Денеска потпишав договор за исплата на финансиски средства за трансфер на заостанати плати на 509 вработени во АД Водостопанство. Вкупно сто милиони денари се обезбедени за АД Водостопанство. Работиме домаќински за да ја вратиме надежта кај народот за подобра иднина.“ истакна Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при потпишувањето на договорот за исплата. Министерот го потенцираше сериозниот пристап кој што ...

Превентивна активност на СВР Велес Денеска (23.08.2024) Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа сообраќајно – воспитна активност на подрачјето на општините Градско и Кавадарци, а поврзано со отпочнување на сезоната на берба на грозје, односно со зголеменото користење и учество во сообраќај од страна на возачите на земјоделска ...

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77,5 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а Екстра ...

Државата има потреба од доктори по ветеринарна медицина (ФВМС), порачуваат од Факултетот за ветеринарна медицина каде започнува првиот уписен рок за упис на студенти. Професијата доктор по ветеринарна медицина, како што велат од ФВМС, е престижна, регулирана и високо ценета професија во целиот свет, а државата има потреба од млади луѓе кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги применат стекнатите знаења и вештини, преку отворање на свои ...

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои под контрола е ставен еден пожар, а изгаснати се девет, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола е ставен пожарот во Општина Демир Хисар, кај Плакенска планина, над село Вирово. Со пожарот, како што наведува ЦУК, беше зафатена ниска вегетација и сува трева. Изгаснати се пожарите во Општина Радовиш, кај месноста ...

Површините за одгледување на органски производи во Европската Унија продолжува да се зголемува. Според последните податоци на Евростат, во 2022 година на 16,9 милиони хектари земјоделско земјиште или 10,5 отсто се користело органско производство. Многу важнo e што се зголемува и сточарството како гранка, бидејќи и овде има раст на бројот на добитокот што се одгледува на органски – еколошки начин. Така, во ЕУ во 2022 година на овој начин се ...

Министерството за економија и труд денеска објави два јавни повика согласно Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2024 година. Како што објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, годинава за оваа Програма се обезбедени вкупно 32.500.000 денари или 530 илјади евра за субвенции за компаниите. Компаниите од денеска може да аплицираат за две мерки и да добијат финансиска ...

Во следните денови во неколку делови на Грција постои многу висока опасност од пожари, а министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикиљас апелираше сите да бидат максимално внимателни, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас објасни дека според надлежната комисија за оцена на опасностите денеска и за време на викендот во централна и јужна Грција, делови од Пелопонез и на островите во Егејското море ќе преовладуваат тешки ...

Пожар синоќа ја зафати фабриката „Ником“ во Кавадарци. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи на Комуналец, Шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино. Утрово, од Противпожарната единица потврдија за МИА дека пожарот бил локализиран околу 01:30 часот, но нивна екипа останала на терен за да ја следи состојбата. За пожарот синоќа информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. ...

Јавното претпријатие Лајка посочува дека Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња, на локации каде имаат прецизен увид на постоечката популација. Во соопштението наведуваат дека ваквиот наплив невозможно е да го направи поединец, туку како што велат, се работи за логистички наплив. – Повеќе од очигледно е дека станува збор за организирано дислоцирање на кучиња. Неретко станува збор за големи раси на кучиња. Голем дел од нив се ...

Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните со десет различни активности, зајакнување на капацитетот за безбедност на храната со четири активности, подобрен систем на официјална контрола со четири активности и подобрен систем за собирање на податоци и проценка на ризикот со четири активности, е резултатот на проектот „Подобрена контрола на болестите кај животните и имплементација на системот за безбедност на храна“ ...

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 24 нови случаи на вирусот Западен Нил, како и три увезени случаи од Албанија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, додека пак починале две лица, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 100, а регистрирани се вкупно 12 смртни ...

Речиси двојно е зголемен водостојот на реката Вардар на мерното место кај Јегуновце во споредба со вчера, а на другите четири мерни места нивото е скоро исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И водостоите на останатите реки во земјава се речиси исти со вчерашните, а карактеристично е што е суво коритото на реката Струмица кај мерното место Сушево. Нивоата, пак, ...

Построги правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат во сила од 1 септември на сите аеродроми во Европска Унија, соопшти аеродромот во Франкфурт. Со новите правила на патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри, спакувани во проѕирна пластична кеса со максимален волумен од еден литар. Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите правила. Безбедносните правила за течности и гелови ...

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Оливер Миланов денеска ќе се обрати на завршниот настан на проектот финансиран од Европската унија „Подобрена контрола на болести кај животните и имплементација на системот за безбедност на храна“. На настанот на кој ќе бидат презентирани достигнувањата на проектот финансиран од Европската унија, заклучоците и препораките за идните активности, ќе се обратат и Штефен Худолин, раководител на ...

