Прашан, пак, зошто Билал Касами заслужува нов мандат во Тетово, потпретседателот на Алтернатива (дел од ВЛЕН) и министер за европски прашања посочува на разлика со мандатите на поранешната градоначалничка Теута Арифи Изет Меџити убедливо ќе победи во Чаир уште во првиот круг. Тој се грижи за чаирчани за разлика од Бујар Османи кој има само крајно болна желба да стане функционер. Ова е ставот на Орхан Муртезани, министер за европски прашања и ...

Набљудувачката мисија на ОДИХР – Канцеларија за демократски институции и човекови права ќе биде во состав од седум члена Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука со која на неколку домашни и меѓународни организации им одобри акредитации за набљудување на изборниот процес од овогодинешните локални избори чиј прв круг ќе се одржи на 19 октомври. На Амбасадата на Кралството на Холандија ѝ се одобрени 10 набљудувачи, ...

Со исплатата од шест милиони денари, како што изјави сопственикот на „Јофи турс“, Јовица Зафировски, ќе им се овозможи да возат редовно во наредните две недели Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на „Јофи турс“, Јовица Зафировски, во изјава за МИА вели дека Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ попладнево во 16 часот исплатило по шест милиони денари на трите приватни ...

„Ревизорските извештаи бараат Владата да преземе мерки за заштита на државниот имот, а ние како општина ќе се заложиме, заедно со централната власт, ‘Кале’ повторно да се стави во функција и да стане дел од современите содржини за спорт и забава. Средства има, ако приоритетите се постават правилно“ – порача Билјана Ивановска, независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар Независната кандидатка за градоначалничка на Општина Центар од ...

Во обраќањето на годинашната средба на процесот „Брдо Бриони“, претседателката укажала на неодржливоста од предолгото чекање на земјите од Западен Балкан за старт на евроинтеграцискиот процес, како и насушната потреба за проширување на ЕУ со сите европски држави со цел јакнење на улогата на Унијата и зголемување на отпорноста кон трети влијанија Цинизам и хипокризија е од некого да барате да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред ...

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи побара да се одбие жалбата на одбраната на Јованов како неоснована, жалбата на ОЈО Скопје да се уважи, а неговата казна да се преиначи и да се осуди на повисока Бранителот на Васил Јованов, адвокатот Сашко Дуковски на денешната јавна седница во Апелацискиот суд Скопје побара намалување на казната на обвинетиот или враќање на предметот на повторно постапување поради суштествени повреди во постапката Во ...

Учениците се вклучени онлајн на часовите заедно со соучениците, додека со дел од нив наставниците одржуваат индивидуална настава преку алатките за настава на далечина Триесет ученици кои се подолго од три недели на болничко или на домашно лекување, од почетокот на учебната година наставата ја следат од далечина. Дел од нив се вклучени онлајн на часовите заедно со соучениците, додека со дел од нив наставниците одржуваат индивидуална настава ...

„Ќе набавиме пет електрични автобуси и пет електрични минибуси со кои, покрај проширувањето на мрежата на градскиот превоз, ќе можеме да покриеме и превоз до планинските села“, рече денеска тетовскиот градоначалник, кој се бори за нов мандата како кандидат на коалицијата ВЛЕН На прес-конференција пристигна со редовна линија на градскиот автобуски превоз и најави дека ако биде избран за втор мандат уште повеќе ќе работи на модернизација на овој ...

Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое објавуваме одделни разговори со потпретседателот на Алтернатива (дел од ВЛЕН) и министер Орхан Муртезани и со потпретседателот на ДУИ (дел од НАИ), Арбер Адеми, се емитува вечерва (29 септември 2025 г.) од 21:15 часот на МРТ 1 Во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 продолжуваме во предизборен стил. По минатонеделните интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, во ова издание донесуваме ...

Апелира и до меѓународните институциите да реагираат на оваа појава за време на кампањата за локални избори Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на дел од државните институции во текот на изборната кампања за локалните избори. Според него, злоупотребата на институциите е најизразена во Министерството за внатрешни работи (МВР), чии ...

