Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување денеска спроведоа засилена акциска контрола на подрачјето на Куманово, насочена кон санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законските прописи. Во контролата, која се реализираше во периодот од 14:00 до 20:00 часот, биле изречени вкупно 70 мерки за сторени сообраќајни ...

Во засилена сообраќајна контрола спроведена денеска на подрачјето на Скопје, полицијата санкционирала вкупно 326 возачи поради различни прекршоци во сообраќајот. Акцијата била реализирана денеска (07.06.2026) во периодот од 13 до 19 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, најголем дел од прекршоците се ...

По расправија поради сообраќаен инцидент, едно лице е рането во главата, а обвинителството бара притвор за двајцата осомничени Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против две лица од Шишево, браќа на возраст од 43 и 44 години, кои се осомничени за обид за убиство како соизвршители. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 6 јуни во близина на авто-плац во селото Шишево. Настанот започнал по ...

На 06.06.2026 околу 16:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 06.06.2026 околу 16:52 часот во СВР Скопје е ...

ОВР Дебар поднесе кривична против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило” и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста”. Тој, на 29.05.2026 во 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка” во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло” со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и избегал, а потоа ...

Реакција на ВЛЕН на соопштение од ДУИ: Демократската унија за интеграција денес повторно се обиде да произведе политички спектакл преку манипулации, неточни информации и намерно мешање на поими од катастарска документација, со единствена цел: да го префрли вниманието од сопствените имотни, финансиски и политички скандали. Соопштението на ДУИ е лага и не е борба против корупција, туку е криење на својата корупција. Тоа е очаен обид ...

Повеќе од милион луѓе се собраа денеска на главниот плоштад во Мадрид за да присуствуваат на миса што ја служеше поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти. Денешната миса се совпадна со католичкиот празник Corpus Domini, на кој поворки граѓани, предводени од свештеник кој ја носи Евхаристијата, минуваат низ градовите и местата. Папата дојде во Шпанија вчера, ќе биде во посета една недела со намера да ја истакне ...

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на ...

Руски научници развија нови препарати за дијагностицирање и лекување на глиом, еден од најагресивните форми на тумори во мозокот, објави Министерството за наука и високо образование на Русија. Како што наведе министерството, тим истражувачи и лекари презентираа нови пристапи за откривање и лекување на болеста, вклучително и употреба на радиоактивни аптамери во дијагностиката. Според соопштението, новиот радиофармацевтски препарат се ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса”, порача дека Европската Унија испраќа јасен сигнал дека проширувањето останува високо на агендата, оценувајќи дека Македонија не смее да остане заглавена во чекалната додека земјите од регионот напредуваат во евроинтегративниот процес. „Моментот е историски: на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват на 5 јуни беше повторено дека овој дел ...

Денеска (07.06.2026), полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка по претходно преземени оперативно-тактички мерки, на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.А.С. (40), холандски државјанин. Лицето е барано по меѓународна потерница распишана од Холандија за сторени кривични дела илегална миграција, криумчарење на мигранти и сексуална експлоатација. Б.А.С. е предаден во Полициска станица Бит Пазар за ...

Прес конференција на претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски по користење на лажното боледување имаше обврска да се јави на работа на 30ти Мај. До денес тој не е појавен на своето работно место. Законот за работни односи член 82 е јасен и вели: “Ако работникот отсуствува од работа три последователни дена и не го оправда своето отсуството му следува отказ без отказен рок. Сотир Лукровски може да ...

Се помасовни се протестите во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во „Зврнец” и островот Сазан. Во Тирана синоќа на главниот плоштад се одржа седмиот по ред протест, на кој четири часа учесниците го изразуваа своето противење за проектот, порачувајќи дека „Албанија не е на продажба”. Учесниците меѓу кои и културни работници дури и новинари, побараа оставка на владата, укинување на статусот и законската рамка поврзани со ...

ОВР Дебар поднесе кривична против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило” и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста”. Тој, на 29.05.2026 во 23 часот, на улицата „ Зеќир Чанка” во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло” со дебарски регистарски ознаки, сообраќајна незгода и избегал, а потоа физички ...

Денес пред нас стои првиот Конгрес на новата одговорност, денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса”. Во обраќањето, Филипче посочи дека целта на овој Конгрес не е да биде само свечено усвојување на нова идеолошка платформа, туку враќање на СДСМ кон суштината на социјалдемократијата. ...

Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. За околку два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи. Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е за прв пат од неговата ...

Македонскиот атлетичар и член на АК „Скопски маратон“, Дарио Ивановски, победи на полумаратонот на 10. јубилејно издание на „Охрид трчат“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди. Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновски од Македонија со време 1:19:22 часа, а трет беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52 часа. Во женска конкуренција на ...

Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, истакна денеска од Охрид, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски истакна ...

Прес-конференција на Валентин Мансиевски од ВМРО-ДПМНЕ: Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени. Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат велејќи дека сме лидери во регионот, само Филипче и Радев велат единствена реформа се уставните измени. По долго време коленичење и лековерност од страна на ...

Соопштение на Левица: Најавеното зголемување на банкарските провизии претставува уште еден удар врз животниот стандард на граѓаните и уште еден доказ дека банкарскиот сектор продолжува да ги става профитите пред интересите на населението. Иако банките веќе остваруваат рекордни добивки, наместо да ги намалуваат трошоците за своите корисници, тие најавуваат нови поскапувања на услуги за кои имаат минимални или речиси никакви реални трошоци. ...

На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Г.М.(40) од Свети Николе. При извршен претрес, по претходна судска наредба, во неговиот домот се пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од ...

Интегрален текст од соопштение за јавност на ДУИ: Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес објавува официјални документи од Агенцијата за катастар кои отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, еден од најблиските соработници на Изет Меџити. Според официјалните податоци од Катастарот: • Во Имотен лист бр. ...

Кина објави дека почнала „специјална поморска операција“ источно од Тајван, дополнително заострувајќи го својот одговор на неодамнешниот договор меѓу Јапонија и Филипините. Тие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, јави Блумберг. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ , ...

Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брз проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, ...

Администрацијата на САД ќе се обиде да ги користи иранските средства за земјите од Персискиот Залив за обнова и надомест на штетата предизвикана од Иран во воениот конфликт, изјави извор запознат со тоа прашање, додека Техеран продолжува со напади со дронови по бранот напади врз Кувајт и Бахреин. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, побара од своите помошници да ја проценат штетата што Иран досега им ја предизвикал на американските ...

Македонската Дејвис куп репрезентација од среда до сабота ја очекуваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот. Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев, Молдавија ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат поделени во две групи по четири. – Со исклучок на Република Ирска, другите ...

Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги поништат правилата за Брегзит, покажува новото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov. Според тоа истражување, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет заради поблиска економска соработка со ЕУ. Околу 27 отсто од анкетираните изјавиле дека би прифатиле таква размена, додека 14 ...

Грчките власти уапсија 37-годишен Палестинец на Крит, осомничен за врски со палестинската група Хамас и планирање терористички активности, вклучително и можни напади врз израелски цели, јавија грчки медиуми повикувајќи се на безбедносни извори. Апсењето е извршено во заедничка операција на грчката разузнавачка служба EYP и Дирекцијата за борба против специјални насилни кривични дела (DAEEB), по информациите добиени од службите пред десет ...

Британскиот премиер Кир Стармер ќе одржи денеска средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Даунинг стрит 10 за да разговараат за континуирана поддршка за Украина, јави ДПА. Средбата доаѓа два дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли во петокот понудата на Зеленски за разговори за да се најде излез од војната во Украина. Путин рече ...

Најмалку 12 лица се повредени во пукање на фестивалот Олд Вест Енд во Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа, околу 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се разотидат по завршувањето на настанот. Според полицискиот извештај, десет лица се здобиле со прострелни рани, а уште две се повредени додека бегале од местото на настанот. Возраста на повредените се движи од 16 до 51 година. Двајца од ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.0
32%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
2.68
60%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.17
53%
1017
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.08
44%
1017
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
1.78
34%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
64%
1017
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
3.58
38%
1015
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
3.75
23%
1016
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.64
31%
1016
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
48%
1017
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
66%
1018
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.33
68%
1016
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.228

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Бакар

12.79

Алуминиум

3.18

Паладиум

41378.01

Иридиум

247560.75

Цинк

0.00

Сребро

1891.04

Платина

52309.26

Рутениум

49029.89

Калај

52.95

Кобалт

56.29

Злато

130535.25

Родиум

260421.05