Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Шетајќи низ ходниците на нашите судови, лесно можете да добиете чувство дека времето запрело некаде во минатиот век. Мирисот на прашливи хартии, томови папки врзани со коноп, архиви во кои се трага по предмети како во лавиринт и судски соопштенија кои сè уште патуваат со денови преку поштенски сандачиња. Оваа слика на традиционалното, тромо правосудство со години е синоним за бавна правда – а бавната правда, како што знаеме, е неправда. Но, ...
Денеска (01.11.2026), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, ЕВР – ОКР Карпош, постапувајќи по претходно добиени сознанија за точење алкохолни пијалаци на малолетни лица во угостителски објект на подрачјето на општина Карпош, извршиле контрола во објектот, при што затекнале малолетни лица во видно алкохолизирана состојба. Во Полициската станица Карпош биле приведени осум лица. При извршеното алкотестирање кај сите осум ...
Банани јадеме речиси секој ден. Сепак, малкумина знаат дека малите кафеави или црни точки во нивната средина не се грешка или знак на расипување. Тие се остатоци од семки кои никогаш не се развиле. Бананите се една од најчесто користените намирници. Се јадат како брза ужина и се додаваат во смути и житарки. Исто така, се користат за правење леб, а карамелизираните се служат со палачинки. Сепак, малкумина се прашуваат што претставуваат ...
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, денес официјално објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера. Оваа вест доаѓа еден месец по конфликтот со тренерот Жорге Хесус, по што тој го напушти состанокот на репрезентацијата. Тој го имаше своето деби за Португалија во 2003 година, а со националниот тим го освои Европското првенство во 2016 година и Лигата на нации во 2019 и 2025 година. Во текот на изминатите ...
Европската комисија(ЕК) во Извештајот за Северна Македонија за 2026 година ги издвојува донесувањето на новиот Закон за органско производство, Националниот план за одржлива употреба на пестициди и Националниот план за управување со јагулата како конкретни чекори што придонесуваат кон напредокот во соодветните области. Во делот за земјоделство и рурален развој, ЕК го нотира продолжувањето на усогласувањето на земјоделската политика со ...
Тој наведе дека некои анкети покажале оти голем број гласачи на Трамп од 2024 година се лути и планирале да гласаат за демократите. Анкетите покажале дека републиканците повторно ќе ја добијат довербата ако ја завршат војната во Иран, ако се фокусираат на трошоците за живот и инфлацијата, ако ја стават Америка на прво место и ако се промени ставот на САД кон Израел Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс реагира на поразот на републиканците ...
„Нептун“ влегува во нова фаза на развој со воспоставувањето на „Нептун Интернешнл“, обединувајќи ги своите операции во Албанија, Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговина во поинтегрирана регионална структура. Овој чекор претставува значајна етапа во развојот на компанијата, со цел да се обединат локалното познавање на пазарите со поголем регионален обем, споделени капацитети, повисоки оперативни стандарди и единствена стратешка ...
Продолжување на притворот за 30 дена на предлог на обвинителството добија четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, информираат од Кривичниот суд. Притворот бил побаран за да се оневозможи уништување докази, попречување на истрагата, бегство… Претходно на осомничените за убиствата на повозрасните лица во Ѓорче Петров на два пати им беше продолжуван притоворот по 48-часа, поради ...
Документите најпрво ќе им бидат претставени на членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) при Европскиот парламент, по што постојаните известувачи ќе подготват посебни резолуции со ставовите и препораките на Европскиот парламент за секоја земја. Според нацрт-верзијата на годишната изјава на Европската комисија за политиката на проширување, во која увид имале од Радио Слободна Европа (РСЕ), напредокот во регионот останува нерамномерен. ...
Елегантни канцони, премиум вина и поглед кон зајдисонцето ќе ја одбележат музичката вечер со Павле Камилоски на терасата на Queen’s Sunset Bar, во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид. Камилоски пред охридската публика ќе настапи со репертоар исполнет со медитерански мелодии, романтични композиции и препознатливи канцони, во амбиент создаден за опуштена летна вечер покрај езерото. Настанот е организиран во соработка со винаријата „Душа“, чии ...
