Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Белград изјави дека Унгарија нема да ја остави Србија без енергенси и дека денес ќе бидат утврдени техничките детали за помошта во снабдувањето. Тој нагласи дека Србија секогаш можела да смета на Унгарија во енергетската соработка. Сијарто оцени дека и Србија и Унгарија ја плаќаат цената на војната во Украина, иако немаат одговорност за конфликтот, и повтори дека војната „не може да се ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес во Белград изјави дека Србија секогаш може да смета на Унгарија, и порача дека неговата земја ќе ѝ помогне Србија да има стабилно снабдување со енергија, објави „Н1“. Препорачано — Сѐ што е во наша моќ ќе направиме за да имате стабилно снабдување со енергија — изјави Сијарто по средбата со неговиот српски колега Марко Ѓуриќ. Сијарто истакна дека има овластување денес, на состанокот со ...