Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес се обрати на првата работилница за вработените во Миниситерството во рамките на проектот „Преосмислување на управувањето – фаза 2″, поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје и спроведуван од Центарот за управување со промени (ЦУП). Работилницата претставува почеток на процесот за дефинирање на стратешките цели, клучните индикатори на успешност и ...

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета – игли, шприцеви, канили и системи за инфузија, ризични по здравјето на граѓаните. За случајот информираше директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју на Алфа телевизија, при што истакна дека годинава се запленети над 10 илјади парчиња лекови. „Последен случај каде јасно се гледа нашата заложба во заштита на здравјето на граѓаните е заплената на 2.500 инфузиски сета во царинска ...

Во општина Аеродром денес започна опсежната акција за воспоставување ред и ослободување на јавните површини од нелегални објекти кој екипата на 24инфо е на лице место. Прв на списокот беше поранешниот локал „Дежаву“ кај Капитол Мол, кој со години се наоѓаше на место идентификувано како дивоградба и незаконска узурпација на јавен простор. Рано утрово, механизацијата пристигна на терен, а објектот беше целосно урнат во координација со ...

Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“, денеска почнува „Фестивалот на чај“ на приземјето во Скопје Сити Мол и ќе трае до 16 ноември. Фестивалот нуди ретко искуство за сите љубители на природата, чаевите и здравиот начин на живот. Настанот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол. Во текот на трите фестивалски денови, над 30 учесници ќе ги ...

Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницираа измена на Регулативата за царини, со која би се укинало сегашното правилото за ослободување од царински давачки при увоз на стоки од трети земји во Унијата, чија вредност е до 150 евра. Според предлогот на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, ваквата одлука би требало да биде усвоена „што е можно побрзо“ за да може да стапи во сила уште во текот на 2026 година. Тоа во пракса ...

Американскиот министер за војна, Пит Хегсет, го најави почетокот на операцијата „Јужно копје“, за која рече дека ќе ги има за цел „наркотерористите“ и ќе ги заштити САД од дрогата што ги убива луѓето. „Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди акција, а Министерството за војна ја спроведува. Денеска ја објавувам операцијата „Јужно копје“, напиша Хегсет во објава на социјалната мрежа X. Според „Аксиос“, не е сосема јасно дали Хегсет се ...

Сопственикот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, може повторно да патува, по судската одлука за укинување на неговиот надзор и забраната за напуштање на Франција, објави денеска Политико. Основачот на Телеграм беше уапсен во Франција во август 2024 година и обвинет за неколку кривични дела од организиран криминал. Обвинителите го обвинуваат Дуров и неговата мрежа Телеграм дека одбиваат да соработуваат со властите во борбата против ...

Во периодот од (10/13.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, поднесени се над 100 амандмани. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст ...

Ова е потрошувачки Буџет затоа што 90% од буџетот е наменен за тековните расходи а само 10% се за капитални инвестиции кои треба да се двигатели на развојот, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин” на телевизија Телма. „Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владеачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од г. Charles Cormier, Регионален директор за инфраструктура (транспорт и енергија), и г-ѓа Xiaoqing Yu, Директорка на Канцеларијата на Светска банка за Македонија. Средбата беше посветена на стратешките енергетски приоритети, зелените инвестиции и унапредувањето на институционалната соработка. ...

По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН, веднаш ја претвораме оваа доверба во конкретна работа и опипливи резултати. Денес, коалицијата ВЛЕН објавува вест што директно влијае на илјадници семејства: Минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година, достигнувајќи 26.400 денари нето. Ова е благодарение на максималната посветеност ...

„Прашањето е за пет години од денеска кај ќе бидеме. При носењето на одлуката за линеарното зголемување на пензии во собранието укажав дека не можете буџетскиот дефицит во ПИОМ од 31% да го зголемите на 48% и да кажете ништо не се случува во државата. Морате на пензионерите, морате на сите млади, морате на сите генерации да им кажете дека зафаќањето којшто го правите со линеарното зголемување наспроти усогласувањето методолошки предвидено ...

Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. Од доставените 25 случаи, комисијата утврди дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не е надлежна. ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека Министерството интензивно работи на повеќе проекти чија цел е директно олеснување на животот на граѓаните и подобрување на пристапот до јавни услуги. Андоновски најави дека проектот Е-Бебе ќе започне со реализација следната година и ќе претставува значаен чекор кон поефикасна комуникација меѓу институциите и граѓаните. ...

Со роденденска премиера на претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Иштван Сабо од Унгарија, Битолскиот театар денеска одбележува 81 година од денот на формирањето и почетокот на Меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“. Главната улога, ликот на Макбет го игра Мартин Мирчевски, а заедно со него во најновиот проект вклучени се четириесеттина професионалци, актери и логистички персонал од Народниот театар-Битола, избрани од ...

Без напојување со електрична енергија времено во текот на денот ќе останат делови од неколку скопски општини. Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 08 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Павле Божинов во општина Гази Баба, од 08 до 12 часот корисниците ул. 28 и ул. 30 од село Белимбегово во општина Илинден, а од 08 до 13 часот корисниците ул.Мирче Оровчанец ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот. Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ...

