Соопштение за јавност на ЛДП: Од Илинден 1903 до АСНОМ 1944 — пат поплочен со жртвата на генерации македонски синови и ќерки кои вечно веруваа во идејата за слободна Македонија. Нивниот стремеж стана наша реалност. Нивната жртва — наш вечен завет. Денес им оддаваме длабока почит на сите генерации кои го сонуваа, се бореа и го дадоа најскапото за слободна и самостојна држава. Оваа земја е нивниот завет, а наша е одговорноста да ја чуваме и ...

Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја, кога се навршуваат 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. Двата историски настани претставуваат темели на македонската државност и симбол на стремежот за слобода, независност и национален идентитет. Централната државна свеченост традиционално ќе се одржи во ...

Интегрален текст од честитката на Али Ахмети, претседател на ДУИ: 2 Август нѐ потсетува на еден од најблагородните идеали на нашата заедничка историја – уверувањето дека слободата не се гради врз надмоќта на едните над другите, туку врз еднаквоста, почитта и соживотот. Духот на Крушево беше повик за држава во која Албанците, Македонците и сите заедници ќе ја споделуваат одговорноста и заедничката судбина. За жал, повеќе од еден век ...

Сите три Илиндена не се само датуми, туку се сведоштво дека Македонија постоела и постои, и дека живее во срцата на своите чеда, а нашата слобода е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци. Но, слободата не е нешто што ни е дадено еднаш и засекогаш, туку е подвиг којшто треба да се чува. Како македонски народ, Илинден нѐ повикува на покајание и на враќање кон светите вредности – кон: верата, правдата, честа и достоинството, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го одложил планираниот бран нови воени напади врз Иран поради напредокот кон постигнување дипломатски договор, пренесува ДПА. Во објава на платформата Truth Social во саботата, Трамп рече дека прекинот на нападите е условен од брзо постигнување договор. Тој изјави дека американските воени сили се подготвени да нападнат со полна сила, но дека Иран и другите земји во регионот побарале од ...

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче Почитувани граѓани, Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина. Денес, повеќе од еден ...

Назапамтените горештини во Европа предизвикаа пожари, голема суша по месеци недостаток на врнежи од дожд,и втор екстремен топлотен бран за само еден месец. Според проценките на експертите, економската штета од сушите и топлотните бранови во Европа би можела да достигне 126 милијарди евра годишно до 2029 година, пишува HRT . Помеѓу април и јуни, големи делови од континентот, од Португалија до јужна Финска, доживеаја подпросечни врнежи од ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски вчера јавно изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.” Со оваа реченица премиерот јавно призна: Повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна. Две години знаеле. Две години молчеле. Две години граѓаните пиеле загадена вода. А водата сѐ уште не е целосно ...

АМСМ информира дека утрово интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничните премини е следно: ГП Табановце ГП Богородица На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...

Пишува: проф д-р Иван Анастасовски: Европската интеграција на Македонија претставува една од најдолготрајните и најсложените политички, институционални и општествени трансформации во современата историја на државата. Иако земјата доби статус на кандидат за членство уште во 2005 година, а пристапните преговори формално започнаа во 2022 година, процесот останува обременет со бројни внатрешни и надворешни предизвици. Би сакал да нагласам ...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката: Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на ...

Во случај на закана од војна, мнозинството Полјаци не би се пријавиле доброволно да ја бранат земјата, покажаа резултатите од анкетата спроведена од институтот Ибрис за потребите на радио Зет. Во исто време, висок процент од испитаниците рекле дека би останале во Полска во случај на војна, пренесува радио Зет. Институтот за истражување на пазарите и општествените феномени Ибрис објави како Полјаците одговориле на прашањето „Дали би се ...

Европската Унија во вторник преку видеоконференција ќе одржи итен состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки посветен на масовните преминувања на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Ирска, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, со кој ќе претседава ирскиот министер за правосудство, внатрешни работи и миграции, Џим О’Калахан. Рано денеска, ...

Топлотниот бран продолжува ширум Италија, а бројот на градови за кои е издаден црвен метео-аларм е значително зголемен, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство. Како што се наведува, црвеното предупредување денеска важи за 19 од вкупно 27 следени градови, вклучувајќи ги Фиренца, Болцано, Перуџа, Рим, Торино, Болоња, Бреша, Неапол, Венеција и Верона, пренесува „Кориере дела сера“. Температурите го достигнуваат својот пик од ...

Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален. „Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС. Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави вечерва Дирекцијата ...

Денеска полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција. Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, при што е ...

Иднината на Иран ќе ја обликува народот на Иран, објави денеска на својот профил на Х иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, нарекувајќи ги припадниците на иранскиот народ „херои“ затоа што, според него, се спротивставија на војната што САД и Израел ја водат против земјата. Пезешкијан рече дека конфликтот почнал на 31 јули 2024 година со убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, за време на неговиот престој во Техеран на ...

