До 18:00 часот денеска, на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според последниот биланс, пет пожари сè уште се активни, еден е ставен под контрола, додека седум пожари се целосно изгаснати. Најголем број од активните пожари се регистрирани на подрачјето на Куманово. Во населбата Баново Трло гори ѓубре, додека на улицата „Ѓуро Пучар – Стари“ е ...

Скопје, 19 јуни 2026 година Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со заменик-амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Јан Аксел Вос, досегашниот директор на ГИЗ, Давид Оберхубер, и новиот директор на Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) за Северна Македонија и Косово, Маркус Делфс. На средбата, министерот Хоџа се заблагодари за континуираната поддршка што ГИЗ ѝ ...

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30% од сопственичкиот удел. Со потпишувањето на новиот договор, ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со земјоделци од велешкото село Иванковци, разговараше за состојбите во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците производители на пченица и јачмен. Земјоделците посочија дека состојбата е катастрофална, се соочуваат со неизвесност, доцнење на субвенциите, а производствените трошоци кои се драстично зголемени. Дополнителен проблем е што од Министерството за земјоделство, кое ...

Генералниот секретар на Европската организација за закони на игри на среќа (EOGL), Зоран Пухач, на денешната јавна расправа пред собраниската Комисија за финансирање и буџет упати сериозни критики и предупредувања за катастрофалните последици од Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри. Пухач, присуствуваше на јавната расправа на законот на покана на АСОМ. Тој пред пратениците детално ја елаборираше погубната математика на ...

Израелската армија денеска соопшти дека четворица нејзини војници се убиени за време на воени операции во јужен Либан, што се првите загуби по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран со кој се предвидува прекин на воените дејствија на сите фронтови на Блискиот Исток. Војниците биле убиени за време на операции во пограничната област со Либан. Израелската армија претходно соопшти дека нејзините сили во текот на ноќта ...

Соопштение на Левица: На последната седница на советот на општина #Струга, градоначалникот Ќира скандалозно изјави дека НЕМА механизам да ги отстрани лицата кои со години незаконски стопанисуваат со плажи со истечени концесии, иаки се работи за сериозен криминал со кој е оштетен буџетот на општината! Кога концесиите се истечени, а одредени правни или физички лица и понатаму го користат крајбрежјето за вршење дејност и остварување ПРОФИТ, ...

Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде ...

Постапувајќи по поднесената пријава во врска со опожарувањето на автомобили пред објектот на бугарската Амбасада во Скопје, за кое беше поведена постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, Основното јавно обвинителство Скопје дојде до сознанија што упатуваат на можни елементи на кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита од член 420 од Кривичниот законик. Имајќи предвид дека кривичниот прогон ...

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, регионалната директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), Микела Талин, претставничката на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, Тања Темелкоска, и Марко Вујачиќ, раководител на програмата на (UNOPS) за Југоисточна Европа. Се разговараше за можностите за ...

На 20.06.2026 (сабота) поради одржување на јавен настан со почеток од 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено настанот ќе почне со траса на движење од пред Фонтана Лотус-Градски парк, во продолжение по булеварот „Илинден“, лево по улицата „Франклин Рузвелт“, лево по булеварот ...

По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години ...

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“, потврдувајќи го континуитетот на својот врвен квалитет и меѓународна конкурентност. Во исклучително силна конкуренција од речиси 17.000 вина од 58 земји од светот, кои учествуваа на годинешното издание на „Decanter“, врвните вина на „Тиквеш“ освоија вкупно 18 ...

СВР Битола информира дека во битолските села Крклино и Меџитлија, пронајдени се неексплодирани гранати од Првата светска војна. Во СВР Битола, Б.М. (55) од село Крклино, битолско, пријавил дека при вршење земјоделски работи во неговиот двор пронашол неексплодирана граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната и е констатирнао дека се работи за неексплодирана граната со калибар 75 мм, која ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на Трговскиот центар во населба Лисиче, проект со кој овој простор добива целосно нов и современ изглед. Реконструкцијата се одвива според предвидената динамика, а по нејзиното завршување трговскиот центар ќе прерасне во функционален, безбеден и уреден простор за секојдневен престој на граѓаните. Во рамки на проектот се врши ...

Стопанската комора бара повлекување на предложеното законско решение за игрите на среќа, предупредувајќи на последиците кои тоа ќе ги предизвика врз бизнис-секторот и економијата. На денешната јавна расправа за Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, претставничката на Стопанската комора, Даниела Михајловска Василевска, детално ги образложи аргументите на Kомората против предложениот закон и објасни зошто истиот треба во ...

Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на тркалезната маса Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија организирана од Фајнс тинк. „Енергетиката не е ...

