Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против Аргентина во врска со серијата инциденти што се случија по финалето на Светското првенство, јавија вечерва британските и шпанските медиуми. Според истите извори, ФИФА ќе го анализира судискиот извештај, како и снимките од финалето меѓу Шпанија и Аргентина пред да одлучи дали ќе преземе соодветни санкции. Истрагата ќе се фокусира на неколку инциденти што се случија по ...

Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати, а со тоа и намалување на цените на бензинот и дизелот, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил, посочувајќи дека Владата продолжува со проактивен пристап во ...

Соопштение на СДСМ: Скопје стана град во кој ништо не функционира, освен тендерите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Ѓубрето не се собира, депониите се полни, а јавниот превоз е во распад. Граѓаните се дават во проблеми кои траат со години, а наместо решенија добиваат билборди со коњи со пет нозе и храмови од Белград. Ништо не е решено, но е решен коњот. Сè уште нема одговор кој бил задолжен за изработката на срамниот билборд, колку е ...

Соопштение на СДСМ: Кој уште верува во институции кои ги контролираат ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски? Дали постои човек кој сериозно верува во Мицкоски? Дали граѓаните треба да веруваат во обвинителство за кое пред неколку дена Европската комисија објави извештај во кој јасно се наведува политичкото влијание, односно влијанието на Мицкоски врз него? Дали е тоа истото обвинителство кое го поставува Мицкоски, кое го повикува од собраниската ...

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Старо Нагоричане, на атарот меѓу селата Степанце и Добрача, каде што гори сува трева и ниска шума. Под контрола се два пожара и тоа во Општина Василево, кај селото Доброшинци, каде ...

Иран попладнево изврши нови напади врз Кувајт, поради што вооружените сили на земјата ја активираа противвоздушната одбрана за пресретнување на ракетите и беспилотните летала. Кувајтската армија соопшти на платформата Икс дека експлозиите што се слушнале биле резултат на дејствувањето на системите за противвоздушна одбрана. Засега не се објавени дополнителни информации за нападите, ниту има извештаи за жртви или за материјална штета. ...

Норвешката полиција и противпожарните служби денеска ги предупредија жителите да не се враќаат во домовите што останале зачувани по разорниот шумски пожар југозападно од Осло. Командантот на полициските операции Столе Фуглас за весникот „Верденс ганг“ изјави дека повеќе лица се обиделе да ги пробијат полициските кордони. – Сакаме да им помогнеме на сите, но не смеете да се изложувате на опасност, порача тој. Според него, гаснењето на ...

Прославите по победата на Шпанија во финалето на Светското фудбалско првенство завршија со две жртви, повеќе од 80 повредени лица и најмалку 12 приведени низ земјата. Во Мадрид, во текот на ноќта приведени се седум лица. Петмина се уапсени поради поттикнување омраза по расправија во еден бар, едно лице поради нарушување на јавниот ред и напад врз службено лице на плоштадот Сибелес, каде што се собраа илјадници навивачи, а уште едно лице ...

Денеска во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишен од слобода е возач на товарно возило “волво” со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз а при извршен алкотест утврдено е присуство на алкохол од 1,81 ...

По повод престојната посета на претседателката на Индија на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од денеска до 22 јули 2026 година кога индиската претседателка ќе престојува во Охрид, ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај. Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со ...

Министерството за здравство континуирано ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар и согласно последните податоци од јавните здравствени установи информираме дека од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош. Кумулативно, во Општа болница Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во ...

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи го критикуваше начинот на кој институциите постапуваат со резултатите од анализите поврзани со епидемијата во Гостивар. Во својата објава, Пановски опишува хипотетичко сценарио во кое пациент е хоспитализиран со симптоми на труење, додека Обвинителството, поради сомнеж за намерно труење или труење од небрежност, нарачува лабораториски анализи. Според него, болницата не ги ...

