Фудбалерот на Брегот на Слоновата коска Елие Вахи бил уапсен поради сомневање дека учествувал во наместени натпревари. Вахи бил уапсен пред три недели, а сега е дел од својата репрезентација на Светското првенство – Брегот на Слоновата коска. На дуелот од првото коло против Еквадор настапи 56 минути, а БСК победија со 1:0. Тој е предмет на истрага на натпреварот на Ница против Мец одигран на 17.мај од француската Лига 1 и тоа како играч ...

Министерот за одбрана на Данска, Јепе Брус денеска најави дека есенва ќе биде распореден баталјон од 850 војници во Летонија, чија задача ќе биде одвраќање на Русија. Данскиот баталјон ќе го замени шведскиот контингент стациониран во балтичкиот регион. – Важно е да ја одиграме својата улога во одвраќање на Русија, наведе Брус. Распоредувањето контингенти полна поради руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Министерот за ...

Обвинителството во Милано денеска соопшти дека италијанската полиција запленила „значајни“ докази при претресот на домот на еден од четворицата Италијанци, против кои се води истрага за учество во „Сараево сафари“. Помеѓу запленетите докази има фотографија од осомничениот, 65-годишен маж кој живее во областа Александрија, со техничка опрема и придушувач. Претресот е спроведен врз основа на сведочењата на неговата поранешна сопруга и ...

Упатства за прва помош во случај на повреда од морската риба „Лагоцефалус сцелератус“ (Lagocephalus sceleratus), што е опасна и отровна за консумација, но не и при каснување, објавија од грчкиот Црвен крст, „поради сè поголемото присуство на рибата во грчките мориња“, а со цел граѓаните да бидат информирани за опасностите и за справувањето при евентуално каснување, јави дописничката на МИА од Атина. Објаснија дека конкретната риба содржи ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека ќе биде намален бројот на војници во мировната мисија на Алијансата во Косово (КФОР) и ќе има од 3.000 до 3.500 војници. Тој наведе дека намалувањето на бројот на војници на КФОР е позитивно, бидејќи ситуацијата во Косово континуирано се подобрува. – Во моментов, КФОР има околу 4.700 војници. Она што ќе го направиме е да се вратиме на нивото од пред 2023 година. Секако, во ...

Европската ракометна федерација ЕХФ објави список на десет сигурни екипи за новата сезона од Лигата на шампионите, а во групите ќе играат вкупно 24 репрезентации. Десет сигурни учесници според рангирањето на федерациите се: Магдебург, Барселона, ПСЖ, Алборг, Келце, Веспрем, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, Загреб и Колстад, како и шампионот на Европа лигата – Мелсунген. Македонскиот првак Вардар нема директно место во најсилното ...

Европската ракета „Аријана 6“ денеска е лансирана од европскиот вселенски центар Куру во Француска Гвајана. Ракетата има нови, силни помошни ракетни мотори и носи 36 сателити за Амазон. Досега „Аријана 6“ леташе со мотори П120Ц, но овој пат ракетата е опремена со мотор П160Ц и може да носи повеќе цврсто гориво. Според Европската вселенска агенција (ЕСА), ракетата „Аријана 6“ е наменета за носење сателити во вселената за комерцијални и ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го прими младиот шампион Абдулазиз Азизи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во категоријата У15, оценувајќи го неговиот успех како достигнување што претставува гордост не само за спортот, туку и за целата заедница. За време на средбата беше истакната важноста од поддршката на младите таленти и создавањето подобри услови за развој на спортот како долгорочна инвестиција во ...

Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во тој дел од градот, со цел непречено користење ...

Коринтскиот канал, што го дели полуостровот Пелопонез од континентална Грција, од денеска е повторно отворен за пловидба во пресрет на туристичката сезона, а по речиси осум месеци работа за санација на косините и заштита од одрони. Коринтскиот канал најчесто во текот на зимскиот период е затворен за пловидба и се изведуваат работи на косините на каналот за да се избегнат одрони, а од надлежната компанија соопштија дека е постигнат ...

На 16 јуни 2026 година, во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи, а под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамки на предистражната постапка поврзана со кривично дело „Терористичка организација” од член 394-а од Кривичниот законик, беа извршени претреси на повеќе локации на територија на Град Скопје при што се пронајдени и ...

Соопштение на Левица: Стефан Синадиновски, поранешен претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ДПМНЕ во Аеродром, бивш советник во општина Аеродром, а сега “ухлебан” во Царинската управа се најде на платниот списокот на Државна лотарија за донации и спонзорства и тоа, ни помалку ни повеќе, туку со 45.000 евра народни пари? Имено, фирмата „Мобилен Бар”, која е во сопственост на друштвото „Ивент Сервис” заедно со здружението „Посветен ...

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Ј.К.(30), Ј.М.(22), М.Т.(23), Р.К.(23) и против Г.М.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „терористичка организација“ по член 394-а став 3 од Кривичниот ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успех: машката кадетска селекција го освои златниот медал и се закити со титулата светски училишен шампион, а женската кадетска селекција освои сребрен медал и стана светски вицешампион. Честитајќи им за извонредниот ...

Вооружените сили на Украина го погодија танкерот „ФИНА А“ во Црно Море, кој е во составот на руската „флота во сенка“, објави Генералштабот на украинската армија. Целта е успешно погодена, а во моментот се проценува обемот на штета, објави украинскиот Генералштаб на Телеграм. Во објавата се наведува и дека украинските сили погодиле мост преку Северниот Кримски канал во близина на селото Ставки, како и мост во близина на Војнка во ...

