Ново поскапување на горивата. Цената на бензините скокна за 7, а на дизелот за 6,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. За една недела ова е второ зголемување на цените на нафтените деривати. Па, така со корекцијата направена минатиот понеделник кај бензините е повисока за 12 денари, а кај дизелот за над 20 денари. Стопанствениците и експертите алармираат – ако не се преземе нешто следи бран поскапувања. Од Стопанската комора ...

Уште еден удар врз џебот на граѓаните. За седум денари поскапува бензинот, а за 6,5 дизелот. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе почнат да важат од полноќ. Ова е второ значително поскапување во краток период. Од почетокот на кризата на Блискиот Исток цената на дизелот во земјава се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар. Од регулаторна напоменуваат дека овие цени се максимални, тоа ...