За денар и пол поевтинуваат бензините и екстра лесното масло за домаќинство, а дизелот поевтинува за еден денар Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука за поевтинување на бензините и дезелот. Така, за денар и пол поевтинуваат бензините и екстра лесното масло за домаќинство, а дизелот поевтинува за еден денар. Новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 74 денари за литар, а еуросупер БС-98 ќе се продава за цена од 76 ...

Реакцијата на Кремљ следи по изјавата на Олег Александров од украинската Служба за надворешно разузнавање, кој за државната агенција „Укринформ“ рече дека Кина наводно ѝ доставува на Русија сателитски податоци за цели, вклучително и за објекти поврзани со странски инвестиции Кремљ денеска соопшти дека Русија располага со сопствени капацитети за покривање на сите потреби на бојното поле, отфрлајќи ги тврдењата на Украина дека Кина ѝ доставува на ...

Цитирајќи делови од објавата на Заев на Фејсбук“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својата, условно кажано, анализа, рече дека од неа можат да се забележат две работи – дека во СДСМ владее паника и страв и дека целта на ваквиот потег е да се заштитат, како што кажа Николоски, одредени елити во рамките на самата партија Денешното појавување на поранешниот претседател на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и експремиер Зоран Заев во јавност (преку ...

Ѓорѓиевски вели дека визијата за зелено Скопје не застанува само на Лепенец и најавува дека во плановите се вклучени низа капитални парковски проекти низ целиот град Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски претстави проектот за изградба на мегапарк покрај Лепенец кој ќе се простира на територијата на Општина Карпош и ќе поврзува повеќе скопски општини. Мегапаркот ќе се протега по течението на реката Лепенец, на ...

Меџити го назначил носителот на советничката листа на ВЛЕН во Општина Чаир, Мухамед Муртези, за носител и координатор на проектот за надгледување дали тој ќе се реализира ефикасно, транспарентно и во најбрз можен рок Инсталирање модерни лифтови во постарите станбени згради со четири и пет ката во Чаир, најави денеска на прес-конференција кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на оваа општина, Изет Меџити. Како што посочи тој, првичната анализа ...

Според него, спиновите и лагите со кои се служи премиерот и ВМРО-ДПМНЕ се резултат на една целосна безидејност што друго да направат, како и дека немаат што да прикажат, немаат сериозен проект и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи се потребни децении Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче денеска на прес-конференција рече дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се служат со ...

Како причина за оставката, Ципрас ја посочува желбата да се врати кон општествената дејност, далеку од функции и партиски механизми Поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, соопшти дека поднесува оставка на функцијата пратеник на левичарската партија Сириза, јави државната телевизија ЕРТ. Во објавата на платформата Икс, Ципрас наведе дека ја напушта грчката собраниска сала, но не и политиката. Тој за својата одлука го известил и ...

„Тоа значи дека нема да биде неопходна едногласност за секој технички чекор за секоја земја кандидат. За крајниот процес на пристапување ќе биде потребна едногласност, но во меѓувреме ќе се намалат тензичните билатерални односи и ќе може во поголема мера неутрално да се носат одлуки“, вели австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм, која е во псоета на земјава заедно со државната секретарка во ...

Шукова најави воведување на паметни паркинзи со дигитална наплата и зони на периферијата поврзани со јавен превоз, со информации во реално време Кандидатките за градоначалнички од СДСМ, Каја Шукова за Град Скопје и Маја Мојсова за Општина Карпош, денеска ги претставија своите планови за системско решавање на еден од најголемите проблеми во Скопје – паркирањето и неконтролираната урбанизација. Двете кандидатки нагласија дека овој проблем е клучен ...

Во таа насока, кандидатот за градоначалник на ДУИ рече дека Чаир има голем број проблеми, што ако не почнат да се решаваат со визија, на општина за неколку години и се заканува целосен колапс на основните функции Кандидатот за градоначалник на Чаир на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, Бујар Османи вели дека ако биде избран на функцијата ќе продолжи со обиколките на општината во периодот од 5:30 до 7:30 часот ...

Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката, додваат од МНР Починатиот македонски државјанин пронајден во Љубљана е од Кочани, потврди македонското Министерство за надворешни работи. Како што додаваат оттаму, блиските на починатиот веќе се известени, а ...

Стојанче Кашиковски, претседателот на СУТКОЗ, апелира до раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата, со цел овие вработени да не бидат повторно принудени да протестираат, барајќи да им биде исполнето нивното основно работничко право – исплата на плата Вработените во „Флораком“ и во „Луна“, фирми ќерки на Јавното градско претпријатие „Паркови и зеленило“, ...

Неговото тело било пронајдено во четвртокот во раните утрински часови, а според неофицијални информации на порталот 24ur.com, тој бил претепан до смрт, што полицијата не го потврдила Тело на маж било пронајдено во центарот на Љубљана во четвртокот наутро, а како што информира портпаролката на Полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц, станува збор за 38-годишен државјанин на Северна Македонија, објави словенечкиот портал 24ur.com. Неговото ...

Овој чекор значи дека плаќањата во евра кон земјите од Европската унија и другите членки на СЕПА ќе се одвиваат на ист начин како и во ЕУ Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), што претставува голема поволност за граѓаните и компаниите. Овој чекор значи дека плаќањата во евра кон земјите од Европската унија и другите членки на СЕПА ќе се одвиваат на ист начин како и во ЕУ. Најголемата придобивка ...

По неколку недели консултации со политичките партии, Лекорну, близок сојузник на претседателот Емануел Макрон, ги именуваше своите министри вчера, а кабинетот требаше да го одржи својот прв состанок денес попладне Новиот француски премиер Себастијан Лекорну денеска поднесе оставка, само неколку часа откако го именуваше својот нов кабинет, бидејќи сојузниците и непријателите се заканија дека ќе ја соборат неговата влада. Неговата оставка беше ...

„Неспособноста да испорача макар и еден единствен резултат во која било сфера од општеството и политиката, залиена со неговата самобендисаност и аздисаност ќе го турне во политичка провалија. Но, ќе мораме да внимаваме да не ни ја повлече и државата со себе во таа провалија“, вели експремиерот и поранешен лидер на СДСМ во објава на Фејсбук, која е прва во контекст на обвинувањата што владејачката партија ги упатува кон својот политички опонент ...

Според првичните информации, на чамецот имало десет кинески државјанин и еден српски државјанин Чамец во кој се превезувале десетина лица вчеравечер се преврте на реката Дунав во близина на Бачка Паланка, пренесува Радио-телевизија Србија (РТС). Според првичните информации, на чамецот имало десет кинески државјанин и еден српски државјанин. На местото на несреќата веднаш се упатија екипи на полицијата, Итната медицинска помош и на ...

Неколку дојдовни летови биле одложени или пренасочени откако полицијата добила извештај околу полноќ дека пилот на норвешката авиокомпанија ги информирал оти наводно видел три до пет дронови за време на приближувањето кон аеродромот Аеродромот во Осло утринава привремено ги прекина летовите откако беше пријавен дрон во близина на аеродромот, објави новинската агенција НТБ Според информациите на агенцијата, неколку дојдовни летови биле одложени ...

Напаѓачот вчера наводно случајно ги таргетирал автомобилите што минувале, вклучително и полициски автомобили. Тој истрелал помеѓу 50 и 100 куршуми, предизвикувајќи паника во областа Маж рани 20 лица во пукање на прометна улица во Сиднеј, соопшти полицијата во најнаселениот град во Австралија. Напаѓачот вчера наводно случајно ги таргетирал автомобилите што минувале, вклучително и полициски автомобили. Тој истрелал помеѓу 50 и 100 куршуми, ...

Русија соопшти дека нејзините единици за воздушна одбрана ноќеска уништиле 251 украински дрон, претежно над југозападниот дел од земјата, од кои 61 биле пресретнати над Црното Море. Едно од беспилотните летала, како што се тврди, било насочено кон Москва Илјадници корисници од рускиот регион Белгород останале без електрична енергија откако украинските сили извршиле гранатирање на енергетската инфраструктура, изјавил денеска гувернерот на овој ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
76%
1027
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.23
77%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.45
96%
1026
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
67%
1027
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1028
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
2.24
85%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
94%
1027
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
82%
1028
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Калај

43.15

Цинк

3.04

Паладиум

53788.20

Бакар

10.93

Платина

62683.26

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Рутениум

29192.88

Сребро

2105.58

Злато

139298.91

Алуминиум

2.92