„Живееме во време кога светот се менува со брзина каква што ретко која генерација претходно искусила. Економските текови се менуваат, технолошките револуции ги трансформираат пазарите на трудот, геополитичките предизвици стануваат сè посложени, а државите кои немаат јасна стратегија и визија ризикуваат да останат на маргините на развојните процеси. Затоа денес повеќе од кога било е потребно да имаме институции кои нема да размислуваат ...

СВР Струмица – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.С.(66) и М.Г.(54), двајцата од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“. Првопријавениот, како претседател и второпријавениот, како секретар на Општински фудбалски сојуз Валандово, во периодот од 2021 до 2025 година во повеќе наврати регистрирале ...

Уште едно лице опфатено со обвинението за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ почина, објави 4NEWS.mk. Станува збор за Љупчо Грнчиштанов, кој имаше 54 години и беше еден од обвинетите во предметот поврзан со пожарот во кој на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. Грнчиштанов во периодот од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската ...

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) на јавната расправа пред собраниската Комисија за финансирање и буџет остро се спротивстави на Предлог-законот за игри на среќа. Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, во своето обраќање пред пратениците ги претстави вистинските намери на предложениот закон, потенцирајќи дека тие не се насочени кон заштита на граѓаните, туку кон воспоставување на целосен државен монопол. „Денес ...

На 18.06.2026 во 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” -Охрид е пријавено дека И.М.( 31) од Струга, при риболов со харпун во водите на Охридското езеро во близина на автокамп на охридското крајбрежје, сам се повредил. По преземени мерки, полициските службеници го пронајдоа повредениот, по што со возило на Итната медицинска помош е пренесен и здржан во Општата болница во Струга. По наредба на јавен ...

Белгија увезува повеќе гас од Русија отколку пред почетокот на војната во Украина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од белгиското Министерство за економија. Според податоците, рускиот гас учествувал со повеќе од 11 проценти во вкупниот увоз на гас во Белгија минатата година. Слични количини биле увезени и во 2019 година, додека по почетокот на воените дејствија во Украина уделот на рускиот гас се намалил на околу пет ...

На 18/19.06.2026 во периодот од 16:00 до 01:00 часот на подрачјето на Град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола во сообраќајот. Притоа, беа преземени вкупно 168 мерки, од кои – 56 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 18 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, пет мерки за нерегистриран ...

Истражувачите долго време разговараат дека како што некои мажи стареат, одредени клетки во нивните тела почнуваат да го губат „машкиот“ Ипсилон-хромозом, објави „Сајенс алерт (Science Alert)“. Како што некои мажи стареат, се вели, тие го губат Ипсилон-хромозомот во крвта, мозокот или клетките на имунолошкиот систем, а тоа може да има сериозни здравствени последици. Губењето на тој хромозом, според наводите, е изненадувачки поврзано со ...

Речиси сите патници и членови на екипажот на крузерот „Хондиус“ што беше жариште на хантавирус, добиле дозвола да се вратат во своите домови по завршувањето на карантинот во Холандија, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според податоците на СЗО, на бродот се регистрирани и потврдени 12 случаи, како и еден случај поврзан со бродот, од кои три лица починале. Епидемијата предизвика ...

Обидот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да отвори дипломатски канали со Русија во контекст на можни мировни преговори, наиде на поделени реакции кај лидерите на Европската Унија на Самитот во Брисел. Германски владини извори таквиот потег го оценија како „навреда“, сметајќи дека е неусогласен и непрофесионален, додека некои европски лидери предупредија дека се уште не е дојдено време за разговори со Москва. Некои пак, ...

Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик. Случајот е откриен од страна на царински службеници од Царинска испостава Скопје 1, при ...

Соопштение на СДСМ, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ: Трајче е казнет затоа што не молчи. Криминалната ВМРО и Мицкоски го прераспределија претседателот на СДММ од Штип во Берово или повеќе од 100 километри од неговото место на живеење до работното место. Младите масовно се иселуваат а имаме обиди за замолчување на сите оние кои јавно зборуваат и избираат да не молчат. Денеска е Трајче, а утре може да биде ској млад, секој ...

Израелската армија во текот на ноќта гаѓала цели низ јужен Либан, додека движењето Хезболах соопшти дека води интензивни борби во регионот, што е нова ескалација на конфликтот кој е закана по мировниот договор меѓу САД и Иран. Според либанските медиуми, во израелските напади загинале најмалку 16 лица. Израелската војска потврди дека операциите се во тек, без да даде дополнителни детали за жртвите. Продолжувањето на борбите во Либан може ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.1
51%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
80%
1016
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.81
77%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.39
49%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.65
55%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
90%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
0.45
47%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
39%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.32
44%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
69%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.82
94%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.01
100%
1017
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.228

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Платина

52309.26

Иридиум

247560.75

Бакар

12.79

Рутениум

49029.89

Злато

130535.25

Паладиум

41378.01

Калај

52.95

Цинк

0.00

Сребро

1891.04

Кобалт

56.29

Родиум

260421.05

Алуминиум

3.18