Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Грчките здравствени власти алармираат за зголемен број случаи на вирусот Западен Нил, откако во земјата се регистрирани вкупно 21 заразено лице, а дури 14 од нив се потврдени во текот на изминатата седмица. Според најновиот неделен извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), кај речиси сите заразени се развиле сериозни компликации кои го зафаќаат централниот нервен систем. Од вкупно 21 случај, кај 20 пациенти ...
21-годишна жена од Гостивар пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг, по претходна семејна расправија, без нејзина согласност го зел нивното 10-месечно бебе и го одвел во Швајцарија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 08:10 часот во Одделението за внатрешни работи Гостивар. Ш.А. (21) навела дека во семејниот дом претходно имала расправија со сопругот С.А., по што тој противправно и ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Република Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија. На средбата беше разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на ...
Сериозен безбедносен инцидент е регистриран ноќеска во Скопје, откако засега непознати сторители украле ГПС уред за следење на железничкиот сообраќај во близина на Железничката станица Маџари, со што била загрозена безбедноста на возниот сообраќај. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 00:30 часот. Кражбата била извршена со употреба на погоден алат, при што бил отстранет ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете”. При контрола во објектот на улица „Партизанска” во Охрид, полициските службеници констатирале дека на 14 – годишен малолетник од Охрид на кого му било овозможено да користи алкохолен пијалок без да му биде ...
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека во сила е Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објавен во Службен весник на 06.07.2026. Со овој закон, меѓу останатото се направени измени и дополнувања на правилата кои го регулираат сообраќајот на електричните тротинети и тоа: – Направена е измена на дефиницијата на овој тип возила која гласи: „Лесно електрично возило” е ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи во земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и безбедноста на храната. „Австрија е значаен партнер од кој можеме да добиеме вредни искуства во развојот на модерно, одржливо и конкурентно земјоделство. ...
Жителите на Гостивар би можеле веќе до крајот на оваа недела да добијат технички исправна вода, додека доколку сè се одвива според планираниот распоред, водата за пиење ќе биде безбедна кон крајот на следната недела, најави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски посочи дека процесот на санација на водоводниот систем во Гостивар се ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни инспекциски контроли во угостителски и прехранбени објекти во Гостиварско, при што беше утврдено дека сите контролирани оператори ја почитуваат забраната за користење вода од градскиот водовод. Сепак, инспекторите открија низа други сериозни неправилности – нерегистрирани фирми, небезбедна храна и вработени без задолжителни здравствени прегледи. ...
По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули. „Уште од првиот ден сме на терен со сите наши служби за да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на ...
Во само еден ден, полицијата регистрираше повеќе случаи на несовесно и незаконско управување со моторни возила, при што меѓу приведените има и тројца малолетници. Особено загрижува случајот во Гостивар, каде 18-годишен волонтер на Црвениот крст без дозвола зел службено возило и предизвикал материјална штета удирајќи во повеќе паркирани автомобили. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 23 јули околу 00:10 часот на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во ...
Две нови постапки за семејно насилство отвори Основното јавно обвинителство Тетово, при што едниот осомничен се заканувал дека ќе ја убие сопругата затоа што не сакала да го промени исказот даден пред обвинителството, а другиот физички го нападнал сопствениот татко и му се заканувал со убиство. Во првиот случај, обвинителството поведе постапка против 50-годишен маж за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“, а до надлежниот суд е ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обелодени нов скандал поврзан исто така со вода за пиење, но овој пат за примерок земен од Болницата за белодробни болести во Лешок. Како што кажа Филипче официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите ...
Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија денес постигнаа договор за 21-от пакет санкции против Русија. Писмена постапка за формална одлука ќе биде покрената попладнево, дознаваат дипломатски извори. Преговорите за 21-от пакет траеја со денови, а последна пречка беше барањето на Грција на нејзините шпедитери да им биде дозволено да транспортираат течен руски гас наменет за трети земји. Компромисот беше постигнат утрово. Тој ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одржа координативен состанок со градоначалниците на скопските општини и со Кризниот штаб на Град Скопје, на кој биле разгледани последиците од неодамнешното невреме и мерките за помош на граѓаните чии домови претрпеле штети. Како што соопштија од Град Скопје, било договорено сите општини да формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат штетите. По приемот на пријавите ќе ...
Лидерот на ДУИ Али Ахмети конечно по 24 години од основањето на партијата го поставил државното знаме во неговата канцеларија во седиштето во Мала Речица. Државниот симбол е виден за време на средбата на Ахмети со австрискиот амбасадор, Мартин Памер. Впечатливо е дека Ахмети во изјава за порталот на албански јазик Тетова сот рекол дека отсекогаш бил за унитарна држава но и дека државното знаме го поставил во канцеларијата по сугестија на ...
Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе” на Милчо Манчевски ќе има светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал на 16 август. „Добри луѓе” ќе се натпреварува во Официјалната селекција за награди на фестивалот, кој е најреномиран во Југоисточна Европа. Во периодот додека беше ставен на црна листа од Агенцијата за филм, Манчевски со свои средства го финансираше овој филм во знак на почит кон жртвите и хероите од Кочани. „За деца, ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот С.З., во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Граѓаните веќе со страв го очекуваат секое најавување на „нови мерки” од страна на Мицкоски. Секоја најава на Мицксоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Најновиот пример се горивата. Мицкоски најави намалување на акцизите и се пофали со наводни мерки за поевтини горива, а веднаш потоа цените повторно значително се зголемија. Секоја мерка на Мицкоски за намалување на цените предизвикува ...
Соопштение за јавност на Левица: Советот на Општина Центар покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија, СДСМ и ДПМНЕ повторно настапуваат како едно. И покрај аргументите и предупредувањата на Левица, советниците на двете партии заеднички го изгласаа Нацрт-ДУП-от за Водно, отворајќи пат за нова бетонизација на еден од највредните природни простори во Скопје. Наместо да ја преземе политичката одговорност за ваквото ...
Шри Ланка се соочува со најлошата епидемија на денга треска во последните десет години. Властите ангажираа армија која користи беспилотни летала за пребарување на покриви и други потенцијални места за размножување на комарци за застоена вода. Вирусот одзеде 56 животи во јужноазиската земја оваа година, а повеќе од 77.000 луѓе се заразени, од кои повеќе од една четвртина се регистрирани само во јули. Денга треската, која ја пренесуваат ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Арбен Таравари е во спротивност со своите изјави. Додека еднаш се појави пред граѓаните на Гостивар и ја обвини тогашната влада дека ги „труе” граѓаните со негрижа и неактивност, за време на неговиот мандат излезе и рече дека го решава проблемот со водата во Гостивар „за следните 100 години”! Денес, кога одговорноста паѓа на администрацијата што ја водеше, Таравари не само што не исполни ниту едно од ...
На ГП Богородица кон Грција се бележи зголемена фреквенција на возила, но времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути, информираат од АМСМ На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Во однос на условите на патиштата, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
Македонски државјанин е уапсен во Србија откако со камион удрил во санитетско возило кое било запрено на стопирачката лента кај Грделица. По приведувањето, надлежните органи му одредиле задржување во траење од 48 часа, соопшти Полициската управа во Лесковац. Тешката сообраќајна несреќа се случила во вторникот попладне на автопатот во близина на Грделица. Санитетското возило превезувало десетгодишно дете од Врање кон болницата во Ниш, кога ...
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани. Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот ...