„Не може да се заборави сè што направи нашата Македонија. ЕУ мора што побрзо да ни го испорача она што го заслуживме. Каков било исчекор е добар бидејќи европеизацијата на овој дел од Европа е приоритет, а за тоа се доказ затегнатите односи меѓу САД и ЕУ. Европа мора што побрзо да го заврши процесот на проширување и да ги отвори вратите за земјите од Западен Балкан со цел нејзино оцврстување“, изјави поранешниот премиер на земјава во изјава ...

Посочи дека ставот на земјата останува непроменет и дека Владата ќе бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и на македонските граѓани, особено по последните изјави на новоизбраниот бугарски премиер, за кои рече дека укажуваат оти уставните измени не би биле последно барање Ја обвини претходната влада за, како што кажа, авантуристички политики кои довеле до застој во евроинтегративниот процес и разочарување кај ...

„Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки. Постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции“, се вели во соопштението од ресорното Министерство Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека Владата нема информација дека Груевски се стекнал со унгарско државјанство ...

Несреќата се случила меѓу патничко возило марка „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички, управувано од 24-годишниот Ф. С. од Куманово, и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од селото Черкези Возачот на автомобилот е лишен од слобода и однесен во полициската станица во Куманово Тринаесетгодишно момче синоќа загина во сообраќајна несреќа возејќи електричен тротинет на регионалниот пат Куманово – Скопје во близина на селото ...

Премиерот најави дека ќе учествува на престојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан што треба да се одржи на 4 и 5 јуни во Тиват, каде очекува да слушне повеќе детали за новите концепти и идеи Посочи дека канцеларот Мерц најавил ваков развој на настаните уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон есента минатата година Не би можел да коментирам ништо додека тие размислувања и идеи не станат официјални, рече денеска премиерот Христијан ...

Според анализите на порталот, позицијата на Груевски е значително посигурна по добивањето на унгарското државјанство бидејќи тоа претставува посилна правна заштита од политичкиот азил. Додека азилот може да биде укинат, одземањето државјанство е многу покомплицирана процедура и бара докажување дека било стекнато со измама или корупција Порталот наведува дека во случајот на Груевски, со оглед дека државјанството е доделено поради „државен ...

На состанокот е договорено дополнително зајакнување на информатичките системи со цел побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за поставување привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила За денеска се најавени посети на специјални тимови на граничните премини „Евзони“ кон Северна Македонија и „Кипи“ кон Турција, со цел да се процени спроведувањето на дополнителните мерки што се утврдени ...

Земјава требаше да исполни 16 реформски чекори до јуни 2025 години. Од нив досега исполнети се шест, а крајниот рок за исполнување на останатите 10 истекува во јуни годинава. „Водата навира од различни страни“, вели шефот за соработка во Делегација на ЕУ во земјава Штефан Худолин, симболично опишувајќи ја ситуацијата во која земјава ги брка последните рокови за заостанатите задачи во време кога треба да ги исполнува редовните Власта, пак, е ...

Голем дел од децата купуваат храна од училишни продавници или автомати. Во сите училишта каде што се продава храна, а тоа се 20 отсто од опфатените училишта, понудата е исклучиво нездрава Речиси сите ученици имаат пристап до блиски продавници каде што доминираат засладени пијалаци и ултрапреработени производи богати со масти, шеќер и сол, кои дополнително се интензивно рекламирани Училиштата што обезбедуваат оброци, а тоа се 35 отсто од ...

Според анализите на порталот, позицијата на Груевски е значително посигурна по добивањето на унгарското државјанство бидејќи тоа претставува посилна правна заштита од политичкиот азил. Додека азилот може да биде укинат, одземањето државјанство е многу покомплицирана процедура и бара докажување дека било стекнато со измама или корупција Порталот наведува дека во случајот на Груевски, со оглед дека државјанството е доделено поради „државен ...

Првиот екстерен испит – изборниот предмет – ќе се полага на 6 јуни со почеток во 9 часот. Кандидатите за државна матура ќе полагаат странски јазик или математика, додека учениците кои полагаат државна стручна матура ќе избираат помеѓу англиски јазик и математика. За државната уметничка матура изборот е помеѓу англиски јазик и историја Задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература ќе се полага на 11 јуни за кандидатите за државна ...

Во инцидентот полесно се повредени две лица, меѓу кои и 14-годишно момче, а околу 70 жители се евакуирани од објектот. Поради безбедносни причини, сообраќајот во областа е ограничен Романското Министерство за надворешни работи инцидентот го оцени како сериозна и неодговорна ескалација од страна на Русија. Од Букурешт соопштија дека за случајот е информиран генералниот секретар на НАТО, а воедно е побарано и забрзување на испораката на системи ...

Од недела во попладневните часови повторно се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен правец. „Минималната температура ќе се движи од 7 до 16 степени, додека максималната дневна температура ќе ...

Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на четири извори, објави дека договорот предвидува продолжување на примирјето за дополнителни 60 дена што ќе овозможи слободен проток на сообраќај низ стратешкиот Ормуски теснец и ќе им даде време на преговарачите на двете завојувани страни да продолжат со разговори околу потешките прашања, како што е нуклеарната програма на Техеран Неколку американски и меѓународни медиуми објавуваат дека ...

За потсетување, на 22 мај од Министерството за транспрот потврдија дека Државната комисија по жалби за јавни набавки донела решение за поништување на тендерот за електрични автобуси и полначи, а на кој за најповолна беше избрана заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус – Икарус“ и на австриска ЕВН Градоначалникот на Скопје во „Само интервју“ на телевизија Канал 5 говореше и за состојбата што ја затекнал во Градот по стапувањето ...

