Главната опозициска партија, Прогресивна Словачка, повика на протести откако левичарската националистичка влада на премиерот Роберт Фицо минатата недела гласаше во парламентот за законски измени за укинување на Канцеларијата за заштита на свиркачите и промена на начинот на кој државата се справува со нив Протести низ девет градови во Словачка се одржаа вчеравечер против промени во правосудството за кои опозициските политичари и критичарите на ...

„Венецуела е целосно опкружена со најголемата армада некогаш собрана во историјата на Јужна Америка. Таа ќе станува сè поголема, и тоа за нив ќе биде нешто што досега не го виделе“, напиша американскиот претседател на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social) Владата на Венецуела во реакција на објавата на Трамп соопшти дека ја отфрла наредбата за блокада на танкерите, оценувајќи ја како „гротескна закана“, објави Ројтерс ...

Акрам е обвинет за 15 убиства, едно обвинение за извршување терористички чин и десетици обвиненија за ранување со намера за убиство Навид Акрам, преживеаниот осомничен за масовното пукање во неделата на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за 59 кривични дела, вклучувајќи 15 убиства и едно за извршување терористички чин, според локалниот суд на Нов Јужен Велс, пишува Би-би-си. Акрам е обвинет за 15 убиства, едно обвинение за извршување ...

Тој вели дека тоа не мора да се случи во исто време бидејќи системот не функционира така, но додаде оти таму треба да бидеме заедно Еврокомесарката Марта Кос во својот говор рече дека кога станува збор за Западниот Балкан премногу се зборува за политика, за кластерите, поглавјата, критериумите и преговорите, а всушност се заборава дека регионот е многу повеќе од тоа Помалку гледање кон минатото, а повеќе кон иднината бидејќи тоа е она што ...

За утре се прогнозира сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови на некои места ќе има појава на магла, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во утринските часови на некои места ќе има појава на магла. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во северозападните делови од земјата повремено ќе има зголемена облачност со услови ...

Еврокомесарката истакна дека на Црна Гора ѝ е потребно фокусирано и посветено лидерство и национално единство, додавајќи дека на земјата ќе ѝ биде обезбедена поддршка на секој чекор од патот додека не стане дел од ЕУ. Додаде дека затворањето на новите пет поглавја во преговорите е знак за голем напредок за Црна Гора Црна Гора никогаш не била поблиску до Европската Унија – порача еврокомесарката за проширување Марта Кос откако земјата затвори ...

На функцијата генерален секретар на СДСМ останува Александар Саша Димитријевиќ, а Љупчо Фармаковски како и досега ќе ја извршува функцијата организациски секретар Поранешната министерка за труд и социјална политика и актуелна пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска, е нова потпретседателка на Социјалдемократскиот сојуз. Покрај неа, за потпретседател на партијата на денешната седница на Централниот одбор на СДСМ е избран Александар Трајановски. ...

Амбасадорката рече дека миграцијата е огромно прашање во многу земји, вклучувајќи ги и САД и оцени дека е нормално за овие прашања да постојат разговори со земјите сојузнички Не мислам дека е корисно и продуктивно ако заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку важно како миграцијата, само за да добиете политички поени. Ова во интервју за Сител вечерва го изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, ...

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука денеска ја објави листата на потесен избор на филмови кои ја продолжуваат трката сè до последните финални номинации кои ќе се објават на 22 јануари 2026 година, меѓу кои изостанува документарецот на Тамара Котевска И покрај позитивните прогнози, документарецот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска не успеа да се пласира во најдобрите 15 документарни филмови во трката за „Оскар“. ...

Шалтерот ќе биде отворен секој рабоден ден од 8 до 17 часот во зградата на МТВ во Скопје, а таму, како што соопштија од МВР, граѓаните ќе може да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку е настаната промена или доколку добиле известување со неточни податоци Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека од утре се отвора посебен шалтер за системот „Безбеден град“ во ...

