Две лица биле застрелина во инцидент со американската тајна служба во близина на Белата куќа, пренесува „СиЕнЕн“. Според изјава на претставник од безбедносните служби, припадници на униформираната единица на тајната служба реагирале по пријава за лице кое пукало со оружје. Новинарски екипи во близина на Белата куќа слушнале десетици истрели, а потоа бил воведен безбедносен карантин и започнала брза интервенција на федералните служби. ...

Две лица се ранети во пукотница во близина на Белата куќа. Инцидентот се случи на авенијата Пенсилванија, веднаш до комплексот на Белата куќа од каде се слушнале истрели, по што следувал брз одговор од полицајците на Тајната служба. Ранети се осомничениот напаѓач, кој е во критична состојба и случаен минувач – и двајцата се пренесени во болница. Напаѓачот истрелал неколку куршуми кон припадниците на Тајната служба, по што тие возвратиле. ...