Британската Би-би-си синоќа му се извини на Доналд Трамп за монтажата на говорот за да изгледа како да се залага за насилство, обидувајќи се да ја отстрани заканата од судска постапка, но рече дека нема основа за тужба за клевета. Би-би-си соопшти дека директорот Самир Шах испратил писмо до Белата куќа во кое јасно му се извинува на Трамп во име на компанијата за монтажата, додавајќи дека радиодифузерот нема планови да го реемитува ...

Министерството за финансии денеска треба да изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора граѓанска обврзница. Од Министерството велат дека средствата во износ од 17,6 милиони евра и каматата во износ од 880 илјади евра ќе бидат исплатени на сметките на граѓаните. Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5 ...

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени. Како што информира ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Стабилното, суво и сончево време со ладни утра и топли денови ќе се задржи уште викендов. Веќе од понеделник облачноста ќе се зголемува а од ноќта кон вторник ќе ни започнат и обилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен правец. Температурите викендов на многу места ќе се искачат до околу или ќе надминат 15 степени а во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи ...

Шест лица се уапсени во голема меѓународна полициска операција насочена кон разбивање на група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водач на соперничка банда. Операцијата, спроведена вчера, ја предводеше Германија со поддршка од Европол и полициите на Данска, Франција, Летонија и Обединетото Кралство, соопшти Европол. Цел на групата била ликвидација и киднапирање на шеф на албанска нарко-мрежа, за кого се верува дека ...

Малите трикови во кујната секогаш се корисни, особено ако уживате во готвењето и постојано барате начин да ги подобрите вашите рецепти. Подготовката на кремаст сос може да биде едноставна, но постои мал трик што го прави совршено мазен и богат со вкус. Имено, додавањето малку путер на крајот од готвењето го прави сосот кремаст и му дава препознатлива, богата текстура. Путерот се топи во лутиот сос, поврзувајќи ги сите состојки заедно и ...

Две деца кои биле на одмор во Истанбул заедно со своите родители починале од труење со храна. Родителите на децата се на интензивна нега во болницата. И покрај сите напори, децата на возраст од шест и три години не можеле да се спасат. Родителите се уште се на интензивна нега – изјавил покраинскиот директор на истанбулската филијала на турското Министерство за здравство, пренесуваат медиумите во регионот. Доктор Абдула Емре Ѓунер изјавил ...

Д-р Драгослав Јовановиќ, пензиониран ортопед од Заечар, по кого се трагало од 6 ноември, денес е пронајден мртов, изјавил неговиот син на социјалната мрежа X. „Почитувани, немам сила да кажам повеќе. Утрово мојот татко е пронајден мртов. Сега ме известија. Засега… тоа е тоа“, напишал тој. Да потсетиме дека докторот од Заечар, пензионираниот ортопед д-р Драгослав Јовановиќ исчезнал во четврток, 6 ноември, околу 8 часот наутро. Последен пат е ...

Во центарот на Љубљана, се случи напад во кој возач на градски автобус е тешко повреден со остар предмет. Напаѓачот избегал од местото на настанот пеш, а полицијата интензивно го бара, пишува 24ur.com. Нападнатиот возач е итно пренесен во Клиничкиот центар во Љубљана. Според неофицијални информации, како што пишуваат локални медиуми, тој се здобил со тешки повреди, наводно во главата, но неговиот живот не е во опасност. Љубљанската полиција ...

Денешниот ден (четврток 13 ноември) во нашата Македонија помина во знакот на сончев и релативно топол ден со температури кои беа над просекот за месец ноември. Дуваше слаб ветер претежно од јужен правец. Најтопло денес беше во Гевгелија со измерена максимална температура од 20 степени. На табелата можете да ги видите денешните максимални температури измерени по градови и места во нашата Македонија до 16 часот попладнево и тоа на мерните ...

„Овој буџет и тоа како е различен од сите претходни буџети, независно дали ги носела ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, поради две причини – прво, тоа е прв буџет во историјата што се носи на октроиран, односно наметнат начин, и второ, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции за 15 отсто,“ изјави пратеникот и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, гостувајќи во емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма. Битиќи оцени дека ...

Анксиозноста не е резервирана само за возрасните. И децата можат да ја доживуваат, но често на многу суптилен и прикриен начин. Повремена нервоза е нормален дел од растењето, но скриената анксиозност може сериозно да влијае на детскиот сон, училишниот успех и односите со врсниците. Многу деца вешто ги кријат своите грижи зад насмевка, молк или тежнење кон совршенство, што им го отежнува на родителите препознавањето на проблемот. Затоа е ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.83
88%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
1.1
97%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.34
89%
1027
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1029
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
85%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
95%
1028
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Кобалт

58.42

Бакар

10.93

Злато

139298.91

Родиум

258813.51

Паладиум

53788.20

Цинк

3.04

Алуминиум

2.92

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Сребро

2105.58

Платина

62683.26

Калај

43.15