На барање на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), судот ја изрече мерката „затворски притвор“ против десет албански државјани, кои се сметаат за меѓународна група шверцери на дрога кои во Европа носеле со тони кокаин. Групата ја предводел Шпетим, или Салвадор Алиу, додека важна улога одиграл и Дритан Ѓика, кој во последните години станал познат инвеститор. На списокот на осомничени, кои се сметаат за ...

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, ја посети јаболковата градина „Кантри мил фармс“ во Мичиген, од каде упати остар апел до Американците драстично да ја намалат преработената храна и да се свртат кон свежи, локално одгледани намирници како месо, овошје, зеленчук и цели зрна. Овој настан, организиран од иницијативата „Здрава Америка“ (Healthy America) на институтот „Америка фирст полиси“ ...

Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци – покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење. Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите утврдиле дека биле присутни кај ...

Пишува: Проф. Д-р Иван Анастасовски Изјавата на Томас Вајц во Европскиот парламент дека по Црна Гора и Албанија, и Македонија “би можела“ да биде следната членка на Европската Унија, несомнено одекна позитивно во македонската јавност. Во време кога евроинтеграциите се наоѓаат во политички застој, секоја порака што носи надеж за придвижување на процесот привлекува внимание. Дилемата е, дали станува збор за реална политичка проценка или за ...

Американскиот глумец Том Холанд потврди дека е во брак со Зендеја по месеци исполнети со гласини дека тие двајца се венчале, поткрепени со лажни слики од вештачката интелигенција. Ѕвездите од новите филмови „Спајдермен“ се заедно речиси 10 години, а глумицата пред неколку месеци беше видена како носи „нешто што изгледа како златен венчален прстен“, пишуваа западни медиуми. Оттогаш, двојката – која и вообичаено ретко коментира за својата ...

Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) ги објасни своите планови за промена на моторите во Формула 1. Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем, ја објави својата намера промените поврзани со погонските единици на болидите да бидат дел од следниот пакет прописи. – Веќе одлучивме да преминеме на V8. Одлуката е веќе донесена. Планирано е моторот да биде воведен во 2031 година, но имаме намера да го забрзаме процесот и да го воведеме ...

Американската агенција Блумберг денеска го објави целосниот нацрт-меморандум за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, со што документот престана да биде предмет на неофицијални шпекулации. Според објавата, текстот од 14 точки е идентичен со нацртот што вчера ексклузивно го објави арапската телевизија „Ал Арабија“, што дополнително ја засилува неговата веродостојност. Според информациите на Блумберг, официјалното ...

Камион истури стотици литри дизел-гориво на автопат во централна Германија, откако неговиот возач изгубил контрола врз возилото на влажен коловоз, соопшти германската полиција, а пренесува ДПА. Педесет и двегодишниот возач синоќа се движел со брзина несоодветна на условите на патот по автопатот А4 во близина на гратчето Бад Херсфелд во покраината Хесен, кога ја пробил заштитната ограда и го оштетил резервоарот во кој имало околу 600 литри ...

Кејот на реката Вардар добива поуреден и помодерен изглед со поставување нова урбана опрема, како дел од активностите за подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните. На една од најпосетуваните локации во Скопје поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со што се унапредува функционалноста на просторот и се создаваат подобри услови за сите посетители. Целта е кејот да биде почист, поуреден и попријатен за ...

Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче потенцираше дека Преспанскиот договор затвори едно крупно, повеќедецениско прашање – спорот за името со Грција и отвори перспектива за државата, безбедноста и економскиот развој. „Преспанскиот договор затвори едно прашање, повеќедецениски спор за името со Грција. Ние ...

„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,” рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста”, во организација на Finance Think. Тој ...

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ во авторство на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска, објавена на феминистичката платформа meduza.mk е меѓу сториите наградени со „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштијата. -Наследувањето на имот од страна на жените во нашата држава е толку ретко, што низ времето се проткајува како народна пракса која речиси и да не се доведува под знак прашалник. Како и повеќето ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders” („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам”), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција. Домаќини на настанот беа директорот на НУ Завод ...

Европскиот парламент денеска ги усвои годишните извештаи за пет земји од Западен Балкан – Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. За извештаите европратениците расправаа вчера на заедничка седница. Конкретно за извештајот за Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, резултатот од денешното гласање помина со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 „воздржани“. По гласањето, за денеска попладне се закажани ...

Новото крило на ЈЗУ Општа болница – Струмица, чија изградба почна пред речиси четири децении, се очекува целосно да биде ставено во функција од почетокот на септември. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета, по повод комплетно реализирање на проектот за реконструкција и адаптација на оваа установа, до крајот на август треба да заврши последната фаза од доопремувањето на објектот. Мицкоски посочи дека ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.1
55%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
80%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.81
75%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.39
49%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.65
60%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.9
87%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
46%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
44%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.32
50%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
4.92
61%
1018
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
0.82
90%
1016
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
1.01
69%
1016
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.228

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Родиум

260421.05

Паладиум

41378.01

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.18

Сребро

1891.04

Калај

52.95

Бакар

12.79

Платина

52309.26

Иридиум

247560.75

Злато

130535.25