По целосното документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи (МВР) Четириесет и четиригодишен гостиварец денеска со камион што го управувал удрил во 76-годишен велосипедист, кој до здобиените повреди починал. Гостиварецот со иницијали Х. М. околу 13 часот бил лишен од слобода од полициски службеници од Одделението за внатрешни работи ...

Покрај него, приведена е и Зинаида Разиќ Халиловиќ, раководителка на Одделот за економски, финансиски, сметководствени и општи работи во Домот. Приведени се под сомнение дека како соучесници сториле тешки кривични дела против општата безбедност на луѓето и имотот. Ексдиректорот на Домот, Мирсад Бакаловиќ, дополнително се товари за злоупотреба на службената положба и овластување Полицијата на Тузланскиот кантон го уапси Мирсад Бакаловиќ, ...

Меѓу клучните новини предвидени во Предлог-законот за Судски совет се јавност во постапката за разрешување на претседателот на Советот, прецизирање на критериумите за избор на истакнат правник за член на ова тело, како и воведување јавна расправа при избор на кандидатите кои не се судски членови со цел поголема транспарентност Со мнозинство од 65 гласа „за“, пратениците на денешната пленарна седница ја усвоија потребата од носењето на ...

На настанот одржан во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, меѓу присутните беа заменик-министерот Зоран Димитровски, шведскиот амбасадор во земјава Ола Солстром, како и претседателката на комората, Марија Николовска Попладнево, во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во преполна сала беше промовирана Шведско-македонската стопанска комора. Денешната инаугурација следува ...

Државните ревизори, меѓу другото, утврдиле дека (тогашниот) директор на Секторот за финансии и сметководство директно исплаќал аванси за мали добивки на дел од деловните соработници (околу 320 правни лица со договор за соработка) во износ од 13 971 000 денари, без да го користи пропишаниот начин на исплата преку „Мастер дилер“ Во врска со објавените написи во медиумите за наодите на ДЗР денеска реагираа од „Државна лотарија“. Оттаму велат ...

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, од собраниската говорница рече дека е бесмислено опозицијата да поставува пратенички прашања кога во Собранието не се присутни министрите до кои тие се упатени. Тој ја критикуваше резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ против нелегалната миграција бидејќи, како што наведе, со неа се осудува опозицијата што е „апсолутно неприфатливо“ Координаторот на пратеничката група на ...

Новинарските здруженија укажуваат дека неколку формулации во резолуцијата, кои поврзуваат „дезинформации“, „ширење паника“ и наводно нарушување на јавниот ред и мир со примена на Кривичниот законик и други закони, се проблематични во ваква општа и недоволно прецизна форма Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост за одредени формулации во ...

Според МВР, полицајците се сомничат дека преиначиле примена поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување спрема подносителот на поплаката. Против нив ќе биде поднесен предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина, која вклучува одземање на службеното оружје и муниција, како и задолжителни психолошки и психијатриски прегледи Одделот за внатрешна контрола, криминалистички ...

„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт“, изјави на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски Од опозицискиот СДСМ, пак, велат дека потезите на актуелната влада се исти како оние на поранешната власт на ...

Инвестициската компанија „Афинити партнерс“, ко-основана од Кушнер и милијардерот од Обединетите Арапски Емирати Момамед Алабар, планираше да изгради луксузен хотелски и станбен комплекс „Трамп“ на местото на Генералштабот (ГШ) на поранешната Југословенска народна армија, уништен во бомбардирањето на НАТО во 1999 година, беше објавено на почетокот на оваа година Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека поради кампањата и хајката што се ...

Од СДСМ бараат итна оставка на директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска-Папестиев за, како што велат, огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство веднаш да поднесе оставка, побараа денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) по информациите дека во оваа установа починало новороденче. „Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот ...

