Нашата позиција е јасна – остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со претседателот на Европскиот совет ...

Соопштение на ВЛЕН: Кадарот на ВЛЕН, заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, заедно со директорот на Албанскиот ансамбл на песни и ора, Јетмир Реџепи, го финализираа еден од најзначајните процеси за консолидација на Албанскиот ансамбл на песни и ора, една од најважните и најрепрезентативните институции на албанската култура во земјата. Со потпишувањето на последните пет решенија за вработување, заврши третата и последна фаза од ...

Мрежен кабел за интернет долг 15 километри – купен 15.000 евра, а никаде го нема, набавени компјутери, лаптопи, ајфони за кои постои само барање без реверс каде завршиле, склучен договор од 1.600.000 денари за мобилни телекомуникациски услуги или двојно повеќе од предвидените 800.000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, иако биле предвидени 550.000 денари, се само некои од недоследностите во работењето на ...

Претставата која ја освои публиката и жирито на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ и беше избрана за најдобра претстава на истиот, „Ричард трети“, од Вилијам Шескпир во режија на Мартин Мирчевски, ќе биде дел од фестивалот „Бабелфаст“ во Трговиште, Романија , каде Народниот театар од Битола ќе настапи на 07.06.2026 година. Главните прашања во оваа претстава се: Зошто имаме потреба да се самоуништуваме ...

Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Северна Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија, порача попладнево претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. – Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската ...

На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово, кој бил гостин во хотелот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во ...

Во првите четири месеци од годинава во Грција биле поднесени 6.500 пријави за семејно насилство и се извршени 3.850 апсења, според министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис, кој додаде дека стотици од уапсените веќе се во притвор, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за грчката телевизија „Скај“, Хрисохоидис посочи дека оваа година имало намалување за 12 отсто на пријавите на случаи на семејно насилство, што според ...

Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак. Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован ...

Во книжарницата „Литература.мк“ вчеравечер на Меѓународниот ден на детето, на Ванчо Полазаревски му беше врачена книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година за романот „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“. На настанот, покрај врачувањето на признанието за најдобар необјавен роман за деца и млади, што го носи името на големата македонска писателка за деца Оливера Николова, се одржа и промоција на наградениот роман. Покрај ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари тет-а-тет средба со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши. Обајцата ја потврдија заедничката определба за интензивирање на парламентарната соработка меѓу двете земји. Во парламентарната дипломатија препознаваат суштински механизам за размена на искуства, градење доверба и зајакнување на демократските институции. Укажувајќи на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имал „напнат“ разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во врска со планираниот израелски напад врз цели на либанската милитантна група Хезболах во Бејрут, изјави денеска неименуван член на кабинетот на Нетанјаху. Тој за израелскиот Канал 12 го демантираше претходниот извештај на мрежата дека Трамп го опцул Нетанјаху и лично го напаѓал за време на синоќешниот разговор, пренесува Тајмс оф ...

Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, соопшти Министерството за здравство. – Ова е важен чекор за јавното здравје и за создавање поздрав, побезбеден и поодговорен јавен простор. Законот е резултат на широк институционален процес, разговори со засегнатите страни, консултации со тутунската индустрија, угостителскиот сектор, надлежните институции, инспекциските органи, ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево пред Владата го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балка, денеска престојува во Скопје. Кошта пристигна во Скопје од Тирана, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Мицкоски и Кошта во Владата ќе имаат тет-атет средба по што ќе следува состанок помеѓу ...

Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година – соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4,3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 6,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,6 %. Според главните ...

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски, во објава на Фејсбук, предупредува дека чувството на системска неправда е една од главните причини за разочараноста, апатијата и недовербата кај граѓаните во државата и нејзините перспективи. Според Миноски, ниту една држава не може долгорочно да обезбеди стабилност доколку во неа владее чувство дека правилата не важат еднакво за сите. Тој оценува дека институционалната и општествената ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Кошта на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. – Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата ...

Во Министерството за правда денес се одржа шестата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство во позитивна атмосфера, што покажа подготвеност за изнаоѓање компромисни решенија. На седницата беше усвоен записникот од претходната седница, по што членовите на Работната група пристапија кон разгледување на доставените мислења, предлози и забелешки од политичките партии, институциите, регулаторните тела и граѓански ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, г. Кристоф Зомер, на која се разговараше за актуелните политички случувања, реформските процеси и европската перспектива на државата. За време на средбата, Меџити изрази благодарност за континуираната поддршка што Швајцарската Конфедерација ѝ ја дава на Северна Македонија во области од особено значење за ...

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во синоќешните напади врз пет украински региони и Киев биле насочени кон транспортната инфраструктура и воените аеродроми. Во градот Киев, како што тврди Москва, погодени се десет воени производствени погони и три центри за регрутација. Мета на нападите биле и фабриките во Харковската, Сумската, Днепаропетровската, Хмељничка и Полтавската област и во регионот Запорожје. Според руското МО, ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.К.(86) од Косово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 12.05.2026 на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, при извршен преглед кај пријавениот биле пронајдени и одземени 20 куршуми калибар 6,35 мм. СВР Скопје поднесе кривична пријава против ...

Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недости на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. Во гостување на телевизија Алфа, ...

Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се обезбедени четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење. Според првичните информации објавени во одредени медиуми, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. – Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување како што сме постапиле ...

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против две лица, инвеститор и инспектор од општина Куманово, бидејќи инвеститорот градел без одобрение за градба, а инспекторката постапила несовесно. Инвеститорот уништил куќа-заштитен објект на културно наследство. -СВР Куманово поднесе кривична пријава против педесет и двегодишниот Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...

Во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведуваат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации. Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и ...

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 10 јуни 2026 година (среда). Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и ...

Од Министерството за здравство попладнево информираа дека во рамките на националната кампања, што се реализира подсо мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Љуљзим Агаи, директор на Клиниката за неврохирургија, преку видеообраќање изразува поддршка за оваа племенита акција. – Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на нашите пациенти и многупати успеваме во тоа, но ...

Јавното обвинителство на Република Македонија презентира нова комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026 – 2028 година и акциски план за нејзина имплементација. Според државниот јавен обвинител Ненад Савески, еден збор од овој стратешки документ што треба да го опише пристапот на кој ќе инсистираат е „проактивна“ комуникација на Јавното обвинителство со јавноста, која нема да чека да се постават прашања, па да се ...

Министерството за финансии денеска соопшти дека во целост е исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Денеска, извршена е исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската за оваа еврообврзница. Средствата за сервисирање на оваа обврска државата, односно Министерството за финансии, ги обезбеди ...

Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Имено со Одлуката се ограничува: – Пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година од 11 часот се до 19 ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.05
29%
1015
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
2.68
54%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.4
46%
1017
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
1.42
41%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.73
35%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 29ᴼ
1.34
54%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
4.47
38%
1015
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.63
22%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.64
29%
1015
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
2.24
48%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
3.58
59%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.33
61%
1016
Currency

61.645

Currency

53.9616

Currency

72.228

Currency

37.7163

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Паладиум

41378.01

Злато

130535.25

Иридиум

247560.75

Алуминиум

3.18

Калај

52.95

Бакар

12.79

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Сребро

1891.04

Платина

52309.26

Родиум

260421.05