен, се поврзуваат со чир на желудник, со плодност, слух и кардиоваскуларни проблеми. За здрави луѓе на кои одвреме-навреме им е ...
Дознајте што предвидува вашиот дневен хороскоп, што ве очекува на работа, во љубовта, дали ќе се сложувате со семејството, како ќе ве служи здравјето… ОВЕН (21. 3 – 20. 4) Спојот на Месечината со Меркур, планетата за работа, во вашиот знак, ве прави пречувствителни на туѓите реакции. Можете да склучите договор за профитабилна работа, доколку сте приватник или се занимавате со креативна дејност. Саканата личност ви подготвува изненадување. БИК ...
Американската поп-пејачка Били Ајлиш на свои 22 години стана најмладата личност со два освоени „Оскари“, и тоа за најдобра филмска песна, откако на синоќешното доделување го доби признанието за нумерата од филмот „Барби“. Ајлиш го дели одличјето со својот брат Финес О’Конел (26), кој со тоа стана втората најмлада личност која двапати ја добила оваа престижна награда. На тој начин и двајцата го надминаа рекордот на Луиз Рајнер, која во 1936., на ...
Австралиско-американскиот медиумски тајкун Руперт Мердок повторно се сврши. Имено, овојпат негова избраничка е Елена Жукова, Русинка, пензиониран молекуларен биолог. Според очекувањата, милијардерот и неговата 26 години помлада невеста би требало да се венчаат оваа година на неговиот имот во Морага Вајнјардс, Калифорнија, САД. За него, ова би било петти брак, иако зад себе има шест веридби. Идните „младенци“, како што велат, се запознале на ...
Објавен е тестаментот на глумецот и комичар Метју Пери. Според документите до коишто дошло списанието „Пипл“ (People), Пери ќе го остави „поголемиот дел од своите работи“ на фондацијата „Алви Сингер ливинг траст“, што тој ја основал и го носи името на главниот лик од филмот на Вуди Ален – „Ени Хол“ од 1977 година. Метју го составил својот тестамент во 2009 година. Таткото на американскиот глумец – Џон Пери и мајка му Сузан Морисон се именувани ...
Едно истражување во Германија покажува дека постојат врски помеѓу осаменоста и тенденцијата кон популизам и теориите на заговор.Експертите додаваат дека тоа, сепак, е само една од причините зошто луѓето, посебно младите, се помалку веруваат во демократија. Во Германија, осаменоста често се опишува како тивка епидемија. Најновите податоци на Сојузниот завод за статистика покажуваат дека секое шесто лице постаро од десет години често се чувствува ...
Низ Лондон, сопствениците на СУВ автомобилите, во стилот на теренци, почнаа да ги наоѓаат своите возила со издишани или дупнати гуми. Според Скај њуз, одговорноста за „нападите“ ја презедоа климатски активисти кои себеси се нарекуваат „Уништувачи на гуми“ и тврдат дека нивното однесување е оправдано заради штетата што на планетата и ја предизвикуваат теренските возила. „Излегуваме навечер, најчесто во група и со многу едноставна опрема. Или ги ...
Многу пати Никола Јокиќ беше херојот на Денвер, им ја донесе и толку посакуваната титула во НБА лигата, но овојпат Србинот беше главниот виновник за поразот на Нагетс од Феникс на домашен терен – 117:107. Јокиќ имаше шут за победа во „регуларниот дел“ од мечот, но не успеа да постигне кош и се замина на дополнителни пет минути, во кои играа само гостинските кошаркари. Навистина, Јокиќ одигра уште еден феноменален натпревар, забележа 22 поени, 16 ...