Со предложените измени се предвидува казината и објектите за игри на среќа да не можат да бидат лоцирани на растојание помало од 500 метри од основните и средните училишта Законот воведува и забрана за рекламирање на излозите на објектите во кои се приредуваат игри на среќа, како и забрана за реклами со кои коцкањето се претставува како начин за постигнување личен успех или финансиска добивка Собранието вечерва со 59 гласа „за“ и девет ...

Во изминатите десет години, тој вели дека не е обезбедена толкава бројка на контејнери колку што обезбедуваме сега Посочи дека во одредени делови од градот недостига основна опрема за собирање отпад, наведувајќи дека само во Општина Чаир недостасуваат околу 180 контејнери, што, според него, придонесува за појава на диви депонии Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период низ градот ќе бидат поставени 2 600 ...

Осврнувајќи се на најавите од опозициската Демокрстска унија за интеграција (ДУИ) дека и физички ќе го спречи донесувањето на законот, Гаши оцени дека таквиот речник не е соодветен за демократска држава Смета дека законот треба да добие шанса да профункционира во пракса, по што може да се направи евалуација и дополнително да се подобрува Потсети дека до 2015 година прашањето воопшто не било регулирано, а од 2016 година се применувала алатката ...

Паралелно, како што рече, се спроведува и процес на ажурирање на листите на чекање, на кои сè уште се водат и пациенти кои во меѓувреме починале. Чистењето на податоците се врши во координација со здравствените установи, а вработени од Министерството директно учествуваат во процесот на терен Најави дека пациентите со трајни здравствени оштетувања повеќе не треба да бидат принудувани на редовни контролни прегледи за да го задржат правото на ...

Во истиот временски период, Министерството за внатрешни работи исплатило околу 30 милиони евра кон фирмата што ги изработува обрасците, германски „Гисеке и Девриент“. Бројките ги обелодени невладината организација Центар за граѓански комуникации Од МВР не ни одговорија за што точно е потрошена разликата од 43 милиони евра, пари кои остануваат доколку од уплатите на граѓаните се одбијат исплатите кон фирмата која ги прави обрасците. ...

Сепак, вели дека не е грешка да се инвестира и на местото на постоечкиот клинички центар „Мајка Тереза“ бидејќи изградбата на нов објект ќе одземе многу време Најдобро и најевтино е новиот клинички центар да се направи близу ГОБ „8 Септември“, смета министерот за здравство Азир Алиу. Сепак, вели дека не е грешка да се инвестира и на местото на постоечкиот клинички центар „Мајка Тереза“ бидејќи изградбата на нов објект ќе одземе многу време. ...

Според ВМРО-ДПМНЕ, во тек е постапка за вработување на пет инспектори за македонски јазик, кои ќе поминат и соодветна обука за лиценцирање. Дополнително, се прибираат податоци од државните институции за бројот на вработени лектори и за степенот на почитување на Законот за употреба на македонскиот јазик, по што Инспекторатот ќе преземе соодветни мерки Во реакцијата се упатуваат и критики кон Костадиновска-Стојчевска поради, како што велат, ...

Пожарот зафати сува трева и грмушки, а силниот ветер дополнително придонесува за негово брзо ширење на тешко пристапен терен. Во огнената стихија, како што соопштија од ЦУК, се зафатени и неколку викендички Ангелов рече дека пожарот е ставен под контрола и изгаснат, но постои опасност за негово реактивирање, додавајќи дека на терен ќе останат дежурни екипи да не дојде до ново палење Во попладневните часови денеска повторно избувна пожар на ...

Пожарот зафати сува трева и грмушки, а силниот ветер дополнително придонесува за негово брзо ширење на тешко пристапен терен. Во огнената стихија, како што соопштија од ЦУК, се зафатени и неколку викендички Ангелов рече дека пожарот е ставен под контрола и изгаснат, но постои опасност за негово реактивирање, додавајќи дека на терен ќе останат дежурни екипи да не дојде до ново палење Во попладневните часови денеска повторно избувна пожар на ...