Зголемената поддршка во добивање на финални производи со додадена вредност во земјоделството беше една од клучните заложби во изминатите години. Оттаму, беа превземени јасни чекори кон обезбедување на финансиска поддршка за проширување и модернизација на постоечките и изградба на нови преработувачки капацитети преку државно и европско финансирање (ИПАРД) – пишува на ФБ поранешниот директор на АФПЗРР. Следствено на тоа еве ги и резултатите ...

Македонија недоволно ги искористила пристапните фондови од Европската Унија. До крајот на 2024 година постои опасност од губење на дополнителни 43 милиони евра европски пари заради неискористување. Денес во Европската куќа во Битола учествував на панел дискусија поврзана со можностите на невладиниот сектор за правилно искористување на странските фондови со кои помага Европската Унија во насока на промоција на градовите во Македонија. На панел ...

Координирана акција во однос на воспоставување мерки за спречување на појава и ширење на болеста чума кај малите преживари, размена на информации и планирање на активностите преку интерактивно поврзување на сите чинители, почнувајќи од примарните производители, ветеринарните друштва, науката и институциите на системот се клуч за успешна превенција и заштита од појава на оваа, за овците и козите исклучително опасна заразна болест. Иако луѓето ...

„Од тие информации со кои што располагаме е дека четири месеци таму плата не е поделена. Со ребалансот на Буџетот се обезбедија средства да биде поделена плата. Во текот на вчерашната седницата на Владата средствата од сметката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа префрлени на сметката на Национални шуми и во текот на денешниот ден, заедно со сопствените средства од производство на компанијата како што бев ...

„Денеска е убав ден овде во Неготино почнува изградбата на градскиот пазар, едно преубаво издание, инвестиција вредна повеќе од 24 милиони денари пари кои што се финансирани од буџетот на Општина Неготино. Набрзо од денеска преку Министерството за локална самоуправа ќе објавиме повик до општините, да поднесат проекти кои што ќе бидат финансирани од централниот буџет. Тоа што го добив како информација од градоначалникот веќе имаме некои такви ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и ...

Поднесувањето на даночните пријави за данокот на додадена вредност се одвива непрекинато и без застој. Во текот на вчерашниот ден, 523 даночни обврзници ја поднеле даночната пријава – образец ДДВ-04 и ја исполниле даночната обврска за пријава на ДДВ за даночниот период 01.07.2024-31.07.2024 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат, во Скопје од очекувани 3.462 до денеска ДДВ-04 пријава поднеле 815 даночни ...

Вкупните депозити во јули бележат раст од 7,3 проценти на годишна основа, пред се поради растот во секторот домаќинства, а за исто толку е забележан раст и кај кредитите како резултат на зголеменото кредитирање и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор. Според денеска објавените податоци на Народната банка, на месечно ниво има раст за 0,5 проценти кај депозитите и за 0,6 проценти кај кредитите. Кај корпоративниот сектор, депозитите на ...

Традиционално силните и пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција беа потврдени денеска на средбата меѓу министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот на Турција во Северна Македонија, Фатих Улусој. На состанокот се потенцираше одличната билатерална проектна соработка што се одвива преку Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), која што има широк спектар на активности и обезбедува ...

За десет години работење ИКЕА Загреб била домаќин на речиси 18 милиони посетители, а вкупниот промет остварен во тој период надмина милијарда евра, објави компанијата. Во првата година од работењето во Хрватска, прометот на компанијата изнесуваше нешто повеќе од 70 милиони евра, додека во деловната 2023 година достигна 150 милиони, се вели во соопштението за печатот по повод 10 години од отворањето на ИКЕА Загреб. Во последниве години, ИКЕА ги ...

Девет лекови, меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција, стануваат дел од позитивната листа. Како што информира денеска министерот за здравство Арбен Таравари, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови. – Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лекови. Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок ...

Од доброволните осигурувања најпродавано останува да биде осигурувањето имот со вложувања од 3 милиони евра за еден месец пред каско осигурувањето со 2 милиони евра и здравственото осигурување со 1,7 милиони евра. Јули е рекорден според продажба на неживотно осигурување пред се затоа што значајно расте продажбата за задолжителното автомобилско осигурување, а тоа е резултат на регистрирани над 85.000 возила за само еден месец Вложувањата на ...

Во второто тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3 414 534 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се зголемени за 4.9 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 9.1 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 16.4 %. Намалување ...

Од Северна Македонија си заминавме со позитивни чувства, имавме одлична соработка, драго ни е што помогнавме и бевме корисни за луѓето, истакна Андреас Антониу, шеф и координатор на кипарската мисија која учествуваше во гаснењето на пожарите кај нас, а паралелно изрази надеж дека создадената позитивна атмосфера ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 7 до 14 август два авиони ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
86%
1030
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.27
74%
1029
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
99%
1024
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.66
63%
1026
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
100%
1028
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
97%
1025
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
66%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Бакар

10.76

Платина

59937.34

Цинк

3.03

Кобалт

58.42

Калај

41.29

Алуминиум

2.88

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Паладиум

50830.33

Сребро

2049.55

Рутениум

29192.88

Злато

138322.05