Јеменските бунтовници Хути денеска прогласија поморска блокада на Саудиска Арабија, што веднаш стапува во сила. Хутите соопштија дека воведуваат „поморско ембарго против криминалниот саудиски непријател“, повикувајќи се на принципот „око за око“. Според нив, блокадата е одговор на она што го нарекуваат продолжение на „неправедната и угнетувачка опсада на нашиот сакан народ“ од страна на Саудиска Арабија речиси 12 години. Тие го обвинуваат ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против четири правни лица од Пробиштип, нивните сопственици и управители Г.Д.(60) од Штип, Т.А.(63) од Пробиштип, Н.И.(50) од Пробиштип, О.„Ч.”(58) од Пробиштип, како и И.П. од Пробиштип, вработен во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени ...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче- Долно Лисиче со употреба на ...

Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда, Ален Деребан остварија работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која се разговараше за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на својата функција, со посебен акцент на висината на надоместоците. На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат значајна улога во ...

Новиот британски премиер, лидерот на лабуристите Ендру Бернам денеска изјави дека британските политичари мора да бидат подобри, а на Велика Британија и треба нов политички и економски модел. – Знам дека луѓето кај нас се презаситени од политиката. Ве слушам и сакам да бидам искрен, не бевме доволно добри и треба да бидеме подобри … Британија во 80-тите години направи неколку погрешни свртувања. Политичката моќ беше централизирана, ...

Од денеска (20.07.2026) до 23.07.2026 во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Република Индија, г-ѓа Друпади Мурму. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ...

По повеќегодишен застој предизвикан од нерешени имотно-правни односи, изградбата на клучката „Момин Поток” денес се одвива со засилена динамика. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека веднаш по преземањето на функцијата биле преземени конкретни чекори за надминување на долгогодишните пречки и за продолжување на реализацијата на овој исклучително значаен инфраструктурен проект. „Уште од првиот ден силно се заложивме да ги ...

Во рамки на активностите на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на викендот беа реализирани засилени координирани акции на територијата на целата држава. Во рамки на акцијата беа извршени 13 претреси, 197 прегледи на возила и 295 прегледи на лица, при што од слобода беа лишени 13 лица. Притоа, пронајдени и одземени се 79 пакувања со наркотични материи, како и пиштол „Глок 17“ со муниција. ...

Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод. Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар. Надлежните институции продолжуваат да преземаат ...

Соопштение на Левица Додека илјадници жители на Гостивар се соочуваат со здравствени последици, а водата од градскиот водовод не е безбедна за никаква употреба – Мицкоски настапува како премиер на туѓа држава. Наместо итна мобилизација на сите расположливи капацитети, тој ладнокрвно соопштува дека Владата го завршила својот дел во поглед на нејзината надлежност, по што санацијата ја препушта на локалниот Водовод чиј капацитет е причината ...

Денес, во просториите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, се одржа состанок на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција). Со состанокот претседаваше министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, а присуствуваше и министерот за внатрешни работи, ...

Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија. Со ...

За надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, каде што е прогласена локална епидемија, Владата од денеска обезбедува по 50.000 литри вода за пиење дневно за населението, а Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги заврши анализите, кои во текот на денот ќе ги предаде на Јавното обвинителство. Дистрибуцијата на водата се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР). Директорот на институцијата, Ивица ...

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството. На средбата се разговараше за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент на реформите во ...

Како економијата, институциите и личните придонеси ја одредуваат сигурноста на идните пензионери Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Кога ќе се спомене зборот „пензија“, повеќето луѓе помислуваат на денот кога ќе престанат да работат. До тој момент пензијата им изгледа како нешто далечно, речиси апстрактно. Особено за младите, таа е тема што ќе дојде „еден ден“. Но токму тука, според мене, се крие една од најголемите ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата. СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, една работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот ...

Соопштение за јавност на Левица: Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита на Охридскиот Регион за да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, која се предлага во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а чија конечна одлука Комитетот треба да ја донесе на 22 јули во Бусан, Јужна Кореја. Да се побараат уште шест години од УНЕСКО е ...

Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн”, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани 107 ученици со ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32