Од Центарот за граѓански комуникации велат дека во ниеден момент не ја оспориле потребата од итна евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток, туку, напротив, ја признале можноста за користење постапка со преговарање без претходно објавен оглас со оглед на вонредните околности. Прашањата што ги отвора истражувањето, додаваат од ЦГК, се однесуваат на начинот на кој е спроведена постапката и на почитувањето на правилата за трошење на ...

Од СДСМ реагираат дека додека имало пари и можност да се задолжува, Мицкоски тврдел оти избори нема да има Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) реагираше на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за различни ставови – од тоа „нема предвремени избори“ до најавата дека парламентарни избори ќе има „многу скоро“. Според СДСМ, ова менување на приказната доаѓа по месеци уверувања од страна на ...

Советот на јавните обвинители го продолжи ангажманот на Крстева-Цалева, откако во март годинава не успеа да избере редовен шеф на ВЈО Скопје, бидејќи ниту еден од петтемина кандидати не го доби потребното мнозинство. Поради ова во април беше распишан нов оглас Советот на јавните обвинители на денешната седница едногласно одлучи со Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Скопје како вршителка на должноста да раководи обвинителката Наташа ...

„Инаку, во делот на јавувањето на премиерот, не знам колку тоа е надлежност на премиерот – да се јави кај јавниот обвинител, меѓутоа како и секој што има право да ми се јави, ми се јавил и премиерот, односно претседателот на Владата, и тука нема ништо спорно“, изјави денеска државниот јавен обвинител Државниот јавен обвинител Ненад Савески вели дека останува на ставот да не коментира политички изјави, а во врска со телефонската комуникација ...

Несреќата се случила по автопатската клучка за Кавадарци Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајка што попладнево околу 13:30 часот се случила на експресниот пат Градско – Прилеп помеѓу две патнички возила, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила по автопатската клучка за Кавадарци. Екипа на Итната медицинска помош Кавадарци на местото на несреќата констатирала смрт кај возачот и неговата ...

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска одговарајќи на новинарски прашања кажа дека имало координативен состанок на обвинителите во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, нивните истражители и истражители од Министерството за внатрешни работи (МВР), на кој бил направен план за понатамошни истражни дејствија и дека според тоа што му било кажано, наскоро може да се очекува јавнообвинителска одлука Ако ...

Во демантот испратен до медиумите, од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија велат дека истражувањето на Центарот за граѓански комуникации е поткрепено со докази со кои би се потврдило наводното незаконско постапување, додавајќи дека постапката е спроведена во рамки на законите, врз основа на заклучоци на Владата и со цел навремена и безбедна евакуација на македонските државјани Министерството за надворешни работи и ...

Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (11 јуни 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1 Теми за ова издание на емисијата: – граѓаните на Македонија потрошиле 73 милиони евра за лични документи за пет години (2021-2025), а во истиот период државата платила 30 милиони евра кај фирмата што ги изработува обрасците – истражување на Центарот за граѓански комуникации; иако сумите се големи, а парите се на ...

Во однос на тоа кога може да се очекува владината реконструкција, што изминатите месеци ја најавуваше, Мицкоски рече дека од следната недела ќе почнат разговорите со коалициските партнери со кои прво ќе треба да се види дали имаат поклопување на визиите Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени извори доколку опозицијата го бара тоа, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, ...

Не е само промена на Уставот, додаде премиерот, ќе следува и Акцискиот план, работата на историската комисија и Протоколот 2, каде што работата на историската комисија е само едно од барањата. Но, додаде тој, ова не се нови, туку барања од самиот почеток Нема нови барања од Бугарија – тоа се истите барања од самиот почеток, од 2022 година, не се нови. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан дали постојат нови барања од ...

Со оглед дека во едногодишната казна се пресметуваат околу пет месеци поминати во куќен притвор, на Јакимовски му остануваат за издржување уште околу седум месеци затворска казна во Казнено-поправната установа во Шуто Оризари Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули годинава треба да се јави во затворот во Шутка на издржување на едногодишната казна затвор, информираа денеска од Основниот кривичен суд. Оттаму ...

Ова не е политичка битка, порача на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ и ексминистерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, туку битка за зачувување и унапредување на македонскиот јазик. Жално е, додава таа, при донесен Закон да се слушне реченицата „Никој не се грижи за македонскиот јазик“, која ја употреби експретседателката на Советот за македонски јазик во образложението за поднесената оставка Опозицискиот СДСМ ...

Ревизорите откриле дека дел од правата се остварени без целосно исполнување на условите и без задолжителна документација, а пропусти имало и во спроведувањето на постапките, односно не бил извршен увид во домаќинството, имало недоволно или неспроведено годишно преиспитување на правата, задоцнето донесување решенија и некомплетност на службената евиденција Државниот завод за ревизија (ДЗР) открил слабости, неажурност и лоши системски контроли ...

Од Центарот за граѓански комуникации укажуваат дека во склучениот договор на МНР со компанијата „Авиалог“ било предвидено авансно плаќање на услугите, што, како што се посочува, е спротивно на условите во тендерската документација. Се додава дека тоа е спротивно и на Законот за јавни набавки, кој предвидува дека максималниот износ на авансот може да изнесува до 20 отсто од вредноста на договорот Летовите за евакуација на граѓаните од Блискиот ...

Осомничениот ги подигнал десетте преносни компјутери од карго-компанија во Солун. Со намера да ги криумчари, тој уште на паркинг-простор во Грција ги скрил лаптопите на различни места во возилото кое било сопственост на рент-а-кар компанија Царинските службеници на граничниот премин „Богородица“ спречиле обид за шверц на десет преносни компјутери од марката DELL, чија вредност се проценува на околу 13 илјади евра. Случајот бил откриен при ...

Од ДУИ велат дека овие договори не се врзани само за еден политички период во општината. Два од договорите се потпишани за време на мандатот на Висар Ганиу, додека преостанатите два се склучени во периодот кога со општината контролираат политичките структури на Изет Меџити Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвинува за корупција и нетранспарентно трошење на јавните пари во Општина Чаир. Од партијата тврдат дека новооснована компанија ...

Потегот на канадските власти, како што потсетува Ројтерс, доаѓа неколку месеци откако Австралија стана првата земја која донесе таква забрана Брет Каравеј, вонреден професор на Универзитетот во Торонто, чија изјава ја пренесува агенцијата, вели дека канадскиот предлог ќе биде посеопфатен од австралискиот, бидејќи би вклучувал посложен сет обврски за високотехнолошките комапнии кои имаат социјални платформи Канадската влада вчера претстави нов ...

Последниот удар на американските сили дојде неколку часа откако претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе го погодат Иран „силно“, наведувајќи истовремено дека на Техеран му требало премногу време да се согласи на постигнување договор за ставање траен крај на војната Според извештатите на иранските државни медиуми, американските воени бази во Бахреин и Кувајт синоќа втор ден по ред биле под ирански оган, додека Корпусот на ...

Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5:36 часот, а епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5:36 часот, а ...

Во пожарот нема повредени лица, ниту пак се зафатени куќи од населбата кон која се ширеше пожарот Пожарот што вчера попладне избувна на патот кон градските гробишна во месноста Плуждино кај Штип е локализиран, информираат утрово од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во интервенцијата на пожарот, велат од ДЗС, не биле користени авиони бидејќи немало услови за тоа. Во гаснењето на пожарот, како што велат од Центарот за управување со ...

Во деновите од викендот, според најавите на УХМР, времето ќе биде стабилно и посвежо. Температурите од понеделник повторно ќе бидат во пораст Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите ќе ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32