Одбраната во судницата побара да се прочита делот од лиценца издадена од Министерството за економија во 2012 година, која според адвокатите, покажува дека документот се однесува на сосема друг угостителски објект, а не за оној во кој се случи трагедијата „Навистина е неверојатно колку лесно денес некои адвокати бараат трагедијата со 63 мртви деца да се прогласи за несреќа. Несреќа? Несреќа е кога природата ќе удри без предупредуавње. Но кога ...

„Создадовме портфолио коешто ако добро го оптимизираме не само што нема да ја поскапи цената на електричната енергија, туку и во дадена мерка ќе ја поевтини. Целта ни е да понудиме конечна цена за 2027 година што на крај ќе имплицира 5 до 10 проценти поевтина цена на електрична енергија за граѓаните“, рече премиерот на денешната собраниска седница за пратенички прашања Премирот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница, одговарајќи ...

Во вторник во Охрид, Македонија и Хрватска потпишаа Спогодба за стратешка соработка. Потпис на документот ставија лично премиерите Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ. Хрватскиот премиер са надева на зголемување на трговската размена чиј обем е околу 350 милиони евра годишно, како и на зголемување на бројот на туристи од едната во другата држава. За време на престојот во Охрид, премиерот Пленковиќ даде интервју за „360 степени“ во кое ...

Според министерот за внатрешни работи, новата интерпелација за него не е израз на грижа за државата, туку евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот, корупцијата и долгогодишната неказнивост која, како што наведува, ја практикувале денешните партнери на Левица – СДСМ и ДУИ Министерот за внатрешни работи (МВР) Панче Тошковски попладнево преку објава на социјалните мрежи реагира на интерпелацијата што денеска за ...

Како што додаваат оттаму, доколку се процени дека има потреба, посебниот режим ќе се реализира и во сабота (30 мај) и во недела (31 мај) Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени мерки за посебен сообраќаен режим на дел од улиците во главниот град заради непречено одвивање на сообраќајот. „Имено, со почеток од 06:00 ...

„Градоначалникот Сотир (Лукровски) не поднесува оставка во Министерството за локална самоуправа, туку поднесува оставка во Општина Карпош, која е должна да го извести Министерството за локална самоуправа. Јас одговорно тврдам дека во овој момент Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски има поднесено оставка“, рече денеска министерот за локална самоуправа од ...

Осврнувајќи се на резултите во изминатите две години, колку што тој го води Министерството, Тошковски посочи дека откривачката дејност на МВР е на ниво од 67,2 проценти или, како што наведе, најдобра во последните 20 години. Во тој контекст, министерот и порача на опозицијата дека треба да се гордее со ваквите бројки, а не да измислува приказни На прашањето на пратеникот на СДСМ, Миле Талески за тоа дали вицепремиерот Арбен Фетаи, кој подолго ...

Собранискиот спикер Африм Гаши информира дека покрај интерпелацијата за министерот за земјоделство, на пленарната седница на 10 јуни ќе се најде и Законот за правична застапеност, што ќе се носи во редовна постапка Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе се најде на пленарна седница на 10 јуни – информира на денешниот брифинг претседателот на Собранието, Африм Гаши. ...

„Проблемот е двоен – прво, процедурите што бараат одредено време и не можеме да ги прескокнеме, бидејќи ЕК инсистира на целосна примена. А второ, за жал, како што веќе знаете, нашата инфраструктура, реално е застарена и треба обновување“, изјави министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена – ...

„Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал – посветеноста на ЕУ кон регионот е реална, исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време за реализација“, порача претседателот на Европскиот совет Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од 1 јуни ја започнува својата петдневна турнеја низ земјите од Западен Балкан. За време на посетата, Кошта ќе се сретне со лидерите од регионот и ќе ...

„Нема да дозволам несовесно и небезбедно градење во Центар. Безбедноста на граѓаните е и ќе остане мој врвен приоритет“, порача градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски за време на увидот на градилиштето со деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски Oпштина Центар информира дека согласно насоките од Градежниот факултет при УКИМ, денеска започнало затрупување и обезбедување на земјиштето од градилиштето на булеварот „Митрополит ...

Обраќајќи му се на Реџепи, премиерот рече дека познава многу Албанци кои не сакаат да бидат гледани низ призмата на проценти, туку преку своите квалитети „За правосудниот испит ако сте го прочитале законот, ќе прочитате таму дека полагањето не е регулирано со законот на кој јазик ќе биде, туку тоа го уредува министерот. Колку министри за правда биле од коалицијата која ја поддржувате, зошто не го уредиле? Затоа што сте лицемерни, затоа што ...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, посочи дека интерпелацијата е поделена во 17 точки, групирани во шест области, а меѓу главните обвинувања се саботирање на истраги и несоработка со Обвинителството за организиран криминал и корупција По неуспешноста на првата, опозициската Левица поднесува втора интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за саботирање истраги, селективна правда, ...

Шефот на дипломатијата смета дека културната дипломатија не ги решава директно политичките проблеми, но создава атмосфера во која тие полесно можат да се надминат преку дијалог и доверба В.д. амбасадорката на САД во земјава, Никол Варнс, посочи дека повеќе од три децении САД и Северна Македонија заеднички работат на зајакнување на образованието, културната размена и поврзувањето меѓу луѓето преку академски програми, уметничка соработка и ...

Обвинителката Искра Хаџи Василева, пак, рече дека Обвинителството ќе докажува оти апелацискиот судија Ѓоко Ристов дал лажни податоци за својата имотна состојба, ќе се докажува прикривањето податоци за имотот на обвинетиот, како и тоа дека го користел делот од куќата каде што биле најдени соѕиданите пари Апелацискиот судија Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино беа пронајдени соѕидани 350 000 евра, на денешното почетно рочиште од ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1029
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
64%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.34
75%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
88%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Калај

46.54

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07