„Имајќи предвид дека Собранието на РС Македонија утврди престанок на функцијата јавен обвинител на Република Северна Македонија (на Љупчо Коцевски) ве известувам дека Собранието нема да го разгледа предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител на Република Северна Македонија, бидејќи истата е беспредметна“, рече Гаши на почетокот на 76. пленарна собраниска седница Коцевски во изјавата за медиумите во заградата на ...

На лице место пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а лекар констатирал смрт, утврдувајќи дека на телото на починатиот нема видливи траги на насилство Четириесетгодишен скопјанец што издржувал затворска казна во Казнено поправната установа – Затвор Штип , вчера е пронајден починат во неговата соба, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип при Министерството за внатрешни работи (МВР). Случајот во полиција е пријавен од ...

Медиумите известуваат дека напаѓачот имал фантомка на главата и носел бела маица со црн натпис „Ниеден живот не е важен“. Сè уште не е познато дали ги нападнал децата случајно или имал однапред одредени цели Сериозен и трагичен инцидент се случил во училиште во Московскиот регион, утрово кога малолетник со нож извршил напад во училиште. Петнаесетгодишник е уапсен во селото Горки, во близина на Москва, откако е осомничен за убиство на ...

Од Здравство потенцираат дека заедно со инспекторите ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе врши вонреден инспекциски надзор во врска со починато новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство. По вонредните контроли, од Министерството за здравство велат дека ќе биде направен и стручен надзор. „Со ...

Според Манасиевски, реформите во СДСМ треба да дојдат со оставка на Филипче, оградување и дистанцирање од Зоран Заев и воведување на нов кадар во партијата Никој не се нафаќа да биде дел од тимот лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Венко Филипче затоа што со поранешниот Зоран Заев, ја држат партијата во заложништво поради нивните криминални бизниси и интереси. Ова е денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ за најавата на лидерот на СДСМ, ...

Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 15 декември 2025 г. на МРТ 1, во кое гостува лидерот на СДСМ, Венко Филипче Не сакаме да бидеме депонија на мигранти, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на темата што деновиве предизвика мноштво реплики и контрареплики на релација власт-опозиција. Филипче, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, не смета дека односот на СДСМ кон ова ...

АКТ, како што рече Димитријевиќ, промовира транспарентност со споделување анализи и известувања за граѓаните, но и новинарите, експертите и невладините организации да можат да дадат придонес Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ денеска ја промовираше својата нова дигитална платформа, наречена Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал (МИЦКО), достапна на адресата https://micko.mk/. Платформата ја претстави генералниот ...

Тој кажа дека од почетокот говорел оти одлуката за негово разрешување е политичка, но како што рече, таа е и незаконска. Доказ за тоа, додаде, е и тоа што поканата за негово присуство ја добил еден час пред собраниската седница Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на прес-конференција во очи собраниската седница за негово разрешување, соопшти дека денеска си поднел неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот говорел ...

За време на брифингот, Зеленски откри дека по разговорите ќе бидат формализирани пет документи поврзани со безбедносните гаранции и реконструкцијата на земјата Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува САД, предводени од Доналд Трамп, да извршат силен притисок врз Русија доколку Москва ги отфрли мировните услови договорени со Вашингтон и Европа. Зеленски ги даде овие забелешки за време на летот назад од Берлин по ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1024
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
55%
1025
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
42%
1025
weather icon

Софија

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
62%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
5.2
37%
1022
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
50%
1025
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
59%
1021
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
55%
1023
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
48%
1022
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 14ᴼ
3.13
53%
1022
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
31%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1022
Currency

61.6317

Currency

52.9798

Currency

70.8395

Currency

37.5035

Currency

38.8416

Currency

68.0086

Currency

7.68142

Currency

0.68029

Currency

0.33738

Currency

0.5248

Currency

1.20469

Currency

0.57513

Сребро

2704.52

Бакар

11.80

Родиум

368126.05

Калај

51.64

Алуминиум

3.35

Платина

69606.37

Рутениум

45750.51

Цинк

3.28

Паладиум

52823.68

Злато

166049.28

Кобалт

66.14

Иридиум

221848.72