Врската заснована исклучиво на меѓусебна привлечност можеби не е толку силна како што изгледа на прв поглед. Привлечноста и хемијата се важни, но успешната и долготрајна врска бара многу повеќе од тоа. Психологот д-р Марк Траверс истакнува во статија за Psychology Today дека секоја здрава врска се потпира на една клучна вештина – самоконтрола или воздржаност. „Обликот што е познат повеќе од две илјади години, под име што повеќето луѓе го ...

Австрија е зафатена од нов топлотен бран кој се очекува да трае уште неколку дена. Австриската агенција за здравје и безбедност на храната (АГЕС) за првпат уште во текот на летото објави проценка за вишокот стапка на смртност поврзана со високите температури. Според АГЕС, во јуни годинава околу 395 лица починале како последица на горештините. Ова е највисокиот регистриран број за месец јуни од почетокот на споредбените анализи во 2017 ...

Руските воени сили извршија воздушни удари врз објекти на транспортната инфраструктура во пристаништата во Одеса и Николаев во Украина, а кои наводно ги користат украинските вооружени сили, соопшти руското Министерство за одбрана. „Како резултат на нападот со високопрецизно воздушно оружје и беспилотни летала, во пристаништето Одеса се оштетени резервоари со гориво и мазива наменети за снабдување на украинските вооружени сили, додека во ...

Британскиот премиер Енди Барнам денеска телефонски разговараше со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, и му понуди помош откако повеќе од 50.000 мигранти влегоа од Мароко во шпанската ексклава Сеута на мароканска територија, пренесува британски „Гардијан“. „Гардијан“ додава дека од Барнам денеска бил побаран коментар за кризата додека присуствувал на собир на Лабуристичката партија. – Во контакт сум со шпанскиот премиер и ја нудиме целата ...

Претседателот на Конфедерацијата на Северна, Централна Америка и Кариби (КОНКАКАФ) Виктор Монталијани сериозно ја разгледува можноста за кандидатура за претседател на ФИФА. Според британските медиуми, тој би можел да биде противкандидат на Џани Инфантино. Монталијани има амбиции да биде претседател на ФИФА, но ќе мора официјално да поднесе кандидатура до 18.ноември, кога истекува рокот за пријави. Инаку, негов приоритет сега е ре-избор на ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез критикуваше некои земји од ЕУ поради, како што наведе, нивната „себична, поларизирачка и незаконска реакција“ на масовните преминувања на границата кај Сеута. Санчез исто така му се заблагодари на Мароко „за помошта во решавањето на кризата“, пишува „Гардијан“. Во писмото до Брисел, Санчез наведе дека некои европски држави одлучиле да ја „нападнат“ Шпанија и да побараат нејзино привремено исклучување од ...

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино се откажа од предлогот дел од комерцијалните права од Светското првенство да бидат под капа на инвестициски фонд. Ова се случи по силниот притисок во рамки на светската федерација и со заканите за бојкот од страна на европските федерации. Инфантино планираше да формира компанија вредна 20 милијарди долари која би управувала со комерцијалните работи на ФИФА, заедно со женското Светско првенство и ...

Амбасадите на САД во неколку земји од Блискиот Исток ги предупредија американските граѓани за можна ескалација на регионалниот конфликт и ги повикаа да бидат подготвени да го напуштат регионот. „Американските граѓани кои во моментов се наоѓаат во регионот треба да почнат да размислуваат или да се подготвуваат да го напуштат Блискиот Исток во случај на ескалација“, се вели во предупредувачкото соопштение објавено на социјалните мрежи од ...

Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени. Според анализата на „Евроњуз“ на податоците за 32 земји и извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) „Пензиите на прв поглед ...

На 31.07.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.В.(50) од село во близина на Македонски Брод, поради сомнение дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз 20- годишна девојка (лице со здравствени проблеми) од истото село. Од страна на судија на претходна постапка, на М.В. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. На 31.07.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од ...

Иако канабисот често се смета за средство за ублажување на стресот, новите наводи од американскиот Државен универзитет во Орегон посочуваат дека редовната употреба може да има спротивен ефект. Научниците поподробно ја разгледаа врската меѓу канабисот и стресот откако и претходни истражувања покажуваа дека марихуаната може да ги зголеми, наместо да ги намали нивоата на стрес, објави „Сајенс алерт“ (Science Alert). Научниот тим се ...

Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво. Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти. Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 проценти), куќите со 235 (11 ...

Кувајт денеска соопшти дека пресретнал повеќе дронови лансирани од Иран, што е најнов од серијата напади насочени кон оваа заливска земја, сојузник на САД, за време на војната на Блискиот Исток. Кувајтската армија соопшти дека од утрово детектирала „непријателски“ дронови во воздушниот простор на земјата и за нападот го обвини Иран. – Гнасната иранска агресија беше насочена кон повеќе витални објекти, вклучително и владин објект во ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25