Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Тетово, кој е осомничен дека извршил тешка кражба во црквата „Св. Богородица“ во градот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, малолетникот бил приведен на 13 јули 2026 година околу 23:30 часот на Градскиот плоштад во Тетово, само неколку часа по извршувањето на делото. Како што соопштува полицијата, кражбата се случила истиот ден околу ...

Собранието на Република Северна Македонија го избра Сашо Клековски за нов министер за здравство, како кандидат предложен од ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на реконструкцијата на Владата. Со ова, Клековски официјално го презема раководењето со еден од најзначајните ресори во Владата, по претходниот ангажман како директор на Фондот за здравствено осигурување. Клековски е доктор по медицина, дипломиран на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. ...

Соопштение на СДСМ Христијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете” во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните. Не може! Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството”, „глодари”, „медиокритети”, „мекотели” па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието. Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа е срамота и ...

Соопштение за јавност на Левица: На собраниската расправа за реконструкцијата на Владата, додека претседателот на Левица, Димитар Апасиев, говореше за скоро дуплираниот број на загинати работници во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски од своето место континуирано дофрлаше навреди и пцовки, а во текот на говорот и цинично се смееше. „Зборувам за смрт на работници, а вие се смеете”, му порача Апасиев од собраниската говорница. Во ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство” по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на ...

Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев”, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија”, како и делот од улицата „Македонија” до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и ...

Француските и шпанските играчи вечерва ќе го играат првиот полуфинален натпревар на Светското првенство во Северна Америка, во натпревар кој носи многу историја и ветува дека ќе биде спектакл во Далас. На овогодинешното Светско првенство се одиграни 100 натпревари, но сега остануваат најважните. Во 101-от натпревар откако се случи отворањето на Светското првенство, Франција и Шпанија се борат за место во финалето на Светското првенство. ...

Денешниот ден во Македонија ќе ни донесе посвежо и ведро утро со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе останат околу 20 степени. Во текот на денот времето ќе ни биде сончево и издржливо топло со појава на мала локална облачност. Особено во Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Вчера во Собранието се водеше расправа за таканаречената реконструкција на Владата. Мицкоски зборуваше за „нова енергија и ново темпо”, додека во реалноста се работи за козметички потези кои не ја менуваат суштината. Ова не е реконструкција која носи одговорност туку е прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза. Економијата тоне, буџетот е празен, европскиот пат е блокиран, а ...

Централната команда на Соединетите Американски Држави (CENTCOM) денес објави дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран. Како што е наведено во соопштението на X, за време на петчасовната операција, воени цели беа погодени на повеќе локации во Иран, вклучувајќи ги Бушер, Чабахар, Јаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас, со цел дополнително да се ослабат капацитетите на Иран за напад врз комерцијални бродови. ЦЕНТКОМ ...

Политичките тензии во Собранието кулминираа за време на расправата за реконструкцијата на Владата, која наместо вообичаена парламентарна дебата се претвори во еден од најбурните денови во законодавниот дом. Седницата беше проследена со жестоки меѓусебни обвинувања, навреди, барања за извинување, паузи и конечно со демонстративно напуштање на пленарната сала од страна на пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците. Опозициските ...

Основниот граѓански суд Скопје, по четиригодишна судска постапка, донесе пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање на Орце Тодоровски, поранешен директор на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен заменик генерален секретар на партијата и актуелен помошник генерален директор на Македонската радио-телевизија (МРТВ), против поранешната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска и Град Скопје, поради клевета и навреда. Според судската ...

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на Владата, со што осум нови министри официјално добија доверба да ги преземат ресорите во извршната власт. Сите предложени кандидати беа избрани со идентично мнозинство од 69 пратеници, а новиот владин состав ќе раководи со повеќе клучни министерства. Новите министри се: Јетон Шасивари Агон Ферати Борче Серафимовски Сашо ...

Политичките тензии околу реконструкцијата на Владата кулминираа во Собранието, откако пратениците од СДСМ, Левица и Европскиот фронт ја напуштија пленарната седница на која се расправа за изборот на новите министри. По нивното заминување, расправата продолжи само со присуство на пратениците од парламентарното мнозинство. До ваквиот потег дојде по повеќечасовна жестока расправа исполнета со меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. ...

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница,нагласи дека реконструкцијата на Владата не е признание за грешките ниту обид за подобрување на институциите, туку нова распределба на моќта и концентрација на контролата во рацете на ВМРО. Битиќи посочи дека кадровските промени не се темелат на анализа на резултатите и одговорност, туку на политичка пресметка, при што коалициските партнери се сведуваат на формално ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека врвните воени команданти на Иран се убиени и дека Моџтаба Хамнеи, син на покојниот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи и негов наследник, е 90 проценти исчезнат. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека воените капацитети на Иран се сериозно ослабени. „Тие немаат морнарица. Немаат воздухопловни сили. Сè е исчезнато. Нивната воздушна одбрана е исчезната. Сите нивни лидери се убиени“, ...

Најбројни гости во земјава во април 2026 година биле туристите од Турција. Податоците покажуваат дека странските посетители имаат доминантен удел во туристичкиот промет, со што продолжува трендот на зголемен интерес за посета на земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во април годинава во Македонија биле евидентирани 97.358 туристи кои оствариле 174.649 ноќевања. Од вкупниот број гости, 79,5 проценти биле странски ...

Со одлуката на Апелацискиот суд се поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад од 24 декември 2025 година и се потврди обвинението на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад за Горан Весиќ, неговата помошничка Анита Димоски и поранешната директорка на Српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ. Обвинението беше потврдено и против уште три други одговорни лица – Милан Спремиќ, Марина Гавриловиќ и Дејан Тодоровиќ. Во ноември ...

Дванаесет лица се уапсени под сомнение дека упатиле „екстремно десничарска терористичка“ закана кон исламски собир во англискиот округ Сафолк. Апсењата, вклучувајќи ги и тројцата мажи осомничени за заговор за убиство, следат по истрагата на лондонската антитерористичка полиција за собир за време на викендот во Шрабленд Хол, објави Скај њуз . Организаторите на митингот „Ијтима“ во Велика Британија, кој се одржа од 9 јули до денес, беа ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Реконструкцијата на Владата е признание дека министрите на Христијан Мицкоски не испорачале резултати, но најголемиот доказ за двојните аршини е тоа што Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи и покрај серијата скандали што го потресоа МВР. Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во денешната собраниска расправа истакна дека реконструкцијата јасно покажува дека Владата признава неуспех, но ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада. Иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес. Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. Блокадата на ...

Интегрален текст од изјава за медиуми на Оливер Спасовски, пратеник од редовите на СДСМ: Оваа прес-конференција ја свикавме во вонредни околности, затоа што она што се случи на седницата на Собранието е вон сите демократски критериуми, особено што доаѓа од страна на претседател на Владата и на кандидат за министер. Целата македонска јавност беше сведок на една огромна нервоза во моментите кога се разговара за дебаклот и за неуспесите во ...

На 12.07.2026 во 21:15 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 26-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 17:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 51-годишен татко. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 20:45 часот во Радовиш, ...

Со цел унапредување на меѓусебната соработка за превенирање на појава на пожари, полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум” при Регионалниот центар за гранични работи Запад остварија работна средба со полициските службеници од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Република Албанија. На работната средба беа договорени координирани превентивни безбедносни ...

Доналд Трамп изјави дека САД веројатно ќе ја преземат контролата врз операциите во Ормускиот теснец и очекува другите земји финансиски да го компензираат Вашингтон за заштитата на стратешки важниот воден пат. „Ќе го чуваме. Ќе ни бидат платени пари за да го чуваме, многу пари. Сакаме да бидеме компензирани за тоа што ги ставаме нашите луѓе во опасност“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз. Тој го обвини Иран за кршење на меморандумот за ...

Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство предизвика силни реакции во јавноста, откако снимката почна масовно да се споделува на социјалните мрежи. На видеото се гледа девојче кое е опколено од група врсници, по што е изложено на физичко насилство, додека останатите присутни го следат настанот без да интервенираат. Според информациите што се споделуваат во јавниот простор, инцидентот наводно се случил во еден од поголемите ...

По бегството на 41-годишниот Александар Лазов од Кочани од полициската станица и распишувањето меѓународна потерница по него, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, отпатува во Кочани за лично да ги утврди сите околности под кои осомничениот успеал да избега. Јанев соопшти дека заедно со дел од својот тим извршил увид во полициската станица, нагласувајќи дека станува збор за сериозен инцидент кој ја нарушува ...

Петнаесет месеци по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени, законската рамка што ја регулира работата на ноќните клубови и дискотеките останува речиси непроменета. Единствената суштинска измена е забраната за употреба на пиротехнички средства во затворен простор, додека клучните препораки за спречување на идни трагедии сè уште не се преточени во закон. Ова е главниот ...

Македонската радио-телевизија (МРТ) го комплетираше својот раководен тим откако Програмскиот совет го избра Џуљиан Шабани за нов заменик-директор на јавниот радиодифузен сервис. Од Програмскиот совет информираат дека изборот бил спроведен во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и со важечките подзаконски акти. Шабани е дипломиран во областа на администрација и менаџмент. Во постапката за избор учествувале осум ...

Зголемените температури, климатските промени, урбанизацијата, но и сè почестите патувања и меѓународната трговија придонесуваат за ширење на болести што ги пренесуваат комарците, крлежите и другите вектори во нови региони. Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) предупредуваат дека овие фактори го зголемуваат ризикот од појава и ширење на вектор-преносливи заболувања, особено во летниот период. Од ИЈЗ апелираат граѓаните да бидат информирани ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58