Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот прв круг претседателски избори во земјава. Шефицата на мисијата Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите, вчера изјави дека по посетата на неколку избирачки места, оценката е дека почетокот бил добар, но целосна проценка за тоа како се одвивал изборниот процес ќе имаат откако ...

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево ...

Излезеноста на гласање во првиот круг претседателски избори до 9 часот изнесува 3,85 отсто соопшти Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК Александар Даштевски кажа дека гласањето се одвива мирно и без неправилности во првите два часа од отворањето на гласачките места. До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право, а според првичните информации на комисијата, сите гласачки места се отвориле на време. „До 9 часот ...

Во земјава денеска се одржуваат седмите претседателски избори. Граѓаните ќе можат да гласаат за еден од седуммината кандидати: Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ. На 3.480 избирачки места во Републиката со право на глас во Избирачкиот список ...

Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори. Се гласа на 3.480 избирачки места во земјава, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.814.317 граѓани. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор. Во ...

Државната изборна комисија објави упатство за гласање на граѓаните. Во него во 18 точки се појаснуваат начинот и процесот на гласање на избирачките места. Во продолжение е целосното упатство на ДИК за гласање на претседателските избори: 1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП/КК. 2. Избирачкиот одбор на гласачите им го објаснува начинот на гласање и им овозможува да гласаат. 3. Гласачот може само ...

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР. Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги ...

Во вчера претставените резултати од студијата „Младите во Германија 2024“ се наведува дела младите луѓе се незадоволни од ситуацијата во земјата и сè почесто избираат екстремни партии како што е Алтернатива за Германија (АфД). Во моментов, 22 отсто од младите на возраст меѓу 14 и 29 години би ја избрале АфД, што е двојно повеќе од пред две години. Во исто време, 18 проценти од младите би ги избрале Зелените, што е драстичен пад во споредба со ...

Европскиот парламент денеска изгласа либерализација на визите за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната администрација на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец. За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници – до 90 дена за имателите на пасоши издадени од Координативната управа на Србија, 97 беа против, а 94 беа воздржани. Германецот, обраќајќи ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен. Во Скопје облачно со повремени ...

Во земјава денеска е молк, а утре ќе се одржат седмите по ред претседателски избори. Молкот ќе заврши утре во 19 часот, кога ќе се затворат избирачките места. Карактеристично е тоа што годинава се одржуваат двојни избори. За време на денешниот молк за претседателските избори, нема прекин на кампањата за парламентарните избори закажани за 8 мај годинава. Гласање за претседателските избори се спроведува за болните и изнемоштените, затвореници во ...

На изборите за претседател на државата што ќе се одржат на 24 април право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор. Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во ...

Во пресрет на утрешното одржување на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство за гласање. Упатството е достапно на македонски, албански, турски, српски, ромски и влашки јазик. Целосното упатство за гласање издадено од ДИК го пренесуваме интегрално: Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП/КК; Избирачкиот ...

Малопродажната цена на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ...

Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласаат ден пред изборите односно во вторник на 23 април. Гласањето за претседател почна со членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората. Во посебниот извод од Избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијапората. Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии утре, 23 ...

Кинескиот врховен водач Си Џинпинг нареди спроведување на најголема реорганизација на националната војска од 2015 година, вклучувајќи и голема преобразба на Одделот за сајбер војување. „Кина на тој начин ќе ги затвори Силите за стратешка поддршка, огранок што беше создаден пред речиси девет години за да ги обедини и полесно да ги координира воените напори во вселената, сајбер просторот и политичкото и електронското војување“, објави државната ...

На денешната средба во рамките за состојбата на Блискиот Исток ќе разговараме за пакет санкции за Иран за што треба да се согласат сите земји членки, бидејќи за нивно воведување е потребен консензус, најави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург. – Ќе разговараме за воведување санкции за иранските програми ...

Синоќа во 19:23 часот земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Риека, соопшти ЕМСЦ. Првите информации укажуваа на земјотрес со јачина од 2,9 степени. Корисниците на мрежите тврдат дека почувствувале тресење на земјата кое траело неколку секунди. Според граѓаните, земјотресот особено бил почувствуван во Гробник. „Како да имаше две експлозии, една по друга!“, „Навистина ме исплаши“, се дел од коментарите ...