Foto: Facebook/Hristijan Mickoski Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која учествува на Самитот посветен на отпорноста во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. На самитот, премиерот Мицкоски учествуваше на панелот „Отпорност како императив за севкупното општество“. Во рамки на посетата, Николоски го потенцира делот инфраструктурните ...
Македонија денес се наоѓа на клучна развојна крстосница, период во кој економските реформи, финансиската дисциплина и привлекувањето на странски капитал се поставени како врвен, бескомпромисен приоритет на државната стратегија. Секој одговорен политички субјект, секој зрел лидер и секоја конструктивна опозиција во едно демократско општество би требало да работат на зајакнување на овие столбови, свесни дека економската стабилност не е партиска ...
Помина повеќе од една деценија од тешката несреќа на Михаел Шумахер на скијање, но здравствената состојба на легендарниот возач на Формула 1 е сè уште една од најголемите мистерии во светот на спортот. Од 2013 година, семејството на седумкратниот светски шампион не дава никакви информации за неговото закрепнување, а германскиот телевизиски водител Флоријан Кениг, долгогодишен пријател на Шумахер, верува дека е време јавноста да ја прифати ...
Со критиките за војната со Иран, според анализата, Венс прави видлив чекор на дистанцирање од претседателот, обидувајќи се истовремено да ја задржи поддршката на движењето МАГА Ваквите обиди на американскиот потпретседател, според тамошните медиуми, се толкуваат како обид на Венс да се дистанцира од актуелната администрација и да се подготви за претседателската трка во 2028 година Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс почнува да се ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека Северна Кореја мора да демонстрира „апсолутна супериорност“ во технологијата за беспилотни летала. Тој го изјави ова за време на посетата на изложба и демонстрација на беспилотни воздухопловни технологии, објави денеска државната новинска агенција KCNA. Демонстрација на воена технологија Според KCNA, на демонстрацијата на огнена моќ биле прикажани тактички беспилотни летала, тактички ...
Американскиот музичар Лени Кравиц се најде во центарот на необична приказна по авионската несреќа на Флорида, во која загинаа девет лица. Лажната вест дека тој е меѓу жртвите се прошири на социјалните мрежи, а конфузијата дополнително ја зголеми Google, кој во еден момент прикажа дека познатиот рокер починал. Сепак, Кравиц не бил во авионот што се урна на 1 ноември, а неговиот тим ги демантираше тврдењата за смртта на пејачот. „Тие тврдења ...
Тетовските улици не се безбедни за децата Македонци последниве недели, тие се напаѓани од врсници до 14 години кои не подлежат на кривична одговорност, а нападите и малтретирањата притоа се снимаат и се објавуваат на ТикТок на групите „Каурски пички“, „Балисти“ и други. Со овие деца се занимава и им изрекува мерки тимот за правда на децата во Центарот за социјални работи (ЦСР) Тетово. Од досегашните разговори со напаѓачите, овие стручни лица ...
Деновиве јавноста повторно беше иритирана од поплаките на обвинителката Лидија Раичевиќ, која во медиумите гласно го отвори прашањето за ниските обвинителски плати, посочувајќи износ од околу 90.000 денари како несоодветен за тежината и одговорноста на функцијата. И додека огромен дел од граѓаните во Македонија го преживуваат месецот со значително помали примања, дел од обвинителите сметаат дека нивната професионална положба заслужува ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги отфрли тврдењата на претседателот на Здружението на приватни гинеколози и акушери, д-р Георги Костадинов, оценувајќи дека во јавноста се создава погрешна слика за комуникацијата и подготвеноста на институцијата за дијалог. Од ФЗО информираат дека на 28 октомври 2026 година била одржана работна средба меѓу д-р Костадинов, претставници на приватните гинеколози, генералниот директор на Фондот и ...
Легендарниот шкотски актер е познат по многу филмови, вклучувајќи ги „Лов на црвениот октомври“ „Карпата“, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, „Недопирливите“, „Името на розата“ и многу други. Шон беше првата ѕвезда што ја играше улогата на агентот 007 на големото платно и се појави во седум хит филмови во оваа позната франшиза. Добитник е на голем број филмски награди, меѓу кои и Оскар за најдобра споредна машка улога во ...
Скопје Филм Фестивал денеска (5 ноември) нуди програма со култниот филм на режисерот Душан Макавеев, средба со двајцата истакнати полски филмски автори и премиера на македонскиот кандидат за наградата „Оскар“ – филмот „17“ во режија на Косара Митиќ. Филмскиот ден започнува во 13 часот во киното „Фросина“ во МКЦ, со проекцијата на „Љубовен случај или трагедијата на поштенската чиновничка“ на Макавеев, во рамките на програмата „А1 Кинотека“. ...
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Б.М.(34) од село Батинци, скопско, 16-годишник од село Морани, скопско, и Ф.К.(32) од село Големо Коњари, прилепско, кој ...
На денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас по повод најновиот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија, на новинарски прашања премиерот Христијан Мицкоски двапати побара „Обвинителството да се занимава со истрага за саботажа од страна на опозицијата СДСМ“, како за „ширење паника меѓу граѓаните“ како што рече, така и по тврдењата за фингирање на неисплатениот јавен долг на државата кон фирми, за кој СДСМ тврди ...
Цените на нафтата на меѓународните берзи денеска се искачија до 97 долари по барел. На берзата во Лондон барел нафта денеска се тргуваше за 97,05 долари, што е за 2,43 долари повеќе од вчера, додека на американските берзи цената на нафтата се зголеми за 2,25 долари односно се тргува за 90,37 долари. Цените на нафтата вчера се намалија поради шпекулациите дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја заврши војната во Иран. ...
Започнувајќи од 2023 година Филозофското друштво на Македонија ја доделува наградата „Константин Философ“ за животно дело. Оваа година Конкурсот за наградата беше распишан на 26 март, а пријавувањето траеше до 1 октомври 2026 година. Комисијата за доделување на наградата, во состав: проф. д-р во пензија Иван Џепароски, дописен член на МАНУ (претседател), проф. д-р Слаѓана Ристиќ Горгиев и проф. д-р Трајче Стојанов (членови), едногласно одлучи ...
10 години љубов. 10 години посветеност. 10 години исполнети со детски насмевки, први чекори, нови знаења и безброј незаборавни моменти. „Светот на Колорес“ одбележува значаен јубилеј, една цела декада посветена на највредното што го имаме - децата. По повод 10-годишниот јубилеј на „Светот на Колорес“, разговараме со директорката Билјана Караманолевска за почетоците, визијата, пристапот кон децата и за тоа што ја прави оваа предучилишна ...
За Владата и Министерството за финансии остануваат клучни приоритети водењето одговорна фискална политика, со постепена фискална консолидација, одржување на макроекономската стабилност, поттикнување на инвестициите и обезбедување долгорочна одржливост на јавните финансии. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќање на 13. издание на „Ерсте Инвесторс Брекфаст“ (Erste Investors Breakfast), што во организација ...
Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда. Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%. Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува ...
Пред речиси два милениума, римскиот император и филозоф Марко Аврелиј, запишувајќи ги своите најдлабоки мисли во воените походи долж Дунав, остави кристално јасна максима: „Правдата е единствената вистинска основа за стабилна заедница“. Најмоќниот човек на тогашниот свет не зборуваше за правдата како апстрактен декор на моќта, туку како за врвен општествен лепак. Без неа, заедницата престанува да биде сојуз на граѓани и станува арена на ...
Тинекс, еден од најпрепознатливите синџири супермаркети во Македонија со повеќе од 30 години историја, влегува во ново поглавје на развој по неговото преземање од страна на Проекс Интернационал. Преземањето претставува стратешка, долгорочна инвестиција во македонскиот малопродажен пазар, која ги обединува воспоставеното пазарно присуство на Тинекс, локалното искуство и односите со потрошувачите со регионалното искуство на Проекс Интернационал ...