Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна: „Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, по вчерашното невреме што го зафати Скопје и предизвика материјални штети и паднати дрвја, порача дека природата е „најголемиот контролор“ на сѐ што е изградено од човекот и дека нејзината проверка е објективна и неселективна. Ангелов наведува дека природните непогоди на најсуров начин покажуваат дали при изградбата на објектите се почитувани законите, прописите и ...
Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност. Граѓаните мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено. Сите здравствени институции ...
Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче на седница на Националниот совет за евроинтеграции На денешната седница е да поразговараме за повеќе аспекти на процесот на проширување на Европската Унија, кои се актуелни во изминатиот период, процесите кои со многу голема динамика се случуваат во Европската Унија. Проширувањето, како еден од врвните приоритети на што се става акцент од страна на Европската Унија во изминатите месеци, со ...
Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период ...
Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Младите масовно ја напуштаат Македонија. Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив. Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води највалканата пропаганда во земјата. Неговото семејство е со обезбедена европска ...
Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди. Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија. На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран ...
Во Музејот на град Скопје денеска е откриен споменик на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија. Споменикот е откриен во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Драупади Мурму која денеска заедно со претседателката Гордана ...
Воените операции против Иран досега ги чинеле САД 37,5 милијарди долари, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за време на сослушување пред Конгресот. Тоа претставува зголемување од речиси осум милијарди долари во однос на последната јавно објавена проценка на трошоците. Хегсет пред американските законодавци изјави дека во сумата се вклучени и очекуваните трошоци до 30 септември. Ова е првпат Хегсет јавно да одговара ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на население, за чија реализација е предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–Обединети нации (India-UN Development Partnership Fund). Во присуство на претседателката на Република Индија и претседателката Гордана ...
Критичните минерали стануваат едно од клучните прашања за економската и индустриската политика на водечките светски економии. Во најновата анализа на Европскиот парламент „Политиките на САД за критични минерали и импликациите за стратешката автономија на ЕУ“ се наведува дека обезбедувањето сигурни извори на минерални суровини е од суштинско значење за конкурентноста, технолошкиот развој и геополитичката стабилност. Во Македонија, пак, ...
За задоволување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во Гостиварската болница, обезбедена е вода од цистерни. Од управата општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар, информираат дека од синоќа во кругот на болницата е поставена цистерна со вода. Возилото е обезбедена преку соработка со ЈКП „Тетово“ – Тетово и ќе биде на располагање наредниов период. -Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за ...
САД извршија нов бран воздушни напади врз цели во Иран, додека Вашингтон порача дека е подготвен за дијалог и преговори со Техеран, но и дека ќе преземе мерки за заштита на своите интереси и интересите на сојузниците. Централната команда на вооружените сили на САД (СЕНТКОМ) соопшти дека операцијата против Иран завршила во 00:15 часот по Гринич, односно во 03:15 часот по локално време. Според соопштението, во текот на ноќта биле погодени ...
Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, со кои се обезбедија дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски ги претстави можностите за индиски инвестиции во македонскиот агросектор на Македонско-индискиот бизнис-форум, одржан во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, на Северна Македонија. Во своето обраќање, Серафимовски оцени дека посетата на индиската претседателка е силен поттик политичките односи меѓу двете земји да се ...
На 21.07.2026 во 12:25 часот на ул.„Партизански одреди“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода С.С.(35) од Струмица поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ и „фалсификување на исправа“. Имено, пријавениот бил затекнат како управува патничко возило „ауди а5“ со кавадаречки регистарски таблички , кои припаѓале на друго патничко ...
Жителите на населбата Колонија во Општина Гази Баба алармираат дека од вчера во 17 часот се без електрична енергија, а проблемот сè уште не е решен и покрај бројните пријави до надлежните институции. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Според нивните информации, по невремето во населбата има паднати дрвја на улиците и искинати електрични жици, кои претставуваат потенцијална опасност за граѓаните. ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност. Токму ...
По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата. Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како дел од владината делегација, денеска престојуваше во Гостивар, каде заедно со министрите Муамет Хоџа и Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева, ја координираа институционалната реакција по загадувањето на водоснабдителниот систем во општината. Тошковски информираше дека Владата веднаш по препораката на ...
Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот. Во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Се реализираат рачно и машинско метење и ...
Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар. Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29. 04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен”, до ...
Екипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината. Веднаш по невремето беше свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби беа упатени на терен и започнаа со интервенции на најкритичните локации. Во текот на ноќта беа расчистени повеќе локации во Капиштец, Дебар Маало, населба Пролет и потегот кај Соборниот храм, а ...
На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски” во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од ...
Соопштение на СДСМ: Случајот со труењето во Гостивар разоткрива опасен и неприфатлив преседан: Обвинителството и надлежните институции ја ставија бирократската процедура и наводната „тајност на истрагата” над уставното право на граѓаните на безбедна животна средина и здравје. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Наместо веднаш да реагираат, здравствените и инспекциските органи со недели молчеле и дозволиле граѓаните да ...
Украина извршила нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што се повредени неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение на директорката и коосновачка на компанијата, Татјана Ким. Според Ким, погодени биле магацини на компанијата во Краснодар и Невиномиск, во Краснодарскиот и Ставрополскиот крај. Таа преку „Телеграм“ соопшти дека компанијата, во ...
Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска. Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час ...
Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го ...
Без вода денеска од 9 часот до санирање на дефектот ќе бидат корисниците од улицата „Маца Карбева“ и населбата Трета зона Припор во општина Кисела Вода, а од 10 часот до завршување на работите дел од корисниците на улицата „Златко Шнајдер“ во општина Центар. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекините во водоснабдувањето се поради уличен дефект на улицата „Маца Карбева“ и изведување водоводен приклучок на ...
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до ...