Во однос на евроинтегративниот пат на државава, дипломатијата, дали можеше да се испреговара подобра Преговарачка рамка, седумтемина кандидати за Вила Водно во предизборната дебата на Националниот сервис изразија различни ставови. За едни нема друга алтернатива освен ЕУ, особено во новиот геополитички контекст, за други на Европската Унија не и сме битни. Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски во однос на тоа како го толкува ...

Најмалку пет ракети биле истрелани вчера од ирачкиот град Зумар кон базата на американската армија во североисточна Сирија, изјавиле за Ројтерс два ирачки безбедносни извори и американски претставник. Нападот од Ирак врз американските сили е прв од почетокот на февруари, кога групите во Ирак поддржани од Иран ги прекинаа нападите врз американските сили. Тој доаѓа еден ден откако ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани се врати од посетата на ...

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа, соопшти синоќа израелската армија. Халеви синоќа ги „одобри понатамошни чекори“, рече портпаролот на армијата Даниел Хагари. Израелскиот ТВ канал Кан јави дека дел од плановите е воена операција во градот Рафа на југот од енклавата долж границата со Египет. Најверојатно наскоро се очекува евакуација на цивилното население. ...

СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока финансиска поддршка за земјоделството од 1,35 милијарди евра. Во следните 4 години, една милијарда и триста педесет милиони евра се вложуваат за поддршка на македонското земједелство, за субвенции, инвестиции во модернизација и проекти за рурален развој, грантови за мали винарии од 15.000 евра, за млади земјоделци од 10 и 20.0000 евра, грантови за жени земјоделки од 10.000 евра. СДСМ има ...

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот. И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај ќе се одвива и нема да биде прекината. Гласачите на седмите парламентарни избори ќе можат да се определат за еден од седуммината кандидати за претседател – петмина мажи и две жени. Кандидирани се ...

Соединетите Американски Држави вчера ставија вето во Советот за безбедност на Обединетите нации за полноправното членство на палестинската држава во ОН. САД ја блокираше нацрт-резолуцијата со која на Генерално собрание на ОН, кое има 193 членки, му се препорачува „државата Палестина да ја прими во членството“. Велика Британија и Швајцарија беа воздржани, додека останатите 12 членки го дадоа својот глас за резолуцијата. „САД продолжуваат силно да ...

Судот во Њујорк назначи 12 поротници кои ќе ја донесат конечната пресуда во врска со обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводно фалсификување деловни документи во случајот со тајни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, пред судот во Менхетен. Меѓу 12-те поротници има седум мажи и пет жени, според Си-Би-Ес Њуз. Изборот на поротата ќе продолжи денеска, бидејќи до почетокот на судењето треба да се изберат ...

Министерството за образование и наука со допис ги известило училиштата дека двете среди (24 април и 8 мај) кога нема да работат поради одржување на изборите, треба да ги одработат во две саботи (18 мај и 1 јуни). МОН во дописот со вчерашен датум им укажало дека треба да се исполни одредбата од законот според која учебната година трае 180 наставни денови. Покрај тоа, основните училиштата на Град Скопје се задолжени на 15 јуни (сабота) да го ...

Кампањата за парламентарните избори, која почна вчера, продолжува денеска со активности на партиите и коалициите за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици во земјава. Во исто време, продолжуваат и активностите за кампањата за претседателските избори која ќе трае уште четири дена. Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја продолжува парламентарната кампања меѓу граѓаните на Струга и ...

Светската здравствена организација изрази загриженост поради ширењето на птичјиот грип Х5Н1, кој има „исклучително висока“ стапка на смртност кај луѓето. Избувнувањето што започна во 2020 година досега уби десетици милиони живина, а неодамнешното ширење на вирусот кај неколку видови цицачи, вклучително и домашни говеда во САД, го зголеми ризикот од пренесување на луѓето, соопшти СЗО. „Мислам дека ова останува огромен проблем“, им рече на ...

Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала. Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД). Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека ...

„За една успешна и амбициозна компанија огромен предизвик е да се одржат високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности. ’Алкалоид’ секогаш се стреми да ги регрутира најдобрите кандидати на пазарот на трудот, без оглед на тоа за која позиција станува збор“ „Алкалоид“ АД Скопје по вторпат е прогласен за апсолутен победник за најатрактивен работодавач, односно најпосакувана македонска компанија за ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
7.2
36%
1019
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1021
weather icon

Загреб

30ᴼ / 29ᴼ
0.51
47%
1022
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
46%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.7
47%
1019
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
54%
1023
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
6.26
53%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
23%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
28%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
46%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
4.63
49%
1021
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
11